Monday 15 July 2019

Се зависи од нас .....

Живееме во тешки времиња во кои борбата за правите  вредности и вистината се ставени на тапет, постојано  напаѓани од големата маса контролирана од мас-медиумите.


Сепак секој од нас сам одлучува во кој правец ќе тргне, дали кон оној во кој е насочуван уште од самото негово раѓање, пат на лагата и неморалот или ќе одлучи самиот да истражува, да чита, да се надоградува во потрага по вистината.


Дали ќе одлучиш да останеш бомбардиран од лажни учебници, секојдневни тв стории и вести или ќе исчекориш храбро борејќи се против нив, бестрашно уништувајќи ги од корен.


Се зависи од нас, дали ќе  oстанеме слепи при очи, глуви при уши , но и дали ќе одиме и спротивно од тоа, ќе ја гледаме голата вистина, ќе слушаме внимателно каква е таа, гласно и тоа многу гласно ќе им збориме на сите за неа.


Ние  сме обични смртници со краток животен пат, затоа оваа одлука е круцијална и најзначајна што ќе ја донесеме  за нашето битисување, па мораме многу внимателно да размислиме и да ја донесеме правилната одлука.


Допрва кај нас ќе се водат битките за вистината, битките за правда,  да го вратиме достоинството  во нашето живеење, да престанеме да бидеме робови кои работат за беспари, да престанеме да бидеме мета на крадење од богатите олигарси дур ние едвај сврзуваме крај со крај, а да се бориме за тоа да имаме вреднуван труд, држава во која владеат правдата и законот за сите, држава која ќе оди напред и во која нема да имаме потреба да размислуваме како да избегаме во странство.


Одлуките ќе мора да се донесат брзо и решително, да се влезе храбро и безпоштедно во битката која доаѓа, затоа што дали ќе победиме или ќе изгубиме зависи исклучиво од нас самите.


 

Tuesday 9 July 2019

Кога државата ја бранат малолетници (деца) !

Сите се чудат како дојде до ова дереџе, сите сметаат дека оваа Влада ги предала сите национални интереси, дека името , химната ги губиме сега, не , ние не ги изгубивме сега, туку ги изгубивме денот кога државата ја бранеа само деца од злото.

И јас во тој период  самиот бев што се вели дете (средношколец) па така не носам никакво чуство на вина, напротив на гордост дека сум бил дел од генерации кои како деца се бореле за спас на државата, додека оние кои требаа да се борат седеа на фотељи, гледаа телевизија и се ситеа на глетката.

Годината е 2013 , а за министер за одбрана се поставува човек кој бил еден од највлијателните команданти на воена формација која војуваше против оваа држава, човек кој наредувал убиства , атентати врз истата армија, човек кој се борел да ја згасне оваа држава, тоа поминува како ништо.


Настанува општа мобилизација помеѓу младите, т.е. децата, оние кои изгледа се единствени со чисти срца и души во оваа држава од погани луѓе извалкани од комунизам, удба, од користољубие, единствени кои имаат нешто кое значи љубов за државата а не желба да се земе и украде од неа.

Изглегоа на улица да ја бранат својата армија, да ги бранат бранителите, од поставувањето за министер на човек кој има јасни идеолошки цели во кои е спремен и да ги убие на нив, но наместо поддршка од полицијата која лично беше засегната, посебно од оние кои биле на военото жариште поради кој тие деца беа на улица, од нив добија масовен ќотек, искршени коски, газење по улици, апсења, драконски казни, судења, во одбрана на тој, на командантот кој ги убиваше.

Да нашиве полицајци тепаа деца кои беа таму за нивно добро, бранејќи го својот џелат.



Па добро зарем тогаш не ви беше јасно дека ја изгубивме државата, кога оние кои требаше да бидат таму беа во своите удобни домови, додека деца, наивни со чисти срца и души влегоа во бој да ја бранат државата од злото кое денес не владее.

А што можеме да очекуваме од држава која единствени кои ја брaнат се деца, а мажите седат дома ?


Тие деца таа 2013 се исти како децата од Унгарската револуција 1956, но со една мала разлика, овие деца, македонскиве, ќе имаат своја шанса за РЕВАНШ.

Сеуште трае процесот на созревање, дел од нив веќе го напуштија родното огниште а тие што останаа ќе имаат долг и трнлив пат за одење, за да си ја вратат државата кои ја изгубија, а не можеа да ја одбранат бидејќи беа само едни млади и наивни деца.


Thursday 4 July 2019

МРТВИОТ НАРОД

Постојано читаме секојдневно разни бајки поврзани со македонскиот народ, како тој е храбар, мудар,  вреден, пиреј, непокорен и разни други епитети, секој лага до лага , која од која поголема.


Ние ако ја сакаме вистината мора да признаеме дека македонски народ не постои, тоа е МРТОВ НАРОД !.

Како друго може да се нарече народ на кој му менуваат име без испукан куршум, без барем еден фрлен камен кој ќе се спротистави, што да се каже друго за народ кој дозволува две политички партии (кои се на практика една те иста) да го крадат постојано без притоа никој да одговара за своите постапки, додека наивните нивни борци ќе гнијат во зандани.

Разните замајувачи на магла кои возвишуваат таков народ се неговите најголеми душмани, животот и храброста не се покажуваат во сајбер просторот, туку на улица, а на улица кога и да сум таму нема повеќе од 30-50 луѓе , од каков народ ?


Народот наш не е храбар туку кукавички, поголеми кукавици од него нема, тој не е паметен ами глуп, толку глуп што веќе африканските племиња према нас се интелектуалци , тој е мрзлив, нема желба да работи да создава туку чека по партиски штабови вработување во државна институција, каде од 8 часовно работно време ќе биде премија ако работи барем 1.



Боли,  многу боли кога го пишуваш тоа за колектив на кој и самиот ти припаѓаш, но тоа е вистината , сурова, гола и болна, подобро да ја знаеш и да ја прафатиш отколку да се залажуваш и веруваш во митови.


Млада група на одметници од својот мртов народ се спрема и полека ќе се појави, кога сите најмалку очекуваат да се борат против ова зло кое бдее над Македонија, но не поради мртвиот народ од кој се срамат, туку за идеалите, за патот кој е оставен од нашите храбри предци и кој не смее да биде урнат поради некој мртовци, поради родината која вреди повеќе од се.