Tuesday, 6 March 2018

Избори во Италија

На 4ти март се оддржаа парламентарни избори во Италија, кои првично треба да се оддржат на 28 декември 2017 година, но беа откажани од страна на италијанскиот претседател Серџио Маттарела.

Изборите се оддржаа и ги донесоа очекуваните резултати , покажувајќи го бесот и огроченоста која владее кај Италијанците од страна на постоечката власт како и од Европската Унија.

Како победник на изборите во Италија со 11 милиони освоени гласови е политичко движење Пет Ѕвезди кое освои над 10 милиона од гласовите.
Ова политичко движење започна од комичар кој формира партија за да ја исмејува на италијанската политичка елита, несвесен во какви можни рамки може да прерасне тоа движење.
Дел од водачите на ова движиње се личности чии што родители биле фашистички активисти во 70ти и 80тите, како дел од Italian Social Movminet (единствената италијанска партија со профашистичка идеологија во тој временски период).
Тоа што ја карактеризира оваа партија е тоа што таа е партија која е евроскептична, против емиграцијата, која смета дека треба поголем дел од финансиските средства на државата да се одвојат за социјално ранливите категории, со што однесе убедлива победа во сиромашниот Југ на земјата, како и во Сицилија и Сардинија.
Движењето ќе има тешка задача да најде коалициони партнери за да формира Влада, со оглед дека нејзините политички не се контактибилни со останатите партии кои влегоа во парламентот.

Иако Пет Ѕвезди со 133 пратеници и 10 милиони гласачи се победници, главниот фактор за формирање на Владата ќе се партиите од десната коалиција кои вкупно освоиа  12 милиони гласови и 151 пратеник.

Во десната коалиција влегоа 4 партии, од кои 3 влегоа во парламентот.
Најмногу гласови освои Северната Лига (регионална, порано и сеператистичка партија) со 5,6 милиони гласови, сепак партијата на овие избори не беше толку радикална како порано, со својот регионален сеператизам и анти еу политики.
Форца Италија, партија која кокетира и со ЕУ но и со евроскептиците обидувајќи се да игра на двете карти освои 4,5 милиони гласови.
Како трета партија која влезе во парламентот со 1,4 милиони гласови е Браќа за Италија, партија која важи за партија со силно упориште на Југот во државата, пандан на Северна Лига во одредени регионални но не и сеператистички (порано) елементи, партија која сака да го носи презнакот фашистичка, поради тоа што настанува од оделување на одредени фракции од фашистички движења и партии од 80ти и 90ти, иако партијата е основана 2012.

Од другата страна левата колиција составена од повеќе од 6 партии , оствари тотално фијаско и освои гласови под сите очекувања од кои само две партии влеагоа во парламент со 88 пратеници, и тоа партијата која е главна во коалицијата со 86, додека една помала регионална партија успеа во својот регион да освои 2 пратеника.
Фијаското се должи на лошото владеење кое го имаа во изманиот период левите парии, нивната неумешност да се справат со миграцијата, како и про ЕУ ставовите.


Најрпријатно изненадување кое мене лично ме радува е CasaPound со освоените 310 000 гласови. Со својата уникатна и оргинална кампања CasaPound ги сврти очите на медиумите кон нив, покажувајќите дека пред се и над се CasaPound не е само обична политичка партија, туку е движење и начин на живот, со кој се будат, дишат и живеат нејзините членови.
Со ваквиот раст на наредните избори може да очекуваме конечно враќање на искрениот фашизам во италијанскиот парламент.

Комунистичката коалиција освои 360 000 гласови, составена од 6 комуниситчки партии, со што се покажа дека комунисите дури и обединети се далеку од своите златни времиња кога беа редовен декор од италијанскиот парламент.

Како главен заклчуок кој можеме да го добиеме од Италијанските избори е разочараноста на Италијанците од поранешните политички опции, како и нивното гласање и издигање на нови политички опции со нови ликови кои носат нова надеж, нови ветришта во италијанската политика.

Покажуваат дека ЕУ се соочува со сериозен проблем, бидејќи речиси сите евроскептични и анти ЕУ партии се во постојан раст, додека про ЕУ партиите имаат вртоглав пад.
Или ЕУ ќе се реформира или ЕУ полека но тивко ќе умира во битката да се заддржи како систем на вредности кој се покажа како тотално фијаско.

Можеби најдобро ситуацијата во Италија ќе ја образложи еден социјалист (левичар близок до комунистите) кој ќе изјави : Никој по Мусолини не направил добро нешто за Италијанците.

Повеќе од јасно е, Италија бара и ќе добие промени, наскоро.


No comments:

Post a Comment