Thursday, 15 March 2018

Очајна младина , мртва држава

Младината е основен мотор и двигател на една држава да оди напред, со својата креативност, младост, дух, желба за докажување, борба за градење на идеалистички свет бидејќи нема поголеми идеалисти од младите, добро освен кај нас во Македонија.
На нашата младина побитно и е забава во ноќни клубови и седење по партиски штабови чекајќи партиско вработување.
Наместо младите да се гласот на бунтот на промените во општеството, бунтувајќи се против сите промени кои носат лошо за државата, токму младите се тие кои први ги поддржуваат.

Кога беше протестот за екстерното тестирање, кое не менуваше ништо позначајно во животот на еден млад човек освен оценката и го проверува целото негово знање, илјадници на улица, повеќе од 20 илјади (законот беше малку промашен од други аспекти, иако таква проверка на знањето е повеќе од неопходна) како од шала.Навооружени со пароли со желба за битка и борба до крај.
Кога едно куче беше убиено (колку и да е гестот одвратен) се собраа илјадници млади на протест, барајќи правда за животните.

Сега кога се носи закон кој влијае директно врз нивните животи, освен националистите/фашистите, нема ниту еден млад човек да се бори против примената на овој антиуставен закон кој не прави робови во своја држава.
Ги нема младите да кажат дека без никаква дебата законот е донесен на сила, вакво покажување сила немаше кога беше доведен законот за бранители.
Каде се младите сега да покажат дека политчарите не може да ги одредуваат нивните судбини ?


Со младина незаинтересирана за тоа што и спремат политичарите, младина која не иницира никакви промени, младина без организации кои се борат политички, е младина која е очајна, а очajна младина значи само едно, мртва држава.

No comments:

Post a Comment