Wednesday 21 April 2021

Економската катастрофа на Македонија

Со самото појавување на Ковид кризата уште толку се влоши ситуацијата во која се наоѓа македонската економија, повеќе од 5 години нема отворено нов погон или фабрика на странски инвеститор, нема отварање на нови работни места, се повеќе фирми стават клуч на врата, младината без многу размислување заминува од Македонија барајќи ја својата иднина во странство.


Економската катастрофа која се случува во Македонија е стравична, цената на сите добри вртоглаво расте, многумина се преокупирани со маслото за јадење чија што цена е двојно поголема од таа пред 7-8 години, а во македонската кујна сами знаеме колку многу го користиме во речиси секое јадење.


Доколку цената не расте, тогаш се намалува количеството, така килограмот шеќер стана 800 грама, пијалоците газирани и останати ја намалуваат количината иако цената останува иста, лекарствата кои се потребни за лекување од Ковид 19 имаат неколку кратно зголемување па така на пример истите лекарства во Косово може да се најдат и за повеќе од помалку од пола цена.


Со оглед дека денарот е со фиксен девизен курс во однос на еврото не се добива реалната слика а тоа е дека вредноста на денарот вртоглаво паѓа, па така денес е невозможно да наполниш потрошувачка кошница со 1000 денари.


Доцни пакетот мерки на Владата за помош за плати , веќе за 10 дена сме Мај а сеуште нема абер да се испати помошта за февруарската и мартовската плата, луѓето се оставени без здраствено осигурување во екот на пандемија, немат пари за купување на основни потреби, се приморани да се задолжуваат во брзите кредити, банки, а оние кои се во најлоша состојба и се во очај и кај лихвари.


Секторот кој вработува најмногу луѓе а посебно млади, а  тоа е  услужниот сектор му се забранува да работи, а воедно не добиваат никакви привилегии и помош од државата за да опстојат, наместо државата да помогне во исплата на плати кога веќе им забранува да заработуваат, тие не се ниту вклучени во поголемиот дел од мерките на владата.

Од друга страна занаетчиите кој поголемиот дел од нив не се на ниту еден начин поврзани со кризата добиваат помош од владата, иако реално таа не им е потребна.


Нема никаква помош во отварање на работни места, пред кризата со Ковидот се затвараа сега уште повеќе се затвараат веќе постоечки работни места, а македонската влада нема никаков осет за ситуацијата во која се наоѓа македонската еконимија, бидејќи тие се преоптоварени со богатење на својот личен имот.


За крај, редно е да се стави крај на егзодусот на македонската економија, имаме можности и рестурси со паметно менаџирање да излеземе од оваа криза, дури и да напредуваме, но прво што мораме да направиме е да ја смениме оваа очајна власт која полека но сигурно не уништува на сите полиња, а имуна на тоа не е и економијата.




Monday 5 April 2021

Стокхолмски синдром

 Нација која го има стокхолмскиот синдром е нација која е мртва и нема кој може да и помогне да оживее.

Токму овој синдром го има нашата нација кон српската, токму затоа немаме никакво реално гледање на работите и полека но сигурно изумираме.

Србите одсекогаш биле непријатели на Македонците, најголемите битки ВМРО ги има токму против нив, две востанија, со Валандовско-удовската акција може да се каже три, им вршат атентат над кралот, секојдневно чети на ВМРО се бореле против српските жандарми, четници и нивното Здружение против бугарски бандити.


Србите излегуват со графит во кој Македонија е одбележана како Стара Србија и света српска земја и кога тоа се споделува од страна на одредени Македонци, страни, прво тие се прогласуваат за бугарофилски, па се објаснува колку добри Србите биле со нас што ни дале вакцини чиј што рок бил пред изминување, па колку тие не сакале и почитувале со нивни песни, жалопојќи, место да ја бранат Македонија од нивната наезда и провокација, тие ги бранат Србите.


ВМРО во своето делување против ниту една држава не водела таква битка како што водела против Србија,  убивања, деца печени живи во фурна од страна на Србите, населување на колонизатори кои вршеле злосторства ширум Македонија, одзимање на имот на Македонци незабележано ниту во турско, апсење и затворење по темни зандани на големи затворски казни на Македонци.


Ги славите оние кои отворено ви ја негират нацијата, кои велат дека ве ослободиле од Бугарите, а кои се тие Бугари од кои ве ослободиле, па тоа биле Делчев, Груев, Сарафов, Татарчев, Лозанчев, Александров, од тие Бугари ве ослободувале вашите браќа Срби, oд една страна ги мразите кога Бугарите истиве ги нарекуваат Бугари, но го прифаќате и оправдувате а воедно и потврдувате кога тоа го зборуват Србите кога заедно со нив го славите вaшето "ослободување".


Toкму затоа Македонија е таму каде што е, нација што го сака и љуби својот злосторник и џелат, нема како да биде ослободена !