Saturday, 17 March 2018

Обединети за УЧК

Законот за јазици сеуште ја тресе македонската политичка јавност, посебно поради начинот на кој тој беше донесен, не почитувајќи го Уставот на државата, со што самиот закон е антиуставен.
Борбата на одредени Македонци да бидат поголеми Албанци и од Албанците е смешна и трагикомична во исто време.Толку паѓат ниско што и најверните пријатели не им дават поддршка.

Многу симпатизери на Животот сметат дека законот е неопходно зло бидејќи и ако била Преродбата на власт, тој закон ќе се донел.Е само разликата би била нивните противници ќе викале Браво, а тие ќе викалеУа.
Епа ако сте исти (а сте) и тоа повеќе не го криете драги дечки од Животот и Преродбата, зошто се борите едни против други, кога можете да бидете дел од истата партија.
Одете во ДУИ, и така ти се газди, згаснете ги двете ваши партии и зачленете се во ДУИ, кога и така вашите наредби на терен доаѓаат од Мала Речица а не од Скопје.

Друго чаре ако не ве примат од ДУИ, фузирајте се, име може од следниве СДС-ДП, СКМ(Сојуз на Комунисти на Македонија), УДБА-СУДБА, ПППМ (Предавничко профитрска партија на Македонија), Обединети за УЧК или како и да вие помило.
Бојата заедничка имате, може небо-сината или црвената, која вие помила по ваш избор.

Доста се кавгите и поделбите поради вашите партиски лидери, кои остваруваат иста политичка агенда.
Доста се мрштите на секој избори меѓу вас, кога знаете дека по избори ќе го правите тотално истото што би го правеле вашите противници кога би биле на власт.

За наше и ваше добро, направете заедничка партија и поштедете не од глупостите ваши, за век и векови.


No comments:

Post a Comment