Friday, 9 March 2018

Очајниот црвен терор

Губејќи ја битката на терен и на политичката маса, се повеќе црвените кмери стануваа очајни со што желбата за решавање на нивната инфериорност со примена на насилство расте.
Очајот кој го имат од ден на ден е се поголем, а фрустрациите се на највисоко ниво, посебно по поразот кој го доживееа убедлив на изборите за претседател на САД, кога Сандерс беше поразен од Хилтон, но и сега од новите избори во Италија каде остварија катастрофален резултат.

Обидот за тероризирање на политичките неистомисленици е последната алатка со која тие може да ја вратат нивната мртва идеологија назад во политичката игра, надевајќи се дека на тој начин ќе влеат страв во нивните политички противници.
Сепак колку тие повеќе се обидуваат да тероризираат, отпорот и борбата насочен кон нив само расте и расте и е се посилен.
Од тоа лесно се доаѓа до заклучок дека тие со нивниот обид за тероризирање си прават само голема контра услуга и ништо повеќе од тоа.

Активизацијата на црвениот терор започна со изборите во САД и нивната политичка битка против кандидатите кои победија на партиските избори на двете најголеми парии во САД, иако огромен дел од нив ја поддржаа Клинтон.
Таа беше насочена кон целната група на симпатизери на Доналд Трамп (за кој немам воопшто позитивни мислење) борејќи се против нив на сите можни начини.
Се памети нападот во Сакрaменто кога 2000 црвени нападнаа на 18 членови на националистичка организација во САД, при која и покрај огромната бројчана надмоќ токму црвените го извлекоа подебелиот крај.
Да не ги заборавиме нападите  над трибините на Мило Јанопулис, по потекло грчки хомосексуалец кој поради своите гласни говори против црвената и либералната идеологија е постојана мета на нивен напад и терор, со кој само ја зголемуваат неговата популарност.
Тука се и феминистички напади на новинарки кои се борат против феминизмот и нивните бедни напади со истурање на течност по нив, обиди за физичко насилство пред тв-камерите, со цел да ги заплашат  и да им покажат дека не се доволно "женствени".

Во Шведска е и терористика организација која ги напаѓа домовите на сите оние кои според нив се неподобни и фашисти, нанесувајќи големи материјални штети и заплашувајќи ги на нивните семејства, напаѓајќи со прикрени лица и употребувајќи молотови коктели.

Тука се и последните два настани, насилен напад и прекинување на трибина во Лондон, која имаше огромна посетеност и беше насочена токму кон комунистите (иако самиот сум и протовник на таквите ставови но од друга гледна точка) кои упаднаа на трибината маскирани со црвени и анархистички знамиња.

И последниот е нападот над канцеларија на движењето Каза Паунд во Италија движење за чиј активности имам пишувано на блогот, кој им се трн во око кој се повеќе ги боди и им ги раскрварува очите.
Нападот по изборите во кој Каза Паунд оствари одличен резултат, имаше најдобра кампања, очите на сите странски медиуми беа свртени токму кон нив, нивната работа, нивното претставување, нивното помагање и штитење на сиромашните и ранливи категории во италијанското општество, нивната поддршка и одбрана на работничката класа, ги боли на црвените многу, па наместо да ја променат својата мртва идеологија, тие објавуваат војна со терористички напади кон Каса Паунд во иднина, напади кои само ќе ги јакнат нашите браќа во Италија.

Кога ќе изгубиш на сите фронтови на чесна политичка битка, применувањето на насилство е последниот начин на кој овие мртовци сметаат дека може да се вратат во игра.Тоа воопшто не е за чудење бидејќи во нинвата историја тие во сите држави во кои биле на власт, дошле со воени и терорстички акции, никогаш со чесна победа на вољата на еден народ.
Нека напаѓаат и нека заплашуваат колку сакаат, а ние знаеме дека тоа нема да им помине под ниту една цена.


1 comment:

  1. https://www.youtube.com/watch?v=KbaBBB2mYpw
    https://www.youtube.com/watch?v=Jagxrna8sfE
    https://www.youtube.com/watch?v=ww-CuGyVYj8&t=189s
    Нешто повеќе за таканаречената "Руска" револуција.

    ReplyDelete