Friday, 28 April 2017

Црното сценарио

Вчера ни се случи тоа што десничарите многу долго го предупредуваа, влез во Собрание, кое ќе кулмунира со можен судир на две толпи  Македонци.
Толку многу пишувавме сите десничари, толку многу и ние од Револт се трудевме колку што можеме до вакво сценарио да не дојде.
Сепак дојде.
Прво толпата која што влезе во Собранието, е контролирана од дел на раководството на ДПМНЕ, кои ги искористуваат на овие протестанти како жртвени јагнина, за напредок во нивната кариера, безмислно газејќи по свои луѓе.
СДСМ пак го избраа истиот за кој тврдеа дека е криминалец, соучесник во режим и командант кој нареди масакар на речиси истиот ден пред 16 години, командант Талат Џафери.
Дезертер е втор човек на државата, пораката  до сите идни македонски војници би била, дезертирајте за да бидете наградени.
Сите го посакуваа тој инцидент, кое е посакувано сценарио на политичктие партии, во финалната пресметка за власт.

Дали вредат партиите повеќе од Македонија ??
Дали ќе ја уништиме Македонија поради СДСМ и ДПМНЕ, е прашање кое треба да си поставиме сите.


1 comment:

  1. Ајде наместо да ја уништиме Македонија, да ги уништиме партиите.

    ReplyDelete