Thursday, 16 March 2017

Холандија- избори и што потоа ?

Сведоци сме на изборите кои се случија вчера во Холандија, а уште повеќе на лажните медиумски експертизи дека е поразен фашизмот во Холандија.Исто  така друга лага е дека ова е одбрана на некој европски вредности, па мое е сега да објаснам што се случи во Холандија.
Прво се збори за пораз на крајнатадесница што не е точно.Во Холандија трите најбројни парламентарни партии по овие избори се десно од центарот.Победничката VVD е партија која уште пред изборите најави радикализирање на својата идеологија и нејзино преближување до крајнатадесница.
VVD е партија која дава поддршка на ЕУ, и на почетокот се соочи со голем пад на рејтингот и внатрешни битки во врска со начинот на кој оваа партија треба да ја поддржи на ЕУ, пред се околу мигрантите.На крајот од оваа година VVD излезе со јасен став дека сите мигранти што не ја почитуваат холандската култура ќе ја напуштат земјата.Токму тоа, и последните настани кога не дозволија турските власти да одржат митинг во Ротердам им ја донесе победата.Ваквата политика направи многу потенцијални гласачи на Партијата на слободата да гласат за VVD.
Е сега медиумката патка се насочува дека е ова пораз за фашистичката Партија на слободата.Но дали е тоа вистина, и најпрво дали оваа партија е фашистичка ?
Одоговор е НЕ.Прво оваа партија не е фашистичка бидејќи се темели на анти исламска политика се со цел да се забрани куранот и да се срушат сите џамии во Холандија, додека фашизмот дава слобода на сите религии кои не ги напаѓаат националните интереси, а исламот е таков (освен ако не е радикалниот исламизам).Друга битна разлика е дека Партијата на слободата ги поддржува правата на ЛГБТ лицата, нешто што во фашизмот е незамисливо.Кога темелите се различни, нема што повеќе да збориме за останатите разлики.
Друга битна работа е дека оваа партија не е поразена.Партијата го зголеми бројот на гласови, втора битна работа има 5 мандати повеќе од предходните избори.Ако се додаде фактот дека успеа да ја радикализираат на проевропската VVD, тогаш тоа кажува јасно дека тие успеа во својата цел, бидејќи тие немаа цел на овие избори да победат.
Ситуација во Холандија е таква што во топ 5 партии немаме левичарска, имаме 3 десни, 1 либерална и 1 зелена партија.
Работничката партија на Холандија која беше втора најголема партија пред изборите е тотален губитник, изгубија вкупно 29 мандати, и сега со 9 мандати се 7ма по сила партија во Холандија.Друга битна напомена е дека VVD победи со 33 мандати, што е помалку од мандатите кои ги имаа работниците пред изборите.
И социјалистичката партија имаше благ пад на овие избори.Сега оваа партија е 6та по сила во Холандија.
Двете левичарски партии во Холандија имат  вкупно 23 мандати од 150 пратеници , а пред овие избори само Работничката партија имаше  38 мандати.Со тоа може да се каже дека  левицата е буквално збришана во Холандија.
После ова е реторичко прашање дали на овие избори изгуби десницата или левицата.
Вреди да се напомене дека Холандија доби 4 нови парламентарни партии, од кои 3 се десни а 1 е интересна по својот начин на функционирање.
Пред се радува фактот што во парламентот влезе реалната крајнодесна опција  Форум за демократија, која е најмала политичка партија во парламентот, но и убедливо најмлада со само 1 година активност во политичкиот живот.Од неа допрва се очекува раст и промовирање на правите крајнодесни вредности, за разлика од Партијата на слободата.
Е онаа специфичната партија која влезе во парламентот со 3 мандати е DENK, партија која е формирана од Турци, и за која гласаат локалните Турци, но исто така во неа членуват и од останатите заедници.Значи на еден начин добивме прва малцинска партија во холандскиот парламент.Многу интересно ќе биде нејзиното делување во иднина, и како ќе реагират Холанѓаните на тоа.
Што всушност донесоа изборите во Холандија ?
Изборите во Холандија ја донесоа последната шанса на ЕУ, Холандија ќе се пресмета со мигрантите се со цел да ја заштити својата култура, и најверојатно Холандија полека ќе се враќа на своите традиционални вредности.
Исто така ќе се задлабочи јазот помеѓу либералниот дел на Холандија како што е Амстердам, и останатиот дел од земјата кој е затворен и конзервативен.
Растот на партиите кои ги прмовираат традиционалните христијански вредности во Холандија, и успехот нивен може да значи враќање на мала врата на релегијата како еден од основните столбови на холандското општество, кое ќе донесе до забрана на сите либерални закони поврзани со ЛГБТ правата, проституцијата, и користењето на марихуаната.
Анти-ЕУ партиите го зголемија бројот на мандатите, бројот на гласовите, и сите партии кои се иницијатори на потенцијален референдум за напуштење на ЕУ остварија одлични резултати.
Затоа не верувајте на лагите кои се пласираат во медиумите во врска со ситуацијата во Холандија.Допрва Холандија ќе има денови во кои ќе треба да донесе клучни одлуки во врска со својата иднина.

МАКЕДОНИЈА & ХОЛАНДИЈА, ЗАЕДНО ВО БОРБАТА ЗА ЕВРОПА !

No comments:

Post a Comment