Thursday, 29 March 2018

"Отпишаните"


Среќна нова 1949 на нашииот медиумски простор, враќајќи ја повторно за емитување на тв серијата Отпишаните кои никако да ги отпишат од својот ТВ репортоар.

По кој знае кој пат Македонците ќе можат да "уживаат" во оваа врвна "тв серија", и згодите не незгодите на "јунаците" во неа.

Покрај Отпишаните, на друг медиум оди тв серијал за Југославија и животот во неа, со цел побудување на југоносталгија во народот во овие кризни времиња за нас.

Иако со референдум се ослободивме од Југославија, духовно и медумски сеуште оргомен дел од народот живеет таму, тотално изгубен и без морал, а да биде ужасот поголем тоа се пренесува и на младите дечиња кои уште од мали нозе се задоени и се тема на прење на мозоци за животот во Југославија преку овие југословенски филмови, документарци и тв серијали.


Целта е уште од најмали нозе децата да им се исперат мозоците, градејќи херои од комунистите, така да уште од мал е навлечен на комунистичката утопија


Наместо да снимиме нешто наше, наместо да го опфатиме кога толку сме љубители да гледаме во минатотое периодот од нашит борби за ослободување, животот за време на балканските и првата светска војна, животот помеѓу двете светски војни, да не зборам па филм кој ќе го прикаже реалниот живот ,градење на Македонија во периодот 1941-1944, туку постојано се исти и па исти филмови, серијали, кои обичен Македонец ги знае на памет.


Јас никогаш не сум ниту гледал ниту сум уживал во овие бајки од партизански филмови и тв серијали што најверојатно се должи на моето постојано читање на историски книги од мали нозе и мојата љубов кон историјата а не кон бајките и лагите на комунизмот.


Сепак поголемиот дел од младината нема никаков интерес кон читање на било какви книги, без разлика дали се историски, научна фантастика, романси, па се лесни за манипулации праку овие филмови, со што тајно и полека градат чувство на југословенски национални вредности кај нив, наместо да бидат Македонци, горди и свесни на своето потекло.

Кога веќе се даваат тв серијали од минатото, зошто да не бидат странски, за да увиди нашата малограѓанштина какви животи и колку понапредни биле во западот за разлика од нив во тогашната СФРЈ.
Митотот Југославија и југословенство живее само кај нас, чувство на припадност кон држава во која сите бевме еднакво сиромашни, држава во која ние бевме нејзиниот отпад.


Само за илустрација додека ние гледаме се исти и па исти филмови и серијали, нашите соседи неуморно снимат, а едни успееа да ја направат најгледаната странска серија во САД, серија која погодувате не одеше на нашите тв екрани.

А ние , ние не се осудуваме ни да снимиме ништо повеќе од бедни тв комедии, на кои ни мртовец нема да се насмее, со очаен квалитет колку да се истрошат парите на фондот, а во меѓувреме да гледаме турски тв серијали, Жикина династија и Отпишани.
Па сега по кој знае кој пат ќе се гледат згодите и незгодите на комунистичките терористи, па за некој ден ќе се гледа некоја битка на Неретва, офанзива, отупувајќи го и оглупувајќи го младиот Македонец со лаги и митови за една држава која повеќе не постои.


И така емитувајќи го овој серијал со години и години наназад, ние добивме неколку генерации на прави Отпишани млади од вистинска култура, уметност и вредности.


No comments:

Post a Comment