Tuesday 16 June 2020

Повик за правда, будење на народот ?

Конечно после долго време во Македонија се случи протест кој имаше смисла, организираност, цел, јасна визија, луѓе кои не се изгубени во времето и просторот ,барајќи правда.

Прв пат после 2017 година се виде духот на првичните прави и единствени Тврдокорни, организиран протест каде што луѓето се дел од организиран систем, со јасни барања, со јасна хиерархија на протест, со дрескод, со јасно скандирање, марш достоинствен и партиортски.

Сепак протестот покрај од правите екс Тврдокорни беше организиран и од останати луѓе кои не беа дел од организацијата, но ги имат прифатено нејзините начела за достоинствен протест.

Овој повик на правда беше гласен, јасен, моќен и ќе биде секако чуен од оние од власта, кои ќе мора да се преиспитат на кој начин се води судството во Македонија.

На протестот беа присутни и дежурните организатори на протести кои никогаш не собрале повеќе од 30-40 луѓе, кои организираат и протести против вакцина која не постои, па можеби доколку имат доблест и патриотизам како што тврдат, ќе се повлечат и никогаш повеќе нема да бидат дел од политичкото организирано движење кај нас, каде што тие прават само штета.


Она што треба на сите да ни биде јасно, Македонија и македонскиот народ се изморени од политиката, разочарани, но воедно тие се спремни доколку има соодветна групација, која нема да биде политичка партија, туку граѓанска организација или патриотско здружение, национална организација, водена од групација на луѓе кои нема да држат проповеди на телевизија, нема да бидат лажни месии , спасители, туку ќе бидат луѓе кои ќе делуваат како дел од народот, во сенка, но со акции и дела за спас на државата од бедата во која живее.

Народот чека и ќе биде дел од организирана борба предводена од луѓе кои не сакаат да бидат на телевизија, да се претставуваат како лидери со моќни говори, гласни пораки, туку бараат луѓе кои ќе работат на улица, во народот, со пропагадни материјали, организирани мирни протести,  кога ќе увиде дека има луѓе кои се борат за нив, а не за власт, за влез во парламент, за патни трошоци, кога ќе видат дека има луѓе и млади кои се спремни да се жртвуваат и бeз да барат привилегии за возврат, кои ќе делуваат во сенка без да го промовираат своето име, народот ќе ги следи, ќе започне со нив нова револуција, која засекогаш ќе ја промени Македонија во вистинска насока.


Tuesday 9 June 2020

Чиј живот вреди повеќе ?

Периодот кој изминува сме сведоци на една хистерија и лудило која ни се сервира преку медиумите и социјалните мрежи за наводен расизам во САД, расизам кој постои само во нивните глави бидејќи самиот чин на убиство нема никаква врска со расизам или расистички побуди, туку обична полициска бруталност, која ја среќаваме насекаде во светот.

Самиот чин на убиство извршен од полицаецот е чин на негово самоволие, каде што тој употребува сила за да се покаже колку е јак, а не поради нeкаков расистички мотив, посебно што жртвата е под дејство на наркотици и повеќе пати осудувана личност, криминалец со сериозно досие и престапи во минатото.

Значи краткото резиме е јасно, припадник на црната раса е убиен од полицаец кој е бел, додека другите полицајци кои биле дел од акцијата  има и припаднци  од друга раса, но тоа се замолчува, имаме нереди во кој протестите за некакви права значи , кршење на друг имот, масовни кражби, се под превезот на некаква си имагинарна  борба против расизмот.


Сите загрижени и учени луѓе кои немат прочитано ниту книга и чие што знаење се води по трендовите на Фејсбук и Инстаграм споделуваат поддршка на BLM движењето, кое движење е всушност расистичко, повикува на убиство на бели луѓе, а ги демолираше спомениците ширум САД, дел од нив иронично посветени на припадници на црната раса, кои се бореле за САД и за нивната слобода.


Ако прочитаме погоре ќе сфатиме дека расизмот е само измислен од оние кои против него наводно се борат, односно самиот факт што се гледа бојата на кожата на жртвата покажува дека оние кои се борат за тоа се расисти, без да ја погледнат целата слика.


Од другата страна во Европа имаме храбра и маченика жртва на еден млад Швеѓанец кој заштитувајќи ја честа на едно девојче влезе во борба без да се поштеди самиот себе и за тоа плати со животот, додека девојчето на крај беше најбрутално силувано од мигрант.

Дали тогаш имавме расизам кога извршителот на злоделото е мигрант, а жртвите се припадници на Белата раса ?


Следниот случај е oд Унгарија, каде група Роми напаѓа млади унгарки со цел секусално да ги злоупотреби , двајца млади унгарски партиоти, националисти и родољубци  Лазло Матринович  кој во денот кога се случил чинот го славел својот 16ти роденден и  Гергели Кели дваесет и еден годишен.

Тие двајцата без размислување застануваат во одбрана на честа на своите сонароднички, притоа нападнати од хордата цигани  кои им нанесуваат многу удари по кој тие починале.

За овие случаи нема да прочитате ништо по светските медиуми, на жал за нив не постои ниту реченица, исто како да не се случиле.


Како ли само дојдовме до моментот, човек кој е осудуван за серија криминални дела, со 5 затворски казни при која последниот е напад во домот на бремена жена , кој во моментот на неговото убиство бил издрогиран и имал цел да вози односно вршел криминално дело, да биде светец, херој и во негово име да се дигаат некакви револуции,  чија што цел е уништување на имотот на оние кои чесно го заработуваат својот леб, макотрпно мачејќи се и потејќи се за него, да бидат оправдани.

Од другата страна имаме млади луѓе, без никаков криминален престап во минатото, личности кои застанале во одбрана на девојки, храбро и без размислување се впуштиле во нивна заштита, без да размислат за нивните последици, давајќи го сопствениот млад живот за да заштитат живот на друг, да ја сочуваат женската чест, женската гордост, женското достоинство, тие заминаа без никогаш повеќе да може да се вратат, достоинствено и херојски, маченички, чие одавање на почит е мирен и достоинствен да бидат игнорирани.

Чиј живот вреди повеќе, животот на осудуван криминалец кој вршел криминален акт кога е убиен и само поради бојата на својата кожа е херој или животот на млади тинејџери кои без да размислат ниту момент, застанале во одбрана на друг живот, во заштита на  чистотата на девојчиња кои  ќе биле брутално силувани (на жал едниот случај тоа и се случило) и кои за цел живот ќе се соочувале со трауми поради тоа, кој вреди повеќе, оној кој се жртвува самиот себе за другиот или оној кој целел да го уништи животот на другиот ???

Вечна ви слава јунаци, со вашата храброст и самопожртвуваност покажавте и докажавте што значи да бидеш горд , европски патриот и националист, почивајте во мир, го заслуживте тоа.




Sunday 7 June 2020

Политиканството не убива

Политиканството убива тоа е нешто кое е многу пати кажано овде на блогот, но овој пат политиканството почнува да си го зема својот данок во човечки животи, секојдневно луѓе ќе се разболуваат и умираат поради политиканството на двете најголеми политички партии кај нас.


Изборите ќе го земат својот данок, Македонија го има потенцијалот кога веќе сите почнуваат да се спремат за нормален живот ние да бидеме новите Италија, Шпанија во моменти кога кризата завршува.


Не заборавајте дека и оние за Живот и оние за Обнова се во заедничка коалиција на власт во таканаречената техничка пржинска влада, само за потсетување  дека нивните пресконференции се фарса.

Кога беше времето за полициски час за Рамазан, оние од Животот се усраа дека ќе ги изгубат гласовите на нивните најверни гласачи, а од друга страна мораше  да се правда пред православниот народ кој го тероризираше, а пак овој за Обнова сакаше да го укине полицискиот час и за да им се додвори на оние гласачи, ем да ги привлече православните, демек е способен и вовел ред во државата.

И дур тие тераа политиканство, за да освојуваат гласови, без никаков ред и поредок, брзајќи за избори и во поткопување на гласовите за нив, државата се соочи со пукнување на криза која е поголема од онаа која ја имавме кога таа беше заедничка на светско ниво, броиме рекордни заболени, броиме жртви,  а решение немаат бидејќи тотално се изгубени, прости и неспособни.


Наместо државничка политика и решавање на кризата од корен, ние гледавме како да добиваме гласови, е сега добивањето на гласови ќе не направи затвореници во сопствената држава во 21ви век.

Затоа сега кога ќе се изборите , кога и да се, паметно размислејте два пати, дали ќе одите и ќе гласате за продолжување на овие политикански игри кои ве убиваат буквално или ќе почнете да размислувате за делување на улица и за градење на одговорна и државничка политика.