Wednesday 5 February 2020

Јавна соба

Оваа тема можеби веќе заврши, но поради недостаток на слободно време а сметајќи дека е многу важна да се обработи, решив да го напишам овој текст денес, темата за скандалозната телеграм група Јавна соба.


Слободата без јасни ограничувања претставува најголема тиранија, така една социјална мрежа која дава апсолутна слобода на своите членови се искористи наместо за креирање на нешто паметно и полезно како договарање за борба, за креирање на група на која ќе се шират порнографски материји кои служат за самозадолување на ниските страсти на припадниците на тие чатови или групи.

Самата група но и самата фама која се крена по ова е јасен показател и доказ дека нашето општество полека но сигурнo ги изгуби веќе на целосно своите семејни и традиционални вредности , навлегувајќи во тотален неморал и блуд.


Реакцијата треба да биде целосна и ситемска а не само декларативна, државата треба сама да промовира вредности како што се семејството, љубовта (вистинската) родољубието, деца, но таа прмовира ЛГБТП кампања, права на сексуални малцинства, со што плодовите веќе ги добија а тоа е Јавна соба.


Блудот и неморалот кои владеат кај младите е нешто кое иако сега е наизглед наивно во иднина може да донесе огромни проблеми, разголените слики по Инстаграм еден ден некого може да го чинат глава, нешто кое редовно го следиме во Западна Европа пат по кој на жал Македонија е тргната, па да се запрашаме сите ние како тоа да го спречиме, за доброто на нас самите и нашите идни поколенија.