Monday, 27 March 2017

Рексистичка партија

Рексистичка партија е фашистичко движење активно во Белгија.Своите корени ги влече уште од крајот на Првата светска војна, но движењето е основано политички во 1930.Рексистичката партија е основана од Леон Дегреле.Партијата на почетокот е била конзервативна со католички вредности, но подоцна се приближува до фашизмот, а големиот дел од членовите вклучувајќи го и Дегреле се соработници на Германија.
Името на движењето доаѓа од слоганот Christus Rex (Христос Крал) кој означува зачувување на католичките вредности и големо влијание на Црквата во организацијата на државата во тогашна Белгија се постоеле и конзервативни весници кои го носеле името Christus Rex.
Освен вреднувањето на католичките вредности, партијата била за укинување на демократијата и воведување на корпоративизам, елементи на  национализам, социјална еднаквост и жесток антикомунизам.Конечната цел била да се воспостави клерофашистичко(фашизам со засилено религиозно влијание во власта) владеење во земјата.
Рексистичката партија својата потпора ја имала претежно во населението кое зборувало француски во Валонскиот дел на Белгија, додека кај Фламанците е била популарна Фламанската национална унија.На изборите 1936 година добиваат 21 пратеник во Сенататот и 12 места во Представничкиот дом.
Подоцна движењето добива мала идеолошка промена односно веќе не е религиозно фанатично и станува секуларно, а исто така ги прифаќаат и антисемитските ставови.
Во Септември 1944 година делувањето на Рексистичката партија е забрането а големиот дел на членови е затворен или убиен.Дегреле успева да замине во Шпанија, додека во Белгија е осуден на смрт во одсуство.
                             ( знамето на организацијата)
                                 ( лидерот Леон Дегреле)
Песна посветена на Рексистичката партија и Леон Дегреле

No comments:

Post a Comment