Wednesday, 22 February 2017

Терминот фашизам, и неговата пренагласена употреба

Фашисти, фашистот Груевски, фашистот Заев, фашистички предавници, фашистички слуги, фашистички окупатор, фашистички гниди, фашизоиден, долу фашисти, без ваков термин ако не се сретнете во вашиот ден или не живеете во Македонија, или не користите никакви социјални мрежи и да гледате македонски медиуми.
Терминот фашист е омилена навреда која може да ја каже македонски неписмен политички граѓанин (на жал над 80% се од таков вид) се со цел да го навредат својот противник.Иако тие се сосема исти со својот начин на делување, сепак обожаваат да се навредуваат да прават споредби едни меѓу други.
Седам така во друштво на одредени личности по излегување, и почнуваат со нивното етикетирање на се што не им чини со зборот фашизам.Ги слушам и се умешувам, со едноставно прашање :  А што е тоа фашизам ? 
Во тој ист момент од нивните погледи почнаа да ме стрелат со гнев, почнува да им се заврзува јазикот објаснувајќи, па не знаејќи ништо за фашизмот, одма со контра прашање а ти Фашист да не си ? Со мојот потврден одговор, уште толку подивееа дотичните личности, среќа што вакви луѓе нема во мојот тесен круг на пријатели и соборци.
Всушност нивните обвинувања на противникот како фашист доаѓат од фактот што во нашиот образовен ситем уште од самото раѓање  децата се учени дека се што не е полезно за нив е по дифолт фашизам.Секој оној што без разлика дали има големи или мали интелектуални капацитети а слепо му верува на системот, тоа го прифаќа како најнормална појава.Сепак сите оние кои сакат да излезат од рамките на образовниот систем и сакат да научат нешто повеќе, ја сфаќаат иронијата на образованието во врска со фашизмот.Некој тоа го прифаќаат доста болно, некој ја прифаќаат како идеологија и стануваат и самите фашисти, а другите своите познавања за фашизмот ги кријат во себе од страв дека ќе бидат етикетирани како предавници во општеството.
Ех сите оние на кој се лепат етикети фашисти во Македонија да беа навистина такви, денес Македонија ќе беше просперитетна и напредна држава, а извештаите кои ги гледаме во провладините медиуми немаше да бидат комедија, туку реалност.
Ниту еден од нив ниту од гдомците ниту од шарените е фашист, а причините се едноставни.
Фашизмот само по себе значи група, сите заедно без разлика на религија, материјална положба и етникум работат заедно за силна држава, и силна група.Тие работат се спротивно од тоа, за слаба држава, за слаба група и за сопствен личен интерес.
Друга заблуда е дека фашистите одбиваат дебати, сосема не точно, фашистите сакат дебати за својата идеологија исто како што сакаат да имат секс.Многу од спортивната страна, голем дел и нивни видни борци доаѓале на дебати, а после нивните бламажи и порази следувале пријави за бршење на личните профили , неколку пати ни беше избришана и страницата Револт токму од вакви пријави.
Всушност вистината за двата табори е дека тие не се фашисти, туку Црвени кмери, слободно прочитајте кои се тие, најголеми убијци на сопствен народ кој историјата некогаш го запознала.

No comments:

Post a Comment