Wednesday 22 March 2023

Ел Салвадор

 Eл Салвадор, споменувањето на името на оваа држава алудира на пропаст, на бандите кои се распространети низ улиците, дрога, криминал, пропаст,   држава која е без просперитет, иднина, држава која е хорор за живеење, но тоа полека станува минато за Ел Салвадор, а тоа се должи на новата промена таму,  која од корен ја промени сегашноста а допрва ќе ја обликува иднината на Ел Салвадор.









А како дојде таа промена, како за кратко време Ел Салвадор се промени од корен, одговорот е многу јасен, спроведување на права идеологија и на силен авторитарен систем во името на  Наиб Букеле, државник кој со неговото доаѓање на власт стави крај на сите банди и антидржавни елементи и со неговата работа, чесност и посветеност го издига Ел Славадор како држава.

Наиб Букеле самиот не крие дека е авторитативен десничарски лидер, како што е познат и како најкул диктатор, човек кој со цврста рака изврши  тотална промена и револуција во својата држава.

Левичарите и нивниот најголем портал во светски рамки веќе го прогласија Наиб Букеле за фашист, поради идеологијата која ја спроведува, сепак таа е реално микс од фашизам и некој негови лични убедувања, идеологија позната како букелизам (сепак основните начела на успехот се фашистички).

Букеле направи потрес со неговата изјава дека абортусот е геноцид врз човештвото, како и на негово спротиставување на истополови брачни заедници , потоа се залага за тотално да запре емиграцијата на луѓе од негоавата земја во САД со спроведување на силни економски политики да го подобри животниот стандард на земјата.

Букеле исто така е верник во Бог, но не е припадник на некоја религиозна заедница.



Наиб Букеле како претседател започнува  да ја спасува  својата земја од бандите кои предходно тотално ја окупираа , кои за помалку од  30 години убија повеќе од 120.000 чесни, вредни луѓе, тероризирајќи го населенито на таа држава.

Без никаков страв решително им објави  војна на бандите и за само осум месеци го изгради најголемиот затвор во Латинска Америка „Мегакарсел“ во кој беа сместени 40.000 луѓе.

Започнува битката со нив, да ги лови и да ги става во затвор. 

Ги менува законите и ги продолжува казните за овие луѓе никогаш повеќе да не бидат на улица. Ги става во тешки услови без перници, душеци, метални полици наместо кревети, а во една ќелија ги става ривалските банди кои се борат надвор за територија. За најопасните има подготвено ќелија без светлина од бетон. Ги храни само со ориз и ги лишува од секаков контакт со надворешниот свет. 
Тоа беше причина разбојниците да се  закануваат дека ќе почнат неселективно да го убиваат народот, на што тој возвраќа дека ќе ги остави без храна на заробените 60.000 нивни браќа.



Букеле беше првиот што зборуваше за правата на жртвите, а не за правата на криминалците. Дури и ги обезличува нивните надгробни споменици бидејќи се испишани со мафијашки иницијали, кои се забранети со закон.
На прашањето зошто ги хранел само со ориз и им го одзел пилешкото, тој одговорил:
„Прво треба да им дадам на децата, потоа на трудниците, па на постарите, на уличните кучиња и на крајот, ако остане нешто, ќе им дадам на криминалците.

Од една од најопасните земји во светот, Ел Салвадор почнува да станува една безбедна држава. 

Убиствата од 4.000 годишно се намалуваат на 400 и нивниот број сеуште драматично се намалува, среќата на луѓето во самата држава е преголема што е осведочена од солзите радосници на народот кој живее таму, а држатава која има име Спасител, конечно го доби својот спасител кој ја спаси од ноќната мора и хоророт во која таа држава живееше со децении.


Tuesday 21 March 2023

Пробудена младина - нова иднина

 Будењето на младината е неколку пати потенцирано дека е иднината која е потребна на Македонија, тоа што радува е што полека дел од младината се пробудува и е на пат да стане будна и да го брани и чува својот дом и да ја гради својата татковина.

 

Најновиот пример и знак на надеж во црнилото е Берово, овој непокорен мал македонски град, град во кој започнаа првите борби за ослободување на Македонија, кое иако толку мало дало толку многу херои со кое немат прилика да се пофалат и многу поголеми градови од него.

 

Беровската младина е најдобар пример за тоа дека крвта вода не бива, па повторно тоа Берово, славно Берово е примерот за тоа како треба да се бориме за Македонија, токму во Берово започнува будењето на патриотизмот и воскреснување на националниот дух, на државната городост, во град кој поради чумата на иселување се соочува со тешки периоди на преживување, Берово повторно ја покажа својата големина и сила како град.

 

Првиот гест на младата беровска младина беше цртањето на мурал за луѓето кои ја започнаа борбата за Македонија, Дедо Иљо Малешевски и Димитар Поп - Георгиев Беровски, графит со порака НЕПОКОР, иако причината за негово креирање е со навивачки мотив, сепак националниот чин е најзначаен.

 

А дека не се работи за изолиран чин е доказ муралот кој е посветен на бранителите кои својот живот го дадоа за Македонија од Берово, покажувајќи пример на сите како треба да се ценат, почитуват оние луѓе кои го дадоа својот живот за нас , да ние денес сме живи, хероите од нашето време кои ја испишаа новата страница од славната македонска историја со својата саможртва.

 

Токму овој чин е уште еден доказ дека токму од најмалите средини започнува менталната револуција, обновувањето на малите убави македонски градчиња, македонското село ќе биде почетокот на враќањето на македонската гордост и македонскиот непокор за издигнување на татковината, за нејзино разубавување и градење на силна македонска држава.

 

Секогаш мракот е најголем и најцрн пред зазорување, а токму сега е најмрачниот период од нашето живеење, темнина во која луѓето губат надеж, но токму позади таквиот мрак се крие најсилното сонце на слободата, а тоа сонце дали ќе изгрее зависи  исклучиво само од нас.



 


 

 

Friday 17 March 2023

Губењето на традиционалните вредности

 Една од причините за пропаѓањето на македонското општество е губењето на своите традиционални вредности, вредности кои беа причината ова општество да опстојува, но со нивното закривање и наметнување на изопачените либерални вредности денес македонското семејство, македонската традиција и Македонија во целина се пред клиничка смрт.

 

 Традиционалните, национални вредности се тие со чие што губење почнавме да ја губиме  државата и да станеме само едни обични покорни слуги, од кога ги изгубивме вредносите кои значеа љубов кон својот дом, основање на семејство, родољубие,  трудот, работата, заменети со новите вредности кои се само вреднување на материјалното и среброљубието доведоа до тоа да пропаѓаме како колектив но и како поединци.

 

Кога традиционалните вредности беа на мода, имавме многудетни семејства, одевме во планина да се бориме за слобода, градевме сопствени домови, верувавме во Бога и неговиот храм беше наш дом, но со прифаќањето на новите либерални вредности ние денес не си ја сакаме татковината Македонија, основањето на семејство не ни е приоритет, единствената призма низ која го гледаме животот се метеријалните нешта, парите , колку зарботувам, колку трошам, колку може да продадам од татковината за да заработам, никого на прво место повеќе не му се родината и фамилијата.

 


Токму и затоа нашите политичари се такви какви што се како елита на едно општество, нашето најдобро, корумпирани до сржта, ја продаваат таковината на парчиња, ги полнат своите торби , ја запустија државата, бидејќи тие се најважните вредности во македонското општество.

 

А порано, кога вредностите беа други, нашите лидери беа Гоце Делчев, Даме Груев, Тодор Александров, Борис Сарафов, луѓе кои беа непоправливи идеалисти, кои се бореа за традиционалните вредности, кои немаше сила која може да ги поткупи и да го зацрни нивното дело.

 

Тие либерални вредности од нас направија дрво без корење, луѓе без национална гордост и семејни вредности, токму и затоа Македонецот денес емигрира, бидејќи нему не му се значајни предците, нивната саможртва, традицијата, поколенијата, домот, туку се што нему му е значајно се само парите и материјалните "добра".

 

Затоа Македонецу, затоа трвезвена младино, фашисти, националисти, националсоцијалисти, националреволуционери, време е да се започне војната против либералните вредности кои го срозија и уништија нашето општеството, нашиот дом, време е да ги поразиме еднаш засекогаш и да ги вратиме правите традиционални вредности во нашата Македонија.

 


 

Saturday 11 March 2023

Република Мариово

Република Мариово, првично кога ќе се прочита насловот некој ќе помисли дека се работи за идеја за некоја шала или за повикување на отцепување на дел од Македонија, но всушност тоа е нашата иднина ако не се светстиме што побрзо и ако не ги превземаме соодветните мерки, веќе доцниме и тоа дебело но подобро да доцниме и да почнеме, него само мирно да си ја дочекаме оваа судбина.


Како што пишував веќе името не е идентитетот, т.е. не името на државата, идентитетот се луѓе, обичаите, традициите, песните, генерациите кои доаѓаат, тоа е македонскиот индетитет, а ако ние тоа го изгубиме тогаш сме ја изгубиле Македонија како татковина засекогаш и македонското со неа.


Патот по кој сме тргнале е од Македонија да направиме Мариово, празни куќи, улици, села, училишта кои се распаѓаат, немање на детски џагор, ние со нашиот идиотизам и низок IQ како колектив решивме да станеме Мариово, па тоа име и најмногу доликува на нашата држава, Република Мариово, име на празнина, на напуштање на своите огништа , на очај, на безвредност.

Дали самите ќе си дозволиме таква судбина, дали распаѓањето ќе стане нашиот идентитет, дали место нашите песни, нашите ора, нашите приказни ќе имаме тишина пострашна од смрт, што ќе оставиме ние како генерација Македонци во иднината, историјата ги пишува делата на нашите предци, но како историјата ќе ги запише нашите дела, дали нашите дела ќе бидат оние кои ќе ја избришат цела историја пред нас, бидејќи славната историја живее само ако има генерации кои ја продолжуваат, а ако тоа го снема, како што самите правиме да се случува, тогаш таа славна историја ќе биде избришана, ќе стои по некој полици со книги кои фаќат пајажина, книги кои ние самите ќе би обезвредниме како Македонци од овие поколенија.


Сите пејачки, сите знамиња кои се веат на собирите на Македонците во дијаспората се само ефтин начин на перење на сопствените гревови кон татковината, демографијата е единствена политика константа на овој свет, а ако си допринесол демографијата на Македонија да опаѓа, ако нејзините чеда си ги одселил на друго место, тогаш твојот грев кон Македонија е преголем и со македонски вечери , со коментари по социјални мрежи не го менуваш, џабе е знамето, џабе се песните кои ги пееш, кога ти без борба си им свртил грб и си допринел тоа нашата мила Македонија да стане суровото Мариово.



Friday 10 March 2023

Трезвена младино, разбуди се, делувај !

 Македонија покрај својата трагична McDonald's  младина има и малобројна храбра трезвена младина, младина која треба да ги превзема работите во своите раце, да се разбуди од сонот во кој е заспана и да делува.

 

Пред некој ден имавме ракометен натпревар во Белград помеѓу екипите на РК Партизан и РК Вардар, таму дел од малубројната трезвена младина ја одбрани својата такотвина, врати на понижувачкиот однос од противникот, покажа заби и крактер, но тоа останува само на спортските приредби, додека таа енергија, карактер, сила и достоинство не се пренесуваат на улица, во одбрана на Македонија.

 

 Ние одамна требаше да сме разбудени, но никогаш не е доцна, сеуште има доволно Македонци во Македонија кои може да ги направат промените, нас не ни треба верба во лажните политички елити, системот кој не убива треба да го срушиме, имаме сили, имаме интелигенција, имаме крактер , ни фали само најважното, организација, организираност.

 

Ако нашите прадедовци со ВМРО го треселе целиот свет, тогаш што би можеле да направиме ние , нивната крв тече во нашите вени , а крвта не е вода, во таа крв е храброста, решителноста, упорноста, борбеноста, лудилото  кое тие го поседувале за да станат главен фактор на дестабилизација во цела Европа тогаш кога тоа било потребно за Македонија.

 

Млади Македонци, свесна и трезвена младино, доста спиеш, доста дозволуваш срамната  McDonald's  младина да доминира во татковината, време е за борба, време е да покажеме дека можеме многу повеќе од тоа да бидеме робови, да покажеме дека се способни да сме слободни, да живееме во нашите вечни огништа, да го оствариме сонот на нашите прадедовци и да живееме во слободна , силна и просперитетна Македонија.


Време е за национално, младо будење, време е за востание против овој трул систем, време е да ја ослободиме татковината, затоа што тоа го можеме само ние и нема да го направи тоа за нас никој друг.




Thursday 9 March 2023

McDonald's младина

 Една младина е иднината на една нација , многу често знам да прочитам како македонската младина била паметна, напредна, па затоа не трпела тиранија, всушност на жал нашата младина е тотално безвредна, најдолна во историјата, нашата младина е една безвредна McDonald's  младина која ќе ја уништи сопствената држава, својата традиција, својата Македонија.


Способна младина не е онаа младина која ќе избега од сопствената држава за да биде роб на западот, способната младина не бега од својот дом, способната младина е онаа која ја гради својата држава, која го издига својот народ, кои ја испишуваат својата сопствена историја и оставаа гордост на идните поколенија.


Си беше една младина која се изроди во втората половина на 19ти век, младина која беше дел од народ кој веќе навлегуваше во петтиот век на сопственото ропство, која немаше надеж, немаше иднина, народ длабоко покорен и оставен самиот на себе, изморен, без сон, без живот, но тогаш се изроди една младина која ќе реши се тоа да го смени, тогаш се роди младина која рече дека е доста , младина која се образуваше, младина која влегуваше во секое населено место во Македонија, спремајќи го народот за револуција, му даде надеж, му даде сон, му даде гордост, младина која испиша со својата храброст историја, историјата која денес не прави горди, историја која секој ден е околу нас, на улицата по која одиме а носи нивно име, по спомениците од нив кои се во секој наш град, нема како денес да бидеме во Македонија, а без да ги видиме плодовите на способоноста на таа младина, родена во втората половина на 19ти век која крајот на тој век и се до крајот на првата половина на 20ти век се бореше за независна Македонија, која тресеше империи, која го издигна востанието кое е темелот на нашата слобода.


Младина која позади себе го имала истоштениот народ, која за противник ја имала империјата која со векови била најголема империја во светот, а никогаш не размислувала за емиграција, туку само за борба, само за слобода, бидејќи како што напоменувале во своите писма, какво што било нивното гесло : За Македонецот нема друго место освен Македонија, бидејќи борбата за неа е вечна и е втемелена во нашата крвна линија.

Младина со најголемиот противник кој речиси и бил непобедлив, но тоа не било важно, таа младина сонувала иднина за генерациите по нив, се жртвувала за возвишена идеја која треба да биде сонцето кое силно свети на идните поколенија.


А каква е денешната младина, денешните поколенија, денешните Македонци кои ја добија слободата благодарејќи на таа младина која иако живеела во најтешки времиња, во ропство зела и се борела за сопствената татковина без да се жалат самите себе.


Е денешната младина самата себе се смета за паметна па поради тоа ја напуштала државата, а државата е нивна, нешто за кое младината тогаш гинела да го има, тие денес на секој четири години одлучуваат со пенакло кој ќе е на власт, таа младина која сами си бира кој ќе ја води наспроти онаа која имала над себе империја која никогаш ниту ја одбрале, ниту ја сакале, денешната власт младината во Македонија ја бира сама, денешните политичари ги создава таа, секогаш ја има опцијата да се бори на улица без да ја жртвува својата младост, својата иднина, но таа младина ниту има интелигенција, ниту храброст, ниту вредност, таа е безвредна McDonald's  младина.


Денешната младина бега и се бори за виза во McDonald's , нејзиниот сон не е градење на иднина, туку фритези каде пржат компир, џогер со кој го чистат објкетот, таа младина не сонува да биде слободна и да гради држава, таа младина сонува да биде роб, да биде слуга на западниот свет, бидејќи за повеќе ниту е способна ниту кадарна, но тоа таа го претставува како победа дека избегала од системот кои тие самите го изградиле.


Оваа младина бега од Македонија по секоја цена како круна на својата неспособност, живее во соби во кои нема никакви човечки достојни услови за живот, дури во македонски затвори има подобар животен простор од тоа каде што се тие, работат во смени во кои се крајно експлатирани, повеќето од половина ден го поминуваат поврзани со работа, немаат никаква социјална активност, единствено нешто што иако не признаваат ги оддржува во живот е нивното враќање на одмор во Македонија.


А на тој одмор во Македонија, пиење кафиња секој ден, изминување на сите кафани,  млечни ресторанти, јадат ко да нема утре ден, претворени во свињи наместо во луѓе, живеат на максимум затоа што се тие единствените денови кога имаат слобода, а тоа е важното за човекот, слободата, домот, во меѓувреме само го фалат својот избор како парите се важни , за друго нема што да зборат дека и немаат, стално ја напаѓаат татковината за тоа што тие ја довеле со својот кукавичлук и избор да биде таму каде што е.


Затоа никој не смее ни да се осуди да помисли, а не да ја фали оваа младина, а нас освестените редно е наместо со пишување да преминеме во борба, да ставиме крај на тоа да бидеме дел McDonald's  генерации, туку да се избориме за нашата држава, да бидеме дел од истата младина која се створила во втората половина на 19ти век, младина на освестени луѓе, националисти, патриоти, родољубци кои живеат за Македонија,  како нив и нашите бранители од воените конфликти во наше време да умираме на уста изикувајќи го нејзинито пресвето име МАКЕДОНИЈА !