Saturday 22 December 2018

Сиромаштијата и начините на кои таа се познава кај нас

Сиромаштијата е една од најголемите болки што може да ги има едно општество, бидејќи со самата неа носи низа на други негативности кои сериозно може не само да го нарушат, туку и да уништат едно општество.

Матерјалната сиромаштија со себе ја носи и духовната сиромаштија,  нема повеќе морал, се гази преку другите за да се успее, не бирајќи средства.

Начините на кои сиромаштијата кај нас лесно се согледува е во неколку прости примери.

Првиот е зголемувањето на присуството на религијата и новите религиски заедници, колку и самиот јас да сум религиозен верник на МПЦ-ОА, сепак религијата е присутна и расте ненормално многу во сиромашните средини од неколку аспекти :
Прво да расчистиме самата таа нема никакви теолошки вредности, туку луѓето гледаат начин преку религијата и молењето во Бога да им паднат вреќа на пари од небото и на тој начин да ги решат сите свои проблеми.
Потоа самото верување не е по Библијата и религиските учења, туку е своеволно теолошко учење и верување кое се пренесува (што е уште пострашно) од генеранција на генерација, многу често во тотален конфликт со самите религиски учења.

Се појавуваат разни гатачки и врачеви, кои прават магии, предвидуваат иднини, давејќи разни совети за ритуали како сиромавиот да ги следи и преку нив да стане богат, а истиве тие лица кои ги посетуваат нив се оние верниците кои одат во црква.
Самиот очај да излезат од сиромаштијата ги прави ранливи, давајќи пари по тие богохолници и изманици, надевајќи се дека ќе станат богати.

Појавувањето на нови религиски заедници кои ветуваат брда и долини, но и даваат пари за да станете дел од нивниот култ се честа појава, а кај нас тие се во невиден подем како никогаш до сега.


Другиот главен елемент на кој се согледува големата сиромаштија е игрите на среќа.

Во Македонија на секој чекор , во секој ќош се крие по едно казино, спортска обложувалница или трафика која продава лозови од лотарија или грепки кои нудат разни награди.
Пробувајќи си ја постојано среќата надевајќи дека таа ќе му се насмевне, многу млади се задолжуваат, ги внесуваат сите пари заработени со својот труд на коцка, несвесни дека не само што нема да добијат туку и повеќе губат и тонат во уште поголема сиромаштија.
Ваквите објекти ја уништуваат младината, нивните животи, без притоа самите жртви на овој најстрашен порок да бидат свесни за тоа.


Заклучкот е повеќе од јасен, во општествата зафатени од голема сиромаштија секој што нуди било каква  надеж е прифатен како Бог, но таа лажна надеж не носи ништо друго, освен  зголемување на сиромаштијата а богатење на оние кои ја креираат.

Thursday 20 December 2018

Тајните служби и македонскиот национализам

Овие денови како бомба излезе текст  објавен од свиркач во УБК кој  го објаснува начинот на кој таа фунцкионира, како влегува во националистчките или патриотски движење, притоа само со една цел, нивно уништување. 

Креирањето на лажни партиотски здруженија чија што цел е да ги привлечат младите потенцијални националисти држејќи ги под строга контрола е нешто за кое е пишувано на блогот, објаснувајќи дека токму службите креираат лажен национализам со кој ги држат под контрола и ги владеат сите оние кои имаат за цел спроведување на национализмот како идеологија во Македонија.

Токму од овие причини вистинските автохтони македонски националисти мора да бидат внимателни со кого и на кој начин креаираат организации, здруженија, на кој начин делуваат, се со цел нивните активности да не подпаднат под влијание на УБК, кои би завршиле и со нивно инфилтрирање во тие редови.

Тоа е и главната причина поради која организацијата Револт е во доста затворен круг на луѓе, при што членови на организацијата може да станат само едуцирани и совесни луѓе, кои нема да бидат сомнителни дека се дел од озогласениот апарат на УБК(УДБА).

За проектот со МПЗ(Македонски Патриотски Здруженија) е јавна тајна и однапред познато за сите националисти дека е проект на УБК и една политичка партија, кои ќе имаа за цел да ја "одбранат" државата  од нивните политички непријатели, а за тоа нема да сносат никакви последици.

Единствено МПЗ кое беше формирано пред налетот на УБК(УДБА) е МПЗ Тодор Александров Битола/Скопје, здружение кое на жал во силниот налет не успеа да се одбрани од нив, поради својот отворен карактер, но сеуште постои силно тврдо јадро на луѓе кои не се под влијание на службите а делуваат во самото здружение со акции и иницијативи во него.

Службите одсекогаш имале интерес ваквите организации да бидат стишени и задушени, последна иницијатива од големи размери беше Тврдокорни, но и таа користејќи ја нејзината ахилова пета, демократијата, успееа да ја сотрат за не повеќе од 4 месеци колку таа делуваше слободно.

Едноставно секоја македонска патриотска или националистичка организација, со здрава идеологија ќе биде нападната од паразитите на УБК(УДБА) прво преку нивните весници  и портали, потоа со етикетирањето за бугарофили или фашисти(во погрдна смисла, без допорни точки со соодветното значење) а доколку тоа не упали за нивна поврзаност со некоја политичка партија.

Затоа градењето на повеќе помали независни организации, секоја со своја идеологија делувајќи заеднички кога ќе е потребно за Македонија, е спас од овој вирус кој го уништува македонскиот национализам.

Tuesday 18 December 2018

ПРЕДАВНИЧКО ПОМИРУВАЊЕ

Во Македонија денес се изгласа закон за "национално помирување", кој всушност е закон на предавничко помирување и обединување.

Владите во Македонија сериозно го сфаќаат само натпреварот во тоа кој повеќе ќе ја предаде и украде Македонија, работа и правење нешто позитивно за неа, е научна фантастика.

Талат е лидерот на оваа дружина, првиот меѓу еднаквите, воениот дезертер 2001, избран за министер на одбрана од едниве и за потенцијален врховен командант од другиве, истиот оној кој ја предал истава армија во војна.

Сега веќе и нема сомнеж зошто опозицијата во парламент не ги блокира амадманите на власта, повеќе е од јасно зошто се повлекуваат од собрание со бојкотирање тогаш кога треба да ги блокираат штетните закони против интересите на државата, едноставно и тие се дел од сценариото.


Лошата глума ги издаде уште пред повеќе од година дена, но наивниот народ сеуште им веруваше, ако по ова денес има сеуште некој што им верува, тогаш или има сериозен недостаток во глава или има мазохистички нагони па го трпи ова изживување.

Државата ние во рацете на личности кои и сопствената мајка и чедо ќе ги продадат само да дојдат до некаква материјална корист.

За ваквата ситуација сме си криви самите како народ, поради тоа што ги избравме легално на избори, надевајќи се големиот дел од народот на ситни трошки, но повеќе ни трошки нема да има на масата.

Дали ова помирување конечно ќе ни ги отвори очите како народ да ги спречиме или се ќе си продолжи без никаква штета за нив, е прашањето кои сами треба да си го одговориме.

Friday 14 December 2018

РЕПРЕСИЈАТА ПРОДОЛЖУВА

Како што на сите нас ние добро јасно и имаме почуствувано на своја кожа, претходната власт вршеше постојана репресија над сите патриотски сили во државата, а сега оваа репресија не само што продолжува, туку и достигнува уште повисоко ниво.

Кале, протестите против министерот за одбрана од УЧК, протестите за крвавиот Велигден, донесоа низа на казни, малтретирања, редовни повици по станици на сите патриоти кои беа дел од организирањето на овие протести, кои имаа муда.

И ден денес не може голем дел од македонските родољубци да се совземат од казните и последиците од овие настани па подолг период не се активни на националистичката сцена кај нас.

Доаѓањето на новата власт требаше според нив да донесе промени во општеството кон подобро, но не само што работите се влошуваат, туку и репресијата достигна ново ниво.

Настаните од Крушево, насилното разбивање за протестите против името покажаа дека оваа власт не само што нема да го смени однесувањето кон нас, туку ќе го манифестира со многу појака и поголема жестина, со цел уништување и на последниот патриот во Македонија.

Тоа што веќе долго време го знаеме ние кои сме активни, а веќе е споделено и јавно па нема повеќе да кријам, е упадите на полицијата и алфите е во домовите  на голем број Македонци, со цел да ги застрашат, скршат, демотивираат и уништат во желбите да се борат за својата родина.


Вакви манифестирања на сила не се случајни, туку организирана системска акција на македонската полиција и служби, чија што цел е предвремено да се решат од сите оние кои им претставуваат потенцијален трн на кој не сакаат да настапнат во процесот на промена на името на државата.

Колку и да си потенцираме дека нашава национална политчка сцена не постои, колку пати да кажуваме дека нашиве организации и да не делуваат на терен и всушност не постојат. сепак ако се погледне наназад, многу интересен е фактот, дека малку   националистички сцени, имале толку многу судири против властите и трпиле репресии и казни.

Стравот да се појави четврта и вистинска партиотска сила која ќе го поведи народот, за разлика од постојните три струи кои протестираат контрапродуктивно е нешто што властите сакаат да го сечат од корен.


Казните кои ги добиваат сите оние кои беа на Крушево и на протестите против името, е наменето намерно, бидејќи тие се личности кои се идеалисти а не материјалисти и не можат да се купат со пари, единственото нешто што тие може да го понудат.

Во овие тешки времиња на репресија, газење на човечкото достоинство само затоа што си родољубец, идеологијата, идеалите само се зацврстуваат и бетонираат, а борбата ќе продолжи без разлика на штетите кои ќе бидат нанесени од страна на репресивниот апарат.


Thursday 13 December 2018

Реалити шоуа, рецептот за уништување на една младина

Реалити шоуа, ефтина духовна храна која се сервира на обичниот тв конзумент, кој наместо своето духовно воздигнување да го побара во читање книги, гледање на документарци, да размислува, тој се храни со голотија, простотија што ги нудат реалити шоуата.

Овие тв програми се опасна соддржина која се нуди на секој млад тв гледач, гледајќи ги неморалот, агресијата кои тие ги нудат, идоли на младите стануваат наркомани и старлети.

Младите наместо да читаат, спортуваат, да вложуваат самите во себе, тие се пијанчат, дрогираат, се уништуваат, неспособни за борба, станувајќи лесна куклена играчка за контролирање од страна на мејнстрим медиумите и нивните властодржци.

Ниту една елита не треба да се грижи за својата иднина со таква младина, бидејќи таа е поставена во духовно ропство, односно таа е мртва.

Ваквата мртва младина заостанува со својот интелект,  со самото тоа тaa нема никаква креативност, мотивација, работни навики, кои од нив ќе направат луѓе, а со самото тоа движечка сила која ќе ја води државата напред.

Токму поради овие причини и уште многу други, реалити програмите мора да бидат забранети со цел да се спречи духовното и интелектуално уништување на нацијата.


Saturday 8 December 2018

Нашето писмо

Едно прашање на кое секој македонски патриот и родољубец треба да посвети големо внимание а некако е табу тема во овие кругови е писмото на кое денес ние пишуваме и писмото со кое ние денес се служиме.

Денешното писмо кое ние го користиме е како резултат на јазичните реформи од 1945 година, но истовремено треба да се напомене дека и во самата јазична група има голем конфликт по ова прашање по што дел од комисијата ја напушта и го одбива создавањето на новото писмо и јазични реформи.

Ако погледнеме во минатото и ако ги читаме книгите на нашите преродбеници, поточно нивните оригинали ќе забележиме дека тие користат друго писмо, а тоа е кирилицата, за разлика од нас кои користиме денес караџица.

Причината која и денес се наметнува за одбивање на кириличното писмо е дека тоа е "бугарско"  додека кирлицата била "македонско" писмо со кое ние јасно сме се разликувале и од Бугарите и од Србите.

За воља на вистината обидот за вакво писмо во Македонија датираат многу пооодамна, а најголеми и најжестоки противници биле Даме Груев и Гоце Делчев.

Писмото е основен белег на еден јазик и причина за гордост, па ние чесно треба да си го поставиме прашањето, зошто не ја користиме нашата кирилица а ја прифативме туѓата караџица ?



Wednesday 5 December 2018

Голодмор

Гладомор (украински: Голодомор) — масовна глад во Советска Украина во 1932-1933. Се смета за една од најтешките национални катастрофи во украинската историја, жртвите на различни оценки се неколку милиони. Гладот е предизвикан од политиката на советската влада, на чело со Јосиф Сталин.

Гладот во 1932-1933 владеел не само Украина, но и во други области во Советскиот Сојуз. Терминот Гладомор се користи специјално за областите населени со етнички украинци, каде гладот бил најсилен. Тој понекогаш е нарекуван Украински геноцид или Украински холокауст, што укажува дека е намерно организиран од властите за да влијае врз украинската нацијаВо 1929-30, во некои извори се вели во неколку етапи се до 1939 година селаните биле присилени да го предадат своето земјиште и фармите во државна сопственост, на кои би работеле како дневни работници за плаќање во натура и им била одземена и храната заради "правилна" распределба низ целиот СССР. Селани кои се противеле, биле протерани во Сибир без услови за преживување, затворани во гулаг или стрелани. Во летото 1930 година, политбирото вовело реквизиција (присилно одземање) на храна, наводно за зголемување на извозот на житарици.
Според некои извори со жетвата од 1932 година, советските власти успеале да произведат само 4,3 милиони тони жито во споредба со 7,2 милиони тони добиени од жетвата 1931 година, намалениот принос бил "среден" преку систем за рационализација но оброците, односно им се давало храна на секое семејство онолку колку што властите сметале дека им е доволно за да преживеат што резултирало со жртви, а од страна на Украина овој чин е прогласен за геноцид врз украинскиот народ.Украина како најголема житница била нај репресирана, а подоцна ваквиот однос резултирал да украинските патриоти во втората светска војна застанат на страната на Германија.


Ова е една од одликите на комунистичките режими, гладот, да тие кои ветуваат еднаквост и рамноправност се всушност најголеми приченители на глад во светот, идеологија со најмногу убиени луѓе, токму благодарејќи на изгладнувањето на сопствениот народ.

Токму затоа борбата против комунизмот мора да биде жестока и без компромиси, за вакви нешта да не ни се случуваат во иднина.


Tuesday 4 December 2018

Жолти елеци - лекција за прави револуционери

Многу често на самиот блог се дискутирало за тоа како треба да се делува, да не се зборува само на празно туку да се спроведува на дело, да има акции за кои ќе се зборува.

Жолтите елеци се најдобар пример за тоа како треба да се делува, како треба да се спроведе една револуција на дело која ќе даде ефект а не само празна борба за собирање политички поени како нас.

Прво самите Жолти елеци се надидеолошко движење кое е народно, па токму поради тоа самота револуција нема идеолошки предзнак сама по себе иако е насочена кон неспособноста на либералистичките власти.


Првата работа која треба да се научи од оваа револуција е, нема соработка со политички партии !!!!!!!
Сите политички партии се дел од системот и со самото тоа нивна цел нема да биде да го срушат системот, туку само да го превземат за да ги задоволат нивните идеолошки или хедонистички цели.

Втора лекција, нема лидери, има колективно лидерство кое е тајно и подземно, тоа не дава никакви изјави ниту соработува со медиумите, целите на револуцијата само се соопштуваат и ништо повеќе од тоа, нема дискусии по медиуми.

Трето, нема преговори со Влада, владата секогаш ќе понуди преговори, чија што цел е да купи време за да се реорганизира, да ги собере потребните информации за клучните револуционери и да го скрши нивниот дух, наместо преговори, кога владата ќе ги понуди, следува уште пожестока и посилна акција на улица, тоа е финалниот удар против владата по која таа паѓа.

Успехот на Жолтите елеци  докажува дека само underground револуција е единствениот начин за соборување на глобалистите, институционална или политичка (партиска ) борба не даваат никаков ефект, освен засилување на самиот систем против кој треба да се бориш.


Wednesday 28 November 2018

Што е навистина тоа соживот ?

Соживот еден збор од секојдневниот наш речник, збор со толку силно значање а без никаква фунцкија, соживот.

Што е навистина тоа соживот ?

Соживот всушност треба да претставува различни култури да живеат заедно во кохезија, без притоа едната култура да се наметнува на другата и обратно, односно да нема носечка култура а сите да живеат според своите културни обичаи.
Но дали е тоа навистина возможно.

Размислувајќи и анализирајќи , никаде во животинскиот свет не постои нешто како соживот, просто и едноставно појакиот го убива послабиот и на тој начин го предводи своето стадо, а и повеќе животински видови на едно место без притоа да се напаѓаат еден со друг.

Епа сега доаѓаме до вистинската суштина на зборот соживот, која има неколку значања, првата е доколку сте дел од доминантниот народ кој живее на просторот но сте пички без муда, со соживотот наместо да се борите и да ја наметнете својата култура, тој одбира помалите да ја напаѓаат и уништуваат неговата а притоа тој да не направи ништо.
Второто е од страна на петоколонашите во самата култура или марксистите, кои со ова сакаат да ја уништат доминантната култура со цел да ги остварат своите марксистички цели.
Третата е од страна на помалиот кој користејќи го терминот соживот  успева да се одбрани од наметнувањето на доминантана култура на него а со тек на време создава услови како тројански вирус да ја зарази доминанатната култура со неговата.

Значи кратко кажано секој што се залага за некаков соживот е или пичка, марксист или припадник на малцинство, ниту еден нормален човек со здраво патриотско размислување не е за соживот.

Само една култура може да владее на одредена територија, колку тоа да звучи "шовинистички" или "расистички" се останато е илузија и приказна за мали деца.

Најдобриот доказ за тоа го добивме за денот на знамето на другата култура, кога сеператистите преплавија со туѓи знамиња, без притоа да постават ниту едно државно, е тоа е соживотот.


Единствен здрав пат е наметнувањето на македонската култура над сите оние кои живеат на територија на Република Македонија како официална, притоа не забранувајќи им го правото да ја практикуваат својата во сопствените домови, но не и на државно ниво.

Monday 26 November 2018

Дали треба да ја обвинуваме државата за нашиот неуспех ?

Една од најболните рак рани на нашето општество е мислењето на младите дека државата е виновна за ситуацијата во која се наоѓаат и за нивниот лош живот.

За лошото образование, лошото здраство, немањето соодветно платена работа, немање солиден ноќен живот, забава, занимации кои ќе го пополнат слободното му време и.т.н.

Донекаде оваа константација би била точна, но доколку не се погледне и другата страна не медалот.

Најважно од се, државата е народот, односно каков народ, таква држава.

Доколку нешто не чини во државата тогаш твоја должност е да почнеш борба во која ќе се исправиш против проблемот и ќе го побдиш.

Кај нас на жал нема никакви активности во тој правец, многу полесно е да се мрмори, да се барат изговори, отколку некој да се избори за подобар живот во државата во која живее.

Законите кои се носат во парламентот кои директно влијаат на нашите животи ги донесуваат пратениците кои си ги избрал, кога се носат закони во корист на политикантите и нивните користи, протестот е задолжителен и ти треба да си таму, кога излегуваш на избори треба да гласаш најсоодветно што можеш, односно власта да ја дадеш на луѓе кои ќе работат за државата а не за самите нив.

Кога ќе се излегува масовно на протести против сите закони како што се излезе на протест против екстерното, тогаш политичарите ќе мора да ја повлечат штетната одлука, а во државата ќе се носат квалитетни, достоинствени закони кои ќе го подобрат и самиот живот во државата.

Едноставно кажано државата сме сите ние како единки, дали таа ќе биде благодетна и напредна или назадна и заглавена во калта, зависи исклучиво од нашите одлуки, дела и борба.


Затоа наредниот пат пред да ја обвиниш државата за твојот неуспех, прво погледни се во огледло и запрашај се, што ти направи за државата за таа да ти возврати на тебе ?

Friday 23 November 2018

Како до национално подигнување ?

Едно од најчестите прашања кои се поставува е како да ја промениме ситуацијата во која се наоѓаме, како да не бидеме дел од играта креирана од големите играчи во која губитници се само народот и државата.

Одговорот ќе пробам да го дадам на тој начин што ќе биде пократок, но доволно опфатен.

Првата работа која е неопходна за вакво национално издигање е креирање на нова национална патриотска организација во која ќе членуваат сите националисти, патриоти, родољубци, без разлика на нивната идеологија, но со цел одбрана на државата.

Организацијата треба да биде создадена по пример на ВМОРО, да ги обединува сите струи, но истовремено да не биде демократска, туку строго централизирана и водена од еден совет.

Советот не треба да брои повеќе од 10 луѓе, а сите одлуки кои ќе се носат да се носат иклучиво со 2/3 мнозинство при гласање на членовите на советот, на тој начин ќе биде најдобро да се зачува организацијата на правиот пат.

Членовите на советот мора да бидат млади и неизвалкани патриоти, кои досега не биле дел од политичка партија, ниту пак учествувале во една од двете обоени "револуции" во Македонија.

Организацијата треба да се рашири по цела држава, каде што во секој град одговорноста ќе ја превземат 1 најмногу 3 луѓе за организирање на акции во самите градови, кои ќе бидат одредени од самиот совет.

Протестите на самата организација треба да бидат маршеви, на кои ќе нема говори, освен прочитување на проглас на организацијата по поводот за кој се оддржува протестот.

Самата организација нема да соработува со ниту еден антинационален медиум, прогласите ќе ги праќа на својата веб страна, нема да гостува по никакви ТВ дебати ниту пак ќе дава интервјуа, со што ќе се заштити од медиумскиот притисок кој досега се покажува како најубиствен за ваквите идеи.

Втората работа која е потребно итно да се направи е формирање на македонски национален хуманитерен фонд.

Во ваквиот фонд членуваат сите националисти кои ќе донираат не помалку од 30 денари на месечна основа.
Покрај тоа ќе се отвори сметка која ќе биде водена од книговодство кое ќе дава редовни отчети за тоа кој се донирал пари, под која назнака и дали парите завршиле на потребната сметка.

Отварање на национални кујни за прехранување на сите гладни Македонци, посебно на гладните и изнемоштени деца кои живеат во тешки и мизерни услови.

Ваквиот хуманитерен фонд ќе го врати чувството на Македонецот на припадност кон својот народ, ќе му ја врати гордоста за навек.

Само овој пат и овој начин на делување е единствен кој може да ја спаси Македонија од разните профитери, крлежи и паразити, а нејзиниот успех зависи од нас самите.

Thursday 22 November 2018

Економска политика

Една од најважните ако не и најважен темел за изградбата на една силна, напредна, просперитетна и успешна држава е економијата.

Во Македонија на жал економијата е во катастрофална состојба од многу причини, за кои да се објаснат е потребно да се напише цела книга , бидејќи не можат да се објаснат во еден текст.

Но пред се во овој текст ќе ги анализирам последните две вести од македонската економија , смената на даночната политика и покачувањето на платите во администрацијата.

Промената на даночната политика, односно напуштањето на рамниот данок и воведување на прогресивен данок, е катастрофална.

Прво овој данок се воведува на единствена групација на луѓе која успеала да го среди својот живот во Македонија и се главен двигател на економијата.
Кратко и сликовито да се објасни, имате воз кој оди по шина и треба да достигне една релација, но од него ја отстранувате локомотивата, и не ја заменувате со нова, едноставно возот ќе стои во место.

Ваквиот данок е само една обична популистичка левичарска мерка, која има за цел да го задоволи оној мал сегмент од општеството кое е завидливо и посакува неуспех на сите оние кои се пред него, но за самата економија нема да има никаков позитивен ефект, напротив финасиите потребни за негово имплементирани, се поголеми од самите бенифити.
Добиваме данок кој да го имплементираме, ќе потрошиме повеќе пари отколку што ќе добиеме.

Втората финансиска одлука е зголемувањето на платата на администрација за 5 %, а притоа за тоа нема финансиски средства.

Интересно е како Владата која воведува прогресивен данок, воведува линеарно зголемување на платите на сите административци. Тоа покажува дека нивното водење на економија е чисто популистички а не реално според потребите на државата.

Државата зема кредити со цел да ги покрие платите кои ќе ги зголеми, што е уште еден удар од невидени размери и за онака кревката економија.

За една економија да напредува, таа треба да вложува во автопати, болници, железнички, аеродроми, а не во плати од кои корист ќе имаат само одредена групација на луѓе.


Популизмот е смрт за економијата, тоа е нешто што мора да запре, доколку сакаме како држава да одиме напред.


Tuesday 20 November 2018

"Битката за одбрана на името"

Како  тече битката за "одбрана" на името на Република Македонија, така се повеќе се ситни т.н. отпор создаден од УДБА , самите власти но и од неколку прави родољуби кои се бројат на прсти.

Денес оваа борба е поделена на два табори, Македонија Блокира и Бојкотирам.

Ајде да се потсетиме кој е кој.

Прво за организаторите на протестот во недела, да ги прашаме каде беа 2004 и на чива страна кога почна спроведувањето на рамковниот договор.
Дали и тогаш беа дел од бојкот тимот кој имаше за цел да ја воспостави нова рамковна Македонија, со териотријалната поделба, каде беа кога Талат беше псотавен за министер, каде беа кога македонските деца беа крвнички тепани на Кале и.т.н.

Овој грев ниту треба да се заборави, а уште помалку да се опрости, луѓе кои беа на прв борбен фронтен ред за новата териоторијална поделба, не може да ја бранат денес Македонија од своите колеги, од партијата која тие ја основаа.
За другите формации кои се дел од оваа групација веќе има посветено текстови со јасен опис на нивното делување.


Сега идеме на Македонија Блокира, формирана од збирштина на луѓе кои сакат да се претставуаат како големи лидери, нешто што не се, со исклучок можеби на еден од нив кој има капацитет и лидерско однесување, а е главен на братство кое баш и не делува според своето име.

Целта на формирање на овој отпор е прикажување на борба за името која е слаба, никаква , замислете 80 организации а само по 30 луѓе на протест.
Тоа се должи на еднсотавен факт, протестите ги закажуваат три часа пред нивното одржување, без никаква организација , идење во празно, дерење пред домовите на пратениците, јалови дебати со нив во кои се обидуваат на некој начин да ги оправдат, а дури за еден од нив рекоа дека бил патриот ама уценет.

Како бе тоа патриот кој е уценет и се укакал, па правите патриоти одеа два метра под земја, ама не би биле предавници, ама ете бил патриот, но морал да спаси своја кожа, ебига, бидејќи патриотот не треба да се жртвува за татковината.
Дел од Македонија Блокира беа инфилтрирани во повеќе организации, кои ги уништија, се со цел да нема вистинско патриотско делување во овие тешки моменти за државата.

Целта на нивното делување е да се глуми отпор, со цел да се минира потенцијален (на жал со овој народ неостварлив) народен отпор, кој ќе почне од самиот народ и би бил силен и молневит, а не млак и беден.

На крај и двата табора  личната суета, а најмногу политиканството е тоа што навистина ги обединува на сите нив, а не љубовта кон татковината и името Македонија, со чест на исклучоци кои се многу ретки.


Monday 19 November 2018

СТОП ЗА РУДНИЦИТЕ НА СМРТТА !

Во Македонија една тема која е од огромна важност а ниту еден медиум ни и дава до значање се рудниците на смртта, рудници кои со своето работење ќе ја уништат цела Источна Македонија.

Претходната власт ги доведе инвеститорите кои добија огромно богатство со дозволите за отварање на рудници, а притоа  за тоа ќе дозволат уништување на животната средина на населението кое живее во новите рударски места.

Редок а можеби единствен случај во поновата историја, Македончето делумно се освести и почна кампања против овие рудници, притоа оддржувајќи неколку успешни референдуми, со кои јасно кажа, НЕ за рудниците на смртта.


Сегашната власт дојде на оваа позиција ветувајќи дека ќе ја испочитува оваа одлука на народот, како народна власт (ахахахахахахаха) за на крај да ги поништат сите референдуми и да кажат, рудниците ќе се градат.

За големите провизии кои ги зимат гадните политиканти, за нивно лично алчно богатење, тие го жртвуваат животот на илјадници и илјадници жители на овие предели, дозволуваат да се зголеми бројо на деца кои ќе се родат со аномалии и ред други здраствени ризици кои ќе ги донесат со своето работење.

Затоа не само луѓето кои живеат во тие предели кои се лично засегнати, туку цела Македонија треба да се крене на нозе и да се спротистави на оваа бавна и болна смрт за Македонија.

Протестите кои ќе се оддржат во иднина мора да бидат уште помасовни, порадикални и подобро организирани, се со цел да го дадат посакуваниот ефект, да ја сопрат изградбата на рудниците на смртта во Источна Македонија.



Friday 16 November 2018

Димни бомби

Димна завеса или поточно димни бомби е термин за вештачки креирани настани и политички  расправи, кои имаат за цел да прекриат во позадина поголема политичка одлука која е прикриена со  замајување на јавноста.

Така на пример во минатото, секогаш кога имаш крупна зделка меѓу коалиционите партнери од преродбата и дуинг бизнис, се случуваа инциденти во автобуси на етничка основа, преку кој вниманието беше тотално дефукусирано, а пазарот меѓу властодржците одеше како подмачкан.

Последните настани со тоа како избегал осуденик, поранешен премиер е идеално за заташкување на пописот кој ќе биде прв без народност во целокупната историја на Макеоднија, дури во Отоманската империја сите пописи биле со народност.

Другата димна бомба е Македонија блокира, која има за цел да прикаже беден, јаден отпор против промена на името, притоа организирајќи протести во 17 часот а протестот се одржува во 19 часот, без никакви подготовки, мобилизација како што доликува на протест, за да покажат ете само бедни 50 луѓе се против одредени одлуки.


Во Македонија фрлањето на димни бомби во јавноста со цел прикривање на крупна одлука да помине како подмачкана е стретегија која се користи постојано, а со медиуми кои се тотално под еден центар на контрола постојано успешна.

Наместо медиумите да се занимаваат со вистински проблеми со кои се соочува државата, лошата економија, политички вработувања, промена на име, тие сега ќе прават постојани анализи на тема, како едно лице отишло од точка А до точка Б и притоа за тоа ќе изнесат 1001 верзија со цел приказната да биде постојано интересна на конзументот, додека во позадина се заташкуваат вистинските крупни проблеми со кои се соочува државата.

Никој повеќе не зборува за загадениот воздух кој го уништува здравјето на секој од нас, никој не збори за рудниците на смртта кои дополнително ќе го загрозат квалитетот на живеење и природата , што ќе значи бавна и болна смрт за сите нас.


Ваквите стретегии кои ги користат власта и опозицијата мора да бидат уништени во старт, со антидимни бомби, кои нема да дозволат да не замајуваат и да го отргнуваат од нашето внимание од вистинските проблеми со кои се соочуваме.

СМК - рак рана во македонскиот патриотизам

Светски Македонски Конгрес или скратено СМК е најголемата рак рана со која се соочува македонскиот патриотизам и една од главните причини за неуспех на сите патриотски иницијативи години наназад.

СМК е секогаш мирудија во секоја политичка манџа во Македонија која постојано го закорчува вкусот кај секој патриотско ориентиран Македонец.


Да направиме една кратка анализа за самата организација :

СМК е организација која е креирана да ги обединува сите Македонци во светот и да се бори за македонската кауза  насекаде, но дали е тоа навистина така :


Прво дали вие имате барем еднаш видено било каков финансиски извештај на оваа организација, за тоа како таа се финансира, кои се приходите кои ги остварува, а кои се расходите на која таа ги троши парите за подигнување на македонскиот патриотизам ?

Зошто оваа организација од такво големо значење за Македонецот, нема своја веб страница каде што известува за своите активности ?

Дали оваа организација има отворено барем една народна кујна во која ќе се служат топли оброци за гладните и немоќни Македонци ?

Зошто не се организираат хуманитарни настани, акции со кои ќе се помогнат деца на кои им треба лечење, да се изгради дом на оние семејства кои поради разни причини останале без кров на глава ?

Каква помош донирале и донеле до Македонците во дијаспора , дали имаат донирано бар еден буквар за Македончињата да се описменат, а не да не знаат да бекнат Македонски, дали биле во Мала Преспа, Голо Брдо, Егејот да ги помогнат материјално и духовно Македонците ?


Прашањата може да се редат до недоглед, но одговорот е еден и ист, НЕ.

Затоа логично може да се дојде до заклучок дека СМК е или параван организација на службите за градење на блед "патриотизам" или обична перална на пари преку која некој добро се богати.


За да тргнеме напред, мора прво да се расчисти со плевелот во патриотскиот двор, а СМК е една рак рана која веќе мора сериозно да се лечи.


Thursday 15 November 2018

Зошто Левица навистина го брани името Македонија ?

По сите перипетии кои се случија околу прашањето за името, референдумот, изгласувањето со 2/3 мнозинство на отварање на уставот, како главна бунтовна партија која ги освојува симпатии на Македонецот е Левица.

Но никој не си го поставува прашањето : Која е таа Левица , и зошто навистина ја започна кампањата за одбрана на името на државата ?

Многумина заборавија дека оваа политичка партија и нејзините членови организираа атаци и уништување на национални и патриотски графити, со нивната кампања : Национализмот е болест.

За време на протестите од Шарената револуција, нивните уапсени членови не се изјаснуваа или одбиваа да се изјаснат на прашање на која националност припаѓаат, а во еден случај нивен поранешен истакнат член гордо изјави дека е Југословен.

Политичката партија Левица до сега на ниту една нивна манифестација, не извадиле било каков национален симбол, до тој степен што и официалното државно знаме им е туѓо, па користат државно знаме на непостоечка држава Југославија како свое.

Е сега како дојде ваква антинационална опција да бида главен бранител на националниот столб, името, се работи за чист популизам.

На Левица тотално не и е битно државното име во нивните идеолошки програми и принципи, но користат идеална слика во отсуство на реална патриотска и национална десница, крајна десница или било какво патриотско здружување, тие да ја превземат оваа борба, како се патриоти, а суштината е да се инфилтрираат во срцата и умовите на Македонецот освојувајќи ги неговите симпатии за да ги поведуват во самоуништувачка Македонска борба, брат на брат, за нив позната како класна борба.


Ваквите инфилтрирања на левичарските опции во минатото им донесувале голема популарност и успеси, па Левица ја користи истата тактика, дури го бранат името и државата (која до вчера ја напаѓаа) тие си собираат поени и градат членство кое ќе биде спремно за нивната вистинска намера, класна борба и спроведување на културен марксизам.


Токму поради ова не смееме да заборавиме, кој уништуваше патриотски графити, кој едиствен протестира без македонски државни знамиња, да не заборавиме кои беа најгласни противници против рехалибитација на Тодор Александров, и еден тон други антимакедонски чинови. 



Wednesday 14 November 2018

РЕВОЛУЦИОНЕРОТ СЕ ВРАЌА

После безмалку 4 месечна пауза, направена од повеќе причини, конечно повторно блогот ќе биде активен, објавувајќи повеќе текстови со анализи на сегашната состојба, идеолошки текстови, историја, искажувајќи ги своите ставови и видувања по одредени теми.

Оваа пауза пред се ја искористив за одмарање од дневна политика и пред се надоградување на самиот себе со читање, анализирање, спортување, и најважно од се пронаоѓајки го својот личен духовен мир.

Враќајќи се кај дневната политика, тоа за кое зборував многу пати , за ефтината глума, популизмот и најважно од се политиканството кај нашите политичари се оствари не 100 туку 300 %.

Најважно од се е да се припознаат и спречат лажните месии кои јавајќи на незадоволството на Македонскиот народ коваат идеологии и политики кои уште толку ќе го уништат и народот но најмногу државата.

Во Македонија и да сакаш не може да имаш мирно политичко време, секогаш пред нас се бурни времиња кои се идеални за револуција, но не крвава и насилна, туку духовна, интелектуална, просперитетна.

Најмалку во овие тешки времиња се потребни битки на Македонец против Македонец, брат против брат, нешто кое мора да го избегнаме по секоја цена.

Затоа повторно се активирам, надевајќи се дека бар кај мал дел од луѓето ќе влијаам за промена, која ќе донесе позитивни нешта за државата и нејзиниот развој.


Ако молчиш значи одобруваш, токму поради ова го прекинувам мојот молк и започнувам повторно со борба, која се надевам овој пат ќе биде успешна, со активирање на повеќе луѓе во неа.


Monday 16 July 2018

Сега или никогаш

Дали е само привремен период или навистина Македонецот се разбуди од сонот и почнува да се бори самиот за себе, времето ќе покаже.

Настаниве последните три дена покажуваат големи промени на расположението на Македонецот и неговото политичко делување.

Тој е изморен од лажните политикантски идеологии и митинзи, знаејќи дека тие не носат ништо полезно за самите нив но и за државата.

Концертите на срамот беа празни, додека протесните маршеви на опозицијата се се помали и без никаква енергија, монотони и досадни.

Затоа пак денес се оддржа еден од најмасовните, по многумина најмасовен марш во поновата македонска историја, во кој се побара правда и конечно правото да владее за сите во Македонија.

Се надевам и верувам со цело срце дека ова е почетокот на крајот на политикантските игри, политикантите повеќе нема да владеат со нашите животи, а нашите судбини си ги зимаме назад, во нашите раце.

Поводот по кој се разбудивме треба да не води напред, потсетувајќи не колку само скапо ја плаќа(в)ме нашата слепост и  кукавичлук.


Македонецот повеќе нема да биде тесто за месење, туку ќе покаже дека храброста и пожртвуваноста на Илиденците на револуционерите не е случајност, и да не заборавиме нивната крв тече во нашите вени, крвта на најхрабрите луѓе кои некогаш оделе по оваа земја.

Ова е моментот во кој е да се биде или не, сега или повеќе ваква шанса за наше спасување нема да имаме, никогаш повеќе.


НЕМА НАЗАД !



Saturday 14 July 2018

Концертите на срамот

Денеска бевме сведоци на концертите на срамот , концерти по многу што се вистински срам за сите оние кои учествуваа во нив, посебно за одредени музичари кои со учеството во нив се посраа на сите свои претходни дела , поради кој биле слушани, почитувани и обожавани од својата публика.

Како може да пеат на било каков настан оддржан од системот  против кој се бореа со своите музички дела, без разлика дали била про НАТО/ЕУ или било каква друга прослава , кога таа прослава го слави системот против кој толку се бореа, нека си ги преслушат своите песни и нека се запрашат што е со самите нив, како станаа тоа што толку го мразеа и плукаа.

Можеа да одбијат кога дознаа за што се работи како што сторија нивни колеги, и тие како нив потпишале договори и ќе се соочат со репресии, али најверојатно парите им значат и вредат повеќе од сопствениот образ.


Самата причина за концертите не е ниту ЕУ ниту НАТО, туку да се прекрие убиството на Саздо, да се прикријат информациите дека правите убијци ја напуштиле државата, дека нема приведено никој туку се лаже со лажни иницијали на сторителите се со цел да се прикријат вистинските, нешто што сеуште кружи само во underground политичките средини и кои тие толку јако сакат да го заскријат, а нели немаа што да кријат ?


Дали од Владата имаа тронка срам кога напишаа Македонија во ЕУ/НАТО кога сами потпишаа дека државата и дома и надвор ќе се вика Северна Македонија, свесни ли се колку самите се издисаа (жаргонски) и сопствените политики, но добро тие немат мозок да размислат за вредностите и што суштински прават, нивниот мозок е заробен и мисли како да краде и да дојде до повеќе пари.


На крај повеќе е од јасно каков блам направија сите изведувачи кои пееа на концерт кој прво има лажен поводо, не Македонија туку Северна Македонија можеби ќе добие еден ден покана и ќе влезе во ЕУ/НАТО, потоа отидоа да пеат да прикријат убиство на младо момче, можеби и фан на некој од самите нив, кој ја слушал  и почитувал нивната музика, а најмногу од се се измочаа на нивните музички дела и самите нивни човечки карактеристики.


Шанса да се корегираат имат во Понеделник, да побарат прошка, да отидат на прв ред и да се борат за Правда за Саздо, да бидат меѓу својот народ и почитувачи, ако не, тие се умрени, нивната суштина и личност се мртви иако физички ќе бидат живи.


Исправате се и извинете се на својот народ, затоа што учествувавте во Концертите на срамот.


Tuesday 10 July 2018

Почивај во мир Саздо

Вчера ја добивме веста која најмалку ја очекувавме и посакувавме да ја чуеме, после  неколку дена водејќи ја својата битка почина Саздо.

Дечко кој беше нападнат на најкукавички начин во однос 3 на 1 плус вооружени напагачи, кои немаа храброста да излезат на фер, со храбро срце како тоа на Саздо.

Неговата смрт е само последица на нихилизмот кој владее во ова општество, на политиканството, на хедонизмот, на бездушноста која одамна е наша главна карактеристика која не краси како колектив.

Многу настани не опоменуваа, ни беа предзнак дека мора да се рeагира, мора да се бара правдата да биде подеднаква за сите, но бевме слепи,  а реакциите на тие кои реагиравме ни беа благи и недоволни.

За смртта на Саздо подеднакво сме виновни сите, бидејќи ако се боревме за правда во случаите кога таа ја немаше пред тоа, кога нападите на големи хорди на поединци поминаа неказнети, требаше да сме свесни , еден ден неизбежно ќе загине некој од оваа негрижа.


Главниот проблем поради кој тоа е така го знаеме сите, е една политичка партија со две свои филијали во македонскиот блок, но нема да споменуваме партии, тие не заслужуваат место во овој текст, за нив ќе бидат посветени наредните.

Лично не сум го познавал Саздо, но сме делиле заеднички животни цели, љубов кон клубот, трибина и најважно од се љубов кон родината нашата света Македонија.


Саздо бил борец, борец на трибина, борец на улица во протестите за одбрана на името, затоа и вреди конечно да се разбудиме и да се бориме да ја добие правдата што ја заслужува и Македонија да ја направиме држава во која ќе владее правото за сите.


Почивај во мир јунаку и извини што бевме слепи и не можевме да те спасиме !

НЕКА ТИЕ ВЕЧНА СЛАВАТА И ЦАРСТВОТО НЕБЕСНО


Thursday 5 July 2018

Има ли правда ?

Има ли правда  е прашање кое сите ние барем еднаш си го имаме поставено  и сме размислувале длабоко во себе барајќи го одговорот.

Дали Македонија е земја во која  владее правото,  дали во Македонија има правда ?

Одоворот е јасен : НЕ.

Во Македонија законите не важат подеднакво за сите, во Македонија едни закони има за политичари, едни за Албанци, други за Македонци.

Ова правило се потврди денес на еден брутален начин.

Прво имаме случај кога во Собрание група на изманипулирани граѓани, влегла во Собрание и го нападнала на човекот кој ја навредуваше и провоцираше Македонија на секаков начин, човек кој јасно кажа дека се бори против оваа државата, доктор по професија а поранашен градоначалник.

Луѓето беа товарни ни помалку ни повеќе за убиство и беа осудени на казни затвор од 8 до 10,5 години, додека пример за свирепи убиства казната е 8 години, во повеќе случаи.

Да го анализираме самиот настан, група на граѓани изманипулирана од страна на двете најголеми политикантски групации (Живот и Преродба) влегоа во Собрание со цел да ја одбранат Македонија од Тиранската платформа, од неуставното поставување на претседател на Собрание на тој начин бранејќи го нејзиниот уставен интегритет.

Е сега луѓе кои ем се изманипулирани,  застануват во одбрана на уставот добиваат 10 години, а свесни терористи кои сакаа да ја срушат Македонија и да ја поделат, се во удобни фотељи.
Кое само дежа ву го имаме, за одбрана на уставен поредок, казни затвор, за напад над уставен поредок, фотељи и државни функции.

Вториот случај е со нападнато Македонче во Скопје, кое е е нападнато од хорда Албанци со цел да му нанесат тешки телесно повреди и физички ликвидират.
Албанците се фатени (за замајување на јавност) и се товарат со случај каде што казната е 500 евра без затвор, а притоа нанесуваат тешки повреди и имаат цел да убијат млад живот само поради фактот што е Македонец и навивач ?


Третиот случај е за мостот Око за чиј што тендерски псотаки се украдени доста пари, а крадците само ги вратија без да лежат ден затвор или да бидат обвинети, додека за ќебапчиња имаме луѓе кои скапуваат во затвор.



Македонија за да биде држава во која што ќе има правда, најважно од се е да се прекине гласањето за двете најголеми политикантски мафии, а и самите Македонци да не седат дома туку да се борат на улица за неа.




Wednesday 4 July 2018

Медиумски манипулации

Секојдневно просчениот Македонец преку највлијатените медиумите е цел на  манипулирање и постојано замајување одвлекувајќи го неговото внимание од секојдневните проблеми кои се случуваат во државата, кои се многубројни, огромни и влијаат во секојдневното наше живеење.


Дали денес прочитавте како некоја старлета го стегнала своето газе, дали го видовте селфито на денот, секси мачка по која полудуваат сите, новата инстаграм ѕвезда, дали овој е во врска со оваа ?
Сигурно дека ваква вест не одминува ниту еден ден без да ја видите.

Но дали прочитавте за протестот на работници кои си ги бараат своите работнички права, дали прочитавте за дете претепано на улица, дали прочитавте за наместени тендери, за тоа како политичарите кои глумат ривали заедно се смеат и ве исмеваат на средби со амбасодори ?

Нешто читнавте со две реченици, но повеќето никогаш и не сте го прочитале.


Медиумите имаат една цел, држење на секој Македонец во мрак, да биде заинтересиран повеќе за гаќите на пеачка отколку за сопствената егзистанција, да гледа во деколте наместо да гледа во борбата на неговиот сограѓанин да ги добие своите загарантирани права.

Најголемата вина за успевањето на медиумите е сервилноста на Македонецот, кој имајќи ја до себе питата,  тој се радува и се заблагодарува на трошките кои им ги дават лидерите.


За да ги победиме медиумските манипулации мораме да се избориме против сервилноста на нашите најблиски, чекор по чекор зголемувајќи го бројот на луѓе кои нема да бидат медиумски манипулирани и ќе се борат за своето.

ОД НАС ЗАВИСИ !

Friday 22 June 2018

Политичките"лидери"

Еден од главните проблеми со кој се соочува Македонија од својата независност до денес е немањето на лидери, достоинствени и храбри луѓе кои ќе ја повадат Макеоднија по нејзиниот пат до просперитет и успех, притоа без да се погазат нејзините интереси.

Но и за да има таков достоинствен лидер потребен е народ кој ќе се жртвува за државата, народ кој е спремен и да гладува, со цел државата да заздрави, да застане на нозе, а сето тоа потоа ќе биде соодтветно наградено со благодетен и достоинствен живот за идните генерации.

Сепак на жал, Македонецот е паразит кој чека од партиски штабови вработување, спремен е да го погази другиот Македонец ако е од друга политичка партија, но и најмногу од се тој сака да добива благодети од државата без да се жртвува за неа.

Затоа и имаме такви "лидари" , без никакви лидерски способности, без карактер, без никаква идеја како да ја оправат Македонија, контролирани од странски дипломати, притоа засилени со  огромна поддршка од групата на Македонци спомената погоре, што е убиствена комбинација за Македонија.

Тие знаат како да вработуваат неспособни кадри , бидејќи такви лесно ќе ги владеат, а напредните и способни млади Македонци ги истистнуваат и приморуваат да заминат во странство, со што решаваат многу проблеми за нивното владење погубно за Македонија.

Тие не гледат што е важно за Македонија, туку како да ги задоволат УЧК и странските дипломати, кои се нивните богови, овозможувајќи им да ја крадат државата без да имат никаква милост кон неа, измолзувајќи ја до последниот денар.

Имаме лидери за кои интересите на Македонија се стока за продавање на пазар, и колку поскапо ја продадат, толку се посилни во нивното опкружување.

Не е важна државата, важни се партиските списоци да бидат соодтвено реализирани.


Имаме и нов прототип на лидер, неуспешен партиски претседател кој повеќе години не успева да освои повеќе од 10 илјади гласови, кој ја продава својата идеологија и принципи, се со цел да добие кеш од странската држава и од противните на странските дипломати за кој работат претходните двајца лидери.

Нема никаква разлика меѓу него и нив, иако тој во раце држи Македонско и руско знаме, тој во својата програма ветува припојување на Македонија кон Русија  и Евро Азиската Унија, без притоа да се забележат интересите на државата, што Русија навистина сака и.т.н.

Секој лидер што вее знаме на било каков сојуз или држава покрај Македонија е  квази лидер и потенцијален предавник, кој не му се важни интересите на државата, туку неговиот џеб.

До кога ќе имаме вакви политички "лидери" зависи исклучиво само од нас.


Wednesday 20 June 2018

Жртвени јагниња

Секоја револуција бара жртви, тоа ние јасно на сите, но таа бара саможртвуваност а не жртвени јагниња.

Но кај нас сите "револуции" си имаа свои жртвени јагниња, личности кои поради своите искрени намери, чесни побуди во борбата, беа жртвувани од страна на политичките "лидери" на политичките партии, со цел со нив да прават пазар покривајќи си ги своите гомна.

Така беше и за 5ти Мај и  борбата за промени која беше задушена од Шарената "револуција" превземајќи им ја борбата на искрените луѓе желни за промени (без разлика дали се согласувам со нив или не) и ја наметнаа својата воља, а сите тие што се спротиставуваа беа затворени, казнувани, се влечат по судења,  се уценувани да не го кренат својот глас против шарената тиранија која е на власт.

Другиот случај е 27ми Април и "насилниот" односно наместениот влез во Собрание, кој им одговараше на тогаш сеуште владеачките а сега опозиционери, да се искупат за своите  гревови, ги жртвуваа на луѓето кои искрено веруваа дека се борат и ја бранат Македонија, не свесни дека нивните лидери се всушност со исти цели и намери како и нивниот непријател, односно дека ќе завршат како топовско месо за да ја нахрани гладта и суетата на одредени желни за крв и месо.

Сега е репризата со случувањата од  17 Јуни, со солзавците, топовските удари,  целта да се намести една навивачка група како жртвено јагне од страна на медиумите.
Оваа револуција и борба имат и друг проблем, петата колона која вее руски знамиња и која сака да и ги промени целите и текот на борба, нешто што треба биде брзо насетено и сечено од корен.



Како и да е, се дур нашиот народ не застане обиединето, се дур револуциите повеќе нема да дозвелиме да ни бидат насочувани и реализирани од штабови на партии, туку да бидат чисти, наши граѓански, тогаш ќе го сопреме ова жртвување на млади луѓе кои влегувајќи со чесни намери, завршуваат по судови, притвори, затвори, затоа што ја сакат Македонија и стануваат дел од пазарањето за заборавање на криминалот на големите играчи.


Sunday 17 June 2018

Полицијата брутална кон својот народ

Го дочекавме денот кога конечно демократите удрија по својот народ , истите кои до вчера плачеа на полициска бруталност, оние кои маршираа против неа, денес аплаудираат и ја поздравуваат, со мотото, си бараа па си го добија.

Интересно така и гдомци збореа за нив, кога тие беа цел на полициска бруталност, која беше многу помала и во помал облик од оваа денес, ако го исклучиме упадот во читалната на 5 мај.

Шарените останаа без маски и се виде дека нивната борба нема ништо осовно со начелата на кои се повикуваа и кои ветуваа дека ќе ги реализират, туку дека имаа само гола борба за фотеља.

Од солидарност ако беа тоа што се , денес први ќе излегоа со осуда и ќе организираа нови протести против полициската бруталност, бранејќи го правото на секој без разлика дали се согласуваат со него или не , слободно да го искаже своето мислење.

Другата страна е што оние па кои се ситеа на нив сега на своја кожа осетија многу побрутален пристап на полицијата, па сега најверојатно ќе научат за навек , дека не треба да се ситат на туѓата несреќа, нешто што наскоро ќе го научат и шарените кои тоа го заборавиле.

Се виде дека нема никаков демократски капацитет , ниту ќе има живот, само полнење на џебовите на тие што успееа да се докопат до фотељите и до тендерите.

Газењето и удирањето против својот сопствен народ, во кој толку се колневте, дека ќе го браните и ќе му донесите просперитет, дека ќе работите за негово добро, еден ден, многу скапо ќе ве чини.


Saturday 16 June 2018

Спорот со името доби свое решение ?

И ете лека полека дојдовме до тој ден да конечно спорот со името добие свое решение.
Но дали навистина доби решение, е прашање кое допрва ќе си добие свој одговор.

Решението на спорот со името е Република Северна Македонија, ерга омнес.


Поддржувачите на ова решение тврдат дека има неколку држави со името Северна, па не било проблем, но ете ајде да анализираме како тие држави ги добиле своето име.

Прво одиме со Северна Ирска, прво таква држава официално не постои, бидејќи таа ниту е членка на ООН, ниту има право самата да одлучува за себе, таа е составен дел од Велика Британија и е еденствен дел од островот Ирска која не се ослободи од колонијалната власт на ВБ.
Тој дел од островот е со доминантно протестантско население и така останало верно на Британија, односно Британија го окупира овој дел на Ирска, каде што се водеа битка за негово ослободување и припојување кон матичната Република Ирска.

Потоа одиме со Северна Кореја, оваа држава настанува со тоа што комунистите не можат легално да ја освојат власта на оваа полуостровска држава, па почнуваат граѓанска војна со легитимната власт, при што со поддршка на СССР и Кина, успеваат да создадат комунистичка држава на северот од овој полуостров која граничи со комунистичка Кина.
Втор битен детал, нивното уставно име е Демократска Граѓанска Република Кореја а не Северна Кореја,  додека името Северна Кореја се користи за полесно определување и разграничување од  Република Кореја или позната како Јужна Кореја.

За крај третиот и последен пример кој не се користи е Северен Кипар, која настанува со окупацијата на турските официални власти на северниот дел на островот, создавајки  ја Турска Република Северен Кипар, не призната држава од никого освен Турција, единствена со предзнакот Северна во своето уставно име.

Како што гледате сите држави со преднзакот Северна се под некаков вид на окупација, дали е тоа случајот и со Македонија ?


Друга поголема збунка е англискиот превод на името на државата, дали е тоа Северна Македонија или Северно од Македонија, тоа го оставам на дипломираните на катедрата на англиски јазик, тие треба да ни преведат јасно и гласно.

Идентитетските прашања не ги коментирам, идентитетот се пренесува од колено на колено , а ние одамна го изгубивме тој контиунитет со присилното југословенизирање/србизирање  на народот.

Македонија преговараше за име за меѓународна употреба, а сега го менува и уставното име за домашна употреба, со што ги надминуваме рамките на спорот на наша штета, плус што удараме шамар на 190 земји кои не признале под уставното име.

Другите правни пречки се , дали претседателот ќе потпише ваков договор кој не може да биде легитимен без негов потпис.
Дали народот ќе излезе или ќе го бојкотира масовно референдумот, посебно со непрочистениот избирачки список, со бојкот 50 % се научна фантастика.

Дали ќе се изгласа со 2/3 мнозинство во парламентот промената на уставот, со што ќе излезе на видело предавничкиот менталитет на ДПМНЕ.

На крајот ова може да биде само договор кој ќе донесе големи внатрешни проблеми, големо понижување на самата држава, но и почеток на протести во Македонија и во Грција.





Tuesday 5 June 2018

Стара книга, нов наслов

Дојде и тој ден, ВМРО-ДПМНЕ оддржа митинг, прв со својот нов лидер, кој треба да биде про-еврпски, напреден, интелектуален и да прмовира нови вредности во најголемата опозициска партија во Македонија.

Ветија и промовираа нова програма, Нов завет за Македонија, книга со многу јак наслов, но со стара веќе позната соддржина.
Всушност се е исто, само го сменија насловот на книгата, некогаш беше Преродба, сега е Нов Завет.


Не кажаа ништо за тоа како ја усраа 10 години дур беа на власт, не кажаа како ќе прекинат да ја распродават Македонија, не покажаа ништо ново за кое би требало да ни покаже дека навистина имаат нова програма за народот.

Поголемиот дел од митингот беше насочен против Хунтата, без притоа да се навратат за тоа како и тие владееа со челична рака.

Не понудија решение како ќе го одбранат името, ниту како ќе ги извадат луѓето кои по нивна вина завршија во затвор, ниту на кој начин ќе ја извлечат Македонија од гомната во која западна.

Или на кратко , ни  ја продаваат старата книга, само со нов наслов.




Monday 28 May 2018

Слобода за Томи Робинсон

Слободата на говорот и правото да ја кажуваме вистината полека но сигурно ќе ни бидат забранети, а  нивното јавно кажување ќе доведе до затворски казни.

Ваков е и случајот со англискиот новинар и активист Томи Робинсон.

Томи веќе подолго време е трн во око на вледеачките елити во Велика Британија, а со неговите активности го прават омразен помеѓу исламската заедница во ВБ која се повикува на шеријатското право.
Тој е бил цел на повеќе напади чија што цел беа да го отстранат од политиката но и да му нанесат тешки повреди па се до смрт.

Не можејќи да се соочат со фактот дека како новинар Томи Робинсон ја кажува вистината за нештата кои властите не сакат да се знае, тој беше постојано на мета на mainstream медиумите, а самиот знаејќи за тоа што му спремаат пред неколку месеци излезе со видео порака


Во текот на неговите активности како новинар тој присуствува на едно судење кое се одвива зад затворени врати, каде што тој надвор од судот ја очекува пресудата за 29 педофили во голем педофилски скандал, притоа објавувајќи основни информации за судењето што се објавени и на други медиуми.

Ова беше повод тој да биде уапсен и само за неколку часа  рекордно осуден на затворска казна од 13 месеци, остварувајќи го рекордот во Британското правосудство за најбрзо осуден.

Пресудата всушност може и да се нарече и смртна казна, бидејќи повеќе е од јасно дека сите муслимани ширум затворите во Британија, кои се во мнозинство, ќе направат се што е во нивна моќ да го убијат на Томи  како освета за неговата борба против радикалниот ислам.

Ваквата пресуда не остана незабележена во Велика Британија, па илјадници поддржувачи на работата на Томи веќе протестираат против оваа одлука, веќе се собират потписи на иницијативи во знак на поддршка, а вакви протести има ширум светот пред амбасадите на Велика Британија.


Пред не повеќе од месец дена во Лондон се оддржа митинг за Слобода на говорот, во кој свој говор имаше и самиот Томи, кој можете да го погледнете во следното видео.



Правото да ја кажеме вистината и слободата на говорот се нападнати се со цел да се угоди на одреденa група на малцинства на кои тоа не им одговара, а тоа мора да запре.

ПОДДРШКА ЗА ТОМИ ОД  МАКЕДОНИЈА !

FREE TOMMY !