Sunday, 30 April 2017

Тестот на македонскиот десничар

Сите сме свесни и многу добро знаеме дека на жал во Македонија десница речиси и да нема.Секој македонски десничар повеќе делува како соло птица, или во помали организации која никоја не брои повеќе од 10-20 активни членови.Тоа е проблем кој мораме да го решиме.
Време е за градење на автентична македонска десница, против УДБА и нејзината креација на лажна слика за македонскиот патриотизам и национализам.Мораме да се бориме против тоа.
Македонскиот десничар живее во време во кое што е во опасност опстанокот на државата, поради политичките елити кои ја издигаа цената на својот криминал на судбината на државата.
Многу Македонци беа измамени и искорситени како жртвени јагнина до сега, ние како свесни десничари треба да стопираме животните судбини на луѓето да бидат уништени а со нас да владеат генерали на УЧК.
Едните го поставија Форина за министер, другите за претседател на собрание, еден доказ дека се исти, тотално исти.
Дур ние спиеме, Србите на големо ја враќат идејата за Велика Србија, идеја против која се боревме со Охридско-дебарското, Тиквешкото востание, Валандовско-удовската афера и.т.н.
Ако сме десничари и патриоти, време е да се организираме, а не да бидеме пасивни, пасивноста наша значи дека ние сме на нивна страна, на страна на политичарите.
Само со активизам, па макар бил и мизерен и минимален, ние  ќе докажеме дека не сме слуги на партиите, и дека сме слуги единствено на нашата родина Македонија.
На нашата мајка Македонија, како никогаш до сега и е потребно нашето активно присуство на политичката сцена, се со цел да ја спасиме Македонија.
ПОТРЕБНИ СМЕ НА РОДИНАТА- ВРЕМЕ Е ДА СЕ АКТИВИРАМЕ

No comments:

Post a Comment