Tuesday, 10 October 2017

Бебиња

Македонија е една од земјите со најголема стапка на смртност на нејзините бебиња, ако не и најголема во Европа.
Чинот на рагање на дете во Македонија, наместо чин на среќа, радост, гордост и љубов е претворен во страв и мрачност, за тоа дали мајката и детето ќе преживеат.
Страшно е како толку години соочувајќи се со овој проблем, кај нас постојано се молчи и не се превзема ништо.

До скоро одредeна група на шарени куртони и НВО секторот беа прегласни кога некое бебе ќе починеше, денес кога тие се во власта, кога тие ги имаат парите во своите раце, молчат.Повеќе бебињата не се битно, побитни им се други работи.
А оние кои до вчера молчеа, денес тивко срамежливо се бунат и барат одговорност, а кога тоа се случуваше за време на владеењето на нивните пулени, тие беа во молк.

После последниот скандал кога 4 бебиња починаа, а наскоро потоа неколку дена по тој почина прво мајката а потоа и бебето, одредени политичари искористија прилика да најават купување  на инкубатори продавајќи одредени добра наследени од владата, со цел да се покаже тие се грижат за бебињата а политичкиот противник не.

ГАДНО е како во Макеоднија двете полиитчки елити во ова гледат само прибирање на политички поени, а не решавање на очајното здраство.Жално е како тие гледат политика онаму каде што не треба да ја има, во иднината на нашата земја.
Рагањето на бебиња  наместо да бидат радост на држава која е во демографска криза, тие служат за водење на политички битки, па може да се каже дека уште од само раѓање служиме за прибирање на политички поени.

Во држава во која абортусите се повеќе од живородените бебиња, ова треба да биде проблем број 1 за сите политички елити, за  да најдат решение како во земјата, прво да се намали бројот на абортуси, а потоа да се сведе на минимум (на жал не може коренито да се реши овој проблем) со смртноста на бебињата.
Но тоа не е во интерес, бидејќи политичките елити кај нас не се влезени во политиката за да работат за добробит на народот и државата, туку за својот личен џеб.А на жал од тоа немат бенефит, бидејќи тие своите деца ги носат по ултраскапите приватни клиники, за кој обичниот смртник нема пари.

А покрај  аборусите и високата смртност на бебињата, тука е и модерниот егзодус предизвикан од страна на нашите политчари и огромниот број на семејства кои со штотуку родени деца се иселуваат во странство,при што добиваме генерација на деца кои само се раѓаат на наша територија, а ќе растат, живеат, ќе се образуваат, ќе сакаат и градат друга држава која ќе биде нивна татковина.

Нашите политичари може слободно да бидат обвинети дека се егзекутори на својот народ, кои поради водењето на политика задоволувајќи ја својата алчност а не интересот на својот народ, му прават модерен егзодус, иселувајќи го, а со својата негрижа за здраството и  убивајќи го својот народ.




No comments:

Post a Comment