Tuesday, 21 March 2017

Тодор Александров - лидерство какво што и е потребно на Македонија

За Тодор Александров верувам дека нема македонски десничар и националист кој ја нема читано неговата биографија, и кој не е запознат со неговиот лик и дело.Овој пат нема да пишувам за автобиографијата, туку една моја лична субјективна анализа, за тоа зошто ние е потребно неговото лидерство денес во 21 век.
Со сите напори шарените и луѓето од Левица, па може да се каже цел тој антидесен блок во Македонија, сака да не ја знаете неговата биографија и да го извалка неговото име.Но сепак нема да можат, бидејќи Тодор Алексндров е поголем од нив, бидејќи неговото дело им е ноќна мора и кошмар дури и по неговата смрт, дури после толку многу години.Ги рушеа неговите споменици, но не го срушија неговото дело.
Е сега одам од мое видување зошто денес ни треба таков вожд, со таков капацитет, каков што несомнено бил Тодор Александров.
Тодор Александорв пред се не се поставувал како претпоставен, туку тој со своите соброци бил пријател, тој секогаш бил човек на кој тие може да се обратат и се што е во можност на Александров да помогне.Војводата никогаш не ги заборавал семејствата на борците кои загинале служејќи на делото, секогаш се грижел за нив и не дозволувал да бидат заборавени од страна на организацијата.
Авторитетот кој го поседувал не го градел со закани, уцени и убиства врз оние кои се дел од неговото движење а не мислат како него, нешто што го правел Маршалот, туку со разговор, решителост и воља да се изнајде правиот пат, кој ќе биде добар за цела организација и сите нејзини следбеници.
Она што најмногу фали денес, а  е карактеристика која најмногу ја поседувал Александров е мудроста и визионерството.Тој бил мудар човек и одлучен, знаел што сака, и знаел кога и како да го оствари тоа.
Визионерството е тоа што тој предвидел многу работи што денес  и се случуваат на Македонија, уште пред 1920 година, кога увидел дека корумпираноста на нашите, и естремизмот кај Албанците, еден ден ќе доведе до војна.Визионерство што е најважно лидер на држава да го поседува за да обезбеди просперитетен живот на своите граѓани.
Народен човек, таа особина од такт ја вади денешната наша левица.Александров не го делел народот ниту по еден основ, тој се движел меѓу луѓето, комуницирал со нив, ги сослушувал, се советувал, и најмногу од се, народов неизмерно го сакал.Колку голема љубов народот чувстувал кон ликот и делото на Тодор Александров, зборат песните во кој е опеан од народот, неговиот погреб кој е најголем по тој на Гоце Делчев, и за тоа зборат нардоните преданија според кои жените многу месеци по неговата смрт не го тргнале црното од нив, жалејќи по големиот војвода.
Решителност, секогаш на проблемите гледал внимателно, и ги решавал сечувајќи ги од корен, никогаш не правел компромиси и не дезволувал проблемите да ескалираат, секогаш решително ги стопирал уште на самиот нивен зачеток.
Образованието било високо ценато од негова страна, знаел дека тоа е иднината на државата, и дека образована нација значи силна држава.Токму поради ова често знаел од касата да го финансира образованието на млади и потенцијални луѓе кои ќе се во корист на организацијата.Тодор знаел нешто што денешните шарлатани не го знаат, ако сакаш да уништиш еден народ, не ти требат атомбски бомби, и силно оружје, само нападни го и уништи неговиот образовен систем, бидејќи лошото образование значи и лоша држава.Е кај нас на жал намерно се вложуваат пари да се гради лош образовен систем.
И најважно од се , Тодор Александорв бил чесен човек, никогаш не крадел од касата да организацијата која одлично ја водел, тој бил почитуван од сите народности кои се бореле под црвено-црниот бајрак за слобода против тиранијата.

На жал место вакви, денес имаме политичари кои наликуваат на други два историски лика, чие што славење постојано се форсира, ликови кои убивале, краделе, и никогаш не биле такви како што ни ги претставуваат, но тоа во некоја друга прилика.

No comments:

Post a Comment