Tuesday, 13 March 2018

Новинарска "слобода" на дело

Слободата на говорот е едно од загарантираните права на новиот свет, освен доколку не ја пренесуваш суровата вистина на терен.
Ваквиот заклчуок се покажува многу пати, со цензурирани страници, цензурирани прилози и.т.н. 
Во Македонија бевме сведоци на ваква цензура, но мојата тема нема да се однесува на таа туку на меѓунардоната цензура на земји кои се многу поразвиени од нашата.

Првата сторија е од Италија каде што поранешниот активист и лидер на EDF (English Defence League)  а сега новинар Tommy Robinson , отиде да снима неколку прилози поврзани со изборите во Италија како и мигрантската криза.
Настанот кој е всушност интересе е неговата посета на железничка станица каде што пред 2 години при снимање на прилог е нападната новинарка и тоа во сексуален напад за нејзино силување.
Две години потоа на истото место беше нападнат и Tommy Robinson од страна на мигрантите.
Тоа само покажува кoлку се безбедни и слободни новинарите да истражуваат во присуство на мигранти.
Видео од нападот

Втората сторија ни доаѓа од Велика Британија каде што новинарката Lauren Southern под обвинение за тероризам, како far-right/христијански терорист е уапсена и испрашувана од страна на службите на Велика Британија, притоа без да ги има загарантираните човекови права поради тоа што се работи за приведен терорист кои има за цел да изврши терористички напад на територијата на Велика Британија.
Додека во исто време познат исламистички фундаменталист осуден за ширање на радикален исламизам слободно шета по џамиите во Велика Британија, новинар е приведен поради тоа што може да сними докуемнетарец или прилог кој не оди во корист на властите и на либералите и нивните теории за оптешството.
Изговорот под кој е уапсена е дека ширела антиисламска пропаганда поради прилог кој е сниман во Лондон каде што на муслимани им се поставуваат нормални прашања на кои тие даваат "неочекувани" одговори.

Видео од прилогот


Ова само покажува колку навистина се толерира слободата на говорот,  доколку ја кажуваш неудобната вистина за глобализмот и неговиот неуспех.

Интервју по приведувањето

No comments:

Post a Comment