Saturday 22 December 2018

Сиромаштијата и начините на кои таа се познава кај нас

Сиромаштијата е една од најголемите болки што може да ги има едно општество, бидејќи со самата неа носи низа на други негативности кои сериозно може не само да го нарушат, туку и да уништат едно општество.

Матерјалната сиромаштија со себе ја носи и духовната сиромаштија,  нема повеќе морал, се гази преку другите за да се успее, не бирајќи средства.

Начините на кои сиромаштијата кај нас лесно се согледува е во неколку прости примери.

Првиот е зголемувањето на присуството на религијата и новите религиски заедници, колку и самиот јас да сум религиозен верник на МПЦ-ОА, сепак религијата е присутна и расте ненормално многу во сиромашните средини од неколку аспекти :
Прво да расчистиме самата таа нема никакви теолошки вредности, туку луѓето гледаат начин преку религијата и молењето во Бога да им паднат вреќа на пари од небото и на тој начин да ги решат сите свои проблеми.
Потоа самото верување не е по Библијата и религиските учења, туку е своеволно теолошко учење и верување кое се пренесува (што е уште пострашно) од генеранција на генерација, многу често во тотален конфликт со самите религиски учења.

Се појавуваат разни гатачки и врачеви, кои прават магии, предвидуваат иднини, давејќи разни совети за ритуали како сиромавиот да ги следи и преку нив да стане богат, а истиве тие лица кои ги посетуваат нив се оние верниците кои одат во црква.
Самиот очај да излезат од сиромаштијата ги прави ранливи, давајќи пари по тие богохолници и изманици, надевајќи се дека ќе станат богати.

Појавувањето на нови религиски заедници кои ветуваат брда и долини, но и даваат пари за да станете дел од нивниот култ се честа појава, а кај нас тие се во невиден подем како никогаш до сега.


Другиот главен елемент на кој се согледува големата сиромаштија е игрите на среќа.

Во Македонија на секој чекор , во секој ќош се крие по едно казино, спортска обложувалница или трафика која продава лозови од лотарија или грепки кои нудат разни награди.
Пробувајќи си ја постојано среќата надевајќи дека таа ќе му се насмевне, многу млади се задолжуваат, ги внесуваат сите пари заработени со својот труд на коцка, несвесни дека не само што нема да добијат туку и повеќе губат и тонат во уште поголема сиромаштија.
Ваквите објекти ја уништуваат младината, нивните животи, без притоа самите жртви на овој најстрашен порок да бидат свесни за тоа.


Заклучкот е повеќе од јасен, во општествата зафатени од голема сиромаштија секој што нуди било каква  надеж е прифатен како Бог, но таа лажна надеж не носи ништо друго, освен  зголемување на сиромаштијата а богатење на оние кои ја креираат.

Thursday 20 December 2018

Тајните служби и македонскиот национализам

Овие денови како бомба излезе текст  објавен од свиркач во УБК кој  го објаснува начинот на кој таа фунцкионира, како влегува во националистчките или патриотски движење, притоа само со една цел, нивно уништување. 

Креирањето на лажни партиотски здруженија чија што цел е да ги привлечат младите потенцијални националисти држејќи ги под строга контрола е нешто за кое е пишувано на блогот, објаснувајќи дека токму службите креираат лажен национализам со кој ги држат под контрола и ги владеат сите оние кои имаат за цел спроведување на национализмот како идеологија во Македонија.

Токму од овие причини вистинските автохтони македонски националисти мора да бидат внимателни со кого и на кој начин креаираат организации, здруженија, на кој начин делуваат, се со цел нивните активности да не подпаднат под влијание на УБК, кои би завршиле и со нивно инфилтрирање во тие редови.

Тоа е и главната причина поради која организацијата Револт е во доста затворен круг на луѓе, при што членови на организацијата може да станат само едуцирани и совесни луѓе, кои нема да бидат сомнителни дека се дел од озогласениот апарат на УБК(УДБА).

За проектот со МПЗ(Македонски Патриотски Здруженија) е јавна тајна и однапред познато за сите националисти дека е проект на УБК и една политичка партија, кои ќе имаа за цел да ја "одбранат" државата  од нивните политички непријатели, а за тоа нема да сносат никакви последици.

Единствено МПЗ кое беше формирано пред налетот на УБК(УДБА) е МПЗ Тодор Александров Битола/Скопје, здружение кое на жал во силниот налет не успеа да се одбрани од нив, поради својот отворен карактер, но сеуште постои силно тврдо јадро на луѓе кои не се под влијание на службите а делуваат во самото здружение со акции и иницијативи во него.

Службите одсекогаш имале интерес ваквите организации да бидат стишени и задушени, последна иницијатива од големи размери беше Тврдокорни, но и таа користејќи ја нејзината ахилова пета, демократијата, успееа да ја сотрат за не повеќе од 4 месеци колку таа делуваше слободно.

Едноставно секоја македонска патриотска или националистичка организација, со здрава идеологија ќе биде нападната од паразитите на УБК(УДБА) прво преку нивните весници  и портали, потоа со етикетирањето за бугарофили или фашисти(во погрдна смисла, без допорни точки со соодветното значење) а доколку тоа не упали за нивна поврзаност со некоја политичка партија.

Затоа градењето на повеќе помали независни организации, секоја со своја идеологија делувајќи заеднички кога ќе е потребно за Македонија, е спас од овој вирус кој го уништува македонскиот национализам.

Tuesday 18 December 2018

ПРЕДАВНИЧКО ПОМИРУВАЊЕ

Во Македонија денес се изгласа закон за "национално помирување", кој всушност е закон на предавничко помирување и обединување.

Владите во Македонија сериозно го сфаќаат само натпреварот во тоа кој повеќе ќе ја предаде и украде Македонија, работа и правење нешто позитивно за неа, е научна фантастика.

Талат е лидерот на оваа дружина, првиот меѓу еднаквите, воениот дезертер 2001, избран за министер на одбрана од едниве и за потенцијален врховен командант од другиве, истиот оној кој ја предал истава армија во војна.

Сега веќе и нема сомнеж зошто опозицијата во парламент не ги блокира амадманите на власта, повеќе е од јасно зошто се повлекуваат од собрание со бојкотирање тогаш кога треба да ги блокираат штетните закони против интересите на државата, едноставно и тие се дел од сценариото.


Лошата глума ги издаде уште пред повеќе од година дена, но наивниот народ сеуште им веруваше, ако по ова денес има сеуште некој што им верува, тогаш или има сериозен недостаток во глава или има мазохистички нагони па го трпи ова изживување.

Државата ние во рацете на личности кои и сопствената мајка и чедо ќе ги продадат само да дојдат до некаква материјална корист.

За ваквата ситуација сме си криви самите како народ, поради тоа што ги избравме легално на избори, надевајќи се големиот дел од народот на ситни трошки, но повеќе ни трошки нема да има на масата.

Дали ова помирување конечно ќе ни ги отвори очите како народ да ги спречиме или се ќе си продолжи без никаква штета за нив, е прашањето кои сами треба да си го одговориме.

Friday 14 December 2018

РЕПРЕСИЈАТА ПРОДОЛЖУВА

Како што на сите нас ние добро јасно и имаме почуствувано на своја кожа, претходната власт вршеше постојана репресија над сите патриотски сили во државата, а сега оваа репресија не само што продолжува, туку и достигнува уште повисоко ниво.

Кале, протестите против министерот за одбрана од УЧК, протестите за крвавиот Велигден, донесоа низа на казни, малтретирања, редовни повици по станици на сите патриоти кои беа дел од организирањето на овие протести, кои имаа муда.

И ден денес не може голем дел од македонските родољубци да се совземат од казните и последиците од овие настани па подолг период не се активни на националистичката сцена кај нас.

Доаѓањето на новата власт требаше според нив да донесе промени во општеството кон подобро, но не само што работите се влошуваат, туку и репресијата достигна ново ниво.

Настаните од Крушево, насилното разбивање за протестите против името покажаа дека оваа власт не само што нема да го смени однесувањето кон нас, туку ќе го манифестира со многу појака и поголема жестина, со цел уништување и на последниот патриот во Македонија.

Тоа што веќе долго време го знаеме ние кои сме активни, а веќе е споделено и јавно па нема повеќе да кријам, е упадите на полицијата и алфите е во домовите  на голем број Македонци, со цел да ги застрашат, скршат, демотивираат и уништат во желбите да се борат за својата родина.


Вакви манифестирања на сила не се случајни, туку организирана системска акција на македонската полиција и служби, чија што цел е предвремено да се решат од сите оние кои им претставуваат потенцијален трн на кој не сакаат да настапнат во процесот на промена на името на државата.

Колку и да си потенцираме дека нашава национална политчка сцена не постои, колку пати да кажуваме дека нашиве организации и да не делуваат на терен и всушност не постојат. сепак ако се погледне наназад, многу интересен е фактот, дека малку   националистички сцени, имале толку многу судири против властите и трпиле репресии и казни.

Стравот да се појави четврта и вистинска партиотска сила која ќе го поведи народот, за разлика од постојните три струи кои протестираат контрапродуктивно е нешто што властите сакаат да го сечат од корен.


Казните кои ги добиваат сите оние кои беа на Крушево и на протестите против името, е наменето намерно, бидејќи тие се личности кои се идеалисти а не материјалисти и не можат да се купат со пари, единственото нешто што тие може да го понудат.

Во овие тешки времиња на репресија, газење на човечкото достоинство само затоа што си родољубец, идеологијата, идеалите само се зацврстуваат и бетонираат, а борбата ќе продолжи без разлика на штетите кои ќе бидат нанесени од страна на репресивниот апарат.


Thursday 13 December 2018

Реалити шоуа, рецептот за уништување на една младина

Реалити шоуа, ефтина духовна храна која се сервира на обичниот тв конзумент, кој наместо своето духовно воздигнување да го побара во читање книги, гледање на документарци, да размислува, тој се храни со голотија, простотија што ги нудат реалити шоуата.

Овие тв програми се опасна соддржина која се нуди на секој млад тв гледач, гледајќи ги неморалот, агресијата кои тие ги нудат, идоли на младите стануваат наркомани и старлети.

Младите наместо да читаат, спортуваат, да вложуваат самите во себе, тие се пијанчат, дрогираат, се уништуваат, неспособни за борба, станувајќи лесна куклена играчка за контролирање од страна на мејнстрим медиумите и нивните властодржци.

Ниту една елита не треба да се грижи за својата иднина со таква младина, бидејќи таа е поставена во духовно ропство, односно таа е мртва.

Ваквата мртва младина заостанува со својот интелект,  со самото тоа тaa нема никаква креативност, мотивација, работни навики, кои од нив ќе направат луѓе, а со самото тоа движечка сила која ќе ја води државата напред.

Токму поради овие причини и уште многу други, реалити програмите мора да бидат забранети со цел да се спречи духовното и интелектуално уништување на нацијата.


Saturday 8 December 2018

Нашето писмо

Едно прашање на кое секој македонски патриот и родољубец треба да посвети големо внимание а некако е табу тема во овие кругови е писмото на кое денес ние пишуваме и писмото со кое ние денес се служиме.

Денешното писмо кое ние го користиме е како резултат на јазичните реформи од 1945 година, но истовремено треба да се напомене дека и во самата јазична група има голем конфликт по ова прашање по што дел од комисијата ја напушта и го одбива создавањето на новото писмо и јазични реформи.

Ако погледнеме во минатото и ако ги читаме книгите на нашите преродбеници, поточно нивните оригинали ќе забележиме дека тие користат друго писмо, а тоа е кирилицата, за разлика од нас кои користиме денес караџица.

Причината која и денес се наметнува за одбивање на кириличното писмо е дека тоа е "бугарско"  додека кирлицата била "македонско" писмо со кое ние јасно сме се разликувале и од Бугарите и од Србите.

За воља на вистината обидот за вакво писмо во Македонија датираат многу пооодамна, а најголеми и најжестоки противници биле Даме Груев и Гоце Делчев.

Писмото е основен белег на еден јазик и причина за гордост, па ние чесно треба да си го поставиме прашањето, зошто не ја користиме нашата кирилица а ја прифативме туѓата караџица ?



Wednesday 5 December 2018

Голодмор

Гладомор (украински: Голодомор) — масовна глад во Советска Украина во 1932-1933. Се смета за една од најтешките национални катастрофи во украинската историја, жртвите на различни оценки се неколку милиони. Гладот е предизвикан од политиката на советската влада, на чело со Јосиф Сталин.

Гладот во 1932-1933 владеел не само Украина, но и во други области во Советскиот Сојуз. Терминот Гладомор се користи специјално за областите населени со етнички украинци, каде гладот бил најсилен. Тој понекогаш е нарекуван Украински геноцид или Украински холокауст, што укажува дека е намерно организиран од властите за да влијае врз украинската нацијаВо 1929-30, во некои извори се вели во неколку етапи се до 1939 година селаните биле присилени да го предадат своето земјиште и фармите во државна сопственост, на кои би работеле како дневни работници за плаќање во натура и им била одземена и храната заради "правилна" распределба низ целиот СССР. Селани кои се противеле, биле протерани во Сибир без услови за преживување, затворани во гулаг или стрелани. Во летото 1930 година, политбирото вовело реквизиција (присилно одземање) на храна, наводно за зголемување на извозот на житарици.
Според некои извори со жетвата од 1932 година, советските власти успеале да произведат само 4,3 милиони тони жито во споредба со 7,2 милиони тони добиени од жетвата 1931 година, намалениот принос бил "среден" преку систем за рационализација но оброците, односно им се давало храна на секое семејство онолку колку што властите сметале дека им е доволно за да преживеат што резултирало со жртви, а од страна на Украина овој чин е прогласен за геноцид врз украинскиот народ.Украина како најголема житница била нај репресирана, а подоцна ваквиот однос резултирал да украинските патриоти во втората светска војна застанат на страната на Германија.


Ова е една од одликите на комунистичките режими, гладот, да тие кои ветуваат еднаквост и рамноправност се всушност најголеми приченители на глад во светот, идеологија со најмногу убиени луѓе, токму благодарејќи на изгладнувањето на сопствениот народ.

Токму затоа борбата против комунизмот мора да биде жестока и без компромиси, за вакви нешта да не ни се случуваат во иднина.


Tuesday 4 December 2018

Жолти елеци - лекција за прави револуционери

Многу често на самиот блог се дискутирало за тоа како треба да се делува, да не се зборува само на празно туку да се спроведува на дело, да има акции за кои ќе се зборува.

Жолтите елеци се најдобар пример за тоа како треба да се делува, како треба да се спроведе една револуција на дело која ќе даде ефект а не само празна борба за собирање политички поени како нас.

Прво самите Жолти елеци се надидеолошко движење кое е народно, па токму поради тоа самота револуција нема идеолошки предзнак сама по себе иако е насочена кон неспособноста на либералистичките власти.


Првата работа која треба да се научи од оваа револуција е, нема соработка со политички партии !!!!!!!
Сите политички партии се дел од системот и со самото тоа нивна цел нема да биде да го срушат системот, туку само да го превземат за да ги задоволат нивните идеолошки или хедонистички цели.

Втора лекција, нема лидери, има колективно лидерство кое е тајно и подземно, тоа не дава никакви изјави ниту соработува со медиумите, целите на револуцијата само се соопштуваат и ништо повеќе од тоа, нема дискусии по медиуми.

Трето, нема преговори со Влада, владата секогаш ќе понуди преговори, чија што цел е да купи време за да се реорганизира, да ги собере потребните информации за клучните револуционери и да го скрши нивниот дух, наместо преговори, кога владата ќе ги понуди, следува уште пожестока и посилна акција на улица, тоа е финалниот удар против владата по која таа паѓа.

Успехот на Жолтите елеци  докажува дека само underground револуција е единствениот начин за соборување на глобалистите, институционална или политичка (партиска ) борба не даваат никаков ефект, освен засилување на самиот систем против кој треба да се бориш.