Friday 28 May 2021

До кога ќе биде газен Македонецот, кога ќе кажеме доста е ?

Една вест која беше објавена вчера по повод ЕП на кое Македонија прв пат ќе биде учесник, низ македонските медиуми помина незабележано, но секој кој бил дел од бодрење на репрезентацијата или било кој клуб во Македонија и тоа како ги изиритира фактот што за главен организатор на македонските навивачи од страна на ФФМ беше избран ликот Омер Буњаку.


Веста дека некој етнички Албанец ќе биде главен организатор иако сама по себе е невкусна сепак немаше можеби да биде толку понижувачка и деградирачка за Македонецот, ако тоа не беше човек кој е лидер на навивачката група Шверцери, добро и тоа настрана, тоа е човек кој јавно се фали со фактот дека организирал акции побудени исклучиво од етнички мотиви врз Македонци, човек кој е бил еден од лидерите на екстремниот албански национализам, екстремизам и сепаратизам во Македонија.


Ваквата одлука е кажано со благи зборови понижувачки пораз и мочање врз сите македонски етнички навивачки групи, а кристално јасно демолирање на македонската нација, ако вакво нешто поминува на таков начин кај луѓето кои треба да бидат синоним на македонската гордост, пркос, инат, родољубие и патриотзам да главен на хартија макар им биде нивниот најголем ривал и човек кој стои позади единствената навивачка група која има извршено етничко убиство врз Македонец, јасно можеме да кажеме дека македонската нација е мртва.


До кога ќе сме газени, кој од нас ќе каже доста е, дали имаме барем грам национално чувство или после ова и милион работи пред тоа да си признаеме на самите себе, македонската нација е мртва па да почнене да бараме други национални заедници на кои ќе припаѓаме или ќе се спротиставиме и ќе ја воскреснеме македонската нација како пиреј, тоа за што постојано тврдиме дека сме.