Wednesday 28 June 2023

(НЕ)СУДЕНАТА ГРАЃАНСКА ВОЈНА

 Поминаа настаните во Русија со бунтот на воената формација (приватна воена фирма) Вагнер Груп која започна воен бунт против руската воена власт за ситуацијата на фронтот во Украина, ова наиде на голем шок прво кај русофилите, но и на изненадување на самиот Запад кој беше затекнат од настаните.


Беше интересно да се види како русофилите останаа затекнати од бунтот и (не)судената граѓанска војна , беа толку затекнати и збунети што немаа претстава што им се случува, нивната моќна Русија која само што не стигна до Берлин беше пред работ на граѓанска војна, немаа своја страна, за нивна среќа ова траеше само еден ден, па воздивнаа од тешки интелектуални размислувања и пресудувања за кои не се способни ,  за тоа која ќе биде правата руска страна.


Од друга страна Западот се покажа наивен и лицемерен, поддржувајќи ги Вагнер Груп со цел да има поголемо крвопролевање на Истокот, пред се Русите, непознавајќи го рускиот ментален склоп, покажувајќи дека нивна цел не е мир туку што повеќе жртви, но за тоа во некоја друга прилика.


Што е единственото нешто кое е кристално јасно како бел ден од целата ситуација, тоа е дека Русија ја губи војната во Украина, дека нема компас, дека не знае што прави, жилавиот и бескомпромисен отпор на Украинците е нескршлив, без разлика колку и територија во моментот да има изгубено Украина, сепак во целата ситуација на моќ и очекувања за одвивање на војната, Украина е многу поблиску до конечната победа отколку Русија, ако воопшто може да има таква победа во оваа војна.


Русија покрај тоа што покажа дека дефинитивно во моментот ја губи војната, покажа уште една слабост која во руската култура секогаш значела пораз, тоа е немањето на култен лидер кој ќе ја води битката до крај, Русија кога немала лидер кој е авторитетен и силен секогаш запаѓала во кризи, а Путин од најавторитетниот лидер на Русија во историјата после лошата проценка за напад на Украина го изгуби својот култ, целата надеж потајно кај многумина беше во Пригожин да биде новиот култен лидер кој ќе ја поведе Русија во победа, како единствен кој покажуваше сериозни резултати на фронтот но и тој го немаше капацитетот и способноста да оди до крај во тоа што го започна, со што и тој самиот се обезличи на фронтот.


Во битката на Путин и Пригожин имаме двајца губитници , едниот покажа дека нема авторитет врз неговите воени единици, губејќи ги на фронтот Вагнер, можеби и единствената воена единица која покажуваше решителност, храброст и волја на фронтот од руска страна, ставајќи се самиот себеси да зависи од чеченци и останати воени единици кои до вчера беа главни непријатели на рускиот народ, од другата пак страна сите успеси кои ги има Пригожин на военото поле ги фрли во вода со негово предомислување во последен момент и немањето на сила да оди до крај до Москва, граѓанска војна во Русија во моментов значеше дебакл за Русија во Украина, крварење и преголем влог во кој ни двајцата немаа храброст да се впуштат.


Секој резумен човек знаеше дека Русите во моментот се толку изгубени и никој нема храброст да се впушти во авантурата наречена граѓанска војна, но сепак се покажа јасна поделба која после завршувањето на војната во Украина без разлика на резултатот ќе биде почеток не внатрешна пресметка во Русија, ова е само одложување за некој други времиња.


Она што е најважно е дека покрај се украинскиот народ немаше никакви придобивки од овие настани, нивното останува да се борат да ја одбранат својата татковина од злото кое ги снајде и да ја сочуваат Украина, борбата е пресвета а украинците покажаа како се води до последен здив.


Слава Україні! Героям слава!