Wednesday 24 May 2017

Ден на сесловенските просветители

Македония даде писменость на всички славяни.

24 Мај  (11 Мај ст.стил) е ден кој од црквата е  посветен на сесловенските простветители, на светите солунски браќата Кирил и Методиј.
Овој ден е одбран од црквата бидејќи тогаш започнува Моравската мисија.
Овие просветители се значајни поради тоа што ги удрија темелите на нашата писменост, и ја созадоа глаголицата како прво словенско писмо, кое беше темел и за создавњето на денешната кирилица.
Нашето свето писмо и писменоста кои овие просветители ни ја дадоа, треба да ја чуваме како зеницата на нашето око.
Честит и многувековен да е денот на сесловенските просветители и учители  Свети Кирил и Методиј.



Tuesday 23 May 2017

Терористички напад во Манчестер

На 22 Мај во  22:33  по локално време, во Манчестер беше извршен самоубиствен терористички напад, во кој загинаа 22 лица, а 59 се повредени.
Жалната вест е дека поголемиот дел до загинатите се деца, кои присуствувале на концерт на нивен омилен музичар.
Нападот е извршен во дел од салата каде што повеќето од присутните биле деца.
Ова е уште една црна страница испишана од страна на терористите, кое уште еднаш го наметнува прашањето, колку е соодветна политиката на отворени врати за мигрантите.
(сликата е со банер за добредојде за мигрантите)

                             (каде е извршен нападот во салата)
Видео од нападот

Saturday 20 May 2017

Отоја Јамагучи

Отоја Јамагучи (22 Февруари 1943 - 2 Ноември 1960) бил Јапонски ултранационалист кој го убил на Инејиро Асанума, политичар и лидер на Јапонската Социјалистичка Партија.
Јамагучи бил член на десничарската група "Ујоку Дантаи", тој го убил на Асанума со јородишаи (Јапонски меч кој бил носен од самураите како оружје во феудална Јапонија) на 12 Октомври 1960 година во Токио во Хибија Салата за време на политичка дебата за предстојните парламентарни избори.
Помалце од три недели после убиството, додека бил држен во просторијата за притвор за малолетници, Јамагучи измешал мала колична паста за заби со вода и на ѕидот на ќелијата напишал "Седум животи за мојата земја.Да живее неговото царско височество Царот !"
Потоа Јамагучи се обесил со чаршавот во својата ќелија.Фразата "седум животи за мојата земја" е референца од последните зборови на самурај од 14-тиот век - Кусуноки Масашиге.

Wednesday 17 May 2017

Мандат

И после месеци водени битки, со протести, влегување во Собрание, со дадена заклетва дека мандатот нема да се додели и дека ќе има нови избори, на крај сепак мандатот дојде кај Зоран Заев.
Изгубивме месеци непотребно, во која државата беше заложник.Ова примопредавање на власта требаше да се случи уште во Февруари, а сега веќе да сме на локални избори.
Сепак  желбата да се спасат одредени луѓе беше многу поважна државата, а партиските интереси над националните.
Во ова лудило сепак има еден факт што излезе на виделина јасно, овој пат на своја кожа фанатиците на ДПМНЕ осетија какви предавници на националните интереси се нивните лидери.Ние тоа што го зборевме со години, што го почуствуваме на наша кожа, сега го чувствуват тие.Но кај нив е многу поболно, бидејќи тие беа во транс дека се бранители на националните интереси, а реалноста беше дека служеа на криминална банда.
Во Македонија се создава поволна политичка клима како никогаш до сега за развивање на десницата, за нејзино враќање на македонската политчка сцена, но не само на десницата, туку голема експанзија ќе има и крајната десница.
Ситуацијата по доделувањето на мандатот, создава одличен терен за развивање на  крајно десна организација која ќе биде значаен фактор на македонската политичка сцена.
Веќе во сите десничарски табори во Македонија се извршува мобилизација на сите потенцијали, па не очекува бурно работно лето.

Tuesday 16 May 2017

Крсто Лазаров

Крсто Лазаров или Крсто Кумановски е револуционер, кумановски војвода во ВМОРО.
Крсто е роден во 1881 година во село Коњух Кумановско.Се преселува во Куманово заедно со мајка му и еден од браќата.Татко му умира уште пред  да се роди, а еден од поголемите му браќа се преселува во Бугарија.Крсто со братот и мајката живее со војводата Ангел Малински, кој му се доверува и го користи како курир.
После Виничката афера бега во Ќустендил, после се преместува во Софија кај поголемиот брат, кој во 1895 година е четник кај Антон Бозкуков и Димитар Матов.Се запознава со четници на ВМОК со кој во 1900 година за прв пат влегува со вооружена чета во Македонија како четник на Јордан Стојанов.
Се запишува повторно во чета по Горноџумајското востание во 1902 година. Четата го обиколува силно застегнатиот Горноџумајски регион, каде што блиску до селото Оштава води борба со турски аскер, во која борба Крсто Лазаров е ранет.Четата пребегува во Бугарија преку Предел.Лазаров се лекува до пролетта 1903 година, кога повтрно влегува во четата на Јордан Стојанов.Четата се прибира одново во Софија, после обилколката во Пиринско, после неколку битки со турците.
Крсто Лазаров го напушта ВМОК и се приклучува во четата на војводата Никола Пушкаров, со којашто влегуват во Македонија и четите на кратовскиот војвода Димче Берберчето и велешкиот војвода подпоручник Панчо Константинов.Основна цел за четата во Илинденско-Преображенското востание е пресечувањето на железничката линија Скопје-Велес, при село Новчани, каде што се водат многу битки со турски аскер.Во атентатите на железничката линија учествуват и 9 души од србоманска чета од Порече.На 9 август 1903 година при село Дивле се сретнуват со четата на Боби Стојчев, и во селото Сопот имат битка со турска потера.Се извлекуват и преку Србија заминуваат за Бугарија.Пред крајот на востанието имат обид за навлегување во Македонија, но четата се распаѓа.После востанието продолжува редовно да влегува со чети во Македонија (во 1904 година со таа на Велко Манов), каде освен со турци водат битки и со српската пропаганда во Македонија.Во 1907 година е кумановски реонски војвода и дејствува со чета од 8 души.После младотурскта револуција, Крсто Лазаров дејствува легално од  16 Јули 1908 година, па се до Божиќ 1909 година, кога повторно заминува во Бугарија.Потоа се враќа во Македонија и води чета.На 13 јули се судрува успешно со војска при селото Трстеник, кое што е опоражено и разрушено од артелеријата на војската.Претходно во 1905 година го убива водачот на србоманската пропаганда во Куманово.
 До започнувањето на Балканската војна тој продолжува често да навлегува во Македонија, а потоа да се повлекува во Бугарија.За време на војната тој е во четата на Тодор Александорв.Со четата за време на Кумановската битка со неколку илјади четници и милиција врши напад на турските позции позади грб, и заробува тешка артилерија при селото Орашец.
После војната кратко се задржува во Бугарија.Пред и по почетокот на првата светска војна води агитаторска дејност.На 2 Октомври 1914 година Крсто Лазаров е предаден со четата во село Кетеново, опколени, при што петмина се убиени, ја пробиват опсадата на српската војска и се спасуват во Бугарија.
На 9 Јули 1915 година при село Габреш, Кумановско, четата на Крсто Лазаров одново е во судир со српските војски, во која што се убени 9 српски војници а четата нема ниту една жртва.На 27 август во месноста Бислим, на 5 километри од Куманово, четата е обиколена со три дружини редовна војска со артлиери.Во судирот кој траел четири дена, српските чети имат десетици убиени и ранети, а жртвтите на четата се 12 убиени и 7 ранети, меѓу кои бил и војводата.
Ранет неколку пати во последните судири, Крсто Лазаров се повлекува во периодот 1915-1918 година.
Во 1922 година Крсто Лазаров со својата редовна чета дејствува во Кумановско, но од јули 1924 година, контролата на српската граница се засилува.До 1925 година влегувањето на четата станува многу тешко, србите многу често прават заседи, а со предаства се откриваат и афери.Постепено се намалува интезитетот и масовноста на четничките акции, а во 1930 годината четата на Крсто Лазаров е сопрена уште на границата со Југославија.Од септември 1931 до  Мај 1933 година, Мирчев ги запишува спомените на војводата.
Во 1941 година се враќа во Куманово.Во 1942 година на првото годишно собрание на Кумановското друштво на Илинденската организација е избран со полно мнозинство за нејзин почесен претседател.Тој ужива голема почит помеѓу кумановци.
На 15 Септември 1942 година во местноста Ороловец, на 8 км јужно од Куманово, на местото каде што во 1915 година четата на Крсто Лазаров водеше битка со србската војска е поставен петметров крст, е и организирано поклонување.Присуствуват Крсто Лазаров и двајцата преживеани четници Трајан Петров Стојчев и Величко Спасов Механджиев.
Лазаров дејствува како војвода на контрачета која се бори против комунистичките партизани, со центар на дејствување во село Матејче.По воспоставувањето на комунистичка власт, Крсто Лазаров е убиен во септември 1944 година без суд и пресуда а по наредба на комунистот Светозар Вукмановиќ Темпо, заедно уште со останати 47 видни дејци, меѓу кои биле и војводите Тодор Сопотски и Игнат Мангаров.На 14 Јануари посмртно е осуден на смрт од воениот суд на скопската воена област- совет на кумановски воен сектор.

Спомените на Крсто Лазаров се запишани во делото Револуционерна дејност во Кумановско.

Sunday 14 May 2017

УДБАШКИ НАЦИОНАЛИЗАМ

Еден од главните проблеми со кој се соочува секој освестен македонски политички активст, е национализмот креиран од страна на остатоците на некогаш моќната служба УДБА, на жал сеуште моќна во Македонија до ден денешен.
Најгорчлив наш проблем е лажниот национализам креиран од страна на УДБА.
Прво во овој национализам имаме класичен фалсификат на македонската историја, многу херои се претставени како предавници, а обратно многу предавници како херои.
Многу често во Македонија можеме да видиме потрети на предавник и херој една до друга, славејќи ги двете личности заедно.
Голем проблем е иконографијата, голем дел од удбашката створена иконографија за македонскиот национализам нема допирни точки со Македонија, а нејзините прави симболи се претставени како непријатели.
Друг проблем со кој се соочуваме е претераната Русофилија.Македонија и нејзиниот национализам не може да бидат во никој случај русофилски, а Русија никако не може да биде главен пријател на Македонија.Ние може да гаиме пријателски односи со Русите, но ништо повеќе од тоа.
Оваа лажна слика градена по изговор Православие и православни браќа, се крие љубовта на УДБА од времето на Коминтерната.Ништо повеќе од тоа.
Секој прав македонски националист во воениот конфликт во Украина дава поддршка на нашите украински браќа, никако на сепаратистите финансирани од Русија кои се од комунистички производ.
Сосема друга заблуда креирана од УДБА во нивниот национализам е митот за Партизаните и НОБ.
Во Македонија партизаните никогаш немале ниту бројност, ниту воделе конткретни битки за "ослободување" на Македонија.Втор исто така битен момент е дека истите тие се бореле против идејата на ВМРО до смрт.
Но УДБА успеа идејата на ВМРО и идејата на АСНОМ да ги прикаже како едно, во својот квази национализам.Од истата УДБА беа убиени сите видни македонски дејци, учители, патриоти, просветители, револуционери, кои нормално се предавници во целата приказна.
Кој се борел против КПЈ е предавник, сосема интересно е како секаде токму тие кои се бореле против комунизмот се темелот на нивниот национализам.
Химната на Македонија и ВМРО , Изгреј зора на свободата е тотално игнорирана, па дури е ставена во листата на забраните песни.
Во удбашкиот национализам големо место има и улогата на Тито, како личност кој дал се на Македонија, или со нивен речник, Ако го немаше Тито, ќе ја немаше Македонија.
Една огромна лага, со која се плукнува по делото и борбата на илјадници Македонци, кои се жртвуваа за слободата на Македонија.
Ова е само мал дел од деталната анализа која ќе биде постветена на оваа тема Удбашки Национализам, и како таа креација е една од најголемите болести од кои страда Македонија.

Saturday 13 May 2017

Лажни медиумски патки

Во Македонија, голем број новинари со лева политичка ориентација, лажно претставени како десничари, пуштаат новинарски патки се со цел да предизвикат расцеп во десницата.
Нивната цел е јасно да предизвикат нетрпеливост помеѓу десничарите, се со цел нивните газди да се спасат.
Интересно е како сите ние кои се образуваме и едуцираме како десничари, бар за минимум два настани ќе имаме различно мислење, а тие со години размислуваат исто буквално за се.
Поточно тие не размислуваат, туку ги плаќаат да пишуваат нарачени текстови.
Токму поради тоа, на елитата на новинарството платена и на список од ДПМНЕ, не верувајте.
Тие имаат само лични амбиции, чија што главна цел е да опстане нивниот стопансвеник на власт, се со цел тие да продолжат да ги зимаат своите големи примења.
Се што не е со ДПМНЕ, а е десница ќе биде на нивна мета на плукање, десет пати повеќе од било која друга партија, движење или било какво здружение кое не ги дели нивните мислења.
Читајте ги внимателно се со цел да ги сфатите нивните очајни обиди лагата да ја претворат во вистина и смеејте им се.Бидејќи нивните текстови вредат само за тоа, да се исмееш со нив.

Thursday 11 May 2017

Заборавени херои

Случајно или не, Вејце и Диво Насеље се датумски многу блиски, и ни покажаа една жална вистина, за слaвните херои кои јуначки загинаа, а ние сите ги заборавивме.
Херои од нашето време, од нашето живеење, наши пријатели, соседи, бранители, колеги се тотално заборавени.Нивниот спомен не беше одбележен достоинствено, можеби освен во Битола од каде доаѓаа повеќето загинати во масакрот во Вејце.
На Вејце се појавија само од Политичката партија Достоинство, партија која сеуште повеќе ја доживуваме како здружение на бранители што треба и да е, а не како политички субјект.Само тие отидоа и оставија букет цвеќе и запалија свеќа, за спомен.Плочата која неколку пати е кршена за спомен на хероите, кој знае дали уште стои.
Диво Насеље иста приказна, никаква манифестација во чест на оние кои ги положија животите за наша одбрана, оние кои се жртвуваа себеси, кои оставија дома семејства завени во црно.
Диво Насење кога во одбрана на Македонија загинаа Македонци , Срби, Албанец, рамо до рамо како браќа чувајќи ја својата земја, наместо како симбол на обединување, ние не го ни одбележуваме.
Колку вредиме ние како народ, кога не ги славиме хероите од нашето време ?
Кризата не може да биде изговор, нашите предци живееле во многу многу потешки услови, во ропство, но никогаш не го заборавиле споменот на хероите од нивното време, ги славеле достоинствено, ни ги оставија како аманет да ги славиме и ние денес.
И оние кои ја бранат државата  на улица, и јаките парламентарци во собрание, и патриотите од сите политички партии, и опозицијата која стана власт, сите заборавија на нив.
А доколку тие не паднеа, никој од нив немаше да има свој дом, своја држава, а посебно кај пратениците нивните превисоки плати.
Се случи убиство на куче, сите плачеа по кучето, дигнаа револуција, бараа осуда за убиството и доживотен затвор за сторителот, а истите тие кои ги убиваа бранителите, истите тие кои сакаа да ги убијат нив, ги гледат во собраниските клупи како одлучуват за нивната иднина.

Дали вреди да се бориш за држава во која сите ја забораваат твојата жртва ?

Каде оди ова општество, кога убиецот на куче е поголем злосторник од нарачател на масакр ??

Контрачети на ВМРО

Во 1941 година структури на ВМРО се возобновуваат во градовите и селата.
Тие дејствуваат како паравоени единици со цел борба против комунистичката пропаганда и партизани во Македонија.
Првата контрачета е формирана во Велешко од страна на  Пано Манев.
Исто така како попознати контрачети во тој период се кумановската на  војводата Крсто Лазаров, кратовската на Мите Опилски, кавадаречката на Атанас Калчев, кочанската на Димитар Медаров, контрачетата во село Муртино предводена од Дончо Алаџов, новоселската (струмичко) од Атанас Нушката, во Василево на чело со Минчо Калпаков, во Иственик на чело со Спиро Геогриев.
Вреди да се напомене дека и Стерјо Гулев, син на војводата Питу Гули бил дел од контрачетите.
На територијата на Македонија дејствувале 200 контрачети.
По доаѓањето на комунистичките власти, голем дел од контрачетниците биле стрелани, меѓу кои е и славниот кумановски војвода Крсто Лазаров.
                                                       (слика од контрачетници на ВМРО)

Wednesday 3 May 2017

Талат Президенте

Талат Џафери денеска официално стана претседател на парламентот на Република Македонија.
Оние кои крв ќе дадоа ама немаше тоа да го дозволат, по посетата на претставникот на САД се мирни, нема да ја бранат повеќе Македонија.Тие што ја бранеа еден по еден се откажуваат, како тргнало ќе испадне дека никој не бил член на Илинден 4.
Нивните овци ќе лежат затвор, бидејќи слепо им веруваа и се понадеваа дека ќе добијат некој дел од колачот и за нив самите.
Шарената Револуција која се бореше против режимот, денес се радува на тоа што лице од режимот е на втората најважна функција во државата.
Режимот не падна, само го смени својот кормилар.
И по Тито, Тито.

Monday 1 May 2017

SOS VENEZUELA

Во Венецуела повторно има протести, протести против крајно левата диктатура на Мадуро.
Тоа што левичарите ни тврдеа дека е рајот на земјата, сепак личи повеќе на пекол.Протестите кои се одржуваат во земјата поради лудоста на диктаторот Мадуро се со жртви, оваа година бројот на жртви изнесува 21.
По падот на цената на нафтата, Венецуела е во најголемата финансиска криза што ја познава светската економија, вредноста на нивната валута опаѓа од ден на ден, , за 300 евра може да добиете цела торба со пари од домашната валута, која нема никаква вредност.
И во најсилните упоришта на Боливарската револуција на генералот Чавез почнаа бунтови против оваа криза во која се најде државата, поради неспособноста на државната власт да излезе од кризата која од ден во ден е се поголема.
Каракас е град со највисока стапка на убиства, и важи за најопасен град за живот во светот.
Мотoрџиските банди на Мадуро, имаат дозвола за убивање на секој потенцијален политички непријател на неговиот режим.
Во Венецуела има недостаток на општи добра, како што се шеќер, тоалетна хартија, сапун, брашно, и.т.н., а за да може да пазарувате се чека во маркетите и по 6-8 часа, па еден од семејството мора да зема слободен ден за да го купи основните продукти за живот.
Здраствениот систем на Венецуела е фијаско, нема одредени лекови, болниците се во ужасна состојба, во нив владее тотална зараза, и нехигиена.
Докторите покрај тоа што ги немат потребните лекови за да ги лекуваат пациентите, се соочуват и со недостаток на опрема која е неопходна за да ја зададат дијагнозата на пациентите.

Слики од болниците во Венецуела

                                               
                                       (пациентите штрајкуваат поради тоа што не се оперирани)
                               (бебињата и импровизираните креветчиња во кои спијат по нивното раѓање)