Thursday 19 September 2019

Срцето лавовско

Спортот е тема која никогаш не била дел од блогот, но овој пат ќе се направи еден исклучок,  бидејќи овие денови преку спортот се покажа каков е карактерот и срцето на Македонецот.


Следејќи го ЕП во одбојка, сите оние кои ги гледавме сите натпревари можевме да го видеме лицето и карактерот на Македонецот во секој од натпреварите, борбата, пожртвуваноста и срцето македонско кое гинеа на терен.

Натпреварот со Русија најдобро ја долови сликата на тоа што е Македонецот, кога одбојкарите импресионирани од противникот однапред се предадоа беа лесен плен во првите два сета, но кога се ослободија од својот психички товар и изиграа од срце и душа самите за себе, имаа и сет топки и шанса да освојат сет против големата одбојкарска Русија.

Натпреварите со Белорусија и Словенија се слика и прилика за тоа како треба да се гине за дресот на државата, како треба да се испоти, да се изгине и победи, како се игра со муда што се влечат по земја и срце големо како планина.


Она што можеби е најголемото наравоучение од целиот турнир е следниов, кога Македонецот тргнува со своите размислување дека е мал и неспособен да смени нешто тој е губитник и лесен плен , но доколку дозволи да врие неговата крв, да проработи неговото битие, тој е ѕвер кој гине и победува на крајот од битката.


Ослободувајќи се од нашите предрасуди за самите себе, од металните окови на нашиот ум кој го држиме во робство, почнувајќи да делуваме со срцето, душата, го изнесеме нашиот инат, го оставиме нашето срце големо како планина да бие силно, храброста која ја имаме во нашите крв и вени ја ставиме во полна пареа, тогаш ништо, ама апсолутно ништо не може да не  спречи да ја оствариме нашата цел, да изгинеме за татковината.

Лекција која треба да ја научиме не само за спортските терени, туку и во приватните животи, за да не бидеме повеќе странци во своја држава.

Фала ви одбојкари што ни покажавте и докажавте што значи да си Македонец, а останатото зависи од нас самите.







Friday 13 September 2019

Братство !

Сите ние кои сме дел од нашата идеологија,  кои  се бориме за победа на вистината над лагата, секојдневно  се соочуваме со разни проблеми и препреки кои ни го отежнуваат нашето живеење.

Затоа во сите нашите животни проблеми и битки имаме потреба од луѓе кои ќе бидат позади нас во секоја наша битка, бидејќи ние не треба да сме осамени волци кои се борат сами против сите, туку да бидеме сложен чопор во кој секој еден припадник во него без размислување ќе гине за својот брат со кои дели исти погледи на животот.


Братството кое треба да владее во нашите редови е најсилното нешто кое може да го добиеме од нашата политичка идеологија, да знаеш дека секогаш позади тебе ќе имаш брат кој е спремен да ти помогне во секое време, во секој миг, без притоа да бара ништо за  возврат, знаејќи дека и ти ќе му помогнеш тогаш кога него таа помош ќе му биде неопходна.


Нашата најголема чест како луѓе е верноста,а верноста кон идеалите и верноста кон браќата со кои заедно војуваме за нивно остварување се завет кон кој мора секогаш да се придржува еден силен и храбар политички воин, без притоа да има никакво колебања и соменвање дека кога ќе биде во невоља ќе ја добие потребната помош од своите браќа, исто како што и тој е спремен да помогне во секој момент за остварување на  заедничките идеали.


Другарувањето, дружбите и собиранките помеѓу нас не прават посилни личности, не само во политичкото ни делување, туку и во приватниот живот, споделувања на искуства, знаења,  постојано запознавање едни со други, ќе не доближи до нашата цел, конечна победа.



Никогаш ама апсолутно никогаш не смееме да се колебаме во тоа дали сме на правиот пат, а токму нашето братство, храброст и слога ќе не убедуваат секојдневно дека сме го избрале единствениот нормален и достоинствен пат во модерниот свет.








Monday 9 September 2019

Чувар на верата или следбеник на празноверието

Религијата и верата се дел од нашата интима која ја носиме во нашите срца, длабоко закопани во нас,  влијаат многу во нашиот живот, во донесувањето на одлуките, но и за тоа какви луѓе ќе бидеме.


Во Македонија како што имам пишувано во некој наврати на жал многу пати празноверието се исповедува како вера, а правите верски обичаи се запоставуваат и се плукат , несвесно од страна на "верниците".


Зошто е толку многу значајна верата во нашите животи ?

Верата е една од најзначајните,  ако не и најзначајна во некои аспекти од нашето живеење, таа не прави духовно силни и издржливи, ни дава спокој и мир и секогаш кога ќе имаме тешкотии во нашите животи таа е тука да ни даде утеха но и патека по која ќе одиме за да излеземе од бездната каде што сме западнале во нашите животи.

Следејќи ја правата вера и нејзиното чување не прави посилни како личности, ни дава сила и цврстина да се бориме секој ден со препреките со кои се соочуваме во животот, за на крајот од тие битки ние да бидеме победници.

Посетата на духовен храм е место каде што ја извлекуваме цела наша негативна енергија, каде што се полниме со мир и спокој,  не ослободува од бесот и гневот кои се главна причина за донесување на негативни одлуки по нас самите во животот, речиси сите погрешни одлуки се носат во ситуација на бес, гнев и завист.


Една од најкарактеристичните карактеристики на верата е постот, многу често луѓето се сметаат за неспособни за пост или имаат страв во текот на постот да не згрешат, но всушност самиот пост е пред се дисциплинирање на духот,  во текот на самиот пост како одминуваат деновите верникот се полни со неопишлива позитивна енергија која го води само напред, со исповедта се ослободува од своите духовни товари, а со причеста  го добива возвишеното чуство на блискост до Бога.
Всушност за тие што постат знаеме, дека постот не е пред се храната , туку тоа како преку постот  се ослободуваме од нештата кои ни тежат а добиваме благодет и мир.


Одејќи достоинствено по патот на верата како нејзин достоен чувар, не прави и посилни политички воини, бидејќи тој што достоинствено ја чува својата вера,   достоинствено ги чува и својот дом, татковина, семејство , сакана, челад.

Затоа секој што верува треба најпрвично да се спрема самиот себе а потоа да тргне по патот на верата, достоинствено, со својот духовен отец, кој ќе го води кон тој пат, кој носи само благодети и убавини, изградувајќи карактер и личност на прав и достоинствен човек.