Monday, 6 March 2017

Абортус

Многу често се среќаваме со темата абортус, и тоа дали ова е право на жената или не.Без разлика колку крајно-левите формации сакат да го оправдат ова како право на жената врз сопственото тело, вистината е дека аборусот претставува чин на убиство.
Абортуот (пометувањето) е намерно или спонтатно прекинување на бременоста со отстранување или исфрлање на ембрионот или фетусот од матката.Спонтан абортус претставува губење на ембрионот или фетусот поради случајна траума или природни причини пред 28та гестациска недела.
Намерниот, предизвикан абортус е легален, односно законското прекинување во случај на несакана бременост е дозволено на лично барање, до 10та гестациска недела.Староста на бременоста и одредувањето на десетата недела се пресметува според последната менструација.Барањето за абортус се поднесува во соодтветна здраствена институција со докази дека бременоста нема поминато десет недели и дека прекинувањето на бременоста нема непосредно да го загрози здравјето на жената.
Доколку бременоста е постара од десет недели, се формира комисија што одлучува дали ќе се дозволи абортусот или не.Прекинување на бременоста постара од десет гестациски недели се дозволува доколку постојат одредени индикации, а тоа се :
1 Медицински-заболувања што би можеле сериозно да го загрозат здравјето и животот на жената.
2 Етички и правно - криминогени - бременост што настанала при силување или родосквернавење.Во вакви ситуации треба да се реагира брзо, жената да се испере и да не дојде до оплодување.
3 Еугенични - биолошко-генетски фактори што го оштетуваат плодот, заболување на мајката во првото тромесечје од рубеола, употреба на тетрациклини, некомпатибилност на крва група.Но честопати и покрај болеста, може да се родат здрави и живи деца.Значи доколку би се прифатил аботусот, зарем не би убиле здраво и право дете ?
4 Социјални - лоша материјална состојба, поголем број деца, вонбрачна бременост.

Начинот на изведување на абортусот зависи од периодот од бременоста.Прекинувањето на бременоста се изведува така што бремената се подготвува како и за сите други акушерски операции.Прекинувањето на браменоста се врши со киретаќа или вакуум-аспирација.Кога бременоста е до 6та гестациска недела, прекинувањето се врши со метод на аспирација( или вшмукување) на матката без дилартација (раширување) на цервикалниот канал, а доколку се работи за поодмината бременост, тогаш со соодветна дилатација на цервикалниот канал прекинувањето се врши со метод на аспирација или со метод на евакуација и киретаќа.
Од педесетите години на минатиот век до денес, во нашата мала Македонија се направени над 1.270.000 абортуси.Тоа е некаде половина од бројот на жители што живеат во Р.Македонија.Ќе споменам некои податоци на годишно ниво: во 2008 година 2 деца загинале од давање (поплава), 4 деца ви сообраќајни незгоди, 8 во несреќни случаи, 9 деца загинале од насилна смрт, а на 30 000 им бил прекинат штотуку започнатиот живот.Триесет илјади абортуси во Р.Македонија во 2008 година, а родени 22 945 дечиња.Ние всушност сме се самоубиле.

И за крај можеби најважното а тоа се последиците од абортусот.
Абортусот или прекинувањето на бременоста е кратка интервенција кај жените остава трајни последици.Компликациите зависат од многу фактори, како што се: здраствената состојба и староста на жената, дали е прва бремност, времетрањето на бременоста, техиника на изведувањето, анестезијата, дополнителни операции, стручноста на гинекологот, хигиенските услови.Светската здраствена организација ги дели компликациите од намерно прекинување на бременоста според времето на јавување на рани и доцни компикации.
Рани компликации:
1 Инфекција.Најчеста компликација што настанува и покрај користењето стерилни интструменти.Се манифестира со висока температура, болки во стомакот, а доколку не се лекува, може да предизвика сериозни заболувања, стерилитет, сепса и смрт.
2 Долготрајно крварење.Се јавува во текот и после заврушувањето на абортусот.
3 Заостанато ткиво.Предизвикува грчеви и исфрлање парчиња коагулирана крв.
4 Перфорација на матката.Освен повереда на матката, може да дојде до повреда и на други внатрешни органи, како што се : мочен меур, црева, уретери, големи крвини садови.
Оваа повреда се решава хирушки заради запирање на крварењето.Доколку не може да се срапре крварењето, следниот чекор е отсранување на матката, што претставува аппсолутен стерилитет.Кај секо оперативен зафат, при текот на операцијата  и опоровувањето, постојат компликации што се поврзани со составот на крвата и состојбата на внатрешните органи, компликации што се поврзани со сотавот на крвта и состојбата на вратшрените организ, компликации што се порвразни со составот на крват и состојбата на внатрешните органи, компликации што се поврзани со составот на крвта, и состојбата на вратрешните органи, при то една од најтешки комликации може да биде емболија на белите дробови и смрт.
5 Компликации од анестезија.Обично се од минлив карактер.

Доцни компликации :
1 Инфекции со доцни компликации во вид на хронично воспаление на јајцеводите запушување на јајцеводите, оштетувања на слузокожата на матката, на глото на матката, кое резултира со неможност жената да остане бремена или, пак, доаѓа до спонтат абортус, односо ноеможност бременоста да се износи докрај.
2 Вонматкина бременост.
3 Појава на тумори, карциноми, па и смрт по повеќебројни абортуси.

Освен физичките компликации, постојат и психички компликации, т.н. постабортусен синдром, кој се манифестира со суицидни идеи, обиди за самоубиство, самоубиство, сонови за абортусот со чувство на вина и грижа на совеста, депресија, потиснување на емоциите, избегнување на емотивни врски, страв, беспомошност, сексуални дисфункции, страв од бременост и страв од неполодност, пореметување во исхараната, злоупотреба на цигари, алкохол и дрога.
Во оваа група ма психички компликации треба да се спомне и мажот, неговата улога и психичките последици на мажот по абортусот.И мажот, исто колку и жената, подеднакво ги носи сите последици настанати од абортусот.Овие последици се поголеми, доколку мажот не знаел за абортусот, и тоа било скриено од него.

После ова заклучокот што може да го донесеме е повеќе од јасен, а тоа е дека абортусот е полн со негативности и всушност самиот чин е убиство.
Во пишувањето на оваа колумна се користени материјали од списанието Премин.


No comments:

Post a Comment