Tuesday 30 January 2018

Името Македонија

Спорот со името Македонија е доста актуелен , посебно по најавите дека сме блиску до решение за тој спор.
Но дали и колку сме навистина до решение за спорот на името и дали тоа е достојно.

Прво колку е тој спор оправдан ?
Спорот апсолутно нема никакво оправданост, секоја земја има право да го одбере сама своето име.
Друг факт , дали името Македонија е грчки екслузивитет ?
Напротив, не е.Грција е една од земјите која има владеено со тероторијата на тоа што денес го знаеме како Македонија, но не е единствена, ниту пак најмногу владеела.
Именувањето на нашата земја со името Македонија, на ниту еден начин ниту го нарушува, нити го загрозува националниот идентитет на Грција, Грците, а уште помалку е закана за нивниот територијален суверинитет.

Тоа е краток правен аспект зошто не е спорот оправдан, сепак да ја погледнеме целината на сегашниот спор од историски аспект.


Македонија пред да го добие сагашното име по кое е позната во антиката имало сосема друго име а тоа е Ематија.Со самото тоа се прави првата промена на името кога Ематија станува Македонија.
Низ историјата Македонија и овој регион имале различни имиња во зависност од тоа кој владеел на оваа територија.
Со самата поделба на Македонија настанува и нејзиното вештачко поделување на Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија, која е повеќе поделба која и не е баш целосно географски исправна.
Струмица на пример е посоодветна во Пиринска Македонија, токму поради тоа таа и припаднала на Бугарија , но со Нејскиот договор е под кралството СХС.
Битола е повеќе кон Егејска отколку кон Вардарска Македонија, бидејќи Битола бил центарот околу кој гравитирале градовите од Егејска Македонија.
Охрид и Струга се многу одалечени и немат никаква поврзаност со течението на Вардар, ни со самата река, ни со некоја нејзина притока.
Тоа многу добро би требало да ни покаже  , зошто не би било соодтвено името Вардарска Македонија.

Исто така да се направи анализа на другите имиња кои се во игра, Нова, Горна и Северна Македонија.

Нова Македонија е име кој има две значења, едното дека повторно има нова македонска држава и она на кое Грците алудират дека оваа Македонија нема врска со историска Македонија.
Предлог на име кое е најглупо и најнесоодветно, нема никаква правна ни историска оправданост.

Северна Македонија, колку и да звучи навредувачки е име кое е добро, со оглед дека ако оваа е Северна тогаш има и Јужна.Тоа отвара простор на разни толкувања, дека Јужниот дел е окупиран, но и дека северниот треба да припадне кон јужниот.Име кое е како меч со две острици за двете страни.Сепак е колку толку прифатливо во случај на пораз.

Горна Македонија е античка држава со чие што поврзување Македонија не губи ништо од своето античко лудило на кое се повикува, и е супер име за античките Македонци, но не и за останатите.

И на крај најчудното име Централна Балканска Република.Е тоа име е ептен опасно не толку самото име,  колку што е редифинирање на Македонија како држава.
Доколку има во склоп на самата федерација име Република Македонија, со тоа се зачувува самото име на државата, продолжуваме да фунцкионираме исто како Југославија, не ние загрозен идентитетот, но ни отвара друг проблем , федерализација и иден распад доколку немаме силни политичари, а такви немаме.

Дали промената на името ни гарантира сигурност, како држава?

Апсолутно не.Нема никаква гаранција дека Македонија ќе биде заштитена и ќе опстане како држава каква што ја познаваме денес.

Прво дали некој ги заборава грчките линии, Охрид-Битола-Струмица-Неврокоп, кои грците ги сметат за грчки градови, кои се окупирани од страна на Македонија и Бугарија.
Кој гарантира дека Грција не би посегнала кон нив ?
Потоа, кој дава гаранции за целосен територијален суверинитет и интегритет на Македонија од страна на албанските сеператисти.Дали Македонија ќе опстои како држава ?
Дали се гарантира дека УДБА и Србија повеќе нема да ја владеат Македонија од сенка ?
Кој гарантира дека по распадот на ЕУ и НАТО (ниту еден сојуз не е вечен) дека Македонија ќе може да си го поврати своето име.

Македонија може да потпише договор за промена на име , само ако има силни гаранции кои ќе гарантира целосен територијален суверинитет, односно дека Македонија нема да се распадне, дека не би била блокирана во својт влез во ЕУ и НАТО, па кога тие ќе се распаднат да има право да го поврати своето уставно име.

И за крај не треба да заборавиме, дека нашите револуционери и херои гинеа за през голгота да создатат Независима Македония, а не држава со друго име.

И ако за една голгота нужно е потребен еден врв, ние ќе го наречеме Македонија.




Monday 29 January 2018

Улица

Се погласно во Македонија незадоволни од ситуацијата во која е земјата, како и потенцијалните лаги со кои се соочува народот, дел од активистите повикуваат на улица.
Сепак улицата не дава по дифолт успех , освен ако не исполни одредени критериуми, пред се или масовност или активност.

Сегашните протести кои се пред Владата се смешни, со говорници кои не знаат да поврзат две реченици, со организатори кои се антифашисти кои се обидуваат да станат десничари со стил креиран од луѓе кои се тотална спротивност на нивото размислување и делување.
Палење знамиња, говори во кои се повикуваме на некаква историја, не ги решаваат проблемите.
Време е за протести, но кога ќе се појави политички сила или организација која ќе се организира масовно, јако, во секој сегмент, кои борбата нема да ја водат само на социјалните мрежи, туку активно на терен.Такви денес бар за сега нема, иако има најави дека некој нови или сегашни тоа ќе се, колку ќе биде останува да видиме.

За да имаме успешна борба на улица , можно е само со два вида на толпи.

Првата е масовност, да излезат над 50 000 луѓе минимум, кои нема да се организирани од партиски приврзоци или партија, со што ќе внесат страв и во двата табора.

Втората е да излезат бар 8-12 000 но радикали, кои ќе влезат во права улична војна, со молотови коктели, камења, гради во гради против ЕБР, без повлекување по секоја цена.
Не намесетено како 27 април, туку реално искрено насилство и борба.

Во Македонија на жал сега за сега, не се можни и двете толпи, т.е. такви нема.
Е сега кое е чарето ?

Чарето е едноставно, почнување на организирање на организација на истомисленици, кои полека но ефикасно ќе ја плетат својата мрежа на организација , низ цела Македонија, во сите сфери на општеството.
Појавување јако медиумски, со добри идеи кои ќе го привлечат вниманието на Македонците кон нив, со кои ќе ја стекнат нивната доверба дека не се корумпирани и нивните намери се чесни.
И за крај конечно да се исполни шансата да се формира една од потребни две толпи, и да се врати Македонија на Македонците.

Јасно е дека е потребно излевање на улица, но не сега и не под секоја цена, туку јако полека, градење на ситем кој тоа ќе се претвори во моќно движење кое нема да само да лае на празно, туку и ќе ги исполни своите цели и замисли.

Thursday 25 January 2018

Искрата на националниот бунт

Македонија е земја која долго време е без национална гордост и свој национален идентитет, кој систематски беше уништуван од комунистичките власти низ годините, уништување кое трае и ден денешен.
Македонецот на жал стана едно плашило, човек без чувство на припадност, човек кој е покорен на неговите владетели кои сакат да ја сечат неговата глава.
Се води по девизата , Наведната глава сабја не ја сече, но исто така наведната глава не го штити неговото срце кое тој меч ќе го прободе остро и право во центар.
Џабе главата стои, кога во себе Македонецот нема срце.

Ваквата ситуација го погодува секој македонски националист кој покрај својата борба тоа да го промени, тој останува немоќен да смени нешто, да го извади Македонецот од бездната во која е длабоко влезен.
Како борбата на Дон Кихот против ветерниците, така и македонскиот националист војува против непријателите на Македонија , без поддршка од својот народ.
Пламенот во нашите срца е голем , и гори како пожар, кој нема да ни дозволи да сме спокојни, ќе не потикнува постојано на борба, на браникот на татковината, дур сме живи.

Сепак колку и да е голем пламенот во нашите срца, тој е само искра  во државата, но секој пламен започнува од мала искра, која се претвара во голем оган.
Иако можеби од денешна преспектива нашите напори се безцелни, ние мора да продолжиме да ја чуваме искрата на националниот бунт длабоко во себе.
Бидејќи не е многу страшно да изгасне пламенот, но поразот е кога ќе изгасне и искрата, бидејќи кога таа ќе изгасне ќе згасне и националната идеја во Македонија.
Токму затоа мора себично и силно да ја чуваме искрата на националниот бунт, бидејќи ако таа денес нема соодветни дрва да ги запали, во иднина, со растењето на нови поколенија, таа ќе најде плодно тло да се претвори во пламен кој ќе ги проголта сите непријалите и џелати на Македонија.

Ние мораме да се бориме не само за денес, туку и за утре, бидејќи иднината припаѓа на нас, на македонските националисти.

Tuesday 23 January 2018

Руското влијание во Македонија

Руското влијание во Македонија  е тема за која малку се зборува, но се повеќе таа ќе станува актуелна во времето кое ќе изминува.
Какво е руското влијание, дали тоа ќе е поволно или не, кој е правецот по кој треба да одиме ?

Најпрво можеби најдобро е да се направи една историска анализа на македонското револуционерно движење и руското влијание во него, за да забележиме колку се искрени намерите во нив.

За почеток најдобро е да го опфатиме периодот 1896-1898 и посетите на македонските борци за слобода на Русија и барањето на помош.
Македонците во Русија гледале природен сојузник, но самите подоцна ќе сфатат дека тоа не е така.
Во една од таквите посети еден од македонските лидери бара помош од руските власти, тие ветуваат дека ќе дадат помош, само ако македонските револуционери ги сопрат своите вооружени активности во Македонија.
Иако македонските лидери  ги изнеле фактите за тешкиот живот на Македонците и турските зулуми, тие воопшто не биле значајни за Русија и нејзините интереси.Покрај тоа, тие настојувале да немаа вооружена борба и самите да го одредуват лидерот на Македоснките ревoлуционери.
Овој ултиматум бил неприфатлив. со што ја одбиваат помошта од Русија.
Причината е повеќе од јасна, губење на независноста на македонската борба, а во исто време ќе се јачат грчките андарски и српските чети на штета на Македонија.
Русите бесни на ВМРО(ВМОРО) и објувавуваат војна, барајќи организацијата да биде забранета и тотално уништена.
Во своите дипломатски битки против организацијата издејствуваат токму Борис Сарафов да биде затворен пореди убиство на романски новинар, што ќе доведе до две востанија кои тотално ќе ја уништат шансата за слободна и обединета Македонија.Денес немаме обединета Македонија токму поради руското влијание.
За време на Илиденско-преображенското востание, Русија го повикува народот да откаже послушност на своите комитети , ако сака да биде заштитено од Русија.Македонците остануваат верни на своите комитети и Илиденско-преображенското востание, со што Русија не реагира дипломатски за заштита на Македонија и Македонците од османлискиот терор.
Русија не учествува и во мировните конференции, а ниту на еден начин не ја сопира поделбата на Македонија, напротив, еден од главните а можеби и клучен играч за нејзина реализација е токму Русија.
Руското влијание и по балканските војни е јако, финансирајќи на македонски организации кои се борат за Југославија и Балканска федерација, а не за независна Македонија.
Повторно нејзините активности се сврзани во борба против ВМРО.
Самиот Мајски манифест како нивна подвала доведува до војната помеѓу македонските организации , а во тие спреги убиен е најголемиот македонски лидер Тодор Александров.
Многу русофили потоа ќе добијат куршуми од револверите на ВМРО.

Русија исто така ги поддржува и југословенските и бугарските комунисти кои ги убиваат сите видни дејци на Македонија и ВМРО, во разни атентанти и масовни стрелања, во периодот 1945-1951.


Сега , кои се целите на модерната руска политика.
Нејзините цели беа повеќе од јасни, создавање на неутрална зона или православна унија помеѓу Македонија, Црна Гора, Србија и Република Српска, со што Макеоднија би била покорна на Белград.Но оваа идеја отиде во неповрат со влезот на Црна Гора во НАТО.
Македонија ниту природно припаѓа кон српските држави, ниту може да биде дел од сојуз кој територијално се совпаѓа со Велика Србија (со исклучок на дел од Хрватска)
Највредно да се напомене е дека најголем сојузник на руските политички цели на Балканот е Грција, токму Русија е еден од главните финансиери на спасот на Грција од тотален колапс.
Русија во Македонија гледале идеална територијална компензација на Србија за Косово.
Путин редовно ја посетува Грција, а во склоп на православното единство тие имаат низа на договори за финансиска и воена соработка (иако Грција е во НАТО).

Интересен факт е дека Русија постојано го одложуваше враќањето на финансискиот долг кој го имаше кон Македонија.Ако Русија има добри намери кон Македонија, тогаш зошто постојано наоѓаше изговори да не го врати долгот со водење на преговори со Македонија (денес долгот е вратен).
Русија нема никакви инвестиции во Македонија, со отварање на свои компании или било какви финансиски активности на македонскиот пазар.
Исто така во Македонија се создава  погрешна слика за Путин како руски национален лидер, иако тој допушта голем број на мигранти  во Русија, со кои ја менува нејзината демографска карта, нешто слично како и Меркел.
Како основна линија на поврзаност се прмовира православието, иако Русија не ја признава МПЦ-ОА, тука е и линијата на словенството, а тоа не беше од некоја полза кога Русија изврши инвазија во нашата братска Украина.

Сојузот со Русија и нејзиното влијание е насочено целосно против независна Македонија,со што ќе направат од Македонија вазалска земја  која ќе служи чисто за туѓи интереси а не за своите сопствени, за главен град ќе го има Белград (во сегашна ситуација) а Македонија ќе продолжи да биде само играчка во нејзини раце.


Sunday 21 January 2018

Историја

На 13 Јануари 2018 година се случи историски настан каде што на одбележувањето на годишнината од смртта на героината Мара Бунева, присуствуваа македонски и бугарски националисти, кои за прв пат организираа ваква манифестација.

Организатори на чествувањето се Национална Борба од Македонија, Национална Спротива и Бугарски Национален Сојуз од Бугарија.

Беа испратени јасни пораки за обединување на македонските и бугарските националисти, бидејќи имаме заедничка борба и заеднички непријатели.

Ова е само почеток на градењето на успешна соработка помеѓу националистите од двете земји.

ДЕДОВЦИТЕ ГО ИСПОЛНИЈА СВОЈОТ ДОЛГ, СЕГА Е НАШИОТ РЕД !



Friday 19 January 2018

Размена на диктатори

Македонија долг временски период живееше под една диктатура, диктатура чија што цел беше крадење на буџетот, а за да се задржат долго на власт извршуваа ситни национални предаства за да ги задоволат на сеператистите  и да ја купат нивната наклност.

Единствено полошо од ваква власт е окупаторска власт, која ќе го окупира својот народ во сопствена држава.И како по некое непишано правило кај нас, направивме нова глупост.
Ја избравме единствената диктатура која е полоша од онаа во која живеевме.

Денес Македонија од диктатура премина во отворена окупација, во која главниот збор го водат сеператстите.
Согледувајќи какви се нашите политичари, тие сфатија дека наместо да добијат 1/4 во најдобар случај 1/3 од баницата ( Македонија), наместо да ја делат, тие може да ја добијат цела со трпение.
Токму за да ја исполнат таа цел помагаат и окупаторите на власт но и диктаторите од минатата власт, кои молчат за тоа што се случува така купувајќи ја својата слобода.

Каде е СЈО денес да отвара нови случаи ?
Каде се помпезните судење кои беа најавувани ?
Сето тоа беше дел од сценариото на сценаристот, да го одвлече вниманието на наивниот и за жал глуп Македонец од тоа што навистина му се случува.

Познатите "секси" обвинителки ги нема веќе 2 месеци, да отворат нов случај, да покажат моќ.
Немаат потреба, бидејќи опозицијата е послушна и целосно помага и активно учествува во окупацијата на Македонија.


И така едниот диктатор го заменивме со друг диктатор, едниот предавник со друг предавник, едните комунисти со други комунисти, и се така во круг.

Во стил на една басна, паторот и зајакот успешно го ископаа и втурнаа во гроб на лавот.



Wednesday 17 January 2018

Разврат

Модерниот свет сам со себе ни носи само неморал и разврат.

Последниот од таквите примери е 20 годишниот Леа Мембери.

Леа е роден како машко кој со операција го променил својот пол од маж во жена.

Но пред да го промени својот пол, Леа ги замрзнала своите сперметозоиди.

Сега Леа сака да се оплоди со своите сперматизоиди и да има свое дете.

Самата ДНК на детето ќе биде 100 % иста.

Ова само покажува до каде оди лудилото на модерен свет, либерални закони и Истанбулски прописи.


Thursday 11 January 2018

Арачиново 2000

На денешен ден пред точно 18 години (11.01.2000) на влезот на селото Арачиново беа убиени во заседа тројца припадници на МВР. Една година подоцна, кога започнува војната во Македонија, терористите од УЧК ќе ја презедат одговорноста за оваа заседа.

Тогаш полицајците вршеа рутинска контрола на автомобили трагајќи по сторители на кражби во главниот град. Вечерта околу 22:30 часот тројца полицајци сопреа автомобил. Зад сопреното возило застанале три други автомобили од кои излегле четворица напаѓачи. Тројца од нив пукале кон полицајците од автомати, а еден од пиштол. На самото место беа изрешетани полицајците:

– КИРИЛ ПЕТРУШЕВСКИ († 23) од Маџари, Скопје
– АЦО АНГЕЛОВСКИ († 26) од Скопје
– ЕРОЛ ГОТАК († 27) од Радовиш

АКО ОД ВЕЧНОСТА МОЖЕВМЕ ДА ПРОГОВОРИМЕ, ЌЕ ВИ КАЖЕВМЕ ДЕКА ХЕРОИТЕ НИКОГАШ НЕ УМИРААТ!

ВЕЧНА ВИ СЛАВА!

превземено од Македонски Бранители



Tuesday 9 January 2018

Загадување

Македонија повторно е преокупирана со темата загадување.
Се нудат разни решенија, но ниту едно не ја опфаќа суштината на проблемот и како тој може да се реши.

Првото и можеби најважно е : Како настанал тој проблем ?
Како имам напишано многу пати до сега, Македонија во времето на СФРЈ беше определена како отпад на тогашната држава, а самото тоа доведе за македонските градови да бидат позагадени од сите останати градови кои некогаш биле дел од СФРЈ.
Левичарите и марксистите кога се борат за чист воздух, добро е да ги потсетиме дека тие се коренот и причината поради кој тој проблем посто, не тие како индивидуи туку како идеологија.

Мерките кои се превземаат се идиотско трошење на време и ресурси, кое никогаш нема да го реши проблемот, само привремено ќе доведе до кратко намалување на честиците, и ништо повеќе.
Суштината на се е да се отстрани коренот на проблемот, а тоа е погрешната индустриална политика на комунистите и намалување до истребување на сиромаштијата.

За тоа е потребно да се направи, Национална економска стратегија, по која државата во наредниот период од 10 до 30 години ќе ги решава проблемите со кој се мачими уште од 50тите години на минатиот век.
Стретегија која ќе го сопре богатењето на политичарите, ќе даде на граѓаните повеќе шанса сами да се вработуваат (а не преку партија), стретегија која ќе доведе до минималната (а не просечната) плата во Македонија да биде 500 евра, а цените на продуктите кои се енермно високи и нереални, да се намалат и да дојдат до едно норамлно ниво.

Со самото тоа што граѓаните ќе поседуваат повеќе пари,  ќе водат поквалитетен живот, што ќе доведе и до енормно намалување на загадувањето и ќе ги намали или дури целосно ги истреби, штетните последици од него.

Значи сечење на коренот на проблемот, а не негово санирање, ќе доведе до решавање на ова горчливо прашање, се друго е само мудрување и залудно трошење на буџетските средства платени од даноците.



Saturday 6 January 2018

Крваво коледе

Крвавото коледе, настан кој сеуште е непознат за нашиот народ, историски настан кој можеби најмногу покажува колку нашата официална историографија не може да излезе во лавиринтот во кој сама се постави, на пишување на лаги и митови за партизаните и нивните лидери, а и воопшто за целокупната наша историја.
Настан кој покажува дека во Македонија можеби економски излезе од комунизмот (делумно) но во самото општество и дух на луѓето, тој е дури посилен денес.
Самиот факт што без разлика на која страна од двата големи табори припаѓаат, македонските медиуми не штедеа зборови со кој ги навредуваат и понижуваат оние кои го чуваат овој настан од заборав, прогласувајќи ги за национални предавници (иако од нив нема поголеми патриоти) кажува повеќе од било кој збор да се напише на темата, како комунизмот е сеуште дел од нашите животи.
За самиот настан од историски аспект нема да пишувам, бидејќи за него е напишано многу опширно и сигурно до сега сте прочитале, ако не сте прочитале ќе имате два линка каде што ќе може да ја прочитате оваа трагична македонска приказна.
Национална Борба

Овој пат ќе се ќе се обидам да напишам нешто повеќе како своевидна анализа на настанот.
Многумина македонски патриоти и родољубци, меѓу кои и членовите на Револт, први почнаа гласно да зборат за овој настан, за свирепоста на партизанските ѕверови, за правите македонски патриоти и родољубци кои беа убиени поради тоа што ја сакаа својата родина повеќе од било што на светот.
Крвавото коледе и крвта кое се лееше во 1945, не беше крвта само на млади луѓе, туку беше крвта на Македонија, Македонија крвареше во своето срце и душа, крвареше од оние кои ја загосподарија и уништија, дур се убиваа младите македонски војници се уништуваше последната шанса за остварување на вековниот сон на секој Македонец, обединета Македонија.
Наместо да се борат за своите браќа Македонци, да ги спасат од ужасот, властодржците одлучија да се заборави тоа, а од тогаш за нив Македонците беа само телиња за во кланица, така овозможувајќи си да владеат со Југославија.
Убиствата кои се правеа тој временски период, не беа случајни, туку со сериозна умисла, да се уништи Македонецот, и со тоа да се создаде терен за создавање на една нова Македонија, со ново писмо, нов јазик, нови идеали, кои беа се, но Македонски не.
Така полека се коваше новиот омот, на Македонци без гордост и душа, на Македонци со празно битие, Македонци кои немат ништо заедничко со оние кои гинеа за слободата на Македонија во востанијата.
Валкајќи ги рацете во реки од крв, новите власти беа убедени дека ја уништија идејата која ја носеше Македонецот во себеси, несвесни дека тие може да ги убијат само борците, но идејата нема да можат да ја уништат никогаш, бидејќи идејата кои тие војници ја носеа, за разлика од нивната е вечна и непобедлива, идеја на непокорот и борбата, која секогаш ќе го пронајде својот пат до секоја идна генерација.
На пепелта од овој настан, полека се создаде ова што денес го имаме како Македонец, плашливо човече, кое повеќе го цени туѓото него своето, човек кој го плука своето изворно писмо, човече кое е одалечено од идеите на неговите предци.
Денот на божјото раѓање Божиќ, најрадосниот ден, беше замрачен од свирепите души на комунистите, кои бездушно ги убиваа сите учени и интелигентни луѓе, кои ги гледаа како пречка за остварување на нивните цели.
Измислувајќи закон за заштита на македонската чест, ги убиваа оние кои до крај останаа верни на неа, и не дозволија таа да биде погазена.Каква ли само злоба се крие во црвените кмери, кога тие со таков изговор ги убиваа оние кои беа токму заштитниците на честа на Македонецот.
Убијците и денес се славени од Македонците, носат имиња на училишта, улици, а најжално од се, најбруталниот убиец на македонски војници ја имаа таа чест да токму Академијата на АРМ го носи неговото име.
Така во крвта во која беше облиена Македонија, почна да се создава новиот национален идентитет и дух на Македонецот, кој од него направија соврешен роб управуван со џоистик, склон на самоунитшување, гледајќи во своите душмани браќа, а во своите браќа, душмани.
Историската неправда еднаш засекогаш мора да биде исправена, Македонија ако сака да оди напред, мора да се ослободи од оковите кои со Крвавото коледе и беа наметнати, мора да ги искрши тие окови кои ја држат заробена во едно минато кое одамна е завршено и нема да се врати повеќе никогаш.
Да се ослободиме од духовното робство е многу потешко од било што на овој свет, борба која е болна, но мора да се помине за да се оди напред.
Вистината за Македонија и нејзината историја, посебно во периодот 1941-1945, мора да илзезе на виделина, за да се ослободиме од лагите и нацијата која ја креираа партизаните во таа 1945.
Денес се повеќе млади Македонци читајќи ја забранетата литература, надградувајќи се самите себе, ги следат и се борат за идеалите за кои се бореле и тие што беа крваво убиени на Божиќ.
Ние како млади ја имаме обврската, должноста, да ја издвојуваме конечната победа на вистината над лагите, за од заборав да ги вратиме правите херои и јунаци, кои жртвуваа се за една идеја, за слободна Македонија.



Friday 5 January 2018

Бадникарски огнови

Граѓаните кај нас се учени за се, а една од најважните традиции за којa се подготвуваат се бадникарските огнови.
А какви се тие Бадникарски огнови ? Што  тие претставуваaт ?

Прво тие никако не се од религиски побуди, бидејќи не може да го очекуваш раѓањето на спасителот за време на најстроги пости, а да се опиваш со алкохол и ждереш месо.
Тоа е навреда и за спасителот, во чие име се повикуваат оние кои ги палат огновите.
Самото тоа во две реченици го објаснува фактот дека името божје се злоупотребува за вршење на се спротивно од тоа што не учел, ја покажува само бедата од човечност која живее кај нас.
Зарем Бога во сред строги пости, ќе ги прифати овие обичаи за славање на доаѓањето на неговиот син, со опивање, јадење ???
Ако сакате да го одбелижите овој ден, тогаш земете и помогнете на некој на кој таа помош им е потребно, наместо пари за месо и алкохол, донирајте ги на тие што се најпотребни.

Второ оние кои слават со изговорот, поповите возат ферари, ние ќе палиме огнови.
Попот е човек и грешник, ако тој е грешник и се огрешил, треба и ти тоа да го правиш ??
И ти и попот со ферарито, ја злоупотребувате религијата за исполнување на ваши хирови, со што сте исти, само што тој прави пари, а ти гнасиш празник.

Третите кои се повикуваат на некаква си традиција, дали знаат да кажат кој и како ја донел таа традиција на овие територии ?
Дали таа традиција е донесена за време на окупирана Македонија ?
Зошто Македонците во Егејот и Пиринот не палат огнови, ако е наша традиција ?
Палањето на огновите на жал ни покажува дека иако воено не сме, сепак духовно продолжува окупацијата на Македонија.

И за крај многу самопрогласени големи Македонци, го бунтуваат народот против црквата, одработувајќи за една друга црква која го има донесено и проширано овој обичај на нашите огништа, црква која не ја признава нашата црква, кои не ја признаваат нашата нација.
Е тие луѓе се главни бунтари да го креват народот против се што е Македонско, за под паковката Македонија, да го поробуваат духовно својот народ.

Затоа СТОП ЗА БАДНИКАРСКИТЕ ОГНОВИ , и злоупотребата на религијата за себични цели.

Бидејќи тие не се ниту христијански а уште помалку македонски обичај !