Wednesday 28 June 2017

Игри за народот

Историјата е учителка на животот, а од историјата ако сакаш да научиш како размислуваат и делуваат владеачките елити, задолжително е проучувањето на историјата на Римската Империја, нивните лаконски изрази и најмногу начинот на кој владееле нивните владетили.
За Раздели на владеј метод е пишувано повеќе пати, сега следува еден друг метод : Игри за народ, или кога нема леб дај му на народот игри.
Така секогаш кога римските императори имале проблеми и народот немал леб, тие организирале игри во Колосеумите  се со цел народот да заборави на проблемите.
Е кај нас се применува истиот метод, колосеумот наш е Телеком Арена , а гладијаторите и забавувачите се Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Супер куп финалето е само еден дуел со кој сакат да се замачкат очите на обичниот човек од ужасната и катастрофалната ситуација во која се наоѓа македонскиот спорт, ужаост кој е не само резултатски туку и инфрастуктурно.
Македонија и Скопје, но всушност владеачките елити имаа среќа да на Телеком Арена финале играат двата највредни клубови во фудбалот тоа се Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Нивните хотели се полни, такси превозниците кои огромен дел се под нивна контрола ќе имат фулл работа,а за обичниот народ,е тој ќе има игри како во славниот Рим.

И додека започнавме со нашите соседи во исто време градење на спортска инфрастуктура, што направија тие , а што ние.
Ние дур сеуште градиме една Арена, кај нив повеќе стадиони се модернизираа, и за да играш прва лига мора задолжително стадионот да има Рефлектори за ноќни термини.
Рефлекторите кај нас се научна фантастика и стадион да ги поседува е реткост, само три стадиони имат од кој едниот од пред неколку месеци.
Е кај нас уште нема задолжителни гостински сектори, нешто за кое во другите земји во соседствтото стадионот не добива дозвола да се играт натпревари од 4та лига без таков сектор, а не прволигашки дерби натпревари.
Ама ете што е тоа битно, ние имаме Суперкуп во Скопје.
Нивните супер терени и стадиони градат таленти кои ќе бидат носители на играта на светските гиганти и на нивната репрезентација, а ние на нашите деца тотално ги забораваме и поради тоа најверојатно имаме и суша од немање на играчи која трае од самото осамостојување на земјата (а и пред тоа).
Што е битно што нашите деца не тренираат бидејќи на тренерите им е страв дека од неискосената добро трева може да излезе змија и да го повереди на детето кое тренира, кога на Телеком арена дриблинзи ќе прават Кристијано Роналдо и Погба, додека нашите дечиња истите тие дриблинзи и потези не може да ги тренираат поради страв од повреда на несоодветен терен.
А да не збориме пак за трибините, на повеќе од половина стадиони трбините се со изразснати треви, немат столови ниту соодтвени седишта,  немат соодтвено ВЦ, може доколку не внимаваш и да се повредиш.
Да напоменеме дека нема и гостински сектор во кој навивач од друг град ќе може да отиде да го гледa својот локален тим и даде поддршка на нашиот фудбал, наместо да гледа во спортска обложувалнива или дома натпревар на Телевизија.
А за квалитетот на терените да не стане ниту збор, при првиот дожд терените се несоодветни за развивање на фудбалска игра.
Во соседството се преокупирани со правење на услови да се развиваат играчи , а ние на жал сме горди што ќе гледаме Супер куп финале во Скопје.
Да тој настан е одличен, но прво кога ќе средивме се друго што го уништува нашиот македонски фудбал, кога ќе направивме услови да се развива фудбалската игра насекаде во Македонија, па тоа да дојде како прослава, како цреша на шлагот од тортата.Тоа да беше врвот од позитивната работа на изградба на фудбалот во Македонија, а не мачкање на очи за тоталниот неуспех и беда кои го тиштат мак фудбалот.

Настанот кој го добивме наречен Супер куп Скопје на Телеком Арена, ќе послужи за владеачките елити да ги прекријат своите неуспеси, да го отргнат вниманието на обичниот фан од проблемите кои ги има во секојдневниот живот и нашиот фудбал, а во исто време дур народот заборава дека нема леб, нашите властодржци ќе си го богатат своето и така веќе огромно кесе со пари.
Сите задоволни, а горчливите проблеми остануваат, ама добро бар ќе ги заборавиме на краток временски период.

Tuesday 27 June 2017

Пионерското размислување

По средбата во Софија некако се разбранува пионерското размислување и пионерскиот дух длабоко засаден во битието на Македонецот.
Македонците и Бугарите не можеле да бидат заедно, бидејќи тие "војувале" помеѓу себе, и биле на различни страни од војната (делумно точно, не целосно).
Да ги потсетиме пионерите дека во нивната СФРЈ  по нивна логика и Хрватите и Србите не требаше да чествуват ништо заедно, а не па уште повеќе да живеат во иста држава.
Злосторствата кои се извршени во војната помеѓу Хрватите и Србите (за кои тврди нивната историографија) најверојатно по нивната логика треба да значат дека овие два народа  никогаш повеќе не треба да бидат заедно рамо до рамо, а не да градат заедничка држава под мотото Братство и единство, потоа иронично стана Братство и убиство.
За жал сеуште некој луѓе живеат пред 1989 година, не се известени за падот на Берлинскиот ѕид, не знаат дека одамна комунизмот во Европа падна и дека може да размислуват поинаку од тоа што ги учеле во СФРЈ.
Денес за разлика од нивното време и учење , Македонија и Бугарија повеќе не се непријатели, Бугарија е најголемиот партнер на Македонија, Бугарија ЕУ фондовите за проекти за меѓугранична соработка ги инвестира во Македонија, иако за тоа не е задолжена.
На тој начин многу мали запуштени општини во Источна Македонија  добија пристап до финансиски средства да изгарадат основни проекти што требаше да бидат изградени уште во "моќната" СФРЈ, како што се патишта, канализација, водовод, потоа опремување на училишта, изградба на културни домови и.т.н.
Зошто истите титови пионери не ги споменат злосторствата кои се вршени од народите кои тие ги сметат за братски врз Македонците и по истата нивна логика ние со нив не треба да имаме никакви заеднички односи.
Кога ги нарекуваат Бугарскиот народ фашистички, дали се прават слепи дека и народи од нивната братска Југославија беа на страната на оската па никогаш не беа нарекувани од нив фашистички народи, дали истите пионери знаат дека борбата против оската во Бугарија започна многу пред истата да е во нивната Југославија.
Дали по логиката дека Бугарија е фашистичка (никогаш немала такво државно уредување) го прави СССР капиталистички бидејќи тие биле сојузници со капиталистите во војната ?
Логиката е најголем смртен непријател на пионерите и нивните "аргументи" и "факти".

Saturday 24 June 2017

Историски дилеми

Повторно не мачат историските дилеми, што треба да славиме, како, со кого.
Македонија на жал е заробена од една УДБАШКА историја, која не ни прикажува за настаните реално.Тие сакат Македонецот да биде заробен во едно лажно минато и да биде негов роб.Борбата да се ослободиме од ова духовно ропство е задолжение на секој што ја знае историјата на Македонија.
Последниот настан кој не наврати на овие полемики и расправи е посетата на Заев во Софија.Оваа посета ќе е историска од многу аспекти.
Лавина реакции предизвика поклонувањето на Зоран Заев на споменикот во Софија, каде што пишува Цар Самоил цар на Бугарија.
Многу интересно ми е што никој не спомене зошто на споменикот на Цар Самоил во Скопје не пишува чив тој цар е ?
Важно Македонецот беше преукопиран да го напаѓа "бугарашот" Заев кој се поклонил на споменикот на големиот цар во Софија, поради описот кој го поставиле во Бугарија.
Е сега дали истите знаат дека кога ќе дојде Борисов во Крушево (ако дојде) ќе се поклони на биста каде што јасно ќе пишува : ВОСТАНИЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ (а не на Бугарите).
Значи Борисов ниту ќе го направи востанието бугарско, ниту ќе плукне по споменот на Илинденците како што некој упорно тврдат, тој само ќе одаде почит на храброста која ја имале востаниците, и ништо повеќе од тоа.
Исто така  тој доаѓа да одаде почит на големиот број доброволци од Бугарија кои се бореле за ослободување на Македонија, еден од нив е еден од бардовите на бугарската книжевност Пејо Јаворов, а друг на пример е еден од најголемите а спроед многумина најголемиот бугарски полковник Борис Дрангов кој е родум од Скопје.
Што е страшното во тоа што лидер на Бугарија доаѓа да одаде почит на големиот број бугарски доброволци кои се бореле за нашата СЛОБОДА.Огромен дел од Илинденците се и доброволци подоцна во бугарската армија.

Тоа е голем проблем, а не е проблем прославата на Зебрењак  и Кумановската битка помеѓу Србите и Турците.
Во оваа битка Србите го слават "ОСЛОБОДУВАЊЕТО" на Куманово.Намерно со големи букви го потенцирам зборот ослободување.Значи за тие што не знаат, ослободуваш нешто што е твое, а окупираш нешто што е туѓо.Дали Куманово е српски град ?? Какво ослободување славиме ние Македонците заедно со Србите ? Дали ние сме слободни уште во далечната 1913 година ?
Е сега какви сме за оние кои ја ослободиле Македонија. 
За истите тие ние сме БЈРМ, доаѓаат во БЈРМ, на сите нивни хуманитарни организации кои учествуваат во оваа прослава сме БРЈМ, разбарајте се и ќе најдете.
Значи никаков проблем не е тоа што идат Србите и заедно со наша делегација ја слават нашата ОКУПАЦИЈА, но е проблем тоа што Бугарите сакат со нас да ја слават нашата битка за слобода ?

Споредба да направиме од најблиско минато , поплавите.
Кога беа поплавите во Србија се истепавме помагајќи, а кога имавме поплави овде, Србите не организираа ништо за наша помош.
Кога беа поплавите во Бугарија не помогнавме ништо, но кога беа поплавите кај нас Бугарија ни помогна на нас, а за возврат сите учесници во помагањето на поплавите во Скопје добија ордени во Бугарија, ништо за кое веќе имам објавено на блогот.


Врховистите или кај нас познати како Бугарите или Бугарашите кои се бореле против ВМОРО, всушност не се тоа што ни го претставуват.Дел од ВМОК биле и Делчев, Петров, Сарафов, па и Сандански кој бил директен учесник во едно од врховистичките востанија.
Парите од ВМОК оделе директно во касата на ВМОРО.

Цитат од писмо на Ѓорче Петров 
Ѓ. Петров соопштува, дека има две организации: ВМОРО и ВМОК, коишто се во сојуз, без да претендираат за раководство. Ѓ. Петров и Г. Делчев се задгранични претставници на ЦК на ВМОРО и како такви влегуваат во составот на ВМОК.
Дали и Ѓорче Петров и Гоце Делчев биле бугараши и бугарофили ?????
Всушност врховистите се своевидна коалиција на сите македонски организации кои се борат за слободата на Македонија, и како што кажува самото име ВРХовен (врх-врв(пред јазичните промени 1945)) го претставуват врвот на борбата за македонско ослободување.


Доаѓам сега до Порече и тамошниот масакар, таму Бугарската Армија убива над 103 службеници на српската држава, кои имале српска национална свест.За нив го имаме овој постамент 
 Јас ќе прашам, кога над некоја фурна ќе поставиме ваква плоча на кој ќе пишува : Во оваа фурна беа печени македонски млади деца од страна на српската гнасна рака ! ?
Ќе направиме ваква плоча во чест на младите Македонци кои беа печени живи од страна на српскиот окупатор ?
Токмакот ќе постави плоча над некоја фурна за тие деца ?

Една од прославите на која присуствуват антибугарашите на Токмакот  е битката на Ножот, славна битка која ја водела ВМОРО против Турците.
                           (телата на јунаците кои загинаа на Ножот)
Дали токмаците на плочата посветена на нив ќе напишат: Предадени на Турците од страна на српските агенти и шпиони ?? 

Ќе споменат нешто за постојаните свиркања на Србите кај Турците за делувањето на четите на ВМОРО ? Бугарите никогаш не предале ниту една чета на ВМОРО и тоа е историски факт.

Ајде одиме понатаму , учебник по историја во Србија.
Значи според српските историчари во Македонија се бореле Бугарите од ВМОРО и Србите од  Српски комитет на четничка акција.
Немавме ниту една реакција ниту од македонските историчари, ниту од владата, ниту од загрижените патриоти за Македонија и нејзиното губење на нејзиниот идентитет.

Исто така во Белград беше променето името на улицата на Гоце Делчев со образложение дека тој бил бугарски националист, кој се борел против Србите.Интересно е како на тоа реагираа бугарските историчари, а македонските молчеа, не спомнаа ништо.
Гоце Делчев био је великобугарски националиста и члан ВМРО, организације која је крајем деветнаестог и почетком двадесетог века била продужена рука Бугарске на простору србске Македоније и чији је рад био у директној супротности са србским националним интересима. „Унутрашња македонска револуционарна организација“ (ВМРО) основана је 1893. године у Солуну као организација чији је званични циљ био добијање аутономије за македонску и једренску област унутар Османлијског царства. Комунистички историчари, желећи да промовишу тезу о „вековном постојању македонске нације“, а са друге стране ограничени идеолошким шаблонима, свесно или несвесно превиђају историјске чињенице или их уобличавају и тумаче према тадашњим потребама. Тако, на пример, неки од тих историчара тврде да је ВМРО „аутентични чувар македонске револуционарне традиције“, иако се у званичним саопштењима те организације износи став да су Македонци по националности Бугари, што је само један од многих показатеља антисрбске оријентације ВМРО.
(српски став, не мора да преведувам)
Денес ги гледам македонските историчари го критикуваат договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија, а молчат на сите српски провокации ем се глуви ем се слепи.

Овој четник погоре е Бабунски, борец за Велика Србија, славен од Србите како борец за слободата на Стара Србија ( Македонија). Тој е еден од оние кои учествувале во печењето на македонски деца, и вржел масакри врз недолжно селско население.Нашите историчари ниту збор да изустат зошто тој е славен на големо од страна на нивните колеги во Србија.

Господа македонски историчари вие сте еден голем срам за вашата професија која е учителка на животот.

Да не заборавиме и за нашата православна црква, дур Србите не ни ја признаваат црквата и сметат дека нашите цркви се дел од СПЦ (а со тоа индиректно и дека Македонија е Стара Србија), Бугарите не прават никаков спор, иако огромен дел од македонските цркви, речиси сите пред 1913 се изградени од БПЦ и Бугарската егзархија.


Заклучкот е , Србите не нарекуваат БЈРМ а Бугарите Република Македонија, за Србите црква немаме, а Бугарите се горди што црквите изградени од нив се на МПЦ-ОА, Бугарите помагаа кога е најтешко а на крајот од приказната Србите се браќа а Бугарите ни се смртни непријатели.

Мора да се ослободиме од духовното ропство на УДБА, за да можеме да изградиме силна македонска држава.

Ова нека е крај, бидејќи може да се напише многу на оваа тема, за која може да се пишува до недоглед.





Слобода на говорот

Повторно се наметнува прашањето за слободата на говорот, што всушност смееш да изјавиш а што не, кои вредноси се добри за промовирање а кои забранети.
Вчера читавте објава која беше споделена од мене за претрес по домот на германски национални активисти поради прешкрошен акт : говор на омраза.
Но имаме се повеќе колумни во кои се прмовираат права на педофили, една веќе ја бранува Македонија.
Сега логично е да си го поставиме прашањето, ако промовираме "права" за нешто громорозно сме ин, а од друга страна ако шириме "омраза" нагласувајќи проблеми со кои се соочува земјата, сме криминалци и неподобни во општеството ?
До кога со овие двојни аршини ??
Дали некоја организација и некој од многуте борци за правата на децата ќе излезат со свој став и осуда на оваа громорозна колумна, или ќе замолчат се со цел да не се судрат со "маргинализираната" ЛГБТ(П) заедница.
Реакцијата против оваа колумна најверојатно ќе ги направи дивјаци осудени од страна на либералите и марксистите.

Марксистите на нивниот портал не научија дека педофилите се "маргинализирани" и "обезправени" луѓе, кои имаат право на сексуална страст.
Сексуалноста над рационалноста

Дека до ова ќе дојде за оние кои редовно го читаат мојот блог беа запознаети уште на самиот негов старт, односно во првите мои текстови беа наменети токму за оваа тема.
Успесите на модерниот свет

Тие не знаат за доста, нивната одвратност нема крај, само ние здравите луѓе можеме и мораме да се спротиставиме на ова лудило наречено Модерен свет.

Friday 23 June 2017

"Демократија " во Германија

Во Германија се извршени рации во домот на 36 лица  поради  сомнение за говор на омраза кои го шират на социјалните мрежи.
Причината се должела на фактот што се ширело исламофобија преку таквите статуси и коментари.
Постојат предлози за сите коментари кои се нарекувани како фашистички или крајно десни да бидат бришени во рок до 24 часа.
Како прашање до истите кои се борат за слобода на говорот е: Како може да имаме слобода на говор кога одредени политички мислења се забранети без никаква основа, односно дека вие немате аргументи да ги побиете ?
Дали забранувањето на политичко делувења на организациите од третиот пат или крајната десница е демократија ?
Линк од веста

Tuesday 20 June 2017

Изгреј зора на свободата

Изгреј, зора на свободата,
Зора на вечната борба.
Изгреј в душите и срцата
на всички роби по света!

Тирани, чудо ште направим,
Ниј чуждо иго не трпим,
С јунашка крв ште ви удавим,
И пак ште се освободим!

Јунаци смели пак развиха
Окрвавени знамена,
Комити нови забродиха
Из македонската земја.

Тирани, чудо ште направим
Ниј чуждо иго не трпим,
С јунашка крв ште ви удавим,
И пак ште се освободим

Ечат гори, полја, балкани
От бојни песни и Ура,
Сноват борците-великани:
Напред, готови за борба!

Тирани, чудо ште направим...
Ниј чуждо иго не трпим,
С јунашка крв ште ви удавим,
И пак ште се освободим!

Нас ништо веч не ште уплаши,
И т'ј живеем ден за ден...
Свештени са горите наши,
Из тех свободни ште измрем!

Тирани, чудо ште направим
Ниј чуждо иго не трпим,
С јунашка крв ште ви удавим,
И пак ште се освободим!

Friday 16 June 2017

CasaPound- Manifestazione contro lo Ius Soli sotto al Senato

Протести организирани од страна на CasaPound против тоа мигранти да добиваат италијанско државјанство.






























Видео 1Видео 2

Thursday 15 June 2017

Тиквешко востание



15 Јуни 1913 година започнува првиот бунт против српската власт, кој започнува во Тиквешко и е познато како Тиквешко востание.
Востанието започнува како резултат на обидите на српските власти присилно да го србизират локалното население.
При тоа тие правеле ѕверства врз локалното население.
Така едно момче по име Александар Видов, е убиено само поради тоа што изјавува дека не се чувствува како Србин. Една млада невеста од Ваташа, веднаш по нејзината свадба е силувана од страна на српскиот поручник Милан Крековиќ. Била убиена и цела турска фамилија од педесетина члена, меѓу кои и деца.
Централниот Комитет на ВМОРО го испраќа својот член Петар Чаулев кој има средба со Јовче Шкатров, а при нивните консултации е донесена одлука за дигање на востание.
Во Април и Мај 1913 г. ВМОРО е спремна да дигне востание во Тиквешко против спрскиот окупатор. На 26 Мај раководството на организацијата во Кавадарци заедно со Централниот комитет донесуват одлука во Тиквешко да се придвижат четите на Марко Иванов, Милан Матов, Панајот Карамфилович, Петар Чаулев, Милан Грлуков и други. На 29 и 30 мај е свикано собрание во село Бегниште, на кое што присуствуват 60 претставници на сите села во Кавадаречка околија. За подигање на востание гласат едногласно сите делегати. Избран е револуционерен штаб, во кој што влегуваат Михаил Шкартов, Лазар Банјански, Христо Михов, Коце Сеизов, Атанас Мурджев, Тодор Камчев, Пано Измирлиев, Мело Јанев, Тодор Мицев, Глигор Линин, Ефтим Манев, Дончо Лазаров, Васил Саздов, Димитар Пинджуров, Атанас Божков, Трајчо Трушијата, Гошо Голев, Јованче Шошев, Милан Атанасов и Милан Ацев.
Востанието започнало на 15 јуни 1913 година, и покрај Неготино и Кавадaрци ослободени се и педесетина села Тиквешија. Четите на војводите Дончо Лазаров и Михаил Шкартов ги напаѓаат и ги протеруваат на српските војски од Неготино. Српските власти испраќаат свои чети од околните села кон Неготино, но сите тие се разбиени. Востаниците продолжуваат понатаму и на 19 Јуни успеваат да ги протераат српските чиновници и писари од општинската зграда во Кавадарци и симнувајќи го српското знаме, го поставуваат тиквешкото револуционерно знаме. На 20 јуни е одржано и свечено собрание на коешто е избрана и градска управа составена од 12 видни кавадарчани.
Слободата траела само седум дена, кога Србите испраќаат голема војска предводена од Василие Трбиќ како и од Јован Бабунски и Јован Долгач
На помош на српската војска иде и башибозук на Јаја Ага со 250 вооружени души. Тиквешките востаници, заедно со четите на војводите Христо Чернопеев и на Петар Чаулев се оставени сами на себе во обидот да се соочат со српската војска, но не успеваат во своите напори. Во востанието загинале околу 1.000 тиквешани од коишто на 500-тина имињата со сигурност им се знаат меѓу кои голем број мажи, жени, деца и старци биле убиени, заклани и живи изгорени.
150 кавадарчани се врзани на колје во центарот на градот и се оставени да висат 30 часа под пеколното сонце, а после тоа заедно со уште 50 други кавадарчани се одведени во месноста Полјаната и стрелани. Запалени биле над илјада куќи, а околу 2.700 луѓе биле затворени. Војската вршела страшен терор и во реонот околу Криволак - колеле луѓе, а во фурни ги гореле децата.




(теророт врз локалното население по задушувањето на востанието)

Wednesday 14 June 2017

НАТО


Со доаѓањето на нова власт во Република Македонија на големо почна да се дискутира шансата Македонија да влезе во НАТО под привременото име БЈРМ.
Тоа ја разбранува дискусијата за членство на Македонија во НАТО , дали ќе имаме придобвки или не, и дали влезот во НАТО значи влез во ЕУ.
Како најгласни критичари на НАТО се јавија титовите пионерчиња.Истите кои заборавија кој градеше ѕидови, сега  исто така заборавија дека нивниот лидер и вожд Тито ја внесе Југославија во НАТО, преку така нареченото Јужно крило на НАТО (иако поради својот политчки систем Југославија не беше официален член на НАТО, во случај таа да беше нападната со потпишаните договори таа ќе беше одбранета од страна на НАТО).
Моќната ЈНА  со која се гордеат титовците, беше финансирана и вооружена од САД и НАТО.
Од кога ги разобличивме лагите на титовистите кои не знаат ништо друго освен да лажат бидејќи таков им е генот лицемерен, да направам мала анализа за Македонија и НАТО.

НАТО е воен сојуз кој има 29 земји членки.Во Македонија поголемиот дел од народ мисли дека мора влез во НАТО за да си дел од ЕУ.Но тоа не е точно.
Имаме земји кои се членки на ЕУ а не се во НАТО, како Финска, Шведска и Австрија и обратно имаме земји кои не се членки на ЕУ а се дел од НАТО како што се Норвешка и Исланд.
Вреди да напоменеме дека Исланд нема своја армија по во тој поглед таа цела своја безбедност ја темели на НАТО сојузот.
Со тоа што веќе го напоменавме во врска дали членството во НАТО значи полесен влез во ЕУ лесно може да заклучиме дека секоја нормална држава влезот во ЕУ или НАТО го согледува од националните интереси и што придобвки ќе имат од влезот во еден од овие два сојузи.
Влезот во НАТО носи одредени обврски, како прво плаќање на чланарина, потоа во случај на војна во која ќе биде вклучен НАТО, Македонија како дел од овој воен сојуз ќе мора да испрати свои војници на фронтот.Така ќе се вклучиме во војна која воопшто не е наша ниту ќе имаме корист од неа, а во тој воен конфликт може да гинат наши војници.
Но од друга страна ако ја погледнеме геостратешката игра, Македонија е опколена од земји кои се дел од НАТО.Македонија на жал е премно слаб играч за да остане неутрален, што е еден голем проблем за нашата земја, а посебно знаејќи ги фактот дека имаме премногу  корумпирани политичари.
Сепак  не треба да заборавиме Македонија има договор со САД, кој го имат потпишано само Македонија и Израел, со кој САД се обврзува воено да интервенира во случај Македонија да биде нападната.
И сега логично се поставува прашањето, ако имаме таков силен договор потпишан со САД, дали е морално да бидеме членки во НАТО, кога имаме договор што вреди многу повеќе од НАТО и договор кој од Македонија прави безмалку 51 држава во составот на САД ?
Одговорот е многу комплициран и зависи најмногу од нашите политичари и начинот на кои тие ја водат својата политика, ако се послушни играчи на САД, и со фактот дека палатата на Кале е центарот на САД за овој регион, Македонија може да биде мирна, но доколку македонските политичари сакат да го променат курсот со кој се движи државата, тој договор од страна на САД може многу лесно да се раскине и повлече.Со тоа Македонија ќе стане ранлива земја без никаква заштита.
Затоа Македонија мора да води многу внимателна и силна надворешна политика, со која таа ќе ја гарантира безбедноста на своите граѓани.Се дур Македонија го има во фунцкија договорот со САД, членството во НАТО е само формално прашање.

Tuesday 13 June 2017

Државни симболи


Секоја држава ја распознаваме по нејзините симболи а тоа се знамето, грбот и химната.
Тие се одлика на тоа каков народ живее во државата.

Е сега нашите државни симболи се приказна сама за себе.

Знамето на Република Македонија е осум крако сонце на црвена позадина, кое е осовено на 5 Октомври 1995 година, знаме кое е дел од промените од македонско-грчкиот договор за добрососедство.

Ова знаме сепак не ја исполни својата задача да биде национално знаме.
Многумина го форсираат знамето со црвена основа на која се наоѓа Кутлешот како национално знаме, но и тоа знаме создава поделба помеѓу Македонците.

Како најсоодветно знаме се наметнува знамето на првата независна македонска држава НДМ, кое е црвено со црно, ваквото знаме сега е користено од страна на партијата ВМРО ДПМНЕ.
Знаме кое е користено од страна на сите борци за независна и самостојна Македонија, и знаме на првата македонска држава НДМ.

Mакедонија како земја сеуште живее во рамки на комунизмот, а за тоа најголем доказ е грбот на Македонија.
Официалниот грб е истиот комунистички грб кој го имаше Македонија во рамките на СФРЈ, само што по одреден временски период е отстранeта црвената петокрака.
Овој е класичен комунистички грб, со комунистичка симболика, изготвен по пример на грбот на СССР.
Босна и Херцеговина го отфрли комунистичкиот грб, иако таму имаше големи полемики поради застапеноста на 3 големи етникуми.

Последниот предлог за промена на грб беше во 2014, кога вледеачката ВМРО ДПМНЕ изготви и силна кампања за промоција на грбот, но тоа се заташка и стави под тепих поради политичката криза.


Новиот дизајн на црвениот лав е базиран на историските грбови, илустрациите на Верланд од 1481 и грбовникот на Бароад од 1581 кој преку стемографиите на Витезовиќ во 1694 и Жерафовиќ во 1741 станал и земски грб на Македонија.

Златно – жолтата круна која е украсена со бисери и рубини треба да го симболизира републиканското уредување на државата.


Сепак и овој грб беше тема на жестока критика, според многумина дека бил многу сличен со грбот на градот Тирана.

Повеќе од јасно е дека Македонија мора да добие нов грб, а тоа треба да биде еден од многуте грбови кои низ историјата на македонската херадилка, пред се тоа е лавот како главен македонски симбол, а нечесто но многу ретко се среќавале  двоглавиот орел и волкот.


Како македонска химна ја имаме Денес над Македонија, што е химна со добар текст на кој може да има мала доработка, а исто така можеби најсоодветна за македонска химна е Изгреј зора на слободата.


Wednesday 7 June 2017

Унгарска револуција


Унгарска револуција од 1956 или Унгарско востание од 1956 (унгарски: 1956-os forradalom или 1956-os felkelés) — национален револт на унгарската младина против унгарската влада и нејзините политики наметнати од СССР, кој траел од 23 октомври до 10 ноември 1956 година. Иако револтот започнал без предводник, тој прераснал во првата голема закана кон советската контрола,како и на советските интереси во Источна Европа.

Револтот започнал како студентски демонстрации што привлекле илјадници лица кои марширале низ центарот на Будимпешта до зградата на парламентот, разгласувајќи на улиците од комбе со помош на звучници преку Радио Слободна Европа. Студентска делегација се обидела да влезе во зградата на унгарското радио со намера јавно да ги објават студентските барања, но била задржана. Кога било побарано ослободување на студентската делегација од страна на лицата кои однадвор демонстрирале, Државната безбедносна полиција отворила оган од внатрешноста на градбата. Еден студент починал, бил завиткан во знаме и држен над толпата. Со овој настан започнала револуцијата. Со раширувањето на вестите, неред и немири започнале низ целиот град.

Револтот набргу се проширил низ цела Унгарија и владата се распаднала. Илјадници лица воено се организирале и започнале да се борат против Државната безбедносна полиција и советските трупи. Просоветските комунисти и членовите на Државната управа за безбедност биле убивани или затворани, а поранешните затвореници ослободувани и вооружувани. Радикалните импровизирани работнички совети се избориле за локална контрола од владејачката Унгарска работничка народна партија и побарале политички промени. Новата влада формално ја распуштила Државната управа за безбедност, ја објавила својата намера за повлекување од Варшавскиот пакт и се залагала за возобновување на слободните избори. На крајот на октомври, борбите речиси сопреле и состојбата започнала повторно да се нормализира.

По објавувањето на готовноста за преговори во врска со повлекувањето на советските сили, Политбирото ја променило одлуката и решило да ја задуши револуцијата. На 4 ноември, советските сили навлегле во Будимпешта и другите подрачја на земјата. Отпорот продолжил до 10 ноември. Повеќе од 2.500 унгарски и 700 советски трупи биле убиени во конфликтот, а 200.000 Унгарци ја напуштиле земјата. Следните неколку месеци биле исполнети со масовни апсења и јавни оптужби. До јануари 1957, новоназначената влада од страна на СССР ја задушила севкупната опозиција во јавноста. Овие советски активности, иако ја зајакнале контролата над Источниот блок, предизвикале поделба меѓу марксистите во западните земји и придонеле кон значајно намалување на членството во комунистичките партии во овие земји.

Воената интервенција на СССР била стравична, улиците на Будимпешта биле исполнети со крвта на младите Унгарци кои се бореа за својата слобода и црвениот терор наречен комунизам.

Оваа битка на младите Унгарци ќе ја покаже слепоста на Западот за суровоста на СССР, се со цел да не се наруши рамнотежата и поделбата на интереси кои и ја имале САД и СССР воспоставено на Јалта.
Токму ваквата слепост и незаинтересираност на Западот, која вниманието на својата јавност ја одалечувала од Унгарската револуција и ја пренасочувале кон вештачко наметната Суецка криза, довело до тоа да европската јавност воопшто не биде запознаета со борбата на младите храбри Унгарци против црвениот терор.

Унгарската револуција ќе стане еден светол пример за пожртвуваноста на младите Унгарци, за нивната храброст и решителност да се борат за подобро утре на својата такотвина, за тоа како треба да се бори и живее еден млад нормален човек.

При создавањето на Третата унгарска република во 1989, 23 октомври бил прогласен за национален празник.


Sunday 4 June 2017

Терористички напад

Во Лондон повторно е извршен терористички напад за кого сеуште нема одговорни но се претпоставува дека тоа е ИСИС.
Во овој напад до сега загинаа  6 лица, а 30 се ранети.
Ова е втор терористички напад на територијата на Велика Британија за период од две недели.
                                                        (мапа на местото на нападот)