Monday 30 December 2019

Српска Спарта vs Вардарска бановина

Главните вести во последниот период ни доаѓаат од Црна Гора, држава која донесе одлука со која сите верски објекти постари од 1918 преминуваат во сопственост на државата.

На тој начин властодршците во Црна Гора сакаат да се ослободат од нивниот, но воедно и наш непријател на политички план, СПЦ, еден од најсилните и најголемите негатори на Македонија и Македонците.

Народот во Македонија со голема жар ги доживува овие настани, давајќи силна поддршка на црногорската опозиција, воодушевувајќи се на нивната храброст и борба.

Секој има право да се бори во тоа што верува и секоја чест за тоа, но дали воопшто овој  народ знае кој и што поддржува ?

Сите оние кои се ударат во гради дека се антички Македонци, кои излегле директно од мадињата на Александар Трети Македонски, кои тврдат дека се МАКЕДОНЧИШТА всушност го поддржуваат нивниот непријател , се борат и дават поддршка на идејата за ВЕЛИКА СРБИЈА.


Дека тоа не е само празно млатење слама, покажува ставот на ПОА од кој ќе се одвои само мал дел : Да го поддржуваш прогонот на СПЦ во Македонија, а да се собираш пред расколнички храм за да протестираш против прогонот на СПЦ во Црна Гора, е тоа е тешка шизофренија.




Овде многу јасно без никакви скриени пораки се покажува дека борбата за Црна Гора е иста како и борбата во Македонија, односно дека битката на црногорската опозиција е битка и за србизација на Македонија и нејзината православна црква.


Целта  на СПЦ е да држи монопол и во Македонија и во Црна Гора, каде што преку проповеди во црквата и служење на српски јазик, на скришен начин ќе се обидат да извршат србизција на народот и промовирање на великосрпските идеи за Велика Србија од Карлобаг до Црн Дрим.

Сите овие погоре креатури во оваа борба се повикуваат дека се ВМРО, но еден факт кои некако го забораваат е дека ВМРО имаше формирано организација која носеше име : Здружение против Срби, чија што цел беше тотална борба против Српската пропаганда, а денес некој го става тоа име во кош со Србите и СПЦ како нивна браќа, плукајќи сам по себе и својата МПЦ-ОА.


Многу често ги гледаме истиве медиумски пропагандори кои даваат поддршка на црногорската опозиција дека ти се луѓе кои немаат ништо против Македонија, да не ги гледаме што зборат пред нас, туку што прават позади нас.

Историски единствена држава која никогаш не го користеше терминот Македонија е Србија, таа оваа територија ја нарекуваше Вардарска Бановина или со уште посилен назив , Стара Србија, јасно давајќи до знаење дека Македонија ниту постоела, ниту ќе постои за нив.

Волкот секогаш е волк, па дури и кога е во овчја кожа, па добро познато е дека повторувањето е мајка на знаењето , па ова треба да го повторуваме по неколку пати, се со цел да не заборавиме какви им беа делата дур беа во Македонија.

Освен тоа што ни го забранија името, речиси цела Жандармерија беше распостелена во Макеоднија, вршеа масовни убиства во селата, печеа малолетни деца по фурни, ред други злосторства кои се заборавоија од народот, но може секој што сака да ги прочита во книгата Белиот терор од Димитар Галев.


За крај уште еднаш овој случај покажа дека сите оние кои гордо веат со Кутлешот и гласно вриштат дека се Македонци и тоа антички,  на жал се всушност само неосвестени Срби кои немаат ништо заедничко со Македонија и Македонштината.







Friday 20 December 2019

ИДЕАЛОТ ВМРО

Како што на сите нас ние јасно, како што повеќе пати сме напоменувале, ВМРО е идеалот на секој Македонец, тој е во крвотокот и душата на секој оној кој ја сака Македонија и се бори за неа секојдневно,  кога ќе починеме на коските наши ќе го пишува светото име ВМРО.

Но во овој текст, повеќе е инспириран по одлуката на една пресмешна партија да се прогласи за историски ексклузивен наследник на ВМРО и АСНОМ, замислете еј ВМРО и АСНОМ во ист кош, тоа  е богохулие на најголемо ниво, но за тоа во некоја друга тема и текст.

Името ВМРО како политички субјект низ историјата на Независна Македонија е искористен од многу политички партии и движења кои се повикувале на историски контиунитет и идеологијата на ВМРО, а сега тоа се само три активни партии, ВМРО ДПМНЕ, ВМРО ДП и ВМРО НП, по редослед на формирање,  но нема да ги коментирам секоја одделно  и да им давам до значање споредувајќи го со историското ВМРО, бидејќи секоја од овие три партии низ историјата е приказна сама за себе.


Сепак ниту една, ама апсолутно ниту една организација ниту пак политичко движење или партија, нема право да врши монопол на историскиот контиунитет на ВМРО, ниту една од нив нема право да се повикува на идеологијата и борбата на ВМРО, посебно што повеќето од нив (не сите) немаат ниту една допирна точка со борбата на револуционерите, во нивната битка за ослободување на Македонија.

Партија која себе си се смета за русофилска и се бори Македонија да биде под целосно руско влијание, нема никакво право да го користи името и контиунитетот на ВМРО, кога сите што сме читале, се едуцирале и живееме за организацијата знаеме, дека единствена држава која и објавила директна војна од големите сили на ВМРО е токму Русија, најголемите подвали , штети, финансирања на дејците кои работеле против ВМРО се исклучиво од Русија.


Како политчки парии кои се во коалиција , со Левица, Сојуз на Титови леви Сили, Комунистичката партија на Македонија и нивните наследници може да се повикуваат на ВМРО, кога токму Тодор Александров изјавил дека ВМРО никогаш нема да води класна, туку исклучиво национална борба, нема да води никаква ама апсолутно никаква заедничка борба со комунистите, цело време ВМРО е во војна со нив, која колминирала со масовните убиства нарачени од дејците на АСНОМ и замислете некој ќе ги стави АСНОМ и ВМРО во иста реченица.

Ниту една, ама апсолутно ниту една организација не смее да се повикува на историскиот контиунитет на ВМРО, ниту јас ниту мојава организација која живееме и дишеме за тоа име и со тие идеали, не сме помислилие ниту решиле да се повикуваме и да се прогласиме за нејзини наследници, ниту тоа ќе го направиме, бидејќи ние не сме ниту големи, а не сме ниту заслужни како нив па да се повикуваме на нивната слава, но сме достојни да го чуваме нивното наследство, нивната борба и идеологија како пламен во нашите срца.


ВМРО е идеал воспоставен од луѓе кои имаа силен карактер и дух, борци кои се бореа за својот народ, интелектуалци кои го надоградуваа и предаваа својот интелект кон народот се цел да го разбудат и освестат,  чесни луѓе кои не помислуваа да земат ниту скрешена пара од сопствениот народ а не масовно да го крадат и уништуваат,  ВМРО е самопожрвуваност, ВМРО е родољубие, ВМРО е судбина !