Wednesday 20 September 2017

100 објави

Ова е јубилејна стота објава на мојот блог.
На блогот можете да најдете повеќе мои авторски дела односно мои размислувања, интревјуа, историски соддржини, споделени текстови од други страници, кои имат за цел подигање на свеста на сите оние кои го читаат блогот.
Во наредниот период ќе има зголемена акативност, повеќе текстови, повеќе историски соддржини, интревјуа, кои се надевам ќе бидат интересни за сите кои го читаат блогот.
Целта на овој блог првично беше да имам место и простор каде што ќе ги споделувам моите ставови и видувања за состојбите, а во понатамошната работа се надевам дека ќе биде и подигање на свеста кај сите оние кои го читаат блогот, да бидат и тие вклучени во борбата која покрај во оваа форма, редно е да ја водиме и на терен.


Sunday 10 September 2017

Адолф Хитлер : Говор посветен на борците за демократија

Кога дојдовме на влaст, превземавме држава во која владееше демократијата.Навистина во светот сега се говори како е некој спремен да и даде се на Германија само ако таа би била демократска.Но германскиот народ веќе живееше во демократија пред нас и беше краден и цеден.
Тоа што ги интересира тие меѓународни хиени , не е дали некоја држава е демократска или авторитетна.Нив тоа не ги интересира ни најмалку.Нив ги интересира само една работа: Дали е некој  спремен да дозволи да биде краден ?
Да или не ? Дали е некој доволно глуп да молчи во тој процес ?
Да или не ? И кога е демократијата доволно глупа да молчи за тоа, тогаш таа е добра.
А кога авторитетната држва ќе изјави : “ Нема повеќе да го крадете нашиот народ ни од надвор ни од внатре " тогаш таа е лоша.Кога ние, таканаречена авторитетна држава, која се разликува од демократијата по тоа што позади себе го има целиот народ, да ги испочитувавме како таканаречена авторитетна  држава сите барања кои пред нас беа поставени од меѓународните плутократи, и во 1933 да рековме: " почитувани женевски господа" или " драги господа" : " Што сакате ние да направиме ?"
Аха, веднаш ќе ви издиктираме : 6 милјарди во 1933,1934, 1935.
Во ред, ќе го испорaчаме.Дали сакате уште нешто ? Да, господо, и тоа ќе биде направено.
Тогаш тие на тоа би рекле : " Конечно разумен режим во Германија".

Friday 8 September 2017

Независна Македонија

На денешен ден  8 Септември 1991 година  преку граѓански референдум, Македонија прогласи независност.Сега ќе се обидам да направам моја ретроспектива на настаните , како се роди идејата, како и беше удрен темелот, и дали денес Македонија е независна целосно или делумно.

Пред балканските и првата светска војна, македонските револуционери се бореа за Автономија на Македонија во рамки на Отоманската империја.По завршетокот на балканските и првата светска војна, Македонија е поделена, а со тоа начинот на борба и делување се целосно видоизменуваат.
Така во 1919 година се реоформира ВМРО која како своја главна задача има борба за ослободување на Македонија, посебно битки водела во Вардарска Македонија.
Како татко на идејата за независна Македонија е Тодор Александров, а како човек кој оваа идеја ја прави кауза и бил првично најблизок до нејзина реализација е Ванчо Михајлов.
Ванчо Михајлов има своја визија за Македонија да е Швајцарија на балканите, со што Македонија ќе биде независна држава во која сите народности ќе уживаат еднакви права, но и еднакви обврски.

НЕЗАВИСНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА




Независна Држава Македонија (Unabhängiges Mazedonien) - 08.09.1944.
Република Македонија - 08.09.1991.
Независна Држава Македонија (Unabhängiges Mazedonien) е нереализиран политички проект на Германија, која во септември 1944 година се обиде да создаде една независна држава на целиот простор на историска Македонија. Германскиот проект требало да го спроведе Ванчо Михајлов, но, тој се откажувал од реалзацијата, бидејќи не наишол на поддршка во земјата.
Во 1934 година, по 19 – мајскиот преврат и забраната на ВМРО, лидерот на партијата Ванчо Михајлов од Бугарија се префрлил во Турција, а од таму заминал за Полска во 1938 година. Во 1940 година Михајлов се преселил во Будимпешта, а од мај 1941 година до крајот на Втората Светска Војна престојувал во Загреб, кај Анте Павелиќ и соработувал со германските воени служби. Со германските и италијанските претставници, во рамките на новата територијална поделба на Европа, тој ја разгледувал можноста за формирање на македонска држава.
Ванчо Михајлов не се откажал од идејата за создавање на Независна Македонија. Одржувал тесни контакти со Рим и Берлин, а на почетокот на 1943 година се договорил со началниците на италијанската армија за формирање на одреди кои би им помогнале во окупираниот дел од Егејска Македонија. Михајлов договорил создавање на силна оружена групација на Македонците под името „Охрана“ која потоа ја вооружуваат италијанците. Тоа е поврзано со Пиндско – македонското кнежество, на чие чело во август 1943 година, со поддршка на влијателните пријатели од Италија и роднинските врски на Балканот, бил именуван унгарско-хрватскиот аристократ грофот Ѓула Чеснеки под името Јулиус I за Голем Војвода од Македонија и Регент на Принципатот од Пинд.
Бугарските војски започнале со припремите за повлекување источно од Вардар, а на нивно место почнале да се распоредуваат германските воени единици. Сепак, Германците не се откажале од идејата. Врховниот командант на германската група армии “Е“ излегол со предлог за создавање на македонска влада, кој бил доставен до остарениот Христо Татарчев, како еден од основачите на македонското ослободително движење. Но, и овој обид останал безуспешен.
Меѓутоа, иако бугарската армија се повлекува, старата администрација предводена од поранешни дејци на ВМРО, ММТРО, МАНАПО, Васил Хаџи Кимов, Стефан Јанакиев Стефанов, Спиро Китанчев, Димитар Ѓузелов, Димитар Чкатров со поддршка на Германците останала да функционира во градовите сѐ до влегувањето на македонската народноослободителна војска. Според некои извори, постојат индиции дека на 8 сепетмври 1944 година, по излегувањето на Бугарија од сојузот на силите на оската и преминувањето на страната на сојузниците, Германците и македонската десница го искористиле овој период за да прогласат независноста на Македонија.
По овој повод, бугарските поштенски марки биле препечатани како македонски на 8 септември 1944 година - денот на прогласувањето на новата држава. Во каталогот на поштенски марки на југословенските држави издаден во 1978 г. на 239 страница се наоѓаат марките кои се користени два месеца во ФНРЈ. Во текстот во кој се појаснува издавањето на марките стои:

„При повлекувањето на бугарските окупаторски трупи, Македонија ја окупирале германски трупи и прогласиле независност. На 8 септември 1944 година е формирана влада која постоела сѐ до 13 ноември 1944 година, односно сѐ до повлекувањето на германските трупи од ова подрачје и до ослободувањето на Скопје. Во образложението стои и тоа дека биле препечатени 26.680 комплетни серии составени по девет марки со различни вредности, а левовите се претворени во стотинки“ - пишува Киро Кипровски во текстот „Македонија на поштенски марки и во 1944 година“ (Утрински весник, 05.09.2008). Пишувајќи за случајното откритие на С. Дуковски, тој ќе посочи и на можноста од постоење на препечатени бугарски пари со истиот датум, што би значело дека е направен обид за воспоставување на платежен систем. 
(превземено од Свобода или Смърть)


Токму овој нереализиран проект е темелот кој се потавува за градење на идна независна Македонија, а не АСНОМ кој е темел за поставување и градење на Македонија како вазалска држава во рамки на идна федерација.

Не случајно току 8 Септември е избран за датум за референдум за независна Македонија


НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА 1991

Со демократизацијата на Југославија, почнуваат да се појавуваат повеќе движења ширум нејзините републики, кои се борат за отцепување на републиките од Федерацијата.
Тој тренд полека ја зафаќа и Македонија па така во 1990 година е формрана ВМРО ДПМНЕ, партија која ќе се загала за независна Македонија.Како помали и речиси незабележливи движења кои се бореле за таа идеја се и МААК и ВМРО ДП.

Во Југославија веќе на силно беше присутен националниот сепаратизам, а во почетокот на 1991 година веќе беше повеќе од јасно дека Југославија каква што до тогаш беше позната ќе се распадне.
Македонија на жал во тој период беше еден од бастионите кои се бореше таа држава да опстане, па дури и во скратена рамка.Нашите политичари немаа храброст да зборат за независна Македонија, освен политичката партија ВМРО ДПМНЕ, МААК, ВМРО ДП како и уште неколку помали движење.

Така доаѓавме до парадоксални седници во собранието на СР Македонија, кога СКМ-ПДП ја бранеше југословенската химна и беше против интонирањето само на македонската химна, а голема поддршка добиваа од албанските партии (од денешна перспектива ептен иронично).
Од кога бранителите на идејата за Македонија да опстане во Југославија беа ставени во кош, конечно се воспоставија условите за референдум во Македонија за нејзина независност.

На 8 Септември 1991 симболизирајќи го 8 Септември 1944 година се одржи референдум со прашање : Дали сте за суверена и независна држава  Македонија, со право на влез во иден сојуз на суверени држави на Југославија ?
Со ова референдумско прашање се излезе се со цел да се смират пројугословенските струи кои тогаш беа многу јаки.Албанците го бојкотираа овој референдум а организираа свој за Илирида 1992 година.

После ова започна осамостујувањето на Македонија кое беше потврдено од страна на собранието на 18 Септември 1991 година.
Сепак патот за осамостојување не беше лесно, поради силното присуство на воените сили на ЈНА на територија на Македонија.Македонските политичари поради својот кукавичлук дозволија се што беше вредно од македонските касарни да биде изнесено од страна на ЈНА, а тогашните југословенски лидери и старешни на ЈНА беа сигурни дека по победата во војните во Хрватска и БиХ триумфално ќе се вратат во Македонија, до тоа никогаш не дојде.

Иако Македонија изгласи независност, сепак нејзините политичари во огромен дел не можеа да се навикнат дека се лидери на суверена и самостојна држава, па сеуште чекаа инструкции за Белград за сите сериозни прашања поврзани со Македонија.
Тука се и плановите на ЈНА заедно со грчката армија за поделба на Македонија, планови кои беа откриени од турските тајни служби,  а биле одбиени од грчката армија и држава.
Оние кои сакаа да ја делат Македонија преку своите удбашки конекции ја владеат Македонија за жал сеуште.

Денес нас ни престои сериозна борба против удбашките инсталации во Македонија, се со цел Македонија да биде целосно независна, да се води само од свои интереси, за да биде силна и просперитетна држава.

ДА ЖИВЕЕ НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА !!!!


Thursday 7 September 2017

Охридско-дебарско востание

Охридско-дебарско востание е востание кое  избувнува на територијата на западна Македонија, два месеци по завршетокот на Балканската војна и потпишувањето на Букурешкиот мировен договор.
Ова е востание организирано од страна на ВМОРО и албански чети против српската власт.
Водачи на востанието се : Милан Матов, Петар Чаулев, Павел Христов и Андон Шибаков.
По четири дена водена битка , востанието е загушено од страна на српската војска.
Ден по потпишувањето на Букурешкиот договор, на 11 август 1913 година, Централниот комитет на ВМОРО свикал состанок на кој било решено да се побара од големите сили ревизија на договорот, во спротивно се заканиле дека Организацијата ќе ја продолжи револуционерната борба за ослободување на Македонија.

Делегацијата составена од професорите Љубомир Милетиќ, Иван Георгов и Александар Балабанов била овластена да ги посети владите на европските големи сили и во името на ЦК на ВМРО да ги претстави нивните барања. Уште од првите средби, делегацијата наишла на неподготвеност од владите за ревизија на Букурешкиот договор.
Задачите за подготовката на востанието се на Петар Чаулев, член на ЦК, Павел Христов, задграничен представник на ВМОРО, Милан Матов, Христо Атанасов, Нестор Георгиев, Антон Шибаков и други дејци и војводи во овие реони. Тие има полномошно да влезат во врска и со албанските револуционери и да преговарат со нив за општи дејстувавња. Како резултат на преговорите, кои што се водат во Елбасан, се постигнува договор помеѓу ВМОРО и Албанскиот револуционерен комитет, на чело со Сефедин Пустина, за организиране и објавуване на месно востание против српскиот режим. Решено е востанието да се објави в почетокот на октомври 1913 година.



Во Битола се концентрирала бројна српска војска и затоа Чаулев им наредил на востаниците прво да го заземат Кичево, а потоа да тргнат кон Битола. На пат за Кичево, востаничките чети се судриле со српската војска. Борбата траела два дена на 17 и 18 септември. Српските сили четири пати биле принудени да се повлечат, а востаничките позиции биле бранети од четите на Антон Шибаков и Нестор Георгиев. Меѓутоа, поради бројноста и подоброто вооружување на српската војска, востаниците биле принудени да се повлечат кон Галичица. Во меѓувреме, востаниците под команда на Чаулев, кај селото Иванчишта ги победила српските сили и на 17 септември го зазеле Кичево. Целата територија на исток од Црн Дрим и Охридското Езеро се наоѓало во рацете на востаниците.
Меѓутоа откако пристигнале дополнителни српски сили и била довлечкана артилерија, започнала српска контраофанзива. На 18 септември востаниците биле принудени да се повлечат јужно од Кичево кон Галичица, на територијата помеѓу Охридското и Преспанското Езеро. На 18 и 19 септември се воделе тешки борби кај Голо Брдо. Тука како поддршка на српските сили дошле грчки војници од југ. На 19 септември селата околу Охрид биле освоени и опожарени од страна на српските чети. Србите успеале да влезат и во самиот град. Сите востанички чети, вмровски и албански, на 20 септември биле принудени да отстапат на запад од Голо Брдо. Истиот ден раководителите на ВМОРО биле информирани дека албанските чети се распуштаат и востаниците заедно со своите семејства се засолниле во Албанија. По оваа информација, Петар Чаулев дал наредба за распуштање на вмровските востанички чети и нивно трансформирање во мали единици, секоја со одделен војвода.


При задушување на востанието српските сили и чети извршиле масовно насилство и материјална штета врз населението во востанатите области. Врз основа на специјалната Уредба за општествена безбедност во новоприсоединетите области, бил извршен страшен терор. Особено безмилосно дејствувале четниците на српската Народна одбрана. Од 160 учители само 10 не биле затворени. Во Охридска околија биле изгорени околу 30 села, а меѓу Охрид и Гостивар биле опустошени дури 180 села. Во Охрид биле убиени осум свештеници, петмина учители и околу 150 бугарски државјани. Убиени се и околу 500 Турци и Албанци.

Другиот востанат регион, Дебарско, исто така бил подложен на пустошење. Градот бил речиси целосно уништен. Биле опожарени и ограбени десетина села. При одбраната на Дебар загинаа над 300 четници, а биле убиени и стотина невини жители.
Во Кичево и кичевско од страна на српските војници и чети биле убиени над 100 души македонски и албански првенци. Освен тоа како приврзаници на востаниците повеќе од 150 лица биле жестоко претепани. Како резултат на тепањето 17 од нив умреле. Во селото Пласница, Кичевско, биле убиени 46 души, а 5 куќи биле изгорени. Во селото Ѓавато се убиени над 40 лица.

На 2 декември 1913 година на Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“, ЦК на ВМОРО организирал комеморативно собрание во чест на жртвите од востанието.


Sunday 3 September 2017

"Спортска дискриминација"

Многу често се среќаваме со терминот неспортско однесување, и дискриминација на спортски приредби.
Најчесто се среќаваме и со терминот злоупотреба на спортските натпревари за политичка пропаганда.
Токму поради тоа се изготвуват правилници од УЕФА за тоа да се спречи, но интересно забраните важат за едната идеологија а не за сите.Сепак тие правилници се изработени од страна на либрални организации кои ова го користат како можност за битка против нивните политички неистомисленици.
Така може да носите маички со ликот на Сталин но не и на Хитлер, може да носите комунистички симболи, леви пропаганди флаери, да истакнете парола дека сте за геј права и за мигранти, но не и против тоа.Всушност спортските натпревари може да се користат за политички мотиви ако сте леви и либерали, а не и нивни противници.
Во правилникот на УЕФА може да пронајдете многу симболи кои  и очекувано се забранети, но имате и забрана за национални симболи, како и за симболи на легални организации кои делуват легално според законите на своите земји.Ај погодете од кој идеолошки правец се ?
Од парадоксланите примери, не е забрането знамето на ИСИС, имате забрана за антиисламски но не и за антихристијански пароли , и.т.н.
Црна листа на УЕФА