Saturday, 1 April 2017

Симнато државното знаме

Официалното знаме на Република Македонија на жал денес нема никаква вредност.Нема поради тоа што нашиве политичари се продаваат за ефтини пари.
Овој пат нашето државно знаме беше симнато од јарболот во центарот на Куманово.
И дека не се работи за изолиран инцидент збори фактот што албанското локално население пружело отпор на апсењето на албанските сеператисти кои го симнале знамето од јарболот.
На вакви инциденти сме навикнати и се секојдневност во Македонија.Голем дел пак од знамињата кои стојат на јарболите со месеци се искинати.
Кога Македонец во знак на револт за промена на државното знаме го газеше, беше осуден на  3 години затвор.Албанците кои го симнуваат државното знаме немат поминато ниту еден ден во затвор.
За напомена навивачите на КК Куманово кога го бранеа националното знаме добија пендраци и беа исфрлени од салата, при што некој од нив добија и повреди.
Навивачите на ФК Шкендија кои повеќе пати го симнуваат нашето знаме и вадат мапи на Етничка Албанија, полицијата кон нив се однесува како да се национални хероји. (наскоро ќе има текст на оваа тема)
Дали во оваа држава законите важат еднакво за сите ????
Државното знаме симнато во Кичево


No comments:

Post a Comment