Friday 29 May 2020

Имаме ли срам ?

Ех драги Македонци, сите од дното до врвот на политичката пирамида, дали ние имаме срам, дали ние имаме барем малку самопочит кон самите себе, толку ли се мразиме, па најголем душман не би ни нанел вакво зло, па и на него би му паднало жал кога ќе не гледа  што си  правиме самите на себе.


Кога ќе кажеме  дека е доста, ако ние сме никој и ништо, ако ние не се цениме самите себе, зарем немаме срам кон оние кои загинаа верувајќи во нас, кои го положија својот живот на олтарот на татковината да живееме ние денес вакви бедни како што сме, да им го зачуваме споменот како што доликува, до кога ќе се подбиваме со нив, до кога нивните убијци ќе добиваат населби, споменици, улици, училишта, додека нивните споменици ќе бидат отстранувани од страна на вандали.


Еј бре, Македонци, стоко, дали тие јунаци не вредат да го чуваме нивниот спомен, ако ние сме мизерни и не се бориме за себе, да го чуваме нивниот спомен жив и неизвалкан од нашиот кукавичлук и беда.


Денес минситерка на одбрана , првиот човек на голем дел од тие јунаци, се појавува пред олтар кој го величи УЧК, насмеана од увце до увце, ловејќи си гласови, без никаков срам и око  да и трепне за стотиците животи кои се изгубени и одземени од страна на организацијата пред чиј олтар таа гордо стоеше.


Ало војници, имате ли вие бре војничка чест, достоинство, храброст, доблест во тие униформи кои ги носите да кажете ДОСТА Е, не не понижувајте нас и споменот на нашите браќа кои загинаа во одбрана на татковината, имате ли вие исто така вакви карактеристики полицајци кои го тепате вашиот народ а не заборавајте пред не толку време вие гиневте во крвава битка против нив во одбрана на нашето Куманово.



Имаме ли срам бе, кога ќе кажеме доста е, кога ќе се кренеме на бунт против ова зло и потсмев на нашите бранители и херои кои загинаа во одбрана на нашата Македонија.



Monday 25 May 2020

Covid 19

Многу време се мислев дали да пишувам нешто поврзано со вирусот Covid 19 поради кој и на неодредено време ја одложив и активноста на самиот блог, но сметам дека треба да напишам збор два за мои видувањa околу ситуацијата со вирусот и како ние се справивме со него во Македонија.

Како прво за разлика од големите промотори на теориите на заговор јас сметам дека овој вирус постои, но сепак неговата сериозност е преувеличена односно е многу многу помала од таа што се претставува по медиумите, за неговата смртност и паниката која насатана како последица на тоа.


Сега анализа за тоа како македонското здраство се справи со кризата, на почетокот тоа беше доста самоуверено и силно но со многу почетни грешки кои дојдоа не од обичнот народ туку од медицински лица кои треба да бидат едукаторите во борба против вирусот, македонското здраство попушти и Короната на големо навлезе во Македонија, однесе доста жртва, процентуално при врвот во Европа.


Колку и сите да се воодушевени од ораторот Филипче кој е голем работник и еден од најдобрите според многумина убедливо најдобар во својата област, сепак како министер не покажа ништо повеќе освен ораторски вештини кои при врвот на кризата му исчезнаа и беше тотално изгубен со нејасни и збунувачки одговори или избегнување на одговор на одредени прашања.

Мерките беа конфузни и неоправдани, освен мерките за затворување на кафулињата, училиштата, театрите и на спортските објкети каде што се собира голем број народ, полицискиот час е чиста тортура над народот.

Полициски час кој започнуваше во 23:00, па во 21:00 и другите термини да не ги набројувам познати на нас, немаат никаков ефект, како прво предизвикуваат народот да ги врши своите задачи во раните утрински часови по што настануваат големи гужви и најплодно тло за ширење на било каков вирус, не само на Ковид, во часовите кои беа определената групата на граѓани која е подложна на ризици од заболување воопшто не е ниту активна, со што само таа место да се заштити се прави да е подложна на повисок ризик, удар во раните утрински часови и гужвите кои настануваа во тој период.

Маските и нивното носење, кога беше пикот тие не беа задолжителни, кога веќе тој помина и кризата е при крај , тие се задолжителни, уште една мерка каде што нема никакво логично објаснување.


Играта со празниците , односно затворањето на црквите за Велигден и најдолгиот полициски час во историјата на Македонија , наспроти давањето на шанса верниците од исламска вероисповед да си го извршат своите верски должности за Рамазан Бајрам, сами по себе можеа да донесат и до верски немири и нетрпеливост, тотално непотребни во Македонија.

Економијата доживеа свој бродолом, никакви мерки за спас на економијата и помош на оние кои се на удар, се помогна само на олигарсите кои и немаа потреба од помош,  угостителските објекти затворени и голем дел од нив пред пропаѓање, илјадници луѓе останаа без работа, а решение за нив државата нема, со што кризата на финасиски план допрва ќе не удира и ќе ја осетиме на своја кожа доколку навремено не се освестат од Влада.

Шведска и Финска покажаа најсоодветен модел на борба против корона кризата, иако за воља на вистината таа и не дојде до Финска , додека Шведска која беше на удар одлично се справи со него, жрвтите во рамките на нормалата , економијата не трпеше ништо, народот немаше никакво психолошко малтретирање и ширење на паника.

За крај за вирус кој не е ниту опасно смртоносен, сличен на сезонски грип, успеавме да паднеме во замката на паниката , да ја изгубиме логиката и да си нанесеме сериозни штети по нашето ментално здравје но и по економијата за чие што санирање најверојатно ќе бидат потребни и по неколку години.





Saturday 23 May 2020

Изборите и игрите околу нив, на штета на државата и народот !

Предвремените парламентарни избори кои не очекуваат оваа година уште еднаш покажаа и докажаа дека на македонските политичари воопшто не им е до македонскиот народ или до државата и нејзиниот развој, туку до нивните ситни политикантски игри на грбот на истите.

Прво која е самата потреба на предвремени парламентарни избори, кога и така требаше да има редовни избори оваа година до крајот на Октомври, па конечно после цели 15 години една македонска влада да истере четиригодишен мандат.

Од кога дојдоа изборите па се одложија поради короната што им одговараше и на едните и на другите, со оглед дека се заедно во Пржинската влада.

Сепак траењето на кризата носи тешкотии во функционирањето а избори мора да има, на оние кои беа на власт им одговараат брзи избори дека со секој изминат ден, финансиската криза ќе експлодира поради нивната неефикасност да ја решат, што ќе оди во полза на опозицијата, па тие бараат брзи избори, во кои имаат реални шанси да победат.

Опозицијата пак бара одложување на изборите бидејќи во брзи избори тие ќе немаат убедлива победа ниту пак шанси да фомираат влада, додека на одложување во бескрај се зголемува нивната предност, победа и шанси да формираат влада.


Тука се гледа дека интересите на државата и на народот не се во прв план, се што им е важно се нивните политички поени и гласови, а за државата и народот, баш им е гајле.


Thursday 21 May 2020

Томи Линд

Борбата за Европа која ќе ја задржи својата култура, која нема да биде соочена со геноцидот кој и доаѓа од исток, на жал доби и свој нов маченик, тоа е младиот швеѓанин Томи Линд.

Томи Линд  како млад и освестен шведски партиот и националист падна како жртва од страна на теророт на мигрант од Судан, кој во доцните вечерни часови во место каде што се собираат млади  извршил напад врз швеѓанка која сакал да ја силува, кога тоа го видел Томи без никакво размислување тргнал во одбрана на младата швеѓанка при што се здобил со убод од нож во градите од страна на мигрантот по што тој паднал, а мигрантот почнал да го удира по телото се дур не се увери дека е мртов, по што се вратил и го довршил започнатото , го силувал девојчето брутално како животно.

Мигрантот од Судан и претходно е осудуван престапник а извршил и сексуален напад на девојче кое немало наполнето ниту 15 години, па се поставува прашањето дали би дојдело до ваков немил настан доколку во либералистична Шведска законите би важеле подеднакво за сите, а и нема да им се пригледува на мигрантите за злосторствата кои тие ги вршат ширум Шведска.


Томи Линд со својата храборст, пожртвуваност засекогаш го запиша своето име во колективната меморија и срца на сите слободоумни европски националисти, давајќи пример дека во борбата за својата држава, нација и континент, понекогаш ќе мора да ги платиме со нашиот живот.

ВЕЧНА ТИ СЛАВА !