Saturday, 11 March 2017

Новите маршали

Другарот Тито сеуште болна тема за Македонецот.Опцуј му мајка, татко, менувај му име, само не му го чепки Маршалот.Идеалниот Маршал кој дал се за нас,  Маршал кој ако не бил, ние денес нема да сме постоеле.
Ех колку само во Македонија фалат предмети како Социологија и Логика, а богами и Историја, но правата не онаа пишувана во Белград.
Е сега една флоскула кај нашиот народ е длабоко всадена, а тоа е да беа 10 % од нашите политчари како Маршал Тито , денес ќе живеевме во рајот.
Ех колку само не можат да воочат дека всушност 90 % од нашите политичари се исти како нивниот драг скапоцен Маршал, да не кажам негови тотални копии, нормално прилагодени во своето време.И по Тито, Тито, не за џабе се рекло.
Сега прашањето е како да почнеме да ги споредуваме нашите нови со стариот Маршал.
Па одиме вака, прво и стариот и сегашните не сакат конкуренција во политиката.Така да едниот ги убивал сите негови потенцијални противници, за некој имало поправна шанса на Голи Оток.Е сега да нашиве модерни маршали, не си ги валкат рацете, но и тие имат механизми за справување со своите неистомисленици.Едниот си го има ОЈО, преку кој веќе испрати неколку политички непријатели во Идризово, другиот има СЈО кој исто така има за цел политичките непријатели да ги испраќа во Идризово.Слобода на говор е дозволена се дур се фали лидерот, се друго се забранува,
Етикетирање, го обожаваат сите.Секој што не бил со Тито е фашист, дури и оние кои биле од неговата партија, исто кај едните терминот си продолжува (правно се наследници на неговата партија) овие другите пак се малку поинакви па политичките неистомисленици ги етикетираат како озогласени соросоиди.
Одиме на другите детали, обожаваат скапи коли.Нашиот најсакан другар, секогаш ги имаше најмодерните и најскапите мерцедеси во своето време со кој ја обиколуваше Југославија и светот, едниот ја наследил љубовта кон скапите и луксузни мерцедеси, а овој другиот малце повеќе преферира Ауди и БМВ.Па сега океј, не може да се 100 % копија едни на други.
Маршал без скапа кола тие исто како мерцедес без знак.
Е сега скапо ауто оди со луксуз.Не може во скапо ауто да се возиш облечен како партал.Затоа другарот Тито секогаш носел скапи одела со добра цвикера и пура, а на неговите скапи костуми завидувале и капиталистичките лидери кои не си дозволувале таков луксуз.А и нашите се исти, некој ја наследил  љубовта кон скапи цвикери, друг кон пурата, секој со својот вкус и карактер.Важно луксузот мора да биде составен дел од имиџот на владетелот.
А какво е тоа владеење, ако не се користи за полезни работи, пример секс журки.Кој имал Бриони, кој Халкидики, кој станови, секој како знаел и умеел се снаоѓа за оваа проблематика.Сепак нашите млади Маршали се фамилијани луѓе, стариот Маршал си бил баш мераклија, бар така зборат луѓето од неговото опкружување.
Во врска со владеењето тие сакат строго луѓе кои ќе им климаат со глава и секогаш зборуваат за народот и само народот, братство и единство, други теми на говорите немат.Следбениците на истите личности се тотално од ист тип, не мислат, за нив мисли лидерот, портетот на лидерот секогаш се наоѓа над нивната глава, да ги потсеќа дека од патот не смеат да скренат.
Ај да се вратиме на профилот Маршали, тие обожаваат море.Така некој имал островчиња и Бриони, друг има хациенди, некој вила, важно имот покрај море е задолжителен.
Лично богатство, поседуваат големо богатство.Тито како за лидер на држава во која сите биле еднакви, поседувал многу голем сеф, полн со злато, сребро и скапи часовници, Вакви богатства поседувале исклучиво најголемите капиталисти во времето во кое Тито живеел, а иронично тој мрази капиталисти.
Фидел Кастро кој исто така обожавал добра жена, чашка и пура како Марашалот Тито, никогаш не можел да сфати како комунистички лидер си дозволува вакви луксузи.
И на крај , најважното, кредити.Секогаш кога државата е во криза, се зимаат кредити.СФРЈ користејќи ја улогата на мост помеѓу двата блока, уживаше во зимање на големи и поволни кредити.Заврши Студената војна, завршија изворите  за поволни кредити, се распадна државата.
Како да не е покусо и денеска нашиот сеуште владеачки Маршал користи иста тактика со зимање на кредити, со кој гради мегаломански проекти кои немаат никаква корист, само возвишување на своето име, исто како што правел и Тито.Е разликата од Тито до денешниот, е  што денеска имаме медиуми кои го бунтуваат народот,а во времето на големиот другар тоа го немало.
И ова нека биде крај, бидејќи споредбите меѓу нив ќе немат крај, ќе се набројуват уште мал милион примери за тоа како тие се всушност тотално исти.
Овој текст е препорачливо да се чита меѓу редови.

No comments:

Post a Comment