Wednesday, 18 October 2017

Пејо Јаворов

Пејо Jаворов (роден 1 Јануари 1878 Чирпан, Бугарија – починал 29 Октомври 1914 Софија) бил поет, публицист и револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, раководител и војвода на ВМРО.

Јаворов завршил V клас гиманизија во Пловдив.Во 1897 година стапува во контакти со ВМРО.Од 1901 до 1902 година тој го уредува нејзиниот легален весник „Дело”.

За прв пат влегува во Македонија како четник на Михаил Чаков во 1902 годинина.Наскоро е заробен од врвховистичка чета и се враќа во Бугарија.Тој првично е уредник на повеќе весници кои се поврзaни со револуционерното движење како„ Дело”, „ Свобода или Смрт” , „Автономија” , „Илинден” .Првата побликувана творба му е стихотворбата „ Напред “ во весникот „ Глас Македонски”.Четник е на Јане Сандански и станува еден од најдејните следбеници на Гоце Делчев.На Кустендилскиот конгрес во 1908 е избран за ЗП на ВМОРО.

Тој тогаш целосно се предава на револуционерното дело, ја напушта својата работа и се посветува исклучиво со проблемите со кое тогаш се соочува ВМРО, и начинот на кој тие може да се решат. Јаворов потоа е и избран како член на ЦК на ВМРО.

Во 1912 година за време на балканските војни, тој влегува во составот на Македонско-одринско ополченство.Во 1912 тој е првиот кмет (градоначалник) на Неврокоп.

Во 1912 година тој стапува во брак со Лора Каравелова, неговата љубов.

Пејо Јаворов има обид за самоубиство, при што тој станува слеп, обид поради тоа што не сакал веќе да и биде терет на организацијата и не сакал да живее на нејзин грб и трошок!

Сепак вториот негов обид на 29 Октомври 1914 година со отров е успешен.

Исто така вреди да се спомене и неговиот поетски опус.За негово усувршување како поет тој ги посетувал Нанси,Женева, Виена и Париз, каде што постојано чита модерна француска поезија.

Тој е воедно и првиот биограф на Гоце Делчев, напишувајќи ја неговата биографија уште во 1904 година, а воедно на него ја посветува и една од најубавите и најзначајните револуционерни песни : Ден денувам.

Тој напишува многу творби како што се : „Македонија” , „Во полињата на Витоша” , „Ајдучки песни” , „Две убави очи” , „Заточеници” , „Евреи”, „Градушка” и други.

Тој последното обраќање кон својот пријател Тодор Александров го имал со следните зборови :

Брате Тодоре, прости ми ти, нека ми простат и сите други кои ја сменуваат Македонија.

Твојата деликатна душа ќе ме разбере и прости.Те бакнувам длабоко трогнат од грижите, кои што ги положи за мене во деновите на големи испити. Кажи на Македонија кога ќе отидеш таму, дека нејзиниот син (јас се чувствувам како нејзин) умре во слободна Бугарија, венчан со најтешката клетва.И кога таа ќе биде слободна, нека дојде еден другар на гробот и нека ми каже „ Поздрав од нашта мајка маченица, таа е веќе среќна !

превземено од Свобода или Смърть




No comments:

Post a Comment