Friday, 28 April 2017

16 години од масакрот кај Вејце.

На денешен ден пред 16 години, во заседа извршена од страна на терористите на УЧК, по команда на терористот и сегашен втор човек на државата, изродот Талат Џафери, во заседа безмилосно беа убиени 8 бранители на Македонија.
Роберт Петковски
Бобан Трајковски
Миле Јаневски
Игор Костески
Марјан Божиновски
Кире Костадиновски
Бошко Најдовски
Илче Стојановски

Игор Костески како бранител во својот дневник ќе напише :
"Пролетва на Скопска Црна Гора и Шара, наместо кокичиња 'ртеше највеличенственото Македонско достоинство кое се полева, а можеби ќе се полее и со мојата младешка крв, без да го почуствувам вкусот на плодовите.Ќе биде како Бог сака".

При радио врската известувајќи за нападот, на крајот Илче Стојановски ќе јави:
"НЕМА ПОТРЕБА ДА НИ ДОАЃАТЕ ПОВЕЌЕ ВО ПОМОШ, СИТЕ ЌЕ ИЗГИНЕМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА".


No comments:

Post a Comment