Saturday, 3 March 2018

До кога ?

Македонија во еден ден доживеа толку понижувања на интелигенцијата на обичниот народ, што просто се прашуваш самиот себе, што не е во ред бе со овие кои се на власт.
Знаеме дека народот е политички неписмен, ама пак да го сметаш за целосно неписмен и да му продаваш лаги за пајаци и дека сторителите сеуште се бараат, а бодењето е сред бел ден во најстрог центар на Скопје, крвотокот на државата, ептен треба да не сметат наивни.

Е сега почнаа да ме мачат многу прашања, кои не знам дали ќе можам некогаш да си го одговорам.

До кога ќе ќутиме додека наши деца крварат по автобусите на градскиот јавен превоз а нивните предатори и потенцијални убијци шетаат по улиците на Скопје без мува да ги лази ?

До кога родители ќе бидете слепи на овој феномен, дали ќе чекате и вашето дете да биде жртва на ваков настан па да треперите за неговиот живот, немоќни бидејќи никој нема да застане на ваша страна ??

До кога ќе бидеме слепи на моќта и власта на УЧК и тоа дека таа штити потенцијални убијци, додека двете најголеми партии молчат како пички и слугуваат на оние кои сакаат да не убијат ??


До кога полицијаци вие ќе измислувате смешни изговори со кои вицовите кои ја навредуваат вашата интелигенција се мачкина кашлица за тоа што вие го правите, измислувајќи стории за пајаци кои тепат џандари ??

До кога полицајците ќе бидат слуги на УЧК а не на своите граѓани, до кога ќе ги прикриваат нивните злосторства и напади, а во исто време ќе ги тепаат без милост без никаков грев и трепнување на око децата Македонци, само затоа што одат на стадион да бодрат македонски а не белосветски клубови ?


До кога ќе седиме пред телевизори и ќе грицкаме чипс и семки,  ќе пцуеме пред телевизорт, а надвор од нашиот дом ќе сме најобични кукавици ??

До кога македонските деца ќе се мета на разни силеџии и убијци ?


До кога ќе трпиме политчарите да се богатат со нашите пари, до кога ќе ги трпиме нивните патни трошоци ???


До кога ќе бидеме слепи дека луѓето кои треба да се борат против корупцијата се најкорумпирани луѓе во државата  и со тоа самата корупција цвета ???


Дали ќе дозволиме некое дете Македонец да биде убиено затоа што е  Македонец и затоа што навива за македонски клуб во својата држава ?????

Колку вреди нашето достоинство и дали ќе си го вратиме или ќе оставиме да бидеме понижувани од кој стигне ?

До кога русофили ќе ни го перат мозокот да станеме нивно робје, наместо национално да се освестиме и да делуваме силно за пропсеритетна Македонија ?

ДО КОГА ?

No comments:

Post a Comment