Friday, 20 October 2017

Јордан Ѓурков

Јордан Христов Ѓурков со псевдоними Еделвајс, Радиков и Јосиф е учител, офицер и револуционер, виден член на Централниот Комитет на ВМРО.

Јордан Ѓурков е роден на 13 октомври 1891 година во Штип.Син е на револуционерот Христо Ѓурков.Во 1910 година завршува педагошко училиште во Скопје и е учител таму се до 1912 година.

За време на избувнувањето на Балканската војна (1912-1913) е доброволец во Македоно-одринското ополчение и служи во 3 рота на 10 прилепска дружина.Нагрaден е со орден "За храброст" IV степен.Во 1913 година продолжува со своето образование во Военото училиште, на 25 август 1915 година завршува и го добива чинот подпоручник.
Службата ја започнува во први пешадиски софиски полк.Во Првата светска војна е ротен командир на 6 полк на 11 дивизија.Учествува во битката за Криволак.
Во крајот на војната е адотант на командирот на дивизијата Крсто Златарев.Отпуштен е од служба во 1921 година со чин капетан.За време на воената кариера служи во 11та пешадиска македонска дивизија, школата на резервени подофициреи и 1ви пешадиски софиски полк.

Јордан Ѓурков продолжува да учи трговија во Виена.Учествува во дејноста на Сојузот на македонските студенти во туѓина.Прекинува со школување и станува активен член на ВМРО и за кратко временски период е четник при Дончо Христов.По убиството на Тодор Александров во 1924 година Јордан Ѓурков учествува во организирањето на Горноџумајските настани.
За време на Петричкиот инцидент во октомври 1925 година од ЦК на ВМРО е пратен во петричкиот округ за да ја коорднира месната одбрана.
Учествува и на конгресот во Крупник  во 1928 година, каде што е избран за окружен полномошник за Централниот Комитет за Пиринска Македонија.Ѓурков ги поддржува меѓународните контакти на ВМРО.
Јордан Ѓурков е убиен на 8 февруари 1931 година во Софија од протугеровистите.

Македонската младинска организација во Горна Џумаја го променува името во "Јордан Ѓурков" и издава неколку броја од весникот кое го носи истото име.


No comments:

Post a Comment