Friday, 27 October 2017

Зошто социјализмот не е решение ?

Многумина во Македонија на жал сеуште спас за оптешството кое ние слабо и разрушено гледаат во социјализмот.
Социјализмот не е решение туку дел од проблемот, односно самиот проблем на слабо и разурнато општество кое го имаме денес е токму од социјлизмот.
Па ќе се постави прашање:  Зошто социјализмот не е решение ?

Одговорот ќе биде доста едноставен, иако е долг и премногу длабок за анализирање, може да се каже како бунар без дно од причини против социјализмот.

Социјализмот како државно уредување во Македонија беше доминантно и главно од 1945-1990 година, и наместо да решава тоа создаваше проблеми.

Прв проблем , Македонија во рамки на СФРЈ беше отпад, односно сите индустрии кои беа штетни по здравјето беа во Македонија.
Така да , сега Македонија ги има најзагадените градови во Европа, Македонија се соочува со големата чума наречена канцер, Велес, Тетово, Скопје, Куманово, Кавадарци како индустрски центри одредени од СР Македонија се гушат, а по пропаѓањето на огромен дел од македонските компании кои воопшто не беа рентабилни, доведе до создавање на огромна група на стечајци во Македонија, проблем нерешен до ден денес.
Тоа ја докажува катастрофалната индустриска политика на социјализмот во Македонија.

Одиме понатаму, непланско и несоодветно трупење на селското население во градските средини.Како резултат на тоа добивме стотици напуштени села, а градовите ни станаа пренаселени.Со тоа огромни обработливи површни за земјоделие остануваат неискористени, потенцијалите кои ги нудат селата се 0 % искористени, а во градовите има масовна невработеност по крахот на социјалистичката индустрија и процесот на транзиција.

Патната инфрастуктура уште еден од низата проблеми наследени во социјализмот.Патната инфрастуктура во Македонија е катастрофална, железнички неповрзана, а своите први железници ги имаме од Отомнаската империја, немаме доволен број на автопати, тој проблем Германија на пример го решила уште во владеењето на Хитлер, значи не се измислува топла вода, но ете социјалистите потфрлија и таму.
Наместо да имаме силна патна инфрастуктура, ние сеуште ги поврзуваме градовите, нешто што во други републики на СФРЈ одамна заврши.За некој мајка, а за некој маќеа.

КАНАЛИЗАЦИЈА 
Тоа е модерно откритие на 23 век (или не) па затоа во Македонија речиси и да го нема.
Колку парадоксално и да звучи но повеќе од 70 % од населението во Македонија нема канализација.Тоа е нешто што во нормални здрави земји е решено уште во првата деценија по Втората светска војна.Но не и кај нас, затоа што ние го имавме величенственото уредување социјализам.

Слабо образование и неедуцирани граѓани.Социјализмот имаше шанса од 45 години да создаде добар образовен процес и да ги едуцира своите граѓани.Сепак социјализмот се водеше од девизата, што поглуп народ, толку полесно се владее.
Токму поради тоа сега се соочуваме со слаби професори, кои немаат што да ги научат децата, и така тонеме во бездната со еден огромен проблем.
За да уништиш една нација не ја бомбардирај и убивај, туку само сруши го нејниот образовен систем.Токму тоа социјализмот го направи на Македонците.

И така можеме да одиме до недоглед.
Ова треба да е повеќе од доволно за да се сфати дека социјализмот не е решение, туку огромен проблем.




No comments:

Post a Comment