Tuesday 1 December 2020

Каде бевте да се борите кога ја губевме државата ?

Последните денови во Македонија се случува вистинска револуција, народот борбен силен, се прават политички акции како никогаш досега, тоа се би било во ред и би бил најгорд на својот народ доколку тоа го прави за Македонија, но суштината дека борбата не е за Македонија, туку борба против Фашизмот и Бугарија.

Само Бугарија може да предизвика македонскиот народ да излезе и да се бори на улица, таа омраза всадена кон нив е тоа што го натера да се бори на улица , а каде бевме кога ни поставуваа министри учки, кога се потпишуваа договори, кога ни го сменија името.


На улица се бранел идентитетот, па нели името е идентитетот, а кога се смени името од вас никој не беше на улица, или преведено кога идентитетот го изгубивме и бевме обесчестени седевте дома, сега што браните ???

Борба против фашизмот, против кој фашизам, дали знаете вие што воопшто е фашизам, дали знаете дека единствена идеологија која се бореше за обединета Македонија беше фашизмот ?


Гледам едниве прават акции ЗАЕВ ФАШИСТ, другиве ЗАЕВ ХЕРОЈ, она што е јасно дека тој не е второто а уште помалку првото, бидејќи да беше фашист тој навистина ќе беше херој, бидејќи не сите фашисти се херои, но сите херои се фашисти !


Како дојдовме до овде, како кога ја губевме државата, во низа на настани кои се случуваа од 2008 до 2018 не се случи ниту еден ваков револт, ниту едно вакво спротиставување, ако вака еднаш реагиравме и бевме на улица, активни, борбени, сега ќе имавме држава, ќе бевме Македонија а не на чекор до федерализација и погреб на државата.

Албанците дават поддршка, а зошто, затоа што тие се плашат од Бугарите, добро знаат што се им имат направено во Втора Светска Војна, ниту еден систем до сега не ги ставил Албанците под свое како што тоа го направиле Бугарите во тој период, па тоа и ги плаши, за нив ние сме Бугари (а не Македонци) и стравот од обединување на Бугарите (Бугарите и Македонците) им е најголема ноќна мора, сепак вистината е дека никогаш повеќе Македонците и Бугарите нема да бидат едно како што биле во случајот за Првата светска војна кога Македонците биле дел од Бугарската Армија.

Албанците им одговараат Македонци кои се борат само против Бугарија а не за Македонија, па затоа се тука да помогнат, бидејќи дур ние се бориме против тоа, тие во позадина ќе ни роварат и ќе ни го ископат гробот на крајот од денот во кој ќе паднеме за секунда.


На крајот се гледа дека отровот комунизам сеуште силно тече во нашите вени како народ, тој е створен на неколку битни работи, нема чувство на национализам и припадност кон нацијата и жртва за неа, па затоа Албанците ни прават што сакат, додека силно чувство на љубов кон диктаторот кој уби најмногу Македонци а тоа е Тито, омраза кон Бугарија, борба против фашизмот како единствен лек за спас на државата (кој е идеолошки писмен знае дека ниту една идеологија не допринесува за силна држава како фашизмот).


Сонувам и се надевам дека еден ден вака ќе се бориме за МАКЕДОНИЈА а не против Бугарија, дека ќе се бориме за нашата крв, за нашата нација, за нашата држава, па ќе добиеме и држава во која ќе сме граѓани од прв ред како што и треба да бидеме во својата татковина.





Friday 27 November 2020

Ерменската храброст, симбол на непокорот

 Со оглед дека блогот не беше активен со неговото активирање прва тема која ќе биде обработена е Ерменија, ерменскиот народ и неговата борба во регионот Арцах, вековна ерменска територија со голема симболика за Ерменците како народ.


За прво да објасниме како дојде до оваа ситуација треба да се вратиме во времето на најмрачната , најзлосторничката идеологија која и ден денес го дели човештвото а тоа е комунизмот, тоа зло поголемо и од самиот ѓавол, со одлука на СССР во име на некакво братство и единство територијата на Арцак се одделува од Ерменија и се предава на Азербеџан.


Во 1989 со распадот на СССР ерменскиот народ пружа отпор на тоа нивната вековна територија и нивните вековни огништа паднат во рацете на муслиманскиот џган па започнуваат борба за нивна слобода, за Република Арцах, во која на крајот успеваат и победуваат.


Она што е најважно во оваа победа е што ја остваруваат сами, со својата храброст, своето срце, нивната борбеност која успева да се спротистави на муслиманскиот џган и да го брка дури безмалку до Баку.


Нештата по војната се менуваат, Азербеџан користејќи ги своите ресурси успева да стекне огромно богатство  и вложува постојано во својата армија, додека Арцах стагнира поради тоа што не е меѓународно признаета и е предел во кој и нема како да се инвестира и развива економски.


Азерите се вооружуваат со години и очекуваат момент да нападнат, имаа неколку напади каде што беа одбиени за да дојде последната војна, користејќи ја предавничката влада во Ерменија, идеален момент за со својата воена огромна надмоќност се прошетат.


Сепак едно нешто не очекуваа, храброста на Еремнскиот народ во Арцах, кој се мобилизираше и доста успешно ги бранеше позициите, жртвувајќи се за својата слобода, поголемиот број од загинатите беа од генерациите 2000-2002, додека кај нас овие генерации се тотално изгубени.


Храброста на жал денес не ги добива војните а кога Турција увиде какви кукавици се Азерите директно се вклучи во војната и со своите воени сили , ангажирање на исламисти од Сирија, по што се случи пресврт на военото поле, луѓето на Арцак не ја добија потребната поддршка од предавничката влада во Еремнија, а не добија поддршка ни од "братска" Русија, најголемото зло за православието и христијанството воопшто.


Ерменците во Арцах беа оставени сами борејќи се против муслиманските хорди, не добивајќи никаква поддршка од друга земја, добија морална од нас и останати православни народи, иако за волја на вистината Еременците не се православни туку монофизити, но освен тоа учење не се разликуваме во ништо друго и сме браќа.


На крајот од војната Русија изготви договор во корист на Азерите и сојузнички застана зад нив, забивајќи нож во грб на храбриот ерменски народ во Арцах.


Изговорот дека владата во Ерменија е предавничка на русофилите (болната секта) кај нас е смешна, народот од Арцах нема допирни точки со властите во Еремнија, освен тоа што се Ерменци, но тоа не ги спречи Русите за свој лични интереси да ги предадат.


Додека кај нас молчевме за името, во Ерменија се крена револуција каде што ерменскиот народ спремен и воинствен бараше продолжување на војната со директно вклучување на Еремнија, одење на се или ништо, а допрва ќе има разрешавање на ситуацијата во Еремнија.


Како краен победник од војната е Русија која по кој знае кој пат тргуваше со христијансктие животи за да ги оствари своите лични цели.


Она што најмногу ме радува е обединувањето на сите Македонци, патриоти, националисти, навивачи кои дадоа силна поддршка на Ерменија и народот таму.


Македонците и Ерменците заедно делуваа во време на Отоманската империја, нашите револуционерни движења беа тесно поврзани, делуваа заедно, а многу Еремнци се жртвуваа за слободата на Македонија.


На крајот од војната Еременците мораа да  напуштат свои огништа но тие ги палеа своите домови , куќи, имоти, покажувајќи гордост, национална гордост која ја има ретко кој народ, не дозволувајќи муслиманското племе да ги поседуа нивните имоти.


ВЕЧНА СЛАВА НА СИТЕ ЗАГИНАТИ ЗА АРЦАХ !

АРЦАХ Е ЕРМЕНИЈА !






Monday 10 August 2020

Борбата на Илинден

 Помина Илинден и неговата прослава, оваа година таа беше убедливо  најнепосетена и најслаба поради ситуацијата со Ковид вирусот, но во самиот текст нема да се пишува за прославата, туку повеќе за значењето на Илинден.

Во Македонија некако се повикуваме на два или три  Илиндена, од антика и битката на Херонеја (лудилото) она вистинското Илинденско востание, па се до АСНОМ и денот на независноста 8 Септември.

Како прво Илинденското востание е востание на еден угнетен народ кој бил со векови под ропство, самото востание било против тиранија, со цел да се донесе слобода,  немало никакви задкорисни игри ниту цели.

Во востанието борбата била исклучиво против тиранинот и неговиот башибозук, а не против населението, целта било да се донесе еднаквост за сите , без разлика на нивната класна припадност, народност или религија, да се сопрат сите поделби кои тогаш ги наметнувала Османската Империја.

Илинден е борба за една Република за сите, Република прва на Балканот, Илинден е борба за слободна Македонија ослободена од тиранијата и ропството.


На друга страна го имаме АСНОМ на кои се повикуваат дека е втор Илинден, но тој тоа ниту е бил, ниту ќе биде.

АСНОМ не е борба ниту за Македонија, ниту за слобода на народностите, ниту борба за слобода на религиите а да не збориме за класите.

Ако АСНОМ е остварување на вековниот идеал на Илинден , тогаш која е потребата од организирање на референдумот од 8 Септември 1991 е логично прашање кое се поставува само по себе, за кое одговор нема никој. Која е потребата од "третиот Илинден" aко "вториот" ја остварил целта на првиот ?

Иако АСНОМ првично се повикува дека е борба за "ослободување" на Македонија зад него се кријат само задкорисни игри, АСНОМ всушност се бори за Југославија , додека повикува на братство и единство врши терор врз секој што е за независна Македонија, се обидува да ги забрани религиите и да го наметне атеизмот, го одзима тешко стекнатиот имот на  луѓе кои се занимавале со добиток, обработување на земја за градење на нивните утопии од земјоделски задруги.

АСНОМ потоа удира директно против ветераните од Илинден и од Илинденската организација, организирани се неколку масакри врз Илинденци, голем дел од нив се однесени на Голи Оток, Идризово каде што умирале во најтешки измачувања извршени од асномци.

Колку и некој настаните потоа сака да ги препише на властите во Белград а не на АСНОМ само се бламира самиот себе.

АСНОМ всушност цело време се бори и го убива духот и идеалот на правиот и единствен Илинден.

И за крај за мене АСНОМ е едноставно со вистинското име Антиилинденско Собрание на Народното Окупирање на Македонија, правите иницијали кои се кријат позади овие букви.


.

Tuesday 16 June 2020

Повик за правда, будење на народот ?

Конечно после долго време во Македонија се случи протест кој имаше смисла, организираност, цел, јасна визија, луѓе кои не се изгубени во времето и просторот ,барајќи правда.

Прв пат после 2017 година се виде духот на првичните прави и единствени Тврдокорни, организиран протест каде што луѓето се дел од организиран систем, со јасни барања, со јасна хиерархија на протест, со дрескод, со јасно скандирање, марш достоинствен и партиортски.

Сепак протестот покрај од правите екс Тврдокорни беше организиран и од останати луѓе кои не беа дел од организацијата, но ги имат прифатено нејзините начела за достоинствен протест.

Овој повик на правда беше гласен, јасен, моќен и ќе биде секако чуен од оние од власта, кои ќе мора да се преиспитат на кој начин се води судството во Македонија.

На протестот беа присутни и дежурните организатори на протести кои никогаш не собрале повеќе од 30-40 луѓе, кои организираат и протести против вакцина која не постои, па можеби доколку имат доблест и патриотизам како што тврдат, ќе се повлечат и никогаш повеќе нема да бидат дел од политичкото организирано движење кај нас, каде што тие прават само штета.


Она што треба на сите да ни биде јасно, Македонија и македонскиот народ се изморени од политиката, разочарани, но воедно тие се спремни доколку има соодветна групација, која нема да биде политичка партија, туку граѓанска организација или патриотско здружение, национална организација, водена од групација на луѓе кои нема да држат проповеди на телевизија, нема да бидат лажни месии , спасители, туку ќе бидат луѓе кои ќе делуваат како дел од народот, во сенка, но со акции и дела за спас на државата од бедата во која живее.

Народот чека и ќе биде дел од организирана борба предводена од луѓе кои не сакаат да бидат на телевизија, да се претставуваат како лидери со моќни говори, гласни пораки, туку бараат луѓе кои ќе работат на улица, во народот, со пропагадни материјали, организирани мирни протести,  кога ќе увиде дека има луѓе кои се борат за нив, а не за власт, за влез во парламент, за патни трошоци, кога ќе видат дека има луѓе и млади кои се спремни да се жртвуваат и бeз да барат привилегии за возврат, кои ќе делуваат во сенка без да го промовираат своето име, народот ќе ги следи, ќе започне со нив нова револуција, која засекогаш ќе ја промени Македонија во вистинска насока.


Tuesday 9 June 2020

Чиј живот вреди повеќе ?

Периодот кој изминува сме сведоци на една хистерија и лудило која ни се сервира преку медиумите и социјалните мрежи за наводен расизам во САД, расизам кој постои само во нивните глави бидејќи самиот чин на убиство нема никаква врска со расизам или расистички побуди, туку обична полициска бруталност, која ја среќаваме насекаде во светот.

Самиот чин на убиство извршен од полицаецот е чин на негово самоволие, каде што тој употребува сила за да се покаже колку е јак, а не поради нeкаков расистички мотив, посебно што жртвата е под дејство на наркотици и повеќе пати осудувана личност, криминалец со сериозно досие и престапи во минатото.

Значи краткото резиме е јасно, припадник на црната раса е убиен од полицаец кој е бел, додека другите полицајци кои биле дел од акцијата  има и припаднци  од друга раса, но тоа се замолчува, имаме нереди во кој протестите за некакви права значи , кршење на друг имот, масовни кражби, се под превезот на некаква си имагинарна  борба против расизмот.


Сите загрижени и учени луѓе кои немат прочитано ниту книга и чие што знаење се води по трендовите на Фејсбук и Инстаграм споделуваат поддршка на BLM движењето, кое движење е всушност расистичко, повикува на убиство на бели луѓе, а ги демолираше спомениците ширум САД, дел од нив иронично посветени на припадници на црната раса, кои се бореле за САД и за нивната слобода.


Ако прочитаме погоре ќе сфатиме дека расизмот е само измислен од оние кои против него наводно се борат, односно самиот факт што се гледа бојата на кожата на жртвата покажува дека оние кои се борат за тоа се расисти, без да ја погледнат целата слика.


Од другата страна во Европа имаме храбра и маченика жртва на еден млад Швеѓанец кој заштитувајќи ја честа на едно девојче влезе во борба без да се поштеди самиот себе и за тоа плати со животот, додека девојчето на крај беше најбрутално силувано од мигрант.

Дали тогаш имавме расизам кога извршителот на злоделото е мигрант, а жртвите се припадници на Белата раса ?


Следниот случај е oд Унгарија, каде група Роми напаѓа млади унгарки со цел секусално да ги злоупотреби , двајца млади унгарски партиоти, националисти и родољубци  Лазло Матринович  кој во денот кога се случил чинот го славел својот 16ти роденден и  Гергели Кели дваесет и еден годишен.

Тие двајцата без размислување застануваат во одбрана на честа на своите сонароднички, притоа нападнати од хордата цигани  кои им нанесуваат многу удари по кој тие починале.

За овие случаи нема да прочитате ништо по светските медиуми, на жал за нив не постои ниту реченица, исто како да не се случиле.


Како ли само дојдовме до моментот, човек кој е осудуван за серија криминални дела, со 5 затворски казни при која последниот е напад во домот на бремена жена , кој во моментот на неговото убиство бил издрогиран и имал цел да вози односно вршел криминално дело, да биде светец, херој и во негово име да се дигаат некакви револуции,  чија што цел е уништување на имотот на оние кои чесно го заработуваат својот леб, макотрпно мачејќи се и потејќи се за него, да бидат оправдани.

Од другата страна имаме млади луѓе, без никаков криминален престап во минатото, личности кои застанале во одбрана на девојки, храбро и без размислување се впуштиле во нивна заштита, без да размислат за нивните последици, давајќи го сопствениот млад живот за да заштитат живот на друг, да ја сочуваат женската чест, женската гордост, женското достоинство, тие заминаа без никогаш повеќе да може да се вратат, достоинствено и херојски, маченички, чие одавање на почит е мирен и достоинствен да бидат игнорирани.

Чиј живот вреди повеќе, животот на осудуван криминалец кој вршел криминален акт кога е убиен и само поради бојата на својата кожа е херој или животот на млади тинејџери кои без да размислат ниту момент, застанале во одбрана на друг живот, во заштита на  чистотата на девојчиња кои  ќе биле брутално силувани (на жал едниот случај тоа и се случило) и кои за цел живот ќе се соочувале со трауми поради тоа, кој вреди повеќе, оној кој се жртвува самиот себе за другиот или оној кој целел да го уништи животот на другиот ???

Вечна ви слава јунаци, со вашата храброст и самопожртвуваност покажавте и докажавте што значи да бидеш горд , европски патриот и националист, почивајте во мир, го заслуживте тоа.




Sunday 7 June 2020

Политиканството не убива

Политиканството убива тоа е нешто кое е многу пати кажано овде на блогот, но овој пат политиканството почнува да си го зема својот данок во човечки животи, секојдневно луѓе ќе се разболуваат и умираат поради политиканството на двете најголеми политички партии кај нас.


Изборите ќе го земат својот данок, Македонија го има потенцијалот кога веќе сите почнуваат да се спремат за нормален живот ние да бидеме новите Италија, Шпанија во моменти кога кризата завршува.


Не заборавајте дека и оние за Живот и оние за Обнова се во заедничка коалиција на власт во таканаречената техничка пржинска влада, само за потсетување  дека нивните пресконференции се фарса.

Кога беше времето за полициски час за Рамазан, оние од Животот се усраа дека ќе ги изгубат гласовите на нивните најверни гласачи, а од друга страна мораше  да се правда пред православниот народ кој го тероризираше, а пак овој за Обнова сакаше да го укине полицискиот час и за да им се додвори на оние гласачи, ем да ги привлече православните, демек е способен и вовел ред во државата.

И дур тие тераа политиканство, за да освојуваат гласови, без никаков ред и поредок, брзајќи за избори и во поткопување на гласовите за нив, државата се соочи со пукнување на криза која е поголема од онаа која ја имавме кога таа беше заедничка на светско ниво, броиме рекордни заболени, броиме жртви,  а решение немаат бидејќи тотално се изгубени, прости и неспособни.


Наместо државничка политика и решавање на кризата од корен, ние гледавме како да добиваме гласови, е сега добивањето на гласови ќе не направи затвореници во сопствената држава во 21ви век.

Затоа сега кога ќе се изборите , кога и да се, паметно размислејте два пати, дали ќе одите и ќе гласате за продолжување на овие политикански игри кои ве убиваат буквално или ќе почнете да размислувате за делување на улица и за градење на одговорна и државничка политика.


Friday 29 May 2020

Имаме ли срам ?

Ех драги Македонци, сите од дното до врвот на политичката пирамида, дали ние имаме срам, дали ние имаме барем малку самопочит кон самите себе, толку ли се мразиме, па најголем душман не би ни нанел вакво зло, па и на него би му паднало жал кога ќе не гледа  што си  правиме самите на себе.


Кога ќе кажеме  дека е доста, ако ние сме никој и ништо, ако ние не се цениме самите себе, зарем немаме срам кон оние кои загинаа верувајќи во нас, кои го положија својот живот на олтарот на татковината да живееме ние денес вакви бедни како што сме, да им го зачуваме споменот како што доликува, до кога ќе се подбиваме со нив, до кога нивните убијци ќе добиваат населби, споменици, улици, училишта, додека нивните споменици ќе бидат отстранувани од страна на вандали.


Еј бре, Македонци, стоко, дали тие јунаци не вредат да го чуваме нивниот спомен, ако ние сме мизерни и не се бориме за себе, да го чуваме нивниот спомен жив и неизвалкан од нашиот кукавичлук и беда.


Денес минситерка на одбрана , првиот човек на голем дел од тие јунаци, се појавува пред олтар кој го величи УЧК, насмеана од увце до увце, ловејќи си гласови, без никаков срам и око  да и трепне за стотиците животи кои се изгубени и одземени од страна на организацијата пред чиј олтар таа гордо стоеше.


Ало војници, имате ли вие бре војничка чест, достоинство, храброст, доблест во тие униформи кои ги носите да кажете ДОСТА Е, не не понижувајте нас и споменот на нашите браќа кои загинаа во одбрана на татковината, имате ли вие исто така вакви карактеристики полицајци кои го тепате вашиот народ а не заборавајте пред не толку време вие гиневте во крвава битка против нив во одбрана на нашето Куманово.



Имаме ли срам бе, кога ќе кажеме доста е, кога ќе се кренеме на бунт против ова зло и потсмев на нашите бранители и херои кои загинаа во одбрана на нашата Македонија.



Monday 25 May 2020

Covid 19

Многу време се мислев дали да пишувам нешто поврзано со вирусот Covid 19 поради кој и на неодредено време ја одложив и активноста на самиот блог, но сметам дека треба да напишам збор два за мои видувањa околу ситуацијата со вирусот и како ние се справивме со него во Македонија.

Како прво за разлика од големите промотори на теориите на заговор јас сметам дека овој вирус постои, но сепак неговата сериозност е преувеличена односно е многу многу помала од таа што се претставува по медиумите, за неговата смртност и паниката која насатана како последица на тоа.


Сега анализа за тоа како македонското здраство се справи со кризата, на почетокот тоа беше доста самоуверено и силно но со многу почетни грешки кои дојдоа не од обичнот народ туку од медицински лица кои треба да бидат едукаторите во борба против вирусот, македонското здраство попушти и Короната на големо навлезе во Македонија, однесе доста жртва, процентуално при врвот во Европа.


Колку и сите да се воодушевени од ораторот Филипче кој е голем работник и еден од најдобрите според многумина убедливо најдобар во својата област, сепак како министер не покажа ништо повеќе освен ораторски вештини кои при врвот на кризата му исчезнаа и беше тотално изгубен со нејасни и збунувачки одговори или избегнување на одговор на одредени прашања.

Мерките беа конфузни и неоправдани, освен мерките за затворување на кафулињата, училиштата, театрите и на спортските објкети каде што се собира голем број народ, полицискиот час е чиста тортура над народот.

Полициски час кој започнуваше во 23:00, па во 21:00 и другите термини да не ги набројувам познати на нас, немаат никаков ефект, како прво предизвикуваат народот да ги врши своите задачи во раните утрински часови по што настануваат големи гужви и најплодно тло за ширење на било каков вирус, не само на Ковид, во часовите кои беа определената групата на граѓани која е подложна на ризици од заболување воопшто не е ниту активна, со што само таа место да се заштити се прави да е подложна на повисок ризик, удар во раните утрински часови и гужвите кои настануваа во тој период.

Маските и нивното носење, кога беше пикот тие не беа задолжителни, кога веќе тој помина и кризата е при крај , тие се задолжителни, уште една мерка каде што нема никакво логично објаснување.


Играта со празниците , односно затворањето на црквите за Велигден и најдолгиот полициски час во историјата на Македонија , наспроти давањето на шанса верниците од исламска вероисповед да си го извршат своите верски должности за Рамазан Бајрам, сами по себе можеа да донесат и до верски немири и нетрпеливост, тотално непотребни во Македонија.

Економијата доживеа свој бродолом, никакви мерки за спас на економијата и помош на оние кои се на удар, се помогна само на олигарсите кои и немаа потреба од помош,  угостителските објекти затворени и голем дел од нив пред пропаѓање, илјадници луѓе останаа без работа, а решение за нив државата нема, со што кризата на финасиски план допрва ќе не удира и ќе ја осетиме на своја кожа доколку навремено не се освестат од Влада.

Шведска и Финска покажаа најсоодветен модел на борба против корона кризата, иако за воља на вистината таа и не дојде до Финска , додека Шведска која беше на удар одлично се справи со него, жрвтите во рамките на нормалата , економијата не трпеше ништо, народот немаше никакво психолошко малтретирање и ширење на паника.

За крај за вирус кој не е ниту опасно смртоносен, сличен на сезонски грип, успеавме да паднеме во замката на паниката , да ја изгубиме логиката и да си нанесеме сериозни штети по нашето ментално здравје но и по економијата за чие што санирање најверојатно ќе бидат потребни и по неколку години.





Saturday 23 May 2020

Изборите и игрите околу нив, на штета на државата и народот !

Предвремените парламентарни избори кои не очекуваат оваа година уште еднаш покажаа и докажаа дека на македонските политичари воопшто не им е до македонскиот народ или до државата и нејзиниот развој, туку до нивните ситни политикантски игри на грбот на истите.

Прво која е самата потреба на предвремени парламентарни избори, кога и така требаше да има редовни избори оваа година до крајот на Октомври, па конечно после цели 15 години една македонска влада да истере четиригодишен мандат.

Од кога дојдоа изборите па се одложија поради короната што им одговараше и на едните и на другите, со оглед дека се заедно во Пржинската влада.

Сепак траењето на кризата носи тешкотии во функционирањето а избори мора да има, на оние кои беа на власт им одговараат брзи избори дека со секој изминат ден, финансиската криза ќе експлодира поради нивната неефикасност да ја решат, што ќе оди во полза на опозицијата, па тие бараат брзи избори, во кои имаат реални шанси да победат.

Опозицијата пак бара одложување на изборите бидејќи во брзи избори тие ќе немаат убедлива победа ниту пак шанси да фомираат влада, додека на одложување во бескрај се зголемува нивната предност, победа и шанси да формираат влада.


Тука се гледа дека интересите на државата и на народот не се во прв план, се што им е важно се нивните политички поени и гласови, а за државата и народот, баш им е гајле.


Thursday 21 May 2020

Томи Линд

Борбата за Европа која ќе ја задржи својата култура, која нема да биде соочена со геноцидот кој и доаѓа од исток, на жал доби и свој нов маченик, тоа е младиот швеѓанин Томи Линд.

Томи Линд  како млад и освестен шведски партиот и националист падна како жртва од страна на теророт на мигрант од Судан, кој во доцните вечерни часови во место каде што се собираат млади  извршил напад врз швеѓанка која сакал да ја силува, кога тоа го видел Томи без никакво размислување тргнал во одбрана на младата швеѓанка при што се здобил со убод од нож во градите од страна на мигрантот по што тој паднал, а мигрантот почнал да го удира по телото се дур не се увери дека е мртов, по што се вратил и го довршил започнатото , го силувал девојчето брутално како животно.

Мигрантот од Судан и претходно е осудуван престапник а извршил и сексуален напад на девојче кое немало наполнето ниту 15 години, па се поставува прашањето дали би дојдело до ваков немил настан доколку во либералистична Шведска законите би важеле подеднакво за сите, а и нема да им се пригледува на мигрантите за злосторствата кои тие ги вршат ширум Шведска.


Томи Линд со својата храборст, пожртвуваност засекогаш го запиша своето име во колективната меморија и срца на сите слободоумни европски националисти, давајќи пример дека во борбата за својата држава, нација и континент, понекогаш ќе мора да ги платиме со нашиот живот.

ВЕЧНА ТИ СЛАВА !



Saturday 18 April 2020

МИРОТ БОЖЈИ !

Во овие моменти на тешки испитанија кои се наоѓаат пред сите нас, во времиња кога верата е тема на силни напади од неверниците и безбожниците а најмногу од либералите и нивните разврати, чувањето и практикувањето на верата не е само потреба , туку и одговорност.

Денес над сите верски храмови без разлика за која религија станува збор се врши прогонување со цел на отуѓување на верниците од неа, да се претстави како промотор на негативни влијание во општестово, до степен на нејзино израмнување со злото.

За прв пат во мојот живот на литургија бев изгонет од светиот божји храм како најголем криминалец од страна на полицијата , нешто незамисливо дури ни за Турско и во време на комунизмот, ние како верници бевме прогонети од нашето светилиште без никаква причина, поради нападите и желбите  на гореспоменатите  кои гласно протестираа и ја згазија интимата и правото на вера на сите нас.


Сепак и во вакви моменти верниците на омразата и прогонот одговорија со љубов, го напуштија храмот со горно крената глава, мирно и совесно не дозволувајќи верата и религијата да бидат извалкани од оние кои тоа го очекуваа со нетрпение, но на крај останаа со празни раце.

Секој од нас кој е верник, треба совесно и рационално да ја практикува верата и да не дозволи на безбожниците и властите да ги оцрнат нашите храмови, да тие ни го земаа храмот како наше свето собиралиште каде што го исполнувавме нашиот дух со мир и спокој, но направија фатална грешка, земаа еден храм, но секој верник во својот дом, во своето срце ќе направи храм во кој повторно ќе се воспева името божје, а со помош на модерната технологија и снимаењето на литургиите од Бигорскиот манастир но и останатите цркви/манастири ширум светот, божјиот глас и вистина ќе одѕвонат уште посилно и помоќно како одраз на светата вистина.


Мирот и спокојот кои ги носат вербата, љубовта и разбирањето, свесноста и совеста ни се сега на нашето најголемо исптание, а ние како верници мораме на овој испит да одговориме  со најголема зрелост  и одговорност како кон самите нас, така и кон создателот во кој веруваме  со целото наше срце и битие.

Воскреснувањето Христово е најголемата човекова победа во историјата, победата на смртта со воскресение, чудото кое го остави цел свет во неверица, нека ги исполни нашите домови со спокој, радост, здравје, мир и љубов, нека ги осветли со божјата светлост и сила кои се вечни и непобедливи.


Wednesday 15 April 2020

НОВИОТ ПОЧЕТОК !

Последните две години беа вистински зимски сон за сите национал-револуционерни иделогии и организации, нациoналисти, фашисти, националсоцијалисти, патриоти,  поради свесноста на неможноста за делување во рамки на ваков народ, но и поради лични причини на секој поединечно.

Почетокот на оваа година донесе и ново регрупирање, комуникација помеѓу нас се со цел наше достоинствено враќање на политичката сцена во Македонија, свесни и забележувајќи дека со нашата пасивност на жал нашата родина се повеќе тоне а таа стана плодно тло за ширење на црвената зараза како пандемија на сите полиња  кои користејќи ја нашата пасивност во последните неколку месеци се шират постојано и неприкиинато, на кое мора да се даде соодветен одоговор и да се спречи се додека има време и лек.


Ваквите наши  конверзации вродија со идеја за тотално враќање на сите организации, страници кои ја шират вистината и единствената вредна идеологија на национал-револуцијата, почнувајќи ја  нашата борба со нов почеток но овој пат искрено се надевам без крај, бидејќи во моменти кога нема никаков ОТПОР кон властите тие тоа го користат за да се богатат, а од друга страна црвените да го трујат и манипулират народот со своите идеи кои значат уништување за секој од нас.


Многу повеќе дела и акции , иницијативи се тоа што следува во периодот кој доаѓа, промовирајќи ја вистината  и почнувајќи со визија чекор по чекор градење на вистинска , слободна патриотска ФА/НС политичка сцена, со која сите ние ќе се гордееме.



Tuesday 14 April 2020

Каков закон, кој народ, чија држава ?

Ех Македонијо што ли дочека да ти се случува поради твојот кукавички народ.

Сингелиќ вчера е еден шамар за сите нас кој треба да си го понесеме зрело и да знаеме кој и каков закон владее кај нас, бидејќи на некои делови од нашава држава владеат законите на Република Илирида па таму полициски час нема, а во другите се угнетува , казнува секој кој не го почитува законот, да тоа е правилно и праведно, но дали вреди кога тој закон не важи за сите.

Закон , што е тоа, едни правила за оние кои ги тестираат од елитата за Ковид, дур другите ќе умираат додека чекаат за да ги тестираат а камоли да ги лекуваат, некој ќе седат дома и ќе читаат книги, гледат серии, спортуваат од дома, ќе повикуваат на свесност, а други ќе си жвиеат како се да е нормално, ќе им засвири полициска сирена која не ја стават ни на ум, по што продолжуваат да си ги вршат своите работи.

Каков е тој закон, закон вреден како една обична нула.


Народ, што е тоа народ,  народ е колектив кој се брани од секоја наезда која му се случува, а во Макеоднија народ нема, пички и паразити кои чекаат да ја исцицат државната цицка и да се вработат у администрација,  чекаат да крадат без ништо да дадат, кој народ е тој, што има тој свето, народ кој не постои а за кој сите наводно се борат, се борат затоа што може да го молзат како сакат, во овој взаемно поврзан ситем на крвопиење, едниве чекаат да цицаат но пред тоа поверојато е политичариве да ја исцицат нивната крв.


За крај државата, каква е таа држава во која законите не владеат за сите нејзини државјани подеднакво, каква е таа црна држава во која едни умираат затоа што се обични луѓе а други живеат боемски живот на нејзиниот грб, гостејќи се со бизони и други деликатеси што се само мисловна именка за  некои кои сонуваат леб и паштета да имат на своето мени за да се прехранат и да преживеат, чија е оваа држава, наша сигурно не.

Државата постоеше каква таква до 2011 и Кале, битката во која навивачите излегоа сами да ја бранат и одбранат, додека народот седеше дома, грицкаше семки и пиеше пиво гледајќи ги вестите и дел пцуејќи ги клетите шиптари, а друг исмевајќи ги храбрите момчиња што се ставиле себеси како одбранбен штит на државата, немо пратеа како таа се губи.

Обидите уште неколку пати на навивачите и одредени националисти  да ја вратат државата беа неуспешни и залудни со лоша и тотално погрешна организација.


Доста е, доста ние младите кои се образуваме, надоградуваме, едуцираме, се жртвуваме трпиме поради стоката од народ на која припаѓаме, време е за револуција во која ние еднаш засекогаш ќе го избришеме овој народ и ќе создадеме тло на идните генерации да создадат народ за кој сонувале нашите револуционерни дејци.


Saturday 4 April 2020

Насилството над жената

Сведоци бевме во изминатата недела на грозен чин во кој двајца момци напаѓаат и претепуваат на девојче и тоа брутално без никаква милост, снимајќи се и со самото тоа покажувајќи гордост со тој чин.

Жената е олицотворение на државата и нацијата, не за џабе се рекло кој воспитал момче тој воспитал човек, додека тој што воспитал девојче, тој воспитал нација.

Секое напредно и силно општество зависи од храброста и пожртвуваноста на самите жени, бидејќи токму тие на свои плеќи го носат товарот во секоја вонредна ситуација,  тие се столбот на домот  и семејството додека мажот е на војното поле и во битка.

Таа е мајка, таа раѓа, а тоа е најсветото нешто кое еден човек може да го има како благодет дур живее на земјата.

Мажите се предодредени да бидат заштитници, да ја заштитуваат жената и својот дом, своите деца, тоа е нивната главна карактеристика која треба да ја применуваат во текот на целиот свој живот.

Е сега да дојдеме до самото насилство, како што и сами знаеме не сите жени на жал се совесни, туку има и такви кои го изгубиле својот морал, шират блуд и негативни појави на секаде околу нив, но сепак дури и тие не смеат да бидат удрени или нападнати од маж, туку нивната најголема осуда ќе дојде од самото општество, со самото тоа што ја валкат честа на тоа да бидеш жена и мајка, тие ќе имат пресуда која е многу пострашна од било кој удар кој би и го дал некој маж, а тоа е презирот од своето опркжување а можеби и најважно од  своето семјство.

Од друга страна мажите кои удаарат на жени, без разлика какви се мотивите се личности кои се со слаби карактери, психички нестабилни, личности кои немаат никаков интелектуален капацитет ниту пак се корисни за било што во општеството и за луѓето околу нив.

Секој маж кој дига рака на жена ја покажува својата немоќ, својата беда, бидејќи секој маж кој има машкост во себе ќе изнајде илјада достоинствени начини да одговори на било каква провокација од жена пред него, вистинскиот маж никогаш нема да го погази своето достоинство и чест за ниту една клевета кажана од недостојна жена.


За крај, фашизмот како идеологија од секогаш се воодушевувал на женската убавина и нејзината способност да раѓа, токму затоа и фашизмот како иделогија е прва во светот која дава рамноправност политичка и социјална на жената со мажот, добро знаејќи дека силата на еден народ и држава се состои во едукацијата и храброста на припадничките од понежниот пол.


Wednesday 5 February 2020

Јавна соба

Оваа тема можеби веќе заврши, но поради недостаток на слободно време а сметајќи дека е многу важна да се обработи, решив да го напишам овој текст денес, темата за скандалозната телеграм група Јавна соба.


Слободата без јасни ограничувања претставува најголема тиранија, така една социјална мрежа која дава апсолутна слобода на своите членови се искористи наместо за креирање на нешто паметно и полезно како договарање за борба, за креирање на група на која ќе се шират порнографски материји кои служат за самозадолување на ниските страсти на припадниците на тие чатови или групи.

Самата група но и самата фама која се крена по ова е јасен показател и доказ дека нашето општество полека но сигурнo ги изгуби веќе на целосно своите семејни и традиционални вредности , навлегувајќи во тотален неморал и блуд.


Реакцијата треба да биде целосна и ситемска а не само декларативна, државата треба сама да промовира вредности како што се семејството, љубовта (вистинската) родољубието, деца, но таа прмовира ЛГБТП кампања, права на сексуални малцинства, со што плодовите веќе ги добија а тоа е Јавна соба.


Блудот и неморалот кои владеат кај младите е нешто кое иако сега е наизглед наивно во иднина може да донесе огромни проблеми, разголените слики по Инстаграм еден ден некого може да го чинат глава, нешто кое редовно го следиме во Западна Европа пат по кој на жал Македонија е тргната, па да се запрашаме сите ние како тоа да го спречиме, за доброто на нас самите и нашите идни поколенија.


Wednesday 22 January 2020

Коцкај се народе ....

Коцкањето како што имам пишувано и порано на блогот е еден од најчестите и најголеми показатели на сиромаштијата која владее во едно општество, нудејќи лажна надеж за брзо решавање на сите проблеми со една голема добивка.

Како еден од начините кој нуди надеж за излез од сиромаштијата, коцкањето е идеално за секоја власт која е вооедно и најголем промотор на ваквите дејанија, игри и компании, пред се водејќи се од своите лични интереси а против сопствениот народ.

Сите чувме за тендерот од 6 милиони Евра за набавка на апарати за коцкање, а сега дур го пишувам текстот станаа и 14 милиони Евра, пари кои се потрошени да си купат мир сегашните но и идните властодршци.

Кои се причините и зошто е толку важно државата да го контролира , промовира коцкањето ќе биде објаснето во неколку точки.

Карактеристика број 1 за коцкањето е дека тоа преставува надеж, дава надеж на еден човек кој нема пари а има потреба од нив, кој работи деноноќно напорно да заработи пари кои не му се доволни за достоинствена живеачка, да го посети локалното казино или обложовалница, да тури дел од малкуте тешко заработени пари купувајќи си надеж дека со некој клик на апаратот или погодени резултати од неколку натпревари, ако не целосно, бар делумно да излезе од тешката ситуација која се наоаѓа, а воедно  и да купи нешто кое му е неопходно за дома.


Зависноста која ја создаваат овие игри на среќи е фатална, многу луѓе и семејства се зацрнети токму од неа,  таа му создава проблеми на нејзината жртва, која наместо да мисли како повеќе да заработи, како да се избори за подобра иднина за себе и своето семејство, тој мисли само на игрите на среќа за тоа како да отиде вечер и да стави што поголема сума на пари, како ќе добие многу и ќе ги инвестира парите паметно, но дури кога и доаѓа до таа голема добивка таа утредента или во наредните неколку дена , па во најлошо сценарио и самиот ден веднаш се вложува и губи на коцка.

Финалната карактеристика е долгот кој се создава од коцкањето, се повеќе пари вложени во апарати и листови на спортска, помалку пари за задоволување на правите потреби на самиот себе и своето семејство, што доведува до итна потреба на пари која сега лесно се добива од легалните лихварници отворени од фунцкионери на власта со високи и убиствени камати,  така дур вие се давите во долгови тие преку своите казина и лихварници се богатат со пари, а воедно на вас како нивни работници во другите сектори ве плаќат многу помалку од тоа што реално го заслужувате и што може да ви го платат, знаејќи во каква ситуација се наоѓате.

Најважнатo но и најзначајно за нив е што дур вие одите во казина и обложувалници, дур ги фрлате вашите пари во ветар и магла, вие не размислувате на вистинските причини на вашите проблеми и беспарица како и единственото соодветно решение за тоа, борба, борбата против овој систем кој ве поробува и постојано уништува и вас и нашата држава.

Од нас зависи, дали ќе заглавиме во нивната замка и ќе се коцкаме надевајќи се на некаков спас дур повеќе ќе тонеме зависни од проблеми и недостатоци на пари или ќе излезете на улица во герила акции и ќе се борите против корумпираните и лакоми политичари кои уништуваат се поради нивната светост, парите.


Tuesday 21 January 2020

Мал Шенген

Мал Шенген е наизлглед неинтересен политички проект кој нема да заживее и е потенцијална замена за ЕУ, но всушност е голема задкорисна игра со која две регионални сили би си ги решиле сите отворени прашања помеѓу нив, на штета на Македонија.

Двете политички сили кои имаат единствена корист од остварување на ваков проект се Албанија и Србија, Албанија на овој начин ќе си ја зацрти и оствари идејата за Голема Албанија без Чемерија , каде што реално и немаат никакви шанси, додека Србија би добила мини Велика Србија , што е огромен успех за нив од кога што се вели само до вчера трепереа за Војводина и Република Српска, а го изгубија целосно, односно сега делумно Косово.


Сите проблеми кои ги имаат Србија и Албанија ги решаваат со Мал Шенген, Косово останува независно што е интерес на Албанија додека за возврат Србија ќе добие тоа Косово да не биде меѓународно призната држава и целосна контрола на териториите каде што живее чисто етничко српско малцинство.

Во Македонија од кога Србија речиси беше истерена ќе се врати како силен играч и ќе го контролира оној дел од Македонија кој не е во интересите на Албанија, нормално доколку ние влеземе во Мал Шенген, а најинтересно ние сме главни заговорачи на таа идеја.

Токму затоа Црна Гора која води јака, силна национална и патриотска битка за градење на вистинска независна држава ослободена од Србија не сака да влезе во овој проект, свесна дека на тој начин таа повторно ќе подпадне под владеење на Србија додека Улцин би го завладеала Албанија. покрај нив и Босна и Херцеговина односно Бошњаците и Хрватите се против тоа БИХ да влезе во ваков сојуз кој всушност означува основање на Голема Албанија и мини Велика Србија.

Албанија и Србија не можат и немаат сили да војуваат, за војниот кукавичлук кај Албанците знаеме сите од 2001, додека Србите никогаш ама апсолутно никогаш не добиле воен конфликт без јак и силен сојузник позади нив, посебно што  вакво сценарио би донело непотребно крвопролевање кое не го сакаат ниту двете страни, а со Мал Шеген по кој знае кој пат Албанците и Србите ќе си ги расчистат овој пат засекогаш сите отворени прашања како држави, нормално доколку нашиве политичари магариња и некој други наседнат на овој трик на старите политички лисици.