Wednesday, 11 October 2017

Митот 11 Октомври

Денеска сме 11 Октомври , ден во кој македонскиот народ слави празник кој е најобичен мит, празник кој се слави или под името ден на востанието или како ден на антифашистичката борба.

Но што всушност се случува на 11 Октомври ?

На 11 Октомври Душко Наумовски меѓу прилепчани познат како локален бандит и криминалец од позади грб убива стражар , човек којбил татко на три деца, прилепчанец.

Од овој настан комунистичката пропаганда на еден само на нив својствен начин успева да направи мит за пукање на прва пушка и борба против окуптарот.

Вистината е дека партизански дејствувања имало и порано, кои биле далеку поуспешни, извршени од страна на партизаните под водство на Методија Шатаров - Шарло, но поради бунтот на Шарло против КПЈ , тие се тотално заборавени и забранети.

Уште посмешно е што оваа "бoрба" на партизаните македонските историчари сакат да ја изедначат и стават како контиунитет на македонската борба кое ја водело ВМРО, а самите членови на ВМРО биле составен дел од новите власти кои ја воделе на Македонија, против која партизаните се бореле.

11 Октомври може да се слави само како празник на почетокот на комунистичката окупација на Македонија, која остави пустош и река крв позади себе, која од Македонија направи модерно ѓубриште каде што беше наменет за исфрлање на отпадот во Југославија.

Започна прогонот врз македонската напредна интелигенција, почнаа монтирањето на разни случаи против сите оние кои не се согласуваа со новите власти, посебно во прашањето за аграрните реформи.

За бројот на прогонуваните, затвораните и осудуваните лица со поинакви политички убедувања од постојниот комунистички режим доволно говорат 14.000 политички досиеја што ги водела Службата за државна безбедност при МВР и 22.000 затворски досиеја на затворените политички лица во затворот Идризово, или вкупно 36.000 досиеја.

Тоа се политички досиеја на лица (од разни возрасти и професии - револуционери, интелектуалци, лекари, студенти, обични и полуписмени селани, лица во поодмината возраст и ученици - гимназијалци, деца на 16 годишна возраст), затворани, осудувани, прогонувани и стрелани во периодот 1945-1985 година од новата комунистичка власт, затоа што се бореле за независна Република Македонија со идеалите на ВМРО во срцата.

Според неофицијални податоци, во периодот 1949-1951 биле затворени 7.330 средношколци, а само во затворот "Идризово" биле затворени 2.500 политички затвореници.

Покрај овие прогони, во Македонија се изврши и културен геноцид врз Македонецот, со промена на азбуката и нејзиното србизирање, како и србизирањето на Македонскиот литературен јазик, промената во историските учбеници и прогласувањето на голем дел македонски херои како предавници.

Време е младите генерации Македонци конечно да го разобличиме овој "празник", со конечно разоткривање на цела историска вистина за "првата пушка" во Прилеп и Куманово.

No comments:

Post a Comment