Monday 16 July 2018

Сега или никогаш

Дали е само привремен период или навистина Македонецот се разбуди од сонот и почнува да се бори самиот за себе, времето ќе покаже.

Настаниве последните три дена покажуваат големи промени на расположението на Македонецот и неговото политичко делување.

Тој е изморен од лажните политикантски идеологии и митинзи, знаејќи дека тие не носат ништо полезно за самите нив но и за државата.

Концертите на срамот беа празни, додека протесните маршеви на опозицијата се се помали и без никаква енергија, монотони и досадни.

Затоа пак денес се оддржа еден од најмасовните, по многумина најмасовен марш во поновата македонска историја, во кој се побара правда и конечно правото да владее за сите во Македонија.

Се надевам и верувам со цело срце дека ова е почетокот на крајот на политикантските игри, политикантите повеќе нема да владеат со нашите животи, а нашите судбини си ги зимаме назад, во нашите раце.

Поводот по кој се разбудивме треба да не води напред, потсетувајќи не колку само скапо ја плаќа(в)ме нашата слепост и  кукавичлук.


Македонецот повеќе нема да биде тесто за месење, туку ќе покаже дека храброста и пожртвуваноста на Илиденците на револуционерите не е случајност, и да не заборавиме нивната крв тече во нашите вени, крвта на најхрабрите луѓе кои некогаш оделе по оваа земја.

Ова е моментот во кој е да се биде или не, сега или повеќе ваква шанса за наше спасување нема да имаме, никогаш повеќе.


НЕМА НАЗАД !



Saturday 14 July 2018

Концертите на срамот

Денеска бевме сведоци на концертите на срамот , концерти по многу што се вистински срам за сите оние кои учествуваа во нив, посебно за одредени музичари кои со учеството во нив се посраа на сите свои претходни дела , поради кој биле слушани, почитувани и обожавани од својата публика.

Како може да пеат на било каков настан оддржан од системот  против кој се бореа со своите музички дела, без разлика дали била про НАТО/ЕУ или било каква друга прослава , кога таа прослава го слави системот против кој толку се бореа, нека си ги преслушат своите песни и нека се запрашат што е со самите нив, како станаа тоа што толку го мразеа и плукаа.

Можеа да одбијат кога дознаа за што се работи како што сторија нивни колеги, и тие како нив потпишале договори и ќе се соочат со репресии, али најверојатно парите им значат и вредат повеќе од сопствениот образ.


Самата причина за концертите не е ниту ЕУ ниту НАТО, туку да се прекрие убиството на Саздо, да се прикријат информациите дека правите убијци ја напуштиле државата, дека нема приведено никој туку се лаже со лажни иницијали на сторителите се со цел да се прикријат вистинските, нешто што сеуште кружи само во underground политичките средини и кои тие толку јако сакат да го заскријат, а нели немаа што да кријат ?


Дали од Владата имаа тронка срам кога напишаа Македонија во ЕУ/НАТО кога сами потпишаа дека државата и дома и надвор ќе се вика Северна Македонија, свесни ли се колку самите се издисаа (жаргонски) и сопствените политики, но добро тие немат мозок да размислат за вредностите и што суштински прават, нивниот мозок е заробен и мисли како да краде и да дојде до повеќе пари.


На крај повеќе е од јасно каков блам направија сите изведувачи кои пееа на концерт кој прво има лажен поводо, не Македонија туку Северна Македонија можеби ќе добие еден ден покана и ќе влезе во ЕУ/НАТО, потоа отидоа да пеат да прикријат убиство на младо момче, можеби и фан на некој од самите нив, кој ја слушал  и почитувал нивната музика, а најмногу од се се измочаа на нивните музички дела и самите нивни човечки карактеристики.


Шанса да се корегираат имат во Понеделник, да побарат прошка, да отидат на прв ред и да се борат за Правда за Саздо, да бидат меѓу својот народ и почитувачи, ако не, тие се умрени, нивната суштина и личност се мртви иако физички ќе бидат живи.


Исправате се и извинете се на својот народ, затоа што учествувавте во Концертите на срамот.


Tuesday 10 July 2018

Почивај во мир Саздо

Вчера ја добивме веста која најмалку ја очекувавме и посакувавме да ја чуеме, после  неколку дена водејќи ја својата битка почина Саздо.

Дечко кој беше нападнат на најкукавички начин во однос 3 на 1 плус вооружени напагачи, кои немаа храброста да излезат на фер, со храбро срце како тоа на Саздо.

Неговата смрт е само последица на нихилизмот кој владее во ова општество, на политиканството, на хедонизмот, на бездушноста која одамна е наша главна карактеристика која не краси како колектив.

Многу настани не опоменуваа, ни беа предзнак дека мора да се рeагира, мора да се бара правдата да биде подеднаква за сите, но бевме слепи,  а реакциите на тие кои реагиравме ни беа благи и недоволни.

За смртта на Саздо подеднакво сме виновни сите, бидејќи ако се боревме за правда во случаите кога таа ја немаше пред тоа, кога нападите на големи хорди на поединци поминаа неказнети, требаше да сме свесни , еден ден неизбежно ќе загине некој од оваа негрижа.


Главниот проблем поради кој тоа е така го знаеме сите, е една политичка партија со две свои филијали во македонскиот блок, но нема да споменуваме партии, тие не заслужуваат место во овој текст, за нив ќе бидат посветени наредните.

Лично не сум го познавал Саздо, но сме делиле заеднички животни цели, љубов кон клубот, трибина и најважно од се љубов кон родината нашата света Македонија.


Саздо бил борец, борец на трибина, борец на улица во протестите за одбрана на името, затоа и вреди конечно да се разбудиме и да се бориме да ја добие правдата што ја заслужува и Македонија да ја направиме држава во која ќе владее правото за сите.


Почивај во мир јунаку и извини што бевме слепи и не можевме да те спасиме !

НЕКА ТИЕ ВЕЧНА СЛАВАТА И ЦАРСТВОТО НЕБЕСНО


Thursday 5 July 2018

Има ли правда ?

Има ли правда  е прашање кое сите ние барем еднаш си го имаме поставено  и сме размислувале длабоко во себе барајќи го одговорот.

Дали Македонија е земја во која  владее правото,  дали во Македонија има правда ?

Одоворот е јасен : НЕ.

Во Македонија законите не важат подеднакво за сите, во Македонија едни закони има за политичари, едни за Албанци, други за Македонци.

Ова правило се потврди денес на еден брутален начин.

Прво имаме случај кога во Собрание група на изманипулирани граѓани, влегла во Собрание и го нападнала на човекот кој ја навредуваше и провоцираше Македонија на секаков начин, човек кој јасно кажа дека се бори против оваа државата, доктор по професија а поранашен градоначалник.

Луѓето беа товарни ни помалку ни повеќе за убиство и беа осудени на казни затвор од 8 до 10,5 години, додека пример за свирепи убиства казната е 8 години, во повеќе случаи.

Да го анализираме самиот настан, група на граѓани изманипулирана од страна на двете најголеми политикантски групации (Живот и Преродба) влегоа во Собрание со цел да ја одбранат Македонија од Тиранската платформа, од неуставното поставување на претседател на Собрание на тој начин бранејќи го нејзиниот уставен интегритет.

Е сега луѓе кои ем се изманипулирани,  застануват во одбрана на уставот добиваат 10 години, а свесни терористи кои сакаа да ја срушат Македонија и да ја поделат, се во удобни фотељи.
Кое само дежа ву го имаме, за одбрана на уставен поредок, казни затвор, за напад над уставен поредок, фотељи и државни функции.

Вториот случај е со нападнато Македонче во Скопје, кое е е нападнато од хорда Албанци со цел да му нанесат тешки телесно повреди и физички ликвидират.
Албанците се фатени (за замајување на јавност) и се товарат со случај каде што казната е 500 евра без затвор, а притоа нанесуваат тешки повреди и имаат цел да убијат млад живот само поради фактот што е Македонец и навивач ?


Третиот случај е за мостот Око за чиј што тендерски псотаки се украдени доста пари, а крадците само ги вратија без да лежат ден затвор или да бидат обвинети, додека за ќебапчиња имаме луѓе кои скапуваат во затвор.



Македонија за да биде држава во која што ќе има правда, најважно од се е да се прекине гласањето за двете најголеми политикантски мафии, а и самите Македонци да не седат дома туку да се борат на улица за неа.




Wednesday 4 July 2018

Медиумски манипулации

Секојдневно просчениот Македонец преку највлијатените медиумите е цел на  манипулирање и постојано замајување одвлекувајќи го неговото внимание од секојдневните проблеми кои се случуваат во државата, кои се многубројни, огромни и влијаат во секојдневното наше живеење.


Дали денес прочитавте како некоја старлета го стегнала своето газе, дали го видовте селфито на денот, секси мачка по која полудуваат сите, новата инстаграм ѕвезда, дали овој е во врска со оваа ?
Сигурно дека ваква вест не одминува ниту еден ден без да ја видите.

Но дали прочитавте за протестот на работници кои си ги бараат своите работнички права, дали прочитавте за дете претепано на улица, дали прочитавте за наместени тендери, за тоа како политичарите кои глумат ривали заедно се смеат и ве исмеваат на средби со амбасодори ?

Нешто читнавте со две реченици, но повеќето никогаш и не сте го прочитале.


Медиумите имаат една цел, држење на секој Македонец во мрак, да биде заинтересиран повеќе за гаќите на пеачка отколку за сопствената егзистанција, да гледа во деколте наместо да гледа во борбата на неговиот сограѓанин да ги добие своите загарантирани права.

Најголемата вина за успевањето на медиумите е сервилноста на Македонецот, кој имајќи ја до себе питата,  тој се радува и се заблагодарува на трошките кои им ги дават лидерите.


За да ги победиме медиумските манипулации мораме да се избориме против сервилноста на нашите најблиски, чекор по чекор зголемувајќи го бројот на луѓе кои нема да бидат медиумски манипулирани и ќе се борат за своето.

ОД НАС ЗАВИСИ !