Thursday, 19 October 2017

Петрички инцидент

Петричкиот инцидент е граничен конфликт помеѓу Бугарија и Грција, во која активно учество имаат и како одлучувачки фактор се покажуваат четите на ВМРО.

На  19 Октомври 1925 година при граничен премин кај Демир капија на планината Беласица, грчки војник навлегува во бугарска територија и покрај предупредувањата е застрелан во 14 часот од страна на бугарските граничари.Грчките граничари се обидуваат да го земат телото при што избувнува престрелка.

Приготвувајќи се за избори диктаторот во Грција генерал Теодор Пангалос го искористува инцидентот за разпалување на националистичката хистерија во државата и на 22 Октомври 1925 година без да објави војна заповедува на VI грчка дивизија  да ја нападне Бугарија.При овој напад тие успеваат да превземат десет села.

Грците го напаѓаат и град Петрич, но нивните напади се одбиени од малубројната погранична стража и доброволците од ВМРО, кои бројат 4000 борци.
За подобра одбрана ЦК на ВМРО го испраќа во градот Јордан Ѓурков.На 23 Октомври во Петрич е формиран организационен кризен штаб на чело со  војводата Георги В'ндев и како негов помошник е назначен Борис Бунев, брат на Мара Бунева.
Штабот ја кординира месната одбрана.
По левиот брег на реката Струма командант на четите на ВМРО е Зисо Попов кој што има заслуга за одбивањето на грчките војски.
15 000 бегалци се евакуирани во внатрешноста на Бугарија.

Во заштита на границата се спротиставуват членовите на ВМРО од Горноџумајско, Разлошко и Неврокопско.Мобилизирани се и фронтовци од Ќустентилско, Радомирско, Самоковско и Ихтиманско.По херојското спротиставување на доброволците и пограничната стража на 29 Октомври грчките војски се принудени да се повчелат позади границата.
Позади себеси оставуваат опожарени  и ограбени села, одвлечен добиток, и убиени невини луѓе.
Според Ванчо Михајлов грчките жртви по време на инцидентот се 120 убиени војници.
Жртвите од локалното население се 10, а загинуваат и 1 офицер, 4 војници и 4 доброволци.

Грција е означена како агресор и е казнета да плати на Бугарија 30 милиони лева како обезштетување за штетите од материјален и морален карактер.
   (споменик посветен на загинатите во Петричкиот инцидент)


No comments:

Post a Comment