Friday, 3 March 2017

Битката на двете зла

Денес Македонија на жал се наоѓа во длабока криза која е предизвикана од политичари кои во слепата борба за власт и добивање на материјални средства за себе и својата фамилија, ги жртвуваат националните интереси, националното единствно, со што создаваат вештачка криза а народот се мрази и спротиставува еден на друг.
Ако ги анализираме од секој можен аспект, СДСМ И ДПМНЕ се исти партии, со исти морални и идеолошки вредности, ист начин на делување, етикетирање на противникот, своите членови ги третират како стадо овци кое ќе го пратат на колење, само за тие да дојдат на власт.
Но зошто нашиот народ не е свесен, и не знае што му се случува, и како е искористен од двете зла кои меѓусебно се борат.
Прво недостаток на политичко образование, не знаат да распознаат идеолошки вредности, тие ги слушат лидерите како плукат со оган за противникот, а не се свесни дека истото важи и за противничкиот лидер.Тие не се борат ЗА напредок, туку се борат за да не владее ПРОТИВНИКОТ.
Како лидери на лажните револуции имаме два анонимуси, кои се тотално глупи и неспособни личности.Овците Павле Богоевски и Богдан Илиевски.Овие личности не само што се политички неписмени, туку тие се во секој поглед неписмени и не знаат што да изјават, како го водат своето стадо.Тие се намерно ставени бидејќи на лидерите не им требат ликови кои со своeто знање и лидерство ќе ги заменат партиските лидери.Затоа се избираат вакви овци кои служат како маскота, кои самите не знаат кај тераат, а не па каде го водат довереното на нив партиско стадо.
Го гледаме на  телевизија идиотот Петре Шилегов, како само збори за фашисти.Абе Петре глупердо една, ти ако знаеш што е фашизам, јас сум доктор на науки.Ама за вакво лицемерче од човек на кој му се доволни три чашки алкохол за да биде прв херој, нема што да трошам зборови.
Неговиот пак пандан од другото стадо е Илија Димовски, кој постојано своите ги нарекува херои, а дургите предавници.Кај беа неговите херои да ја бранат дојазичноста 2008, кај беа кога македонските херои ја бранеа црквата на Кале 2011, кај беше кога македонските херои беа тепани како магариња за време на протестите против Талат, Смилковско езеро, Ѓорче.Дома седеа, курот ги болеше за родината.
Две зла работат на ист начин, секој што не е со нив, по дифолт е од другото стадо.Така да кога сме против министер од УЧК ние сме соросоиди, а кога сме против двојазичност, ние сме груевисти.Етикетирај го секој што не е со тебе, тоа им е врвот во нивното политичко едноумие.
На крај за двете зла и тоа како тие го валкат Илинден.Едните повикуваат на Илинден по 4ти пат, а не знаат дека има само еден Илинден, а и не го знаат правото име на востанието.
Другите пак со цел да го понижат противникот, прават разни болни слики на кои го исмеваат востанието, и неговите учесници.БОЛНИ!!!
Дали овците од дветe стада имат нешто свето ???? Имат, тоа се ПАРИТЕ.
Затоа како борци за вистината, ние мора да се бориме и против едното и против другото зло, се со цел да победи вистината над нивните лаги, и да ја спасиме татковината од војната во која ја носат.
Бидејќи ниту еден од нив нема да земе пушка во рака кога ќе дојде времето, само ние родољубите ќе ги ставиме нашите животи на залог за татковината.

No comments:

Post a Comment