Thursday 28 December 2017

Театар Собрание

Многу пати до сега имам напишано дека македонското собрание е циркус меридано, што најверојатно е една претстава,  од театарската понуда на овој театар.
Во Македонија најдобар театар не е ниту МНТ ниту Драмски, туку театар Собрание.
Картите се секогаш распродадени, а глумата на највисоко можно ниво.
Најдобрите глумци на едно место.

Сегашната театарска претстава наречена Бојкот е во тек.
Кое е драмскосто дејствие на оваа претстава.

Македонија се наоѓа во небрано, сака влез во ЕУ и НАТО, и се потребни промени, донесување на закони за кои сегашната опозиција вети дека ќе ги блокира.
Како сега да се изигра и овците на број и волкот сит ?
Едноставно, започнување на процес против таканаречените уставобранители во сред зима.
Ладно време за протести, што значи нив ќе ги нема.
Идеална причина за бојкот на опозицијата.
А до тогаш течат преговорите, судењата, а власта неоптоварена од опозицијата си ги носи потребните закони, како и ратификација на договорот за добрососедство.
И опозицијата ќар, наместо да блокира таа ги прескокнува законите кои и таа самата мора да ги изгласи, со што ќе излезе со чисти раце пред своите гласачи, ем не гласале за тие закони, ем се донесени според нивната и меѓународната агенда.Или се враќаме пак на погорниот дел од текстот, и волкот сит и овците на број.

Опозицијата избра нов лидер, со што сите во минатото грешки им се бришат и почнуваат од ново.
Не ја напаѓаат повеќе власта со недолични имиња на нивната партија, а воедно и заборавија дека луѓе кои тие ги прелажаа, уставобранитлите лежат во затвор, повеќето ниту виновни, а уште помалку терористи.
Уставобранителите ќе испаднат најголеми жртви на овие преговори во кои целта е да се спасат главите на режимските лидери од претходно.

И СЈО ќе почне помалку да ги гони на режимците, ако забележавте дел од обвиниата веќе се одбиени, а за Тортура е ослободен главниот обвинет од обвинението.

Законот за јазици е сега на тапет, со што има две можни солуции, опозицијата да го преспие и него и да се врати (доколку треба да е донесен)по неговото изгласување или да се врати веднаш и да го спречи (доколу не треба да е донесен).
И пак овците на број, а волкот сит.

После ова мислам повеќе е од јасно, зошто МНТ и Драмски, немат шанси со театар Собрание.




Tuesday 26 December 2017

Иселување

Иселувањето е огромен проблем кој ја мачи Македонија, проблем за кој во моментов се нема решение, но и е проблем за кое решавање треба години, а  некако Македонија спиеше и сеуште спие со што е веќе задоцнето со навремена  реакција, битката е кога веќе е доцна за целсно решавање на овој проблем,  бар да се спаси тоа што може да се спаси.

Брановите на иселувања низ историјата од разни причини, политички, економски, општествени се нормални во секое општество.
Тоа што е проблемот кај нас е тоа што тоа е неконтролирано, и како умееме низ шала да кажеме , тоа е своевидна евакуација.
Главната причина за иселувањето од Македонија е очајната економија, наследена од лошата транзиција (која е завршена) која ја спроведоа македонските олигарси.
Само во неуспешни и криминални општества , сите пари се во раце на политичарите, а едно од нив и е нашето.

Економска стратегија на долг рок е потребно на Македонија за да се спречи иселувањето, но не само за тоа , туку и за целосно реновирање на држава, која не може да изгради било каква национална стратегија по ниту едно прашање, ако пред тоа нема една јасна економска стратегија за тоа какви цели има во економијата.

Од друга страна иселувањето само по себе носи демографска катастрофа, односно Македонија губи работна сила, потрошувачи, млади умови кои се неопходни за градење на силна Македонија.
Најжално е што од лични примери кои ги знам, најчесто се иселуваат многудетните семејства , а буквално тоа ние најпотребно како држава, за тоа и самата Влада водеше кампања, повикувајќи на многудетни семејства, без план како тие семејства ќе преживуваат и ќе сврзат крај со крај.

Други причини може да се барат во неквалитетното образование, млади се иселуваат по потрага на квалитетно знаење, очаен социјален живот, Македонија не понудува ништо освен турбо фолк кичерај журки, немање на квалитетни спортски натпревари, и.т.н.

Најважно можеби од се, немање на национален дух, и пожртвуваност за борба, за успехот да дојде во својот дом, во својата средина, бидејќи ниту еден успех надвор од својата родина , не вреди како успехот во неа.

Повеќе треба да размислување како да се избориме да можеме да работиме, твориме и успеваме во нашата земја, а посетата на странски земји не да биде за нејзино населување, туку за туризам и уживање во убавините на истата таа земја.
Бидејќи во која земја и да заминеш, во која земја и да работиш, ти таму ќе си туѓинец без никакви права, еден вид на социјален роб, додека само во својата земја си свој на своето, си господар на својата судбина.





Saturday 23 December 2017

Држава

После некое време повторно се решив да напишам текст, а овој пат да ја опфатам можеби најболната и темата поради која сме на дното, погрешното сфаќање на поимот Држава, и што тоа всушност е.

Македонецот постојано коментира : Што направи државата за мене.Ништо. Затоа ќе заминам од неа и баш ми е гајле.Македонија не ме заслужува, и коментари во стој стил.

Но за огромна жалост , истите тие се најголемите ИДИОТИ и ГЛУПАЦИ кои мајка може да ги роди.
Прво два основни податоци, еден логички друг  научен.

Логичкиот е доста едноставен : Државата ја сочинуваат сите државјани кои живеат во неа, и тие како една целина се држава.Значи државата си самиот ти - идиоту.

Вториот научен е - За да има реакција, мора пред тоа да има акција.
Што би значело, ако очекуваш нешто од државата како корист, тогаш нешто си требал да направиш за државата тоа да ти го овозможи.


Или во превод, ти не правиш ништо за државата, а очекуваш од неа брда и долини.Или уште попросто, ти си ПАРАЗИТ и КОМУНИСТ, човек кој сака да ја цица крвта на својот народ, за свое самозадоволување.

И така незадоволен од државата ќе одиш да живееш во странство, каде ќе велиш еее државата прави за мене се, само со факт таму народот прави милион акции во корист за државата, за разлика од тебе паразиту кој чекаш се на готово.

А како тоа да се промени и како да добиваме благодети од државата.Одговорот е едноставен, со АКЦИЈА и БОРБА за својот народ и земја.
Борба против системот кој е поставен на тој начин да ја злоупотребува државата за своја лична корист, за богатење на мал круг на луѓе, дур нацијата тоне во сиромаштија и беда.

Едуцирај се самиот себеси, читај политичка и забранета литература, вложувај во својот интелект најмногу што можеш, протестирај, не дозволувај да бидеш газен од олигарсите.
Не биди партиски пиун кој чека во партиски штаб за вработување, самиот бори се да се вработиш, ако можеш да почнеш свој бизнис, да бидеш свој на своето.

Кога државата ќе сака да ве уништи сите што работите самостојно, организирајте се и спротиставејте се заедно, бидејќи они можат да уништат една птица, но цело јато кое се бори заедно не.

Не биди слеп кога се донесуваат закони штетни за државата, како законот за јазици, закон за амнестија на злосторници и.т.н.
Излези на улица и спречи ги на паразитите да ја цицаат твојата и крвта на државата.

Самата борба во која ти се бориш за државата, всушност е борба во која се издигнуват самиот ти како личност, како поединец, се изградуваш и возвишуваш со секој твој акт, дело, акција, до степен во кој нема да ти биде потребна државна помош за ништо.
Самото градење на државата е всушност градење на самиот себе, каков си ти како личност, таква ќе е  и твојата држава во која живееш.
Ако си храбар и одлучен, пожртвуван и спремен да се бориш до крај, таква ќе е и Македонија, а ако си кукавица која само плаче и бара државна цицка да цица како паразит, тогаш ќе си добиеш таква паразитска држава.

За на крајот кога ќе ја изградиш државата, ќе сфатиш дека таа не треба да ти дарува тебе ништо, туку дека ти си тој кој треба на државата да даде се.

За државата се, од државата ништо, за силна држава, за силни поединци !

Tuesday 12 December 2017

Битка за тронот

Во македонската опозиција , полека но сигурно допрва ќе гори и ќе се дели.
Тоа ќе биде еден доста интересен период на внатрешна битка на разни фракции, кои сега се појавуваат и бараат промени, а поголемиот дел од нив (не сите) беа до вчера заедно.

Она што е забележително кај сите кандидати за лидер на опозицијата , е тоа што ниту еден од нив не си останал доследен на своите политички ставови во текот на целата политичка кариера, поголемиот дел лижеа таму кај што плукаа, дел мораа да плукнат таму каде што им лежи срцетот, а трети пак немаат ни допирни точки со самата идеологија преку која треба да дојдат до тронот.

Самиот опозициски трон е почеток од патот да се превземе државниот трон, посебно кога имаме Влада која на жал наместо да се фокусира на проблемите на државата, тие се фокусирани како да го наполнат својот џеб.

Битката која ќе почне во опозицијата и ќе биде доста долга и со доста поделби, поделби кои тлeат во ткивото нејзино со години, ќе биде доста интересно кој ќе се појави и со какви лидерски карактерстики на нејзино чело, со што ќе го запознаеме противникот на шарениот криминал.

Пред се како лидер на опозицијата а подоцна и на нацијата ќе треба човек кој нема да ги издава своите стаови, кој нема да попушта на сеператситите и локалните екстремисти, кој ќе ги скине прангите на робството во кое се наоѓа Македонија (духовно преку медиумите) и ќе спроведува политики кои се во корист на државата, свесно жртвувајќи го својот рејтинг за доборобит на нацијата и државата.
Во потенцијалните кандидати за таков лидер не може да пронајдам, но сепак нека биде за државно добро да се лажам самиот себе.

На Македонија и треба силна опозиција која ќе се постави против досегашниот тренд од над 15 години на политички предастава на државата, на попуштање, на очајно здраство, на катастрофална економија, крај на гладот и сиромаштијата која го држи народот во робство (од политичарите) и конечно ќе го ослободи народот од оковите на менталните стеги и ќе влезе со златни букви во македонската историја.

Sunday 10 December 2017

Симо Хајха

Симо Хајха  е фински снајперист, кој војувал за време на Зимската војна (1939-1940).
За нанесените порази на русите, тие му го даваат прекарот "Белата Смрт".
Војува на темеператури од  минус 20 до минус 40 °C , во камуфлажен костум.
Потврдени е смртта на 542 (505 потврдени и 37 непотврдени) руски војници, убиени од него.


Хајха (Häyhä) e роден во општината Раутајарви (Rautjärvi) близу денешната граница меѓу Финска и Русија и ја започнал воената служба во 1925 год. Пред да навлезе во војната Хајха беше фармер и ловец. Кога имал 17 години ѝ се придружил на финската војска суојелускунта (suojeluskunta), а своите стрелачки способности ги докажал во стрелачките натпревари во провинцијата Виипури (Viipuri).

Куќата на фармата му била преполна со трофеи по стрелаштво.


Неофицијалната бројка од бојното поле на убиени луѓе со снајперска пушка од страна на Хајха за време на битката на Колаа (Kollaa) изнесува преку 800.Во Колаа воделе дневен записник за бројот на убиства на финските снајперисти. Освен оние со снајпер, на Хајха му се припишуваат и преку 200 убиства со митралез (Суоми КП/-31) (Suomi KP/-31), со што бројот на припишани убиства би се зголемил на 705. 

Неверојатно е тоа што сите убиства ги извршил за помалку од 100 дена и тоа во дел од годината кога деновите се кратки и има малку сонце.

Хајха (Häyhä) ја користел финската верзија на руската Mosin-Nagant пушка наречена М/28 „Пистикорва” ("Pystykorva") или „Спиц” ("Spitz"), а е пушка на финската Бела Гарда, затоа што му одговарала на малото тело (1.60 m). Претпочитал да го користи железниот нишан на врвот од пушката наместо телескопскиот нишан за да биде понезабалежлив (снајперистот мора да ја подигне главата кога користи телескопски нишан), за подобра видливост (стаклото на телескопскиот нишан во зимно време лесно се замаглува) и за да му помогне во криењето (одблесокот од сончевите зраци во леќите на телескопскиот нишан може да ја открие местоположбата на снајперистот). Уште една тактика која ја користел е стврднување на снегот пред него за при истрел снегот да не се разнесува на сите страни и ја открие неговата местоположба. Исто така ставал снег во устата за да не издишува, знаејќи дека дури и здивот може да открие каде се наоѓа.

Советите се обидуваат да го убијат на неколку начини меѓу кои против-снајперски тактики и артилериски напади. На 6 март 1940 год., за време на битка, Хајха е погоден во левата страна на долната вилица од страна на руски војник и куршумот излегол низ неговата глава. Го спасиле неговите соборници кои велат дека му фалела половина глава, но не беше мртов. Ја повратил свеста на 13 март, денот кога беше прогласен мир. Веднаш по војната Хајха беше унапреден од аликерсанти (alikersantti) (десетар) во потпоручник од страна на фелдмаршалот Карл Густаф Емил Манерхајм (Carl Gustaf Emil Mannerheim). Никој во воената историја на Финска не се здобил со толку висок ранг за толку брзо време.
На Хајха му требаат неколку години да закрепне од повредата. Куршумот му ја уништил вилицата и му го откинал левиот образ. Сепак, целосно се опоравил и станува успешен ловец на лосови и одгледувач на кучиња, а ловел и со финскиот претседател Урхо Кеконен (Urho Kekkonen).
Кога во 1996 г. го прашале како станал толку добар стрелец, Хајха одговорил: „вежбање”. Кога го прашале дали жали што убил толку многу луѓе, тој рекол: „Го правев она што ми беше речено да го правам најдобро што можев”. Симо Хајха (Simo Häyhä) последните години од животот ги поминува во Руоколахти (Ruokolahti), мало село во југоисточна Финска близу руската граница.



Saturday 9 December 2017

Тигар

Тигар I (германско име - Panzerkampfwagen VI Tiger или едноставно Panzer VI) е германски тежок тенк од Втората светска војна, еден од најдобрите оклопни возила во воената историја.

Предлогот за формирање тешки тенкови во германската армија беше воведен уште во 1937 година, но првиот тенк T-VI, наречен Тигар, излезе од фабриката во јули 1942 година. Целта беше да се создаде тенк со силен оклоп и моќен топ за да се надмине Советскиот КВ-1 и КВ-2. За оружје, беше избрано 88-мм оружје  KwK 36 L / 56, кое имаше голема моќ и прецизност. Дури и во раните фази на војната, Германците го користеа како противтенковско оружје, способно да го уништи советскиот, англискиот или американскиот тенк од далеку. До 1942 година, таков голем топ не бил монтиран на германски тенк, а веќе постоечките Panzer-3 и Panzer-4 не биле во можност да се прилагодат на 88мм-оружје. Затоа мораше да се развие сосема нов тенк. Првично, два прототипа беа подготвени од Hencel и Porsche, главните разлики се во суспензијата и шасијата.
Првото учество на Тигар  е во битките за Ленинград на 22 септември 1942 година, кога еден од тенковите бил заробен од советските трупи.

Повеќе масовно во борба се користат во операцијата "Зимска бура" (за време на битката кај Сталинград) во декември 1942 година и кај Курск  во јули 1943 година, каде претставувањето на овие тенкови е многу добар, иако Германците ја губат битката .


88-милиметарските топови на германската машина работат на 1.000 метри со пробивање на браник од 100мм, нанесувајќи тешки штети  на непријателските машини. На руските екипи им беше наредено да се борат против Тигарот во сооднос од 1 до 5 за Русите, а американските и англиските тенкисти воопшто избегнуваат да го сретнат. Познат е случај кога германскиот капетан Вакер уништил руски тенк Т-34/85 на растојание од 3900 метри.

Има и други моменти во борбите со учество на "Тигар I" - на 7 јули 1943 година за време на битката кај Курск Франц Штаудегер  прима информации за движењето на група од 50 - 60 советски Т-34. Напаѓа и уништува 17 од нив. Советските тенкови се повлекуваат за да се прегрупираат. Stadegetger ги открива кај една мала река и  уништува уште 5.

Командантот на тенкот "Тигар" е исто така познат и успешен ас капетан Мајкл Витман. Неговите најистакнати активности се  во близина на градот Вилур-Бокаж, на 13 јуни 1944 година, една недела по Денот Д (денот на слетувањето на Норман). Околу 8:00 часот наутро тој напаѓа британска колона, дел од 22-рата Оклопна бригада од 7-та Вооружената дивизија (прочуените "Пустинска стаорци") и уништува 5 тенкови "Кромвел", 1 "Шерман", 3 "Стјуарт" и уште многу лесни машини и противтенковски пушки. За овој свој успех тој добива лично од Хитлер на 25 јуни 1944 година Рицарски крст со дабови листови и ножеви, и е највисоко награден тенковски ac на Втората светска војна.

Thursday 7 December 2017

Железната гарда

Железната гарда е  фашистичко движење, кое делува во Романија помеѓу двете светски војни.
Организацијата  промовирала ултранационализам, фашизам, антикомунизам, антисметизам и посебно го промовирала православието.
Движењето е основано од Корнелие Кодреану 1927 година , под називот Легија Архангел Михаил.Кодреану е лидер на движењето се до неговата смрт  во 1938 година.
Членовите на оваа организација се познати под името легионери, па и од таму доаѓа и називот Легионерско движење.Кодреану ја формира Железната гарда како воено крило на Легијата, но набрзо називот Железната гарда ќе се користи и за Легијата.

Самата организација е многу специфична и уникатна во фашистичкото движење, бидејќи за разлика од повеќето останати фашистички организации во тој период, кои ја отфрлале религијата во нивната идеологија, тие не само што го прифатиле православието во својата политичка доктрина, туку завземало и клучно место како темел на самата организација.
Самиот Кодреану бил голем верник и спасот на нацијата го гледал токму во религијата и духовно воскреснување.

Припадниците на движењето  носеле зелена униформа и се поздравувале со римскиот поздрав.Симбол на движењето е решкасти крст.Како свои најголеми непријатели ги сметале на Евреите, а во поглед на економијата тие ја промовирале нациолната економија.

Влијанието на Железнта гарда се зголемува за време на голамата депресија (големата светска економска криза) во почетокот на 1930тите.
10 Декември 1933 година , романскиот премиер Јон Дука го забранува делувањето на движењето и покренува прогон на нејзините членови.Меѓутоа тој самиот станува нивна жртва и е убиен на 29 декември.
На парламентарните избори во Романија во 1937 година, Железната гарда е трета партија по сила во Парламентот на Ромнија, со своите 15,5 %  освоени гласови, а повеќе гласови од неа освоиле Либералната и Селската партија.
Февруари 1938 година, кралот Карол II извршува државен удар и го распуштува Парламентот.Во април дава наредба за апсење на Кодреану, кој во ноември истата година е удавен во затворот.

По враќањето на парламентаризмот во 1939 година, е период кој ја опфаќа внатрешната борба во Гардата за превласт.На 4 септември 1940 година, Гардата формира сојуз со генералот Јоном Антонеску.По напуштaњето на власта од страна на кралот, Гардата Романија ја прогласува за " Национална легионерска држава".
Нејзиното раководство веднаш спроведува антисемтски закони, со што се врши терор врз Евреите, а имало и политички атентати.
Антонеску по ова се решава за судир со Железната гарда, и во тридневни битки на 24 Јануари 1941 година Антонеску со поддршка на германската војска ја поразува на Железната Гарда, по што членовите на Гардата заминуваат во Германија.
                                        (марш на легијата во Букурешт)

Wednesday 6 December 2017

Слога

Она што и е најпотребно на нашата политичка сцена е слога и сложно делување за подобрување на животот на граѓаните кои живеат во Македонија.
И колку според нивното делување на јавната сцена, со постојани кавги и конфликти, сепак за тоа што е најважно за нив а не за државата, нашите политичари се едногласни, со невиден степен на висока слога.

А погодувате за што станува збори нели , па норамално за нивните плати.

Единствени одлуки кои во Македонија едногласно се носат се одлуките за покачување на платите на државните службеници, пратеници и други, кои работат на трошок на буџетот на Република Македонија.

Што е најжално во цела ситуација, место самиот народ да биде свесен за тоа и да го дознае самиот, потребно е да му го каже некој амбасадор, посебно амбасадор кој беше доста плукан овој период.
Да оној амбасадор кој "лошо" и мисли на Македонија, ни ја пренесе веста од која не бевме изненадени а ниту шокирани, дека нашите од ДИК си дале 16 плати за нив.
Плати кои се сон за обичниот Македонец и работник, тие си ги делат како од шала.
Биле под стрес ? Ех, еми стресот што го трпи обичниот наш работник, заслужува 48 плати, а не како нив 16.

И наместо протести пред ДИК, се дур овие не си поднесат оставки и им се забрани било каква политичка дејност во Македонија, ние се задолуваме со тоа што можеби ќе ги вратиле парите за хуманитарни цели.
Во Романија за многу помал скандал, цела Романија се крена на нозе, и ги направи истиве политичари пензионери од политиката.А Македончето молчи, ги нема шарените куртони со нивни анализи.
Се исмеваа на одредена пратеничка, а во првата прилика што ја добија , заедно со неа го крадеа буџетот на државата.

Затоа воопшто нема што да се чудиме како не стрижат како овци, бидејќи Македонецот на жал држава и не заслужува.

Monday 4 December 2017

Борис Дрангов


Борис Стојанов Дрангов е бугарски офицер (полковник) и воен педагог.




Борис Дрангов е роден 3 март 1872 во Скопје, во семејството на Стојан и Ѓурѓа Дрангови.

Татко му е богат трговец со дрвен материјал.Завршува пети клас на егзархиското педагошко училиште со одличен успех.Во 1891 година е примен во Военото училиште во Софија.


Во 1894 година по конфликт со офицер и со наредбата № 63 од 10 јуни Дрангов бил преместен во 3-от коњички полк во Пловдив. Неколку месеци подоцна на 11 октомври со наредбата № 112 казната му е укината и го продолжил своето образование во Военото училиште. На 1 јануари 1895 година го стекнал првиот офицерски чин - подпоручик и назначен за помлад офицер во 3-от коњички полк во Пловдив. На 21 јануари 1893 година со наредбата № 3 е назначен за помлад офицер во четвртиот ескадрон на 2-от коњички полк во Лом. На 1 јануари 1899 година со наредбата № 2 е промовиран во чин поручик.


Во Лом младиот офицер се запознава со Рајна Денкова Попова - ќерка на Денко Николов Попов кој бил војвода во четата на Дедо Иљо Малешевски.

За време на Илинденско-Преображенскот востание Дрангов ја напушта својата воена служба и заедно со останати офицери заминуваат за Македонија, каде за што собира чета од 120 луѓе кои преку планината Плавица, Кратовско навлегува во Македонија.

На 17 август тој испраќа писмо до сопругата во кое пишува


" Во овој свечен миг, јас, без да се колебам, ја поставувам Татковината повисоко од семејството, неговата доброчестина погоре од нашите лични добра".



Во 1904 година како поручик во 2-от коњанинчки полк е испратен на доосувршување во Николаевската генералштаб академија во Санкт Петербург, Русија, а во меѓувреме на 3 јануари 1905 година е промовиран во чин ротмистар. Во 1907 година завршува академијата со награда и се враќа во Бугарија за да ја продолжи службата во армијата - 6-тиот пешадиски, а потоа во артилериски полк. За кратко време е назначен за професор на Школата за резервни подпоручици во Књажево, а потоа е ескадронен командант во 10-от коњички полк во Шумен. На 4 септември 1910 година е промовиран во чин мајор и е назначен за професор по тактика во Военото училиште во Софија. Во овој период почнува да пишува за воени изданија, претежно во списанието "Народ и армија".

                 ( Илустрација Илинден посветена на Борис Дрангов)

Во Балканските војни (1912-1913) бил началник на штабот на 1-та бригада при 1-та пешадиска дивизија. Спечалил повеќе победи - кај Гечкинли (22 октомври 1912), Чаталџа (17 ноември 1912), Едрене (13 март 1913), Селиолу, Ескиполос и Петра. При освојувањето на Селиолу лична предводел една дружината во напад. За својот хероизам е награден со орден "За храброст" IV степен.

Во Втората балканска воjна се борел со Србите кај врвот Бублјак.

Борис Дрангов (1872-1917), командант на 5-от македонски пешадиски полк, им се обраќа на војниците

Офицери од 11-та пешадиска македонска дивизија, на левата страна од попот e полковникот Борис Дрангов

Поради своите критични статии за воениот министер генерал Иван Фичев и инспекторот на коњаницата генерал Александар Танев е даден под суд. Случајот започнал да се разгледува на 18 февруари 1914 во Пловдивскиот воен суд. На 25 февруари Дрангов е ослободен, но Пловдивскиот воен обвинител на 12 март го доставува обвинението пред Главниот воен суд во Софија. На 16 април случајот против Дрангов бил продолжен. Неговите доброволни бранители биле професор Моллов и о.з. полковник Топалов. Пресудата повторно оправдателна, но Дрангов паѓа во немилост, неговото унапредување се забавува и тој е испратен да служи во голем број градови во покраината.

На 19 февруари 1915 година со наредба, која влегува во сила од 15 февруари е промовиран во чин потполковник. На 2 септември 1915 година со наредба № 420 се формира 11-а пешадиска дивизија - наследник на Македонско-одринското ополчение. Во составот на дивизија влегуваат 1 артилериски и 6 пешадиски полк, а потполковник Дрангов е назначен за началник на 5-от македонски полк.


Во Првата светска војна (1915-1918), како командант на полк, од дивизија, која е составена скоро целосно од необучени Македонци, Дрангов успеал за кратко време да ја претвори во военоспособна борбена единица. Учествувал во борбите при Калиманци, Кочани и Штип. На 25 ноември 1915 година со ноќен напад под негово раководство е освоено Градец. Во февруари-март на 1916 година полкот под негова команда се наоѓал источно од Петрич. Таму по идеја на Дрангов (на земјата на денешното село Дрангово, старо Покровник) во овој период се гради споменик-фонтана на загинатите војници и офицери од 5-от пешадиски македонски полк, на кој е напишан следниот натпис:1916 на паднатите јунаци од 5 от. Македонски полк

Големите жртви на офицерскиот состав на бугарската армијата, допринеле во мај 1916 година да се создаде школа за резервни подпоручици во Скопје. На 15 мај за началник на школата е назначен потполковник Дрангов. Тој ги напуштил редовите на 5-от македонски полк и заминал за својот роден град. На 17 мај школата е свечено отворена и во неа пристапуваат 1053 младинци. Таму Дрангов ги искористил својот авторитет, ораторско мајсторство, отвореноста, чистосрдечността и личниот пример, за да ги спечели младите офицери.

Учениците ги добиле своите чинови на 17 септември, откао успешно завршиле 876 души. На 21 септември 1916 година, откако школата е затворена, Дрангов ја заземал должноста началник на штаб на 1-та пешадиска дивизија и околу 6 месеци е борбените полиња на Добруџа во кампањата против Романија. На 18 март 1917 година ја презема командата на 9-от пешадиски пловдивскиот полк од 2-та пешадиска дивизија. Се бори на Јужниот фронт.

На 26 мај 1917 во артилериски напад, потполковник Дрангов е тешко повреден и вечерта умира. Погребан е во дворот на црквата "Свети Димитар" во Скопје, но подоцна српските власти ги преместиле неговите коски во градското гробишта. На 20 јули 1917 година посмртно е унапреден во чин полковник.


Борис Дрангов покрај своејата воена дејност, многу полагал и на едуцирањето, па така напишал многу статии во весниците  Военен журнал“, списание „Войнишка сбирка“, вестник „Военни известия“, списание „Войн“, весник „Военен глас“, весник „Подофицерска защита“, списание „Свободно мнение“, списание „Народ и армия“, весник „Военна България“ и др.
(Дрангов Лист, весник во еден број целосно посветен на ликот и делото на Борис Дрангов)

Исто така има пишано и книги кои опфаќаат воена тематика :


Подобна програма за обучување на млади војници и редници, Лом, 1898
Јунаци исполнете клетвата, Лом, 1901
Тактика, София, 1912
Походот на Наполеон в Русија, Софија, 1912
Помни војната, Скопје, 1916
Психологија на групата и колективот , 1940



Цитати на Борис Дрангов :

"Животот не се мери по должината, по години, туку по дела, по подвизи"

"Човек е роб на својата воља, но господар на своето дело"

"Прави се силните, живеат достојните, господаруваат побединиците"

Песна посветена на Борис Дрангов :

Гордеј се мајко Македонијо
со својте синови герои герои герои !
И Ниш и Пирот поминавме 
пред нас е Солун трепери ! 
Французи Англичани бегат, 
не чекат нашата ура ,
остават нивните окопи покрити с тељени мрежи !
Победоносно поминавме вардарските долини ... 

Со нас е потполковник Дрангов 
прочут македонски вожд  и тој с револвер в раката  командваше напред на НОЖ НА НОЖ НА НОЖ ! 
И сегде врагот победивме сега се врштаме дома , 
там кајшто наште мајки чекат својте синови ГЕРОИ !!!



Sunday 3 December 2017

Национален став (3)

Со подолго чекање од оправдани причини, конечно шанса да го напишам третиот текст од серијалот Национален став, и како Македонците кризираат по тоа поле.

Тема на овој Национален став ќе се бранителите и нивната приказна.

Во 2001 година како што на сите нас ние познато се водеше воен конфликт помеѓу Македонија и ОНА (Ослободителна Народна Армија) или поточно кажано Косово, а индиректно помогнати од Србија (колку и да звучи чудно, на жал тоа е факт).
Војната се водеше долг временски период, и освен во Арачиново и заседите , нашите безбедносни сили ги добија сите битки и фронтови против ОНА.

Колку и денес таа војна да се потенцира како граѓанска, самото име на воената формација покажува дека таа се борела со ослободување а не за граѓански права, но можеби во некој нареден текст, сега не е наменето за тоа.

И иако нашите бранители не одбранија од сепаратистите , терористите и агресорите, тие не успееа на жал да се одбранат од самите себеси и од луѓето кои по воениот конфликт ги одбраа партиите, политиката и нивните ситни интереси над заедничката борба.

Бранителите во Македонија на жал не добија никакви права и привилегии кои ги заслужија со ставањето на сопствениот живот на коцка за одбрана на териотријалниот суверинитет и интегритет на нашата земја.
За разлика од останатите земји каде што бранителите делуваа заедно со оние кои ги бранеле, кај нас бранителите беа оставени сами да се борат за своите права, без никаква поддржа од својот народ, од луѓето кои се од нивен род.

Додека ОНА доби целосна поддршка од нивните поддржувачи добивајќи права кои по ниту една логика на нештата не ги заслужуваат од Република Македонија, припадниците на АРМ и МВР не добија ништо.

Но разликата зошто ОНА за разлика од АРМ и МВР доби права  е во фактот што дур нашите бранители маршираа сами, сеператистите маршиаа со сите оние кои ги поддржуваат нивните идеали и цели.
Тука се покажува фактот, немањето на национален став кај нашиот народ, кој е опериран од тоа чувство, за разлика од противникот за кој националниот став е светост.

Друг значаен фактор е што огромен дел од бранителите формираа здруженија по наредба и слугувајќи на партиите, а дел од нив формираа здруженија кои не делуваа заедничко како што делуваат на пример во Хрватска.
Со тоа тие губеа сила , имаа маргинални и бедни протести, со што не беа загрозени политикантите да им удоволат на нивните барања.

Единственото малце посилно и активно здружение во 2011 направи фатална грешка, прераснувајќи во политичка партија, со што се уништи самото себеси и својата моќ.
Не можеа најверојатно да разберат дека нивните членови и покрај нивната борба преку здружението имаат едно нешто што е над тоа, а тоа се нивните партиски штабови (на огромна жал).
Се формираше друго здружение веднаш по тоа Одбранбен ѕид, кое служеше и служи на оние кои ги амнестираа нивните непријатели а ги осудија нивните соборци.Која иронија, но на жал идиотизмот надвладеа.

Луѓето над чии што глави летеа куршуми 2001, дозволија оние кои ги направија нивните непријатели, потенцијални убијци дел од власт, додека од нив направија бедни луѓе од 3 ред ви државата, кои немаат никакви права и се нивни слуги.
Како таквите храбри и достоинствени луѓе си дозволија таков пораз, одговорот е едноставен, немање на национален став.

Колку и да е болно, сепак на жал е вистинито.