Monday 30 April 2018

Никола Гулев

Никола Питу Гулев е револуционер на ВМРО. Никола е син на револуционерот Питу Гули.Никола Гулев завршува гимназија во Софија.
По воозбовнувањето на ВМРО од Тодор Александорв, тој станува негов личен телохранител.По молба на Јаворов тој му дава пиштол, со кој тој се самоубива.
По наредба на ВМРО Никола Гулев во Софија го убива Александар Панов во 1922 година.Станува четник, а потоа војвода на ВМРО во Велешко и родното му Крушево.

Тој превзема ризични патувања низ Југославија, оди во Загреб каде што се среќава со хрватскиот лидер Степан Радиќ.По едно негово патување е предан и е уапсен од српската полиција во Ниш на 15 Септември 1923 година.Во летото 1924 година после измачувањата умира во затворот во Белград.


Thursday 26 April 2018

Музика

Музиката е еден голем дел од нашите животи, безмалку е невозможно посебно младите да си замислат ден без да слушат музика, која и тоа како влијае многу во развојот на личностите.

Каква музика слушаме и како таа ја прифаќаме игра огромна улога во тоа како ќе се развиваат нашите карактери, како ќе напредуваме интелектуално, едноставно како ќе живееме.

Музиката е едно огледало на општеството, во кое и тоа како се угледува интелектуалниот капацитет на една нација.

Денес музиката која е популарна и се слуша е бедна, не соддржајна, еднсотавна, повторување на две-три реченици кои се ударни и кои предизвикуваат голема слушаност.
Денес се пее за секс, дрога, се величат неморланите појави и назадни нешта како нормални, тоа младите го прифаќаат, се пијанчат, дрогираат, учествуваат во оргии, се сметаат за ин доколку ги прават овие појави.

Самите музички спотови наликуваат на порнографски филмови а не на видео материјали кои треба да покажат и да привлечат еден млад човек во уметноста, да му ја приближат.

Музиката од секогаш би требала да го воздигнува и да ја надоградува душата на човекот, да му даде порив да се занимава со уметност, за разлика од денешнава која го назадува, деградира и понижува.

Затоа многу е значајно кога излегувате во ноќен клуб, бар, со другари кога седите на заедничка дружба, дома во своите домови, каква музика слушате и како таа ќе дозволите да влијае во градењето на вашиот карактер, како таа ќе ви помогне да ја развивате вашата душа, вашата уметничка страна, кој секој во себе ја поседува.


Wednesday 25 April 2018

Играорци од 1949

2018 година е годината во која живее светот, а нашава мила родина Македонија е сеуште заглавена во 1949 година.

Играњето на оро за отварање на еден најобичен тунел е воспоставена практика од страна на комунистите уште  во почетокот на нивните години, кои успееа да ја заглават Македонија во 1949 година и да не мрдне ниту инфрастуктурно, нити интелектуално ниту духовно понапред од неа.

Работните акции кои се случуваа во тој временски период, "градење" на патишта и железнички пруги, по што самото прославување на работничката акција се завршуваше со голема веселба, ора, пеење песни за маршалот и се играше оро.

Пред неколку дена повторно имавме прослава во која се играше оро, свиреа тапани, се величеше лидерот, иако за патот што се вели ни прашината не ја тргнаа од него.

Самото прифаќање на овие работи како нормални појави во нашето општество, е најголемиот доказ дека иако технички не, суштински ние сеуште сме заглавени во добата на комунизмот.

Дали ќе почнеме да си градиме септички јами и да не се давиме у гомна, дали ќе почнеме да имаме водовод во селските средини, дали ќе почнеме да градиме училишта за деца, дали ќе ги реновираме болниците, дали ќе изградиме пензионерски домови, дали ќе изградиме нов национален парк и.т.н.

Нема , затоа што ние сеуште сме за другарот Тито иако тој е мртов, нема затоа што ние не сме научени да сакаме и да градиме држава, туку чекаме државата да ни даде шанса да ја крадеме постојано.

Затоа заостануваме зад целиот свет, затоа младите и талентирани луѓе веќе ја напуштаат Македонија, а тие што остануваат се мислат колку вреди да се остане во неа.

Време е да заврши 1949 година и да влеземе во 2018 година, како и цел нормален свет.


Sunday 22 April 2018

И кога мислиш дека си сам

Една од најтешките работи со кој се соочуваме како освестени политички борци е чувството на осаменост во одредени моменти, поради тоа што во многумина oд нашата околина не може да не разберат и не сметат за радикални.

Секој од нас се соочува со тој проблем на почеток, освен доколку своето идеолошко воздигнување не го имал во своето друштво или средина на веќе изградени политички индивидуи што кај нас е многу ретко, речиси и неприсутвно во моментот, но во иднина тоа сме сигурни дека ќе го промениме.

Тоа што си единствен во средината кој е политички описменет не треба да биде хендикеп, ниту пак да се чувствуваш поради тоа како подреден, напротив, треба да те мотивира да се трудиш да ги освестиш твоите пријатели, роднини, да го подигнеш нивото на свеста во средината во која живееш, дека ако ти си политички писмен а тие неписмени, тогаш се тоа ќе биде залудно.

Многу посташно од тоа да си сам политички е да бидеш една обична нула, за тоа може да се угледаме на нашите политички протнивици, иако се во стадо и се многу, тие се една обична нула, празни индивидуи кои не знаат ништо, кои не размислуваат со своја глава, кои се борат по повик а не знаат зошто, се борат против капитализам а се најголеми корисници на капиталистички добра и.т.н.

Затоа воопшто не треба да се чуствуваме осамени по патот кој одиме, бидејќи не има многу кои сме тргнати и кои некаде попат, во исти организации ќе се сретнеме и заедно ќе формираме глутница на политички силни борци, храбри и посветени, борци кои како глутница ќе го нападнат стадото на неписмени политички пионери, стадото кое шири лаги наспроти вистината и ќе ги уништиме како што само чопорот знае и може.


Главите наши мора да бидат дигнати високо горе, да бидеме горди  со тоа што сме, свесни за нашето знаење но и одговорност во борбата , секогаш треба да бидеме издржливи, храбри и непоколебливи, и кога ќе помислиме дека сме сами треба само да се потсетиме дека дури и кога е сам, волкот е поопасен од стадото овци против кое се бори.




Tuesday 17 April 2018

Монструмското играње со нашите животи

Политичките партии во цел на нивните интереси, не за нивната политика или идеологија, туку за нивните бизнис интереси, си играат секакви игри со нашите животи, посебно оние монструозните.

Најновиот случај во кој се гледа како нашите животи се ставени во позиција на нивни играчки со кои тие може да си играат, поради пасивноста и идиотизмот на 99 % од народот кај нас, е случајот Монструм, поточно убиството на младите Македонци за време на еден од најголемите празници кај нас Велигден, запаметен кај народот како крвавиот Велики Четврток.

Тоа што на последното судско рочиште во поглед на овој случај, стана јасно за сите нас, е дека и двете политички партии, ја знаат вистината, но ја кријат се со цел да не наштетат на нивниот бизнис партнер без кој не може да има Влада во Македонија а тоа е ДУИ.

Напишав многу пати до сега, дека владата е во Мала Речица, а ДУИ е канцерот поради кое ова општество е болно и не може да напредува, а сега се покажа тоа уште еднаш.


Дали ние ќе го сопреме играњето со нашите животи од страна на политичарите, дали ќе почнеме да ја дознаваме и да се бориме за вистината за сите проблеми и настани кои се случуваат во Македонија, дали еднаш засекогаш ќе се ослободиме од металните робски окови, од нас зависи.

Монструмски си играат со нас, не затоа што тие се моќни, туку затоа што ние како колектив сме кукавици, плашливци и најважно од се, ментални робови.

Слободните луѓе кои размислуваме со своја глава, слободно и родољубски,  мораме да ставиме крај на тоа.


Monday 16 April 2018

Верба

Тоа што најмногу недостасува кај Македонците во нивното политичко делување е вербата, вербата во својата борба, вербата во конечен успех и победа.
Самиот  корен на овој проблем доаѓа од фактот што целосно политиката по која се води македонското општество е од интерес, задоволување на одредени партиски елити и пиони, притоа не дозволувајќи шанса за развој на било каква корисна и национална политика во корист на државата.
Тоа што треба да ние јасно дека коренот на овој проблем сме сите ние како колектив што немаме верба дека тоа треба да се промени или најконкретно што го дозлуваме, толерираме а најжално од се , се помируваме со тоа.

Токму за тоа се да се промени, најпрвично треба да се има верба дека ваквите промени ќе дојдат, прво верба во самиот себе и своите индивидуални квалитети како и големата љубов кон родината, а посебно верба во својот колектив и својот народ.

Доколку самите ние не веруваме во нас и не поседуваме верба, тогаш вечно ќе живееме во мракот од тиранија која не обвива како општество и што владее со нашите животи.
Верувај дека токму ти си гласот на промената , искрата на бунтот кој ќе промени се, која ќе ги пеплоса сите политичари и паразити кои создадоа општество во кое владеат само интересите и користа, без никаде да биде вреднувана државата и колективот.


Мракот во кој живееме е само привремен, бидејќи многу добро знаеме дека има сонце, а сонцето кое ќе го побие мракот во кој е обвиена Македонија е токму нашата верба, вербата дека може да се поразат политичките тајкуни, вербата во родината која ги има најубавите природни богатства,  татковината која очекува нејзиниот народ да се разбуди од долгиот сон и летаргија.

Вербата е клучот на сите промени, вербата е таа која не води кон живтот и поради која живееме, вербата во новиот ден, новиот старт, вербата во подобро утре.

Кога ќе почнеме да веруваме во самите себеси, во своите квалитети, да веруваме дека можеме да си ја вратиме државата на нас самите, како што верувале нашите револуционери , кои по покрај сите неуспеси, падови, секогаш верувале во својата идеја за слободна, независна и просперитетна Македонија, редно е да го следиме и пратиме нивниот дух и како нив да веруваме дека можеме Македонија да ја направиме таква каква што била во нивните соништа. 


Бидејќи ако не веруваш самиот во себе, ако немаш верба во твоите можности, тогаш секогаш ќе бидеш осуден да живееш заробен од тиранија, во која никогаш нема да го искористиш својот потенцијал и вечно ќе бидеш окован во окови кои ќе го уништуваат твојот дух.



Воениот конфликт во Сирија

И кога помисливме дека со поразот над Исламска држава во Сирија, воениот конфликт во оваа земја конечно ќе заврши, испадна дека тоа е само почеток на нов воен конфликт во оваа земја, во која повторно големите сили ќе се докажуваат кој е помоќен.

Повеќе од јасно е дека поради повеќе иделошки карактеристи слични на фашизмот, поддршката во овој воен конфликт е на страна на Асад и легитимната сириска влада, која е единствена чија банка не е под контрола на светските банкари, која нема долгови кон ниту една држава и единствена арапска земја која има секуларно државно уредување.

Самиот народ на Сирија а посебно од наша гледна точка православните Сиријци, даваат целосна поддршка на војската на Асад во воспоствувањето на ред во оваа држава.

За наводните напади со хемиско оружје ќе се воздржам од било каков коментар, бидејќи пред се, тие се креирани од разни медиумски центри на моќ, кои имаат за цел разогорување на огнот и згоелмување на воените тензии во државата.

Тоа што се случува во Сирија е класично мерење на тоа чив е поголем, на судбините на милиони сиријци кои наместо да живеат во една нормална и проспирететна држава, секој ден стравуваат за своите животи.

Самата појава на Исламската држава е креирана од Западот, со нивните арапски партнери, додека од друга страна користејќи го навлегувањето на Израел, САД и Турција со нивните воени сили, Русија искористи златна шанса да добие влијание на независна Сирија, да воспостави своена воена мрежа во овој дел на светот.

Пред се главниот играч на Сиријскиот конфликт е Израел, а и Вашингтон и Москва имаат одлични, силни и пријателски конекции со Ерусалим.
Наместо ова да го искористат за решавање на проблем, токму Израел и нивните воени сили се главниот потпалувач кои де во корист на САД ,де во корист на Русија ги потпалуваат тензиите на овој воен конфликт.

Израел се води од свои лични интреси , дека во своите границии ма териотории кои се оспорени од Сирија како нејзини, и со самото тоа таа ги заштитува тие територии но и во потенцијелн поголем конфликт може да искористи прилика за создавање на долгомечтаениот, Голем Израел.

Од друга страна САД и Русија добиваат неутрално поле каде што може да си ги мерат своите воени сили, со самото тоа користејќи ја Сирија како сопствена шаховска табла на кои ги местат фигурите за нивните гео-стратешки политички игри ширум светот.


Тука да не заборавиме се и комунистичките курди , кои имаат поддршка од комунистичката интернационала , САД и Израел, но во исто време се воена мета на Турција и на легитимната сириска влада.

Сирија е конфликт во кој доколку големите сили ги испуштат конците од своите раце (пред се банкарските корпорации) ќе се создаде идеален терен за почеток на нов воен конфликт кој најверојатно повторно ќе биде во светски рамки.


Monday 9 April 2018

Надоградувај се, читај

Самото наше постоење би било безцелно доколку ние не вложуваме, енергија, труд и желба постојано да се надоградуваме и да се усовршуваме самите себе, а со самото тоа и околината околу нас.
Надоградување на сопствената личност е од големо значење не само за тебе, туку и за твоите пријатели и најмногу од се за општеството во кое што живееш.
За да има постојано надоградување на сосптвената личност едно од најважните нешта е постојаното вложување во интелектот, односно читање на книги.

Е тука се доаѓа до една мала заблуда, не е важно само да читаш книги, многу поважно е што всушност читаш.
Може да прочиташ десет пати повеќе книги од некој пријател, а да бидеш многу поназад од него, бидејќи тој за разлика од тебе кои читаш секакви книги, тој внимателно ги избира најдобрите и најсоодветните книги за интелектуален развој.

Тоа што денес е реалност е дека секој идиот може да напише книга и да ја објави, а да има читаност од огромна популација, како на пример некој "романтични" поети кај нас.
Тие не го надоградуваат интелектот, напротив, го намалуваат, вршат сосема контрапродуктивна дејност за читателите на тие дела.


Затоа е многу важно внимателно да се одбираат книгите кои се читаат, тие да бидат интересни, со содржина која ќе го задржи вашето внимание, но пред се ќе го активира вашиот ум да размислува, да фантазира, да ја впие и со својот разум да биде дел од книгата, а не обичен пасивен читател кој чита книга чисто за да го потроши своето време.

Кога се читат општествени книги, многу е важно да се провери нивната точност, а уште повеќе да те потикне да размислуваш и самиот да пресудиш дали самата книга има вредност,  дали тоа е корисно и применливо во општеството.

Најважно од се е да се внимава какви тие влијанија би имале на општествената средина во која живееш, пред се што би добил а што би изгубил доколку тие постулати би ги применувал лично на себе, а доколку успееш и на ниво на цело општество.


Правиот избор на книга која ќе се чита, ќе го збогатува не само фондот на знаење, туку ќе ја потикнува жедта за поголемо надоградување на личноста, а со самото тоа ќе го запали во себе огнот на револуцијата и постојаната желба да изградиш совршено општество и место за живеење.


Читај, надоградувај ја својата личност и биди корисен за самиот себе и за својата родина.



Sunday 8 April 2018

За верата

Верата тоа мистично нешто кое не опкружува, најголемата слобода која ја има човекот е токму неговиот избор да верува или не во нешто, да се издигнува верски и морално борејќи се и победувајќи ги своите страсти, достигнувајќи ниво погоре во своето воздигнувања, на многу често и паѓање надолу.

Секој сам има право да бира дали ќе биде религиозен или не, во политчката борба не имa секакви, но денес се решив да не пишувам за нашата политчка борба, туку да го напишам овој текст како еден мирјанин и верник, а најмногу како човек.

Верските празници а посебно оние најголемите се моментите во кој нашиот народ се одава на верата, чувајќи ги традициите оставени од нашите предци зачувајќи ги вредностите на православието, но за огромна жал тие вредности ги искривуваат градејќи од нив една нова паганска верзија на православието, која нема ништо општо со нејзиниот корен, верувања, душа , срце и битие кои се христијански.

Верата која ја одбираме треба да ја следиме правилно колку можеме, знам и самиот дека сум грешник и далеку од совршен, но се борам самиот со себе моите страсти и желби , победувајќи ги и трудејќи се да се доближам колку може до совршеното религиско битие.

Кај нас луѓето имаат толкувања на празниците кои се да ги задоволат нивните лични страсти како битија а не да бидат покорни чеда кои веруваат во Христа и Бог, славејќи го неговото име и најважно од се почитувајќи ја суштината на празникот.

На самиот блог веќе пишував за огновните и нивното богохулење за тоа како во сред пости се злоупотребува еден ден кој е свет и христијански за пиење, ждерење, јадење и задоволување на земните страсти Бадникарски огнови .

Кога се одлучувате да славите верски празници и да практикувате православни обичаи, тоа е ваш личен избор со кој треба да бидете свесни на неговите последици и дека треба да ја почитувате верата, нејзините строги правила, бидејќи доколку правите спротивно од тоа, вие само ги навредувате луѓето кои вистински веруваат, но ја плукате и самата вера која наводно ја практикувате.


Одењето во црква не е модна писта, каде што вие ги покажувате вашите најскапи шминки, го истакнувате вашето секси тело обидувајќи се да ги привлечете очите на машките во црквата да бидат директно вперени во вас.
Самата црква и религија наведува дека во црква одиме со покриени нозе и тело, девојките и со марама на коса, на тој начин покажувајќи понизност кон Бог, но и еднаквост на сите негови чеда пред него.

Покрај тоа шминката е забранета, односно сите пред Бога треба да сме природни со нашите лица, исто така не носејќи ниту накит и златни часовници на тој начин покажувајќи го нашиот земјен статус пред Бога, како што прават пак мажите, бидејќи за Бог сите сме исти и еднакви.

Празничните софри не треба да се место на алкохолизирање злоупотребувајќи го името божје, туку место каде што ќе се собере семејството, каде што ќе размени љубов, смеа, радост, каде што остатокот од гозбата не се фрла во кантата за отпадоци, туку се дарува на тие што немаат, без разлика дали се луѓе или животни.

Бидејќи основата на верата е љубовта, дарувањето и желбата сите да се сплотиме во едно.

Дури и да не верувате во Бог кое е ваше лично право како личности, почитта кон религијата и нејзините одредби  е пожелна, бидејќи таа не прави ништо против вас освен што ве врзува со семејството, со вашите сакани и ве учи на љубов и разбирање.


За крај нека ние јасно на сите, одењето по верски храмови и празнувањето на верски презници не е задолжително, морално, туку право на избор, а доколку изберете да празнувате и да одите по тој пат, почитувајте ги неговите правила и закони, а не смислувајте ваши и да правите од нив едно исмевање и богохулие.

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ !




Saturday 7 April 2018

Смена на окупатори, не благодарам

Како да не ни беа доволни западно окупаторољубците , сега активни и неуморливи ни се и источно окупаторољубците.
И овие и овие сакаат окупатор, само иконографијата и стопанот се различни.

Иако едни на други се напаѓаат дека тие се непријатели на државата, всушност нивните говори се исти, само ги сменуваат знамињата од оние сини со ѕвездички, во руски, Брисел/Вашингтон ги менуваат со Москва.

Во едно се во прво, кога се етикетираат меѓу себе дека се предавници, во тоа се сто посто во право.

Ниту едни од нив немат цел Независна Македонија, ниту едни од нив не го користат единствениот прав македонски бајрак тоа е црвено-црниот под кој се бореле и гинеле сите Македонци кои се бореле за Независима Македония.
Знаме кое Македонците го користеле кога се бореле за слободна Македонија ширум Европа, против диктатурата Југославија.

Што сакат западно окупаторољубицте знаеме, а ете за што се борат источно окупаторољубците.

Само да им укажеме, господинот во чие име се колнат и чии што потрети носат, ја нападна и направи во пепел државата која ја сметаа за нивна "братска", држава која им е прв сосед, тоа е нашата братска Украина, држава која не спасуваше 2001 од сигурен воен пораз.

Тие се за духовно братство со оние кои не нарекоа расколници, пратете оние кои беа против тоа да имаме благодетен оган, кој го добиваме од Грција и Бугарија, а против кои се нашите "духовни браќа" (според нив) Србија и Русија.


Сакаат да бидеме со оние во чија што држава има огромна исламска наезда на мигранти, која е стимулирана и помагана од самата влада, која ги затвара младите Руси кои си ја бранат државата од наездата мигранти.

Им пречела како велат шиптарскиот исламизам, а се за сојуз со државата која го финансира и организира најгоемото исламско клање (молење) во Европа, со над еден милион муслимани во Москва, финансирани и поддржано се од владата на "светецот" чиј што слики носат и во чие име се колнат.

Дали знаат дека истиот им "светец" донесе во влада исламски терористи во Чеченија, кои пред тоа убиваа Руси за добрo утро, слични на нашиот претседател на собрание, во многу што и пожестоки.

Го поддржуваат човекот кој не крие дека негова цел е обнова на СССР, дека негови идоли се Ленин и Сталин, луѓе чија што идеологија донесе само зло на Македонија, за враќање на источниот блок во кој Македонија беше отпадок на социјализмот.

За крај да си го поставиме прашањето :

Како може да биде спасител за нас, човек кој ги прави истите работи во својата земја, што ги прават и нашите политичари во Македонија ???

Затоа повеќе од јасно, не сакаме окупатори ниту источни ниту западни, нема да носиме сини знамиња ни со ѕвезди, ни руски, туку само црвено-црниот бајрак и мотивот Независна Македонија.

Ниту ЕУ, ниту Русија, да живее Македонија на Македонците !