Sunday, 9 April 2017

Неписмена младина

Резултатите од последното испитување за писменоста на младите дадоа еден сосема очекуван резултат а тоа е дека нашата младина е неписмена, и тоа со поразителни 70% неписмени млади.Изненадува фактот што поголем дел од нашите медиуми оваа вест ја дочекаа со доза на изненадување и шок, иако тоа е сосема очекуван резултат за секој што на било кој начин е вклучен во образованието во Македонија.
Ваквиот епилог е резултат на 25 години никаква стратегија во поглед  на младината и пред се на образованието, бидејќи пред се вакви резултати се посакувани од нашите политичари со оглед на тоа дека таква неписмена младина ќе биде целосно зависна од политичките партии.
Кои се виновниците за ваквата неписмена младина ?
Министерството за Образование и Наука, МАНУ, медиумите и родителите се главни виновници.
МОН и МАНУ ја сносат одговорноста  што и покрај 25 години независна Македонија, тие сеуште не најдоа начин да изготват национална стратегија за млади, стратегија која нема само да го подобри нивното знање туку и квалитетот на општественото живеење.
МАНУ како институција која треба да биде темел на градењето на државата е сосема отсутна, и нема никаков став по речиси ниту едно прашање што е клучно за државата и животот во неа.
Медиумите својата вина ја сносат што речиси ниту еден од нив не известува за тој проблем, втората вина ја сносат што немат никакви образовни емисии со кој ќе ја едуцираат младината.
Од времето кога одеше Ѕвон на МТВ и нејзиното прекинување, во Македонија немаме ниту една емисија со образовна содржина, а тој период изнесува минимум 5 години, што доволно збори колку нашите медиуми имат свест за овој проблем.Наместо тоа имаме телевизиски серијали кои ја утупуваат нашата младина, серијали кои се тешки социјални драми од општество кое нема допирни точки со 70-90 % од популацијата која живее во Македонија.
Тука се и емисиите во кои се емитуваат содржини во кои се покажува и се возвишува глупоста како вид на забава,а за тоа се добиваат одредени смешни награди од продукцијата.
Место за поучни тв серијали кои ќе имат мотивационен и едукативен карактер нема со години, можеби веќе и деценија.
Сепак главниот виновник се родителите, кои се слепи на се тоа што го прават првите три институции.Како што веќе пишував во друг текст на блогот, родителите окупирани со своите проблеми и политички битки ги забораваат децата.Се дур тие одат на протести и контра протести, на обоени црвено-жолти и шарени револуции, нивните деца се заглавени во калта на простотијата  и не може сами да излезат од неа,
Одговорноста кои родителите ја имаат кон своите чеда е тотално запоставена од нив, тие не покажуваат никаква грижа оза средината во која растат нивните деца, средина кои тие сами ја креираат со излегување на протести, гласање на избори,плаќање на даноци кон државата, гледајќи и поддржувајќи социјални драми место образовни тв емисии и.т.н.
Главниот показател на овие проблеми беа студентските и средношколски протести пред МОН, тие критикувајќи ги очајните одлуки за екстерни тестирања на Владата, тие со сите сили го бранеа катастрофалниот систем кој ги донесе овие резултати како позитивен, без никаков предлог како да се подобри образованието, што доволно збори за фактот дека заинтерисираноста на младите да ги зглемат своите знаења е на очајо ниво.
Решението е државата под итно да изготви програма за развој на младите и да го подобри нивниот квалитет на живот и образование, парите место на споменици и нефункционални проекти да се насочат кон младите, да им се дава стимулација да го променат својот начин на живеење, да не се иселуваат од државата и да бидат корисни за родината.
Медиумите под итно од 24 часа, минимум 3-6 часа да емитуваат образовна програма и тоа во ударни термини се со цел тие да имат голема гледаност како и кај младите, така и кај постарите гледачи.
И најважно од се родителите повеќе време да посветуваат на своите деца, да ги согледуваат нивните проблеми, да им помагаат а не да ги зголемуваат проблемите на младите, и над се да стават крај на кризите во кое стално запаѓа општеството.
Време е нашата младина да биде образована, едуцирана, емотивна, грижлива, спремна да се жртвува за родината, младина со која ќе се гордее секоја држава.Од нас зависи !

No comments:

Post a Comment