Saturday 31 March 2018

Даночни лаги

Лагите кои се кажуваат околу данокот и како тој да се прибира кои доаѓаат од новата даночна реформа на Владата, уште еднаш покажува каква утопија е левото политичко поле, без разлика дали се социјал-демократи, социјалисти или комунисти.

Целта е да се создаде ново оданочување кое ќе биде прогресивно, со коe успешните и напредни граѓани ќе бидат жртвувани и цедени за да им се даде на мрзливците и некадарните граѓани, односно тие што допринесуваат на државата ќе бидат економски упостошени за да добијат оние кои не работат и безделничат.

Ова уште еднаш покажува колку нашиот народ е мрзлив и слабо едуциран, бидејќи наместо да се бори да создаде нешто свое, да се бори да изгради нешто негово, тој љубомори на тој што е поуспешен од него и сака да му го сруши тоа што тој го изградил во својот живот.
Такво нешто имавме во ерата на комунизмот кога сите успешни и напредни граѓани беа ограбени , уништени и убиени за да сите бидат еднакво сиромашни, наместо еднакво успешни.


Тука по кој знае кој пат го играт сценариото раздели па владеј, кога ги свртуваат љубоморните и искомплексирани граѓани во битка со успешните и национално придонесувачките граѓани, да се борат меѓу себе како класи, дур тие се богатат и ја прават пустош државата.

Класната борба е најголемото зло, бидејќи свртува брат против брат, од чиста љубомора, комплекс и не можност да бидат еднакво успешни, па кај послабиот се јавува идејата тие да бидат еднакво мизерни.


Најдобриот пат економски се знае, секој да работи тоа што го бидува, успешните граѓани ќе бидат помогнати од страна на државата да направат што многу повеќе за себе, а во исто време со нивната работа и квалитет на призводи да не го загрозуваат здравјето и успехот на државата.


Сите заедно како една целина и колектив да градиме држава која сите ќе сме успешни и ќе напредуваме, наместо држава во која ќе има борба на класи во која успешните граѓани ќе бидат уништувани, а со самото тоа ќе биде уништена и државата.


Friday 30 March 2018

Зошто да се приклучиш во борбата ?

Борбата против модерниот свет и неговите вредности е основна движечка сила на секој од нас, кој е со здрав разум, памет и кој сака да изгради подобар свет за генерациите кои доаѓаат по нас.
Противникот не е нималку наивен туку напротив, многу посилен, ги има сите медиуми, целосна контрола на невладини организации, огромни финансиски средства да купува луѓе кои се спремни да се продадат, но го немат нашето срце, воља, жар и најважно од се тие не се на страна на вистината.

Многу кои ја знаат вистината, кои го читат па овој блог не се вклучуваат во борбата со едноставен одговор : Ова е залудно трошење на време, тие секако ќе победат, помоќни и многу поорганизирани се од нас, тие имат се, а ние имаме само идеја.
Всушност без да се вклучат во борбата, тие кажуваат, ние сме поразени, без да влезат во битка.
Без битка, нема победа - односно ако сакаш да победиш мора да влезеш во битка, бидејќи ако однапред си помирен со пораз а не си се ни вклучил во битката, тогаш никогаш нема бидеш победник за било што во твојот живот.

Едно од моите животни мота кои сам си ги зададов се : Подобро да се борам и да губам, отколку да губам без да се борам.

Подобро да се борам и да знам дека сум направил обид да ги сменам работите, отколку секогаш да се прашувам , Што би било ако се боревме ?

Нашите револуционери кои се денес нашите идоли, кога влегле во својата борба никогаш не се запрашувале дали ќе успеат или не, туку го правеле тоа што е според нив исправно и потребно, за идните генерации да имаат терен да ја завршат нивната борба и да успеат да ја остварат нивната цел.

Токму тоа треба да биде и нашиот начин на борба, тотална војна против непријателот, и полека но сигурно битка по битка да победуваме, кога ќе губиме најбрзо што може да станеме на нозе и да продолжиме со борбата до крај.
Ние сме должни како генерација да се бориме и да оставиме што подобри услови и држава на генерациите што доаѓаат по нас.


Затоа доколку си свесен, желен за промени, наместо да се откажуваш пред да почнеш, наместо да си без морал, победи се самиот себе , бидејќи ако ги победиш твоите стравови, тогаш можеш да победиш било кого.

Пополни го твоето место во стројот и да започнеме сите заедно во борбата, до крај, до конечната победа.


Thursday 29 March 2018

"Отпишаните"


Среќна нова 1949 на нашииот медиумски простор, враќајќи ја повторно за емитување на тв серијата Отпишаните кои никако да ги отпишат од својот ТВ репортоар.

По кој знае кој пат Македонците ќе можат да "уживаат" во оваа врвна "тв серија", и згодите не незгодите на "јунаците" во неа.

Покрај Отпишаните, на друг медиум оди тв серијал за Југославија и животот во неа, со цел побудување на југоносталгија во народот во овие кризни времиња за нас.

Иако со референдум се ослободивме од Југославија, духовно и медумски сеуште оргомен дел од народот живеет таму, тотално изгубен и без морал, а да биде ужасот поголем тоа се пренесува и на младите дечиња кои уште од мали нозе се задоени и се тема на прење на мозоци за животот во Југославија преку овие југословенски филмови, документарци и тв серијали.


Целта е уште од најмали нозе децата да им се исперат мозоците, градејќи херои од комунистите, така да уште од мал е навлечен на комунистичката утопија


Наместо да снимиме нешто наше, наместо да го опфатиме кога толку сме љубители да гледаме во минатотое периодот од нашит борби за ослободување, животот за време на балканските и првата светска војна, животот помеѓу двете светски војни, да не зборам па филм кој ќе го прикаже реалниот живот ,градење на Македонија во периодот 1941-1944, туку постојано се исти и па исти филмови, серијали, кои обичен Македонец ги знае на памет.


Јас никогаш не сум ниту гледал ниту сум уживал во овие бајки од партизански филмови и тв серијали што најверојатно се должи на моето постојано читање на историски книги од мали нозе и мојата љубов кон историјата а не кон бајките и лагите на комунизмот.


Сепак поголемиот дел од младината нема никаков интерес кон читање на било какви книги, без разлика дали се историски, научна фантастика, романси, па се лесни за манипулации праку овие филмови, со што тајно и полека градат чувство на југословенски национални вредности кај нив, наместо да бидат Македонци, горди и свесни на своето потекло.

Кога веќе се даваат тв серијали од минатото, зошто да не бидат странски, за да увиди нашата малограѓанштина какви животи и колку понапредни биле во западот за разлика од нив во тогашната СФРЈ.
Митотот Југославија и југословенство живее само кај нас, чувство на припадност кон држава во која сите бевме еднакво сиромашни, држава во која ние бевме нејзиниот отпад.


Само за илустрација додека ние гледаме се исти и па исти филмови и серијали, нашите соседи неуморно снимат, а едни успееа да ја направат најгледаната странска серија во САД, серија која погодувате не одеше на нашите тв екрани.

А ние , ние не се осудуваме ни да снимиме ништо повеќе од бедни тв комедии, на кои ни мртовец нема да се насмее, со очаен квалитет колку да се истрошат парите на фондот, а во меѓувреме да гледаме турски тв серијали, Жикина династија и Отпишани.
Па сега по кој знае кој пат ќе се гледат згодите и незгодите на комунистичките терористи, па за некој ден ќе се гледа некоја битка на Неретва, офанзива, отупувајќи го и оглупувајќи го младиот Македонец со лаги и митови за една држава која повеќе не постои.


И така емитувајќи го овој серијал со години и години наназад, ние добивме неколку генерации на прави Отпишани млади од вистинска култура, уметност и вредности.


Tuesday 27 March 2018

Истанбулската конвенција во Макеоднија

Претходно веќе имам пишувано на тема Истанбулска конвенција  и за опасносните кои таа ги носи со нејзиното спроведување во Македонија а и воопшто во Европа.
Сега таа е на нашиот праг, и со сигурност пратениците ќе ја имплементираат во нашето собрание.
Со тоа ние ја губиме нашата Македонија, таква каква што ја знаеме.
Ова е опасно исто како и законот за јазици , всушност е и многу поопасно од тој закон, но за тоа не се пишува ништо во медиумите и никој не протестира против тоа.
Затоа што не е дел од нивните политички дубари.

Доколку дозволиме конвенцијата да се реализира, тогаш засекогаш ги губиме вредностите оставени од нашите предци, нашата традиција, нашата култура.


Кога сме кај Истанбуслката конвенција да се напомене дека таа е тема на голема дебата и во Хрватска каде што се организираат протести против нејзината имплементација.

Friday 23 March 2018

Ciao Marco

Марко Неста (23 години), активист на CasaPound и на навивачката група "Brigata Fidelis” прерано замина од овој свет.

Почивај во мир.





Wednesday 21 March 2018

Национален став (4)

Го започнувам четвртиот текст посветен на темата Национален став кај Македонецот и неговото политичко делување, кој е како изгубен во времето и просторот.
Овој пат е за ЕУ/НАТО и за името на државата.

Македонците не согледувајќи за кого гласат на секој избори во постоењето на независна Македонија, вината за неуспехот на државата и луѓето кои ги гласаат ги барат поради тоа што Македонија не е дел од ЕУ како и поради прашањето на името, односно Грција го кочи напредокот на Македонија.

Токму по овие прашања се јавуваат две дијаментрално спротивни групи на Македонци, едните се за ЕУ и дека ЕУ ќе ни ги реши сите проблеми. Другите дека ЕУ е курва вавилонска која сака да не уништи.
По прашањето за името едните се да се смени за да сме одиле напред, другите се против тоа дека идентитетот ќе ни се загрозил и ќе сме се самоизбришале од историјата.

Сите овие четири теории по овие две прашања се тотални глупости кои немат допирни точки со здрав разум, размислување и логика.
Моите ставови се јасни не во ЕУ и не за промена на името освен ако тоа не е по познатата двојна формула, едно име за меѓународната употреба и Република Македонија за домашна и земјите кои не признале под тоа име.


Сега да се навратам зошто овие ставови на Македонецот се тотална глупост.

Прво ако влеземе во ЕУ и ако го промениме името , се ќе тргнало на подобро, Македонија ќе станала економска велесила, ќе се намалила корупцијата, ќе сме имале поголем прилив на финансиски средства, инвестиции и.т.н.
Апсолутна невистина.Промената на името и влезот во ЕУ нема да го промени фактот дека со Македонија владеат истите политичари кои владеат и денес со Македонија.
Тие нема да се променат , напротив добивајќи шанса да допрат до ЕУ фондовите и ЕУ финансиите наместо да ги инвестират во држани проекти тие ќе ги искрадат уште толку со измами и наместени тендери. 
Друга работа со влез во ЕУ ја губиме независноста и повеќе нема да одлучуваме сами за себе, туку дека Брисел ќе одлучува за нас.Како свири Брисел така ќе играме, а многу пати тоа ќе е против нас самите.
Еден приемер кој ми текнува на прва е Словачка која по влезот на ЕУ има забележено многу поголема корупција и политички криминал, отколку што имала пред влезот во ЕУ.

Сега да ги анализираме оние дека со промена на името го губиме идентитетот и ако влеземе во ЕУ ќе станеме посиромашни и победни октколку што сега сме.
Прво Македонците живеа во држава Југославија па не го изгубија идентитетот, што значи апслолутно трескање на невистини.Идентитетот наш го загубивме далечната 1945 а е засилен со турбо фолк пропагандата што ни ја сервираат нашите телевизии секојдневно на нивните програми.
Дека влезот во ЕУ ќе не осиромаши, апсолутно неточно.ЕУ е зло тоа е јасно, но од финансиска гледна точка ЕУ носи огромни поволности доколку политичарите знаат да ги искористат и да ги имплементираат ќе донесат добра економска преродба на Македонија.
Сепак губењето не назависноста и правото сами да донесуваме одлуки може да ни се удри од глава и тој економски раст да не чини скапо.Но земјите од Централна Европа заедно покажаа заби, што може да ни покаже дека доколку имаме сила и обединетост (невозможно за нас Македонците на жал) може и да ги одбиеме тие одлуки, но пак ќе напишам тоа не е возможно за нас за разлика од земјите од Централна Европа.

Кое треба да е чарето ?
Прво оствестување на самите нас , да дознаеме кој навистина сме а не со пропагандните машинерии од комунизмот.
Да имаме чувство на силна поврзаност кон Македонија, да ја сакаме искрено, да даваме се за неа, без да очекуваме за возврат ништо.
На улица да се појавиме секогаш кога политчарите ќе прават ујдурми, спротиставувајќи им се од сам старт со голема масовност.
Гласање за нови политички субјекти кои ќе се формирани од идеалисти (не левичари) кои ќе се борат за идеали а не за профит.

И најдобро можеби да се угледаме на Романија, на нивната јавна обвинителка од тамошното специјално обвинителство која во затвори пикна неколку стотици политичари, ловејќи ги за корупција , криминали, со народ кој стои позади неа во секој момент кога политичарите сакат да ги земат нејзините овластувања.Oвие реформи во Романија дојдоа од самиот народ, без никаква помош од ЕУ.Доказ дека треба сам да се избориш за напредок на својата држава без разлика дали си ЕУ земја или не.
Такви обвинители и тоа како се потребни и кај нас а не смешното СЈО, кое е повеќе делува како комедија отколку како обвинистелство.

Заклучокот е повеќе од јасен, ниту име ниту ЕУ се проблемот поради кој сме таму каде што сме, туку само нашата глупост како народ, идиотизмот кој го имаме, тоа што сме слуги наместо владетели во својот дом.

Monday 19 March 2018

Јужна Африка

Малку да одмориме од домашните теми и проблеми кои немаат крај, па да избегаме со темата надвор од Македонија и Европа, да ја видиме ситуацијата во Јужна Африка.
Јужна Африка е земја која полека но сигурно пропаѓа благодарејќи на власта која е црна и насочена против белите, при што покажува очајни резултати.
Оваа земја полека но сигурно влегува во период во кој се спремаат за расна војна помеѓу црните и белите.


Во овој период се снима документарецот  Farmlands  во кој ќе може да видите што се случува во Јужна Африка, нападите од црнците ги напаѓаат и убиваат на белите фармери во своите домови, заплашувајќи и убивајќи ги се со цел да ги застрашат и да го земат нивниот иммот.
Во самите документарци ќе видите член на марксистича организација како ги повикува црнците да ги убиваат на белите, бидејќи земјата била нивно право.
За расистичко однесување нема да чуете овде, бидејќи нели оваа не расна туку класна борба на "угнетените" црнци.
Многумина беа шокоирани од сцените од овој документарец, а за него дебата имаше и во собранието на Европската Унија, каде европарламентарците беа шокирани од него.

Убиствата на фармите се зачестени, ете последното е убиство на фармерка од Бугарија која брутално беше убиена во својот дом.

Говор на лидер на марксистичка партија кој повикува на убивање на белите луѓе , бидејќи земјата припаѓала на црните луѓе а белите се непотребни во државата.
Ниту еден светски медиум не реагираше на оваа изјава на лидерот на најголемата марксистичка и комунистчка партија во Јужна Африка Economic Freedom Fighters.
Комунистите класично за нив, инфериорни во интелектуална политичка битка, повикуваат на убивање и палење на оние кои се поспособни и понапредни од нив, направено многу пати од нивна страна во историјата од Октомвриската револуција па до ден денешен.

Проектот нација Виножито, на терористот Мaндела се покажа како неуспех.
Да не заборавиме Мaндела е терорист кој има убивано невини деца и поради тоа беше прогласен за херој.
Јужна Африка од 4та еконоска светска велесила , по промената на власт од белите кон црните е во слободен пад без никаков престан, при што Јужна Африка е втора најслаба економија по остварени резултати по марксистичка Венецуела.

Погледајте ги видео материјалите на Lauren Southern и пратете ги митинзите на марксистичките партии на Јужна Африка кои се објавуваат по слободните медиуми.

Saturday 17 March 2018

Обединети за УЧК

Законот за јазици сеуште ја тресе македонската политичка јавност, посебно поради начинот на кој тој беше донесен, не почитувајќи го Уставот на државата, со што самиот закон е антиуставен.
Борбата на одредени Македонци да бидат поголеми Албанци и од Албанците е смешна и трагикомична во исто време.Толку паѓат ниско што и најверните пријатели не им дават поддршка.

Многу симпатизери на Животот сметат дека законот е неопходно зло бидејќи и ако била Преродбата на власт, тој закон ќе се донел.Е само разликата би била нивните противници ќе викале Браво, а тие ќе викалеУа.
Епа ако сте исти (а сте) и тоа повеќе не го криете драги дечки од Животот и Преродбата, зошто се борите едни против други, кога можете да бидете дел од истата партија.
Одете во ДУИ, и така ти се газди, згаснете ги двете ваши партии и зачленете се во ДУИ, кога и така вашите наредби на терен доаѓаат од Мала Речица а не од Скопје.

Друго чаре ако не ве примат од ДУИ, фузирајте се, име може од следниве СДС-ДП, СКМ(Сојуз на Комунисти на Македонија), УДБА-СУДБА, ПППМ (Предавничко профитрска партија на Македонија), Обединети за УЧК или како и да вие помило.
Бојата заедничка имате, може небо-сината или црвената, која вие помила по ваш избор.

Доста се кавгите и поделбите поради вашите партиски лидери, кои остваруваат иста политичка агенда.
Доста се мрштите на секој избори меѓу вас, кога знаете дека по избори ќе го правите тотално истото што би го правеле вашите противници кога би биле на власт.

За наше и ваше добро, направете заедничка партија и поштедете не од глупостите ваши, за век и векови.


Thursday 15 March 2018

Очајна младина , мртва држава

Младината е основен мотор и двигател на една држава да оди напред, со својата креативност, младост, дух, желба за докажување, борба за градење на идеалистички свет бидејќи нема поголеми идеалисти од младите, добро освен кај нас во Македонија.
На нашата младина побитно и е забава во ноќни клубови и седење по партиски штабови чекајќи партиско вработување.
Наместо младите да се гласот на бунтот на промените во општеството, бунтувајќи се против сите промени кои носат лошо за државата, токму младите се тие кои први ги поддржуваат.

Кога беше протестот за екстерното тестирање, кое не менуваше ништо позначајно во животот на еден млад човек освен оценката и го проверува целото негово знање, илјадници на улица, повеќе од 20 илјади (законот беше малку промашен од други аспекти, иако таква проверка на знањето е повеќе од неопходна) како од шала.Навооружени со пароли со желба за битка и борба до крај.
Кога едно куче беше убиено (колку и да е гестот одвратен) се собраа илјадници млади на протест, барајќи правда за животните.

Сега кога се носи закон кој влијае директно врз нивните животи, освен националистите/фашистите, нема ниту еден млад човек да се бори против примената на овој антиуставен закон кој не прави робови во своја држава.
Ги нема младите да кажат дека без никаква дебата законот е донесен на сила, вакво покажување сила немаше кога беше доведен законот за бранители.
Каде се младите сега да покажат дека политчарите не може да ги одредуваат нивните судбини ?


Со младина незаинтересирана за тоа што и спремат политичарите, младина која не иницира никакви промени, младина без организации кои се борат политички, е младина која е очајна, а очajна младина значи само едно, мртва држава.

Wednesday 14 March 2018

Тетовска приказна 2001

Тетовската приказна започнува 14 Март 2001 година кога терористите и екстремисти од УЧК извришија напад од Тетовското Кале, насочено кон градот Тетово, борејќи се за отцепување на териториите според нив кои се света албанска земја и засекогаш да ги изгонат Славомакедонците од нивните вековни огништа.
Денес сепак тие се борци за "човекови права" , кои се бореле за подобрување на животот на сите што живеат во Македонија, на жал тоа помина од нашите национални предавници.

Воениот конфликт иако официално почна уште во Јануари 2001, сепак токму овој датум е датумот кој остана длабоко врежан во меморијата на Македонците како почеток на војната.
Во оваа војна борците за "човекови права" извршија низа на воени злосторства од кои човек може само да се згрози и да му се згади, како Мавровски работници, киднапираните Македонци, Вејце, Карпалак, вентилите кај Кумановско, манастирот Лешок и многу други.
75 Македонски бранители го положија својот живот во борбата на олтарот на татковината за нејзино зачувување и во тоа успеа воено, но политички некој друг ја однесе победата.

Иако битката ја започнаа воено УЧК многу наскоро можеа да увидат и покрај нивното супериорно вооружување тие не можат ништо со својот кукавичлук, дека пички војна не може да добијат однадвор , туку бавно и неприметно одвнатре.
Така ги соблекоа воените униформи и облекоа одела, од теористи стана политичари (ако има разлика) па почнаа да го остваруваат својот план за отцепување на дел од Македонија и создавање на нова држава или припојување кон Албанија.
Тука добија уште една предност, воено не можеа да контролират и да одцепат толку голема територија, колку што можат политички.
Воено можби би успеале дел од селата во Кумановско, Тетово, Гостивар и Дебар, а сега ги имат во свои раце и Струга, цело Куманово, дел од Скопје, Кичево, Охрид(во нивните аспирации) поголем дел од Кумановско се до Свети Николе.
За ова веќе имам пишувано па да не повторувам и ќе застанам овде.

Разочарувањето  и вината за ситуацијата во која дојдовме се над 800 000 граѓани кои гласаа за Преродба и Живот, со што им помогнаа на УЧК учествувајќи активно на нивна страна.
Има свесни и несвесни соработници, а сите што гласаа за двете најголеми партии и коалиции се исто така дел од армијата на УЧК, не вооружено, не следејќи ги нивните идеали, но помагајќи и борејќи се рамо до рамо со нив, гласајќи за профитери и предавници.

Бранителите на жал од кога ги соблекоа униформите за разлика од нивните непријатели од УЧК, кои останаа обединети, тие се разединија и почнаа несвесно борејќи се за егзистенција на своите семејства да бидат ставени во клинч и како што веќе напишав да биде дел од УЧК и нивната борба за уништување на Македонија.
Сепак тоа што радува е дека повеќе бранители се разбудија од ноќната мора, иако во моментот не доволно за промени, сепак доволно кога ќе е потребно да се искрата која ќе го запали огнот и ќе го поведе народот кон својот национален бунт и борба за слобода.

Денес ни спремат ново понижување од УЧК, денот кој остана запаметен по нивен катастрофален пораз и бегање како пички 14 Март, ќе го претворат во нивен херојски ден и огромна победа со стиснување на зелено копче со кое ќе ја погребаат Македонија.

На нас свесните Македонци ни останува борбата да се бориме да го освестиме заблудениот народ со испрани мозоци, да му покажеме дека дур тие војуваат едни против други за Преродба или Живот му слугуваат на УЧК и остварувањето на нивните цели.
Време е да се стави крај на поделбата помеѓу Македонците и обединети да тргнеме да си ја повратиме државата назад.

Се што сме изгубиле од кукавици и предавници, може да го повратиме со храброст и мудрост, градејќи силен борбен национален дух.



Tuesday 13 March 2018

Новинарска "слобода" на дело

Слободата на говорот е едно од загарантираните права на новиот свет, освен доколку не ја пренесуваш суровата вистина на терен.
Ваквиот заклчуок се покажува многу пати, со цензурирани страници, цензурирани прилози и.т.н. 
Во Македонија бевме сведоци на ваква цензура, но мојата тема нема да се однесува на таа туку на меѓунардоната цензура на земји кои се многу поразвиени од нашата.

Првата сторија е од Италија каде што поранешниот активист и лидер на EDF (English Defence League)  а сега новинар Tommy Robinson , отиде да снима неколку прилози поврзани со изборите во Италија како и мигрантската криза.
Настанот кој е всушност интересе е неговата посета на железничка станица каде што пред 2 години при снимање на прилог е нападната новинарка и тоа во сексуален напад за нејзино силување.
Две години потоа на истото место беше нападнат и Tommy Robinson од страна на мигрантите.
Тоа само покажува кoлку се безбедни и слободни новинарите да истражуваат во присуство на мигранти.
Видео од нападот

Втората сторија ни доаѓа од Велика Британија каде што новинарката Lauren Southern под обвинение за тероризам, како far-right/христијански терорист е уапсена и испрашувана од страна на службите на Велика Британија, притоа без да ги има загарантираните човекови права поради тоа што се работи за приведен терорист кои има за цел да изврши терористички напад на територијата на Велика Британија.
Додека во исто време познат исламистички фундаменталист осуден за ширање на радикален исламизам слободно шета по џамиите во Велика Британија, новинар е приведен поради тоа што може да сними докуемнетарец или прилог кој не оди во корист на властите и на либералите и нивните теории за оптешството.
Изговорот под кој е уапсена е дека ширела антиисламска пропаганда поради прилог кој е сниман во Лондон каде што на муслимани им се поставуваат нормални прашања на кои тие даваат "неочекувани" одговори.

Видео од прилогот


Ова само покажува колку навистина се толерира слободата на говорот,  доколку ја кажуваш неудобната вистина за глобализмот и неговиот неуспех.

Интервју по приведувањето

Friday 9 March 2018

Очајниот црвен терор

Губејќи ја битката на терен и на политичката маса, се повеќе црвените кмери стануваа очајни со што желбата за решавање на нивната инфериорност со примена на насилство расте.
Очајот кој го имат од ден на ден е се поголем, а фрустрациите се на највисоко ниво, посебно по поразот кој го доживееа убедлив на изборите за претседател на САД, кога Сандерс беше поразен од Хилтон, но и сега од новите избори во Италија каде остварија катастрофален резултат.

Обидот за тероризирање на политичките неистомисленици е последната алатка со која тие може да ја вратат нивната мртва идеологија назад во политичката игра, надевајќи се дека на тој начин ќе влеат страв во нивните политички противници.
Сепак колку тие повеќе се обидуваат да тероризираат, отпорот и борбата насочен кон нив само расте и расте и е се посилен.
Од тоа лесно се доаѓа до заклучок дека тие со нивниот обид за тероризирање си прават само голема контра услуга и ништо повеќе од тоа.

Активизацијата на црвениот терор започна со изборите во САД и нивната политичка битка против кандидатите кои победија на партиските избори на двете најголеми парии во САД, иако огромен дел од нив ја поддржаа Клинтон.
Таа беше насочена кон целната група на симпатизери на Доналд Трамп (за кој немам воопшто позитивни мислење) борејќи се против нив на сите можни начини.
Се памети нападот во Сакрaменто кога 2000 црвени нападнаа на 18 членови на националистичка организација во САД, при која и покрај огромната бројчана надмоќ токму црвените го извлекоа подебелиот крај.
Да не ги заборавиме нападите  над трибините на Мило Јанопулис, по потекло грчки хомосексуалец кој поради своите гласни говори против црвената и либералната идеологија е постојана мета на нивен напад и терор, со кој само ја зголемуваат неговата популарност.
Тука се и феминистички напади на новинарки кои се борат против феминизмот и нивните бедни напади со истурање на течност по нив, обиди за физичко насилство пред тв-камерите, со цел да ги заплашат  и да им покажат дека не се доволно "женствени".

Во Шведска е и терористика организација која ги напаѓа домовите на сите оние кои според нив се неподобни и фашисти, нанесувајќи големи материјални штети и заплашувајќи ги на нивните семејства, напаѓајќи со прикрени лица и употребувајќи молотови коктели.

Тука се и последните два настани, насилен напад и прекинување на трибина во Лондон, која имаше огромна посетеност и беше насочена токму кон комунистите (иако самиот сум и протовник на таквите ставови но од друга гледна точка) кои упаднаа на трибината маскирани со црвени и анархистички знамиња.

И последниот е нападот над канцеларија на движењето Каза Паунд во Италија движење за чиј активности имам пишувано на блогот, кој им се трн во око кој се повеќе ги боди и им ги раскрварува очите.
Нападот по изборите во кој Каза Паунд оствари одличен резултат, имаше најдобра кампања, очите на сите странски медиуми беа свртени токму кон нив, нивната работа, нивното претставување, нивното помагање и штитење на сиромашните и ранливи категории во италијанското општество, нивната поддршка и одбрана на работничката класа, ги боли на црвените многу, па наместо да ја променат својата мртва идеологија, тие објавуваат војна со терористички напади кон Каса Паунд во иднина, напади кои само ќе ги јакнат нашите браќа во Италија.

Кога ќе изгубиш на сите фронтови на чесна политичка битка, применувањето на насилство е последниот начин на кој овие мртовци сметаат дека може да се вратат во игра.Тоа воопшто не е за чудење бидејќи во нинвата историја тие во сите држави во кои биле на власт, дошле со воени и терорстички акции, никогаш со чесна победа на вољата на еден народ.
Нека напаѓаат и нека заплашуваат колку сакаат, а ние знаеме дека тоа нема да им помине под ниту една цена.


Tuesday 6 March 2018

Избори во Италија

На 4ти март се оддржаа парламентарни избори во Италија, кои првично треба да се оддржат на 28 декември 2017 година, но беа откажани од страна на италијанскиот претседател Серџио Маттарела.

Изборите се оддржаа и ги донесоа очекуваните резултати , покажувајќи го бесот и огроченоста која владее кај Италијанците од страна на постоечката власт како и од Европската Унија.

Како победник на изборите во Италија со 11 милиони освоени гласови е политичко движење Пет Ѕвезди кое освои над 10 милиона од гласовите.
Ова политичко движење започна од комичар кој формира партија за да ја исмејува на италијанската политичка елита, несвесен во какви можни рамки може да прерасне тоа движење.
Дел од водачите на ова движиње се личности чии што родители биле фашистички активисти во 70ти и 80тите, како дел од Italian Social Movminet (единствената италијанска партија со профашистичка идеологија во тој временски период).
Тоа што ја карактеризира оваа партија е тоа што таа е партија која е евроскептична, против емиграцијата, која смета дека треба поголем дел од финансиските средства на државата да се одвојат за социјално ранливите категории, со што однесе убедлива победа во сиромашниот Југ на земјата, како и во Сицилија и Сардинија.
Движењето ќе има тешка задача да најде коалициони партнери за да формира Влада, со оглед дека нејзините политички не се контактибилни со останатите партии кои влегоа во парламентот.

Иако Пет Ѕвезди со 133 пратеници и 10 милиони гласачи се победници, главниот фактор за формирање на Владата ќе се партиите од десната коалиција кои вкупно освоиа  12 милиони гласови и 151 пратеник.

Во десната коалиција влегоа 4 партии, од кои 3 влегоа во парламентот.
Најмногу гласови освои Северната Лига (регионална, порано и сеператистичка партија) со 5,6 милиони гласови, сепак партијата на овие избори не беше толку радикална како порано, со својот регионален сеператизам и анти еу политики.
Форца Италија, партија која кокетира и со ЕУ но и со евроскептиците обидувајќи се да игра на двете карти освои 4,5 милиони гласови.
Како трета партија која влезе во парламентот со 1,4 милиони гласови е Браќа за Италија, партија која важи за партија со силно упориште на Југот во државата, пандан на Северна Лига во одредени регионални но не и сеператистички (порано) елементи, партија која сака да го носи презнакот фашистичка, поради тоа што настанува од оделување на одредени фракции од фашистички движења и партии од 80ти и 90ти, иако партијата е основана 2012.

Од другата страна левата колиција составена од повеќе од 6 партии , оствари тотално фијаско и освои гласови под сите очекувања од кои само две партии влеагоа во парламент со 88 пратеници, и тоа партијата која е главна во коалицијата со 86, додека една помала регионална партија успеа во својот регион да освои 2 пратеника.
Фијаското се должи на лошото владеење кое го имаа во изманиот период левите парии, нивната неумешност да се справат со миграцијата, како и про ЕУ ставовите.


Најрпријатно изненадување кое мене лично ме радува е CasaPound со освоените 310 000 гласови. Со својата уникатна и оргинална кампања CasaPound ги сврти очите на медиумите кон нив, покажувајќите дека пред се и над се CasaPound не е само обична политичка партија, туку е движење и начин на живот, со кој се будат, дишат и живеат нејзините членови.
Со ваквиот раст на наредните избори може да очекуваме конечно враќање на искрениот фашизам во италијанскиот парламент.

Комунистичката коалиција освои 360 000 гласови, составена од 6 комуниситчки партии, со што се покажа дека комунисите дури и обединети се далеку од своите златни времиња кога беа редовен декор од италијанскиот парламент.

Како главен заклчуок кој можеме да го добиеме од Италијанските избори е разочараноста на Италијанците од поранешните политички опции, како и нивното гласање и издигање на нови политички опции со нови ликови кои носат нова надеж, нови ветришта во италијанската политика.

Покажуваат дека ЕУ се соочува со сериозен проблем, бидејќи речиси сите евроскептични и анти ЕУ партии се во постојан раст, додека про ЕУ партиите имаат вртоглав пад.
Или ЕУ ќе се реформира или ЕУ полека но тивко ќе умира во битката да се заддржи како систем на вредности кој се покажа како тотално фијаско.

Можеби најдобро ситуацијата во Италија ќе ја образложи еден социјалист (левичар близок до комунистите) кој ќе изјави : Никој по Мусолини не направил добро нешто за Италијанците.

Повеќе од јасно е, Италија бара и ќе добие промени, наскоро.


Monday 5 March 2018

Дали мислиме на иднината ?

Сигурно една од основните карактеристики на нашето постоење е борбата да изградиме поубав и подобар свет за генерациите кои доаѓаат по нас, кои ќе имат едноставна задача да го сочуваат или подобрат тој свет за генерациите по нив.

Сепак долгото владеење на комунизмот во Македонија остави трајни последици на жал, во перцепцијата на Македонецот, зошто тој постои и какви треба да се неговите цели.
Револуционерите на кои се воодушевуваме во минатото многу јасно знаеле дека нивната борба не е за нивната генерација, туку да го олеснат патот за ослободување духовно, културно и национално на генерациите што доаѓаат по нив.
Тие  ги рушиле препреките и граделе пат по кој денес на жал малкумина одат, иако денес многумина се трудат го искривуваат тој пат, ние гордо по него ќе чекориме без застанување.


Денес живееме во свет во кој најважно е задоволувањето на старстите и желбите на поединецот, кој не се гледа себеси како припадник на едно поголемо добро, на еден колектив, на една нација.
Одење по партиски штабови, понижување пред функционери, седејќи по цели денови во партиски штабови за вработување, без никаква идеологија, жар и желба за допринесување за градење на подобра Македонија, баш напротив, сосема им е сеедно што прави нивната политичка партија за Македонија, се дур тие се вработени од истата.


А дали мислат на нивните правнуци, дали мислат на оние генерации кои доаѓаат по нив, кои ќе ја носат нивната крв, каква држава им оставаат , ако воопшто со ваков менталитет оваа држава опстане ?
Живеејќи само за себе од ден на ден понижувајќи се за партијата ја уништуваме иднината на генерациите кои доаѓаат по нас, генерации кои ќе немат доктори и здраство , генерации кои ќе се молат да преживеат дур се возат по нашите "автопати",  генерации осудени да немат образование, кои нема да ги познаваат своите херои, буквално генерации уништени од алчноста на нашата генерација.
Затоа мора да промениме се од корен, да почнеме да мислиме како колектив, да сфатиме дека ние како поединци сме само едно парче од големата сложувалка наречена нација.
Тоа не значи дека не треба да имам свои сопствени одлики, свои интереси, желби, но тие да не бидат на штета на големото добро а тоа е државата.

Време е да почнеме да го променуваме општеството во кое што живееме, трудејќи се лично самите а и што повеќе луѓе да ги насочиме да одат исклучиво по патот во кој државата е над се, борејќи се да изградиме подобар свет за генерациите кои доаѓаат по нас.





Saturday 3 March 2018

До кога ?

Македонија во еден ден доживеа толку понижувања на интелигенцијата на обичниот народ, што просто се прашуваш самиот себе, што не е во ред бе со овие кои се на власт.
Знаеме дека народот е политички неписмен, ама пак да го сметаш за целосно неписмен и да му продаваш лаги за пајаци и дека сторителите сеуште се бараат, а бодењето е сред бел ден во најстрог центар на Скопје, крвотокот на државата, ептен треба да не сметат наивни.

Е сега почнаа да ме мачат многу прашања, кои не знам дали ќе можам некогаш да си го одговорам.

До кога ќе ќутиме додека наши деца крварат по автобусите на градскиот јавен превоз а нивните предатори и потенцијални убијци шетаат по улиците на Скопје без мува да ги лази ?

До кога родители ќе бидете слепи на овој феномен, дали ќе чекате и вашето дете да биде жртва на ваков настан па да треперите за неговиот живот, немоќни бидејќи никој нема да застане на ваша страна ??

До кога ќе бидеме слепи на моќта и власта на УЧК и тоа дека таа штити потенцијални убијци, додека двете најголеми партии молчат како пички и слугуваат на оние кои сакаат да не убијат ??


До кога полицијаци вие ќе измислувате смешни изговори со кои вицовите кои ја навредуваат вашата интелигенција се мачкина кашлица за тоа што вие го правите, измислувајќи стории за пајаци кои тепат џандари ??

До кога полицајците ќе бидат слуги на УЧК а не на своите граѓани, до кога ќе ги прикриваат нивните злосторства и напади, а во исто време ќе ги тепаат без милост без никаков грев и трепнување на око децата Македонци, само затоа што одат на стадион да бодрат македонски а не белосветски клубови ?


До кога ќе седиме пред телевизори и ќе грицкаме чипс и семки,  ќе пцуеме пред телевизорт, а надвор од нашиот дом ќе сме најобични кукавици ??

До кога македонските деца ќе се мета на разни силеџии и убијци ?


До кога ќе трпиме политчарите да се богатат со нашите пари, до кога ќе ги трпиме нивните патни трошоци ???


До кога ќе бидеме слепи дека луѓето кои треба да се борат против корупцијата се најкорумпирани луѓе во државата  и со тоа самата корупција цвета ???


Дали ќе дозволиме некое дете Македонец да биде убиено затоа што е  Македонец и затоа што навива за македонски клуб во својата држава ?????

Колку вреди нашето достоинство и дали ќе си го вратиме или ќе оставиме да бидеме понижувани од кој стигне ?

До кога русофили ќе ни го перат мозокот да станеме нивно робје, наместо национално да се освестиме и да делуваме силно за пропсеритетна Македонија ?

ДО КОГА ?

Friday 2 March 2018

Интервју со организаторите на Луковмарш

Со цел промоција и приближување на Луковмарш до националистите во Македонија, направив интервју со организаторите на маршот, на тој начин приближувајќи ја неговата идеја, запознавајќи не со неговиот историјат и кој бил генерал Христо Луков.




1. Можете ли да ни кажете нешто повеќе за почетоците на Луковмарш ?

Луковмарш започна пред 15 години, сосема спонтано.Тогаш за ген. Луков знаеа сосема малку луѓе, претежно такви со голем интерес кон историјата.Тоа беше така затоашто за 45 години управување, комунистите ги положија сите можни сили да го  избришат од сеќавањето на народот.Толку многу се плашеа од образот му.Но не успееа.Споменот за Луков беше зачуван од неговите соборци од Сојузот на бугарските национални легионери (СБНЛ), преживеани од адот на комунистичките концентрациони логори. По промената на режимот , тие веќе доста возрасни националисти , започнаа одново да се собираат и секоја година, на датата на која е убиен ген. Луков, правеа панихида во негова чест.
Токму така се роди Луковмарш - на една таква панихида присуствуваа членови на нашата новоформирана младешка организација - Бугарски Национален Сојуз.
Одушевени од разказите за ген. Луков, по панихидата младите прават спонтано чествување од црквата до куќата на Генералот каде е убиен.Така започнува Луковмарш, со бувално 15 луѓе.Денес веќе е најголемото  годишно собирање на бугарските националисти. Објавуван е од сите големи медиуми во државата, како и од светски медиуми. Оваа година, покрај пречките, коишто ги создаваа властите, во чествувањето се вклучија над 2 000 луѓе.
Вклучително и големи делегации на националисти од цела Европа.Герамнската делегација беше над 50 луѓе, имаше големи групи од Шведска и Франција,  не поддржија и националисти од десетици држави, освен споменатите, помеѓу нив се и Хрватска, Романија, Австрија, Италија, Полска, Швајцарија, Норвешка, Шпанија , Белгија (фламанци и валонци).Како и претставници на бугарски заедници надвор од границите на денешна Бугарија. Но оваа година бевме посебно радосни, е тоа што и наши браќа од Македонија за прв пат присуствуваа на маршот организирано, во лицето на  "Национална Борба".

2. Кој бил генерал Христо Луков ?

Тешко е да се разкаже за ген. Луков во неколку реченици, но ќе се обидам да го направам тоа. Генерал Христо Луков е херој од војните за Национално обединување на Бугарија. Најголемиот подвиг му е на војното поле при крајот на Првата свестка војна.Тогаш е со чин мајор на артилеријата.Останал сам на својата позиција. Во момент, кога српската војска припрема офанзива кон градот Ќустендил, неколку локални козари и овчари гледаат како започнува да се подготвува оружјето и му пристигнуваат на помош кога му подаваат гранати. Започнува неуморна стрелба. Србите немат представа колкав е бројот на бугарските заштитници и прекратуваат со офанзивата.Следниот ден е потпишано примирје и градот Ќустендил е спасен од српската окупација. Христо Луков станува предавач по воено дело и има огромен придонес за развивањето на бугарската артилерија.Станува министер на војнта (одбрана). Тоа му е најголемиот придонес  како воено лице и државник за Родината ни. Тој е човек којшто го отфрла диктатот на Версајскиот ситем. По Нејскиот договор , наложен на Бугарија по ПСВ, армијата е целосно ликвидирана. Генерал Луков буквално ја ревитализира, реорганизира, го зголемува бројот на војници, вооружување и ја обучува најсовремено. За многу краток временски период тоа е најсилната армија на Балканот. Од кога се пензионира како министер, е избран за водач на најмоќната националистичка организација во Бугарија во тоа време СБНЛ. Многу брзо станува клучна фигура, која може да ги обедии сите бугарски националистички движење против комунистичката закана.Затоа е и убиен на 3 февруари 1943 г. од комунистичките теористи пред својот дом.Убиството е извршено пред очите на 9 годишната му ќерка.

3. Како дел од промоцијата на Луковмарш и генерал Христо Луков, имате развиено  и издавачка дејност на книги посветени на генерал Луков и Легионерското движење. Може да ни кажете нешто повеќе за тоа ?

Нашата организација по принцип развива издавачка дејност и дел од неа е поврзана со Луковмарш.Издадовме една брошура за ген. Луков, во која што на кратко се опишани некој од најважните нешта за него.Оваа година успеавме да издадеме една навистина уникална книга за организацијата, раководена од ген. Луков - СБНЛ.
Книгата е напишана од Иван Григоров - еден од дејците на Легионерското движење, којшто години на ред е лежел по комунистички  логори и затвори, поради своите убедувања, но покрај тоа не се скршил. Освен негово лични сведоштва, тој собрал и многу документи за историјата на Легијата.Иван Григоров открива многу интересни и слабо познати детали за Легијата, како на пример тоа дека ВМРО многу активно ја поддржувала оваа младешка организација уште од создавањето.За жал, тој почина оваа година, но успеа да го види издаден својот долгогодишен труд.Следната ни цел е да издадеме детална книга за животот и делото на ген. Христо Луков. Низ годините успеавме да собереме многу материјали за него, и покрај тоа што комунистите смислено ја уништувале документацијата поврзана со него.Таквите се зачувани во голема мера, благодарение на приватните архиви.

4. Со какви пречки се соочувате при организирањето на Луковмарш ?

Од 2013 година наваму, различни антинационални кругови прават се што е возможно да го попречат спроведувањето на маршот. Основниот притисок внатре во државата доаѓа од една страна од БСП , социјалистичка партија насленик на комунистичката и од еврејските организации "Шалом" и Бнај Брит. Луѓето во последните две организации се тесно сврзено со оние делови  на еврејската заедница во Бугарија, којашто некогаш е била дел од комунистичката терористичка организација.Евреи комунисти учествуват и во срушувањето на црквата Св. Недела , најкрвавиот атентат во Бугарската историја, кој што однесе животи на стотици, вклучително жени и деца.Едниот од физичките убијци на ген.Луков е еврејка, комунистички терорист Виолета Јакова.По советската окупација на Бугарија, за време на така наречениот "Народен суд" којшто ја истреби елитата на нацијата, половина од "судиите" се евреи. Такви се и советниците на комунистичкиот диктатор Тодор Живков. Токму на тој дел од еврејската заедница наследник е организацијата "Шалом". И за да ги прикрие овие престапи против нашиот народ, плукајќи со лаги по адреса на ген. Луков и СБНЛ сакат прекратување на Луковмарш којшто напоменува за овие неправди.Истото го сака и БСП. Од "Шалом" оваа година го вовлекоа и Светскиот еврејски конгрес, којшто дава подписка на бугарскиот министер предсетадел (премиер) со барање Луковмарш да се забрани. Таквите барања се направени со години од страна на голем број радикалнолеви и либерални екстремистички организации.За жал, со години градоначалникот на Софија се обидуваше да ги задоволи и да стори сé што е во негова моќ за да го спречи Луковмарш. Неколку години по ред, тој издаде наредби за ставање крај на маршот на денот на неговото оддржување, но сега тој се обидел да го забрани тоа однапред. Но, за сето ова ја осудивме општината, бидејќи законот е целосно на наша страна. И покрај овој притисок, и покрај декларациите на разни странски амбасади, вклучувајќи ги и оние на Русија и САД, го спроведовме Луковмарш и ќе продолжиме да го правиме тоа.

5. Вашето видување на заедничкото одбележување во чест на Мара Бунева ?

Ова беше историски настан за нас. Се надеваме дека ова ко-меморија на големата хероина ќе се претвори во добра традиција. И тоа е само почеток на долгорочна соработка. Постојат сили кои направија големи напори да не поделат, да не свртат едни против други, затоа што сакат да не уништат.Сепак покажавме дека можеме да ги надминеме. Ако сакаме да преживееме,да се зачуваме и постигнеме просперитет, мораме да го обновиме односот меѓу нас.

6. Вашата порака до сите кои го читаат ова интервју ?

Запомнете едно - ние сме ви браќа. И тоа ќе се види на дело. Се задаваат бурни времиња и денови на испити. А тогаш најлесно се согледува, кој каков е.

Луковмарш - Иднината нас ни припаѓа

Во Софија традиционално се оддржа Луковмарш, собир на бугарските патриоти и националисти, кои заедно со останати странски делегации одавaат почит кон ликот и делото на еден од најголемите Бугари, генерал Христо Луков.
Оваа година беше посебна поради фактот што за прв пат македонска делегација учествуваше на овој настан , од организацијата "Национална Борба". Луковмарш 2018

Неколку месеци пред тоа од страна на еврејската организација "Шалом" започна кампањата против овој марш, со искажување на разни лаги кои немаат допирни точки со генерал Луков и СБНЛ. Тие почнаа иницијатива за меѓународно собирање на потписи на интернет, каде што се собираа потписи против маршот (можејќи едно лице да се потпише со повеќе различни идентитети). Покрај сите медиумски притисоци кои ги вршеа оваа иницијатива им помина неуспешно.


Покрај "Шалом" разни други крајнолеви, левичарски и либерални организации се обидоа да направат притисок со кој сакаа да го спречат оддржувањето на маршот, но и тие поминаа безуспешно.
Иницијаторите на Луковмарш ја водеа својата битка достоинствено и пред сите органи на бугарското судство докажаа дека нивниот марш е исклучиво патриотски, национален, издигнувајќи го бугарскиот национален дух, а не марш на омразата како што тврдеа противниците.Токму за тоа и самите организатори на Луковмарш имаа своја пресконференција пред медиумите во која ги разобличеа сите лаги и одговорија на сите прашања поставени од страна на новинарите.

Покрај тоа на неколку ТВ-медиуми во Бугарија се оддржаа дебати на тема Луковмарш, каде што иницијаторите на маршот ги добија сите медиумски битки, посебно онаа со лидерот на бугарските комунисти каде што го оставија буквално без зборови и  беше избришан подот од него.
Како интервју каде што беа споделени впечатоци од маршот имаше на телевизија СКАТ.
Доколку сакате да дознаете нешто повеќе и да ги погледнете овие дуели, можете на страницата на Луковмарш .

Уште еден историски настан со маршот е првата негова промоција во Македонија, организирана од страна на "Национална Борба" кои во повеќе градови во Македонија делеа пропагадни материјали сврзени со самиот марш, на тој начин за прв пат промовирајќи го во Македонија. 
                                                                  (Битола )


                                              ( Велес)

                                                             ( Прилеп )

                                                                   ( Струмица )

Извештај со слики од самиот Луковмарш 2018 :