Sunday, 19 March 2017

Нашиот пат

Во Македонија сите ни нудат две алтернативи, два пата, едниот пат е оние кои ја крадеа Македонија цела деценија, другата алтернатива е да одиме по пат на оние кои га грабеа државата во 90тите и се спремни да продадат се во Македонијa.
Ниту еден од овие избори не е правилен и наш, десничарски.И двата пата водат кон една иста цел, уништување на Македонија.
Токму поради тоа ние ја имаме најтешка задача, да изградиме автентичен правилен пат, во кој целта ќе биде просперитет на Македонија.Ова ќе биде пеколно тешко, бара многу труд, воља и решетилност, нешто што ние го поседуваме.Ако не успеаа двете предавнички движења да не купат до сега, нема причина зошто би им се приклониле токму во моментите кога почнуваме да го градиме нашиот пат.
Нашиот пат има поинаков завршеток, тоа е силна национална држава.Кај нас националните интереси се на прво место, а нема да служат како средство со кое се тргува на пазар кај терористите.Терористите повеќе нема да бидат фактор кој ќе одлучува за иднината на Македонија, туку единствени кои ќе одлучуваат за Македонија ќе бидеме ние Македонците.
Целта е повеќе од јасна, доста народот беше слуга на политичарите, туку време е политичарите да бидат наши слуги.

No comments:

Post a Comment