Saturday, 8 April 2017

Избори, Бугарија и Србија

Во краток период се случија повеќе изборни процеси на Балканот, а последни кои се одржаа во период од 2 недели се парламентарните избори во Бугарија, како и претседателските избори во Србија.Во овој текст ќе ги анализирам изборните резултати.

Изборите во Бугарија беа избори во кои можеби се очекуваа некој промени, посебно по победата на кандидатот на БСП на претседателските избори Румен Радев.Се очекуваше тешка битка помеѓу ГЕРБ и БСП, но до таа битка воопшто не дојде поради погрешната водена политика на БСП.Нивните проруски ставови доведоа до тоа да имат пад на рејтингот по кој не можеа да се вратат во игра.
Од друга страна ГЕРБ стоеше до нивните добро познати ставови и имаа стабилен рејтинг за време на целата кампања.
На овие избори погледите не беа насочени толку на битката ГЕРБ-БСП, колку што беше насочена кон битката ДПС-ДОСТ, или поточно резултатот на ДОСТ.
Демократи за Одговорност Слобода и Толерантност на скратено ДОСТ (турски пријател) е партија која е формирана од радикалното турско крило кое ја напушти ДПС на чело со  Љутви Местан (познат како агент Павел) чија што партија е формирана и финансирана од Ердоган.
За прв пат официалните турски власти застанаа и агитираа за една партија во Бугарија.
Да бидат појасни работите во Бугарија е строго забрането да се формират политички партии кои ќе промовираат етнички вредности и кои ќе водат кампања на друг јазик освен бугарскиот.
ДОСТ ги прекрши овие одредби и водеше отворена кампања на турски јазик, со главен акцент  на познатиот Процес на обнова, во кој беа променувани имињата на Турците и Ромите, процес кој резултираше со формирање на терористичката организација Турско национално ослободително движење во Бугарија, при чиј што напади жртви беа деца и мајки.
Од друга страна беше Движењето за Права и Слободи, партија која ги штити интересите на Турците, Ромите и дел од Помаците (Бугари муслимани) партија која за овие избори беше отворено финасирана од Руската Федерација, а чиј што лидер Мустафа Карадај  беше умерен во своите ставови по однос на прашања за зголемувања на правата на турското малцинство во Бугарија.
ДОСТ не успеа да влезе во парламентот, наиде на катастрофален резултат во Бугарија, но на гласачките секции во Турција однесе убедлива победа, и беше втора партија по ГЕРБ по број на освоени гласови надвор од Бугарија, податок што укажува дека опасноста од ДОСТ и нивниот радикален екстремизам сеуште виси над Бугарија.
ДПС победи во сите доминантни турски и ромски средини и влезе со 26 пратеници во собранието.
Одиме на анализа на другите партии, левичарските партии во Бугарија не забележаа некој резултат освен БСП, сите беа далеку од шансите да влезат во парламентот, пред се тука алудираме на АБВ партијата на поранешниот бугарски председател од БСП, Георги Прванов.
Обедниети патриоти односно коалицијата ВМРО-БНД-НФСБ-АТАКА, оствари полош резултат од нивните очекување, иако и со ваков далеку послаб резултат од очекувањето ќе бидат фактор во фомирањето на владата.
Како нивен главен адут беше блокирањето на границата се со цел да се намали бројот на Турци што ќе гласат на изборните секции во Бугарија.
Традиционалните десни партии како што беа наречени од бугарските експерти Да за Бугарија, Нова Република (ново формирани партии)  и Реформаторскиот Блокс заедно со ПП Глас Народен (партија која на почетокот делуваше на ист принцип како Бели) остварија одлични резултати во големите градови, но на сите други територии имаа катастрофален резултат што не им овозможи да влезат ниту на една од нив во собранието на Република Бугарија.
Кога сме кај партиите кои се националистички тука единствена која вредна да се спомене е Преродба, партија која оствари добар резултат како партија која прв пат настапува на избори, и партија која ги одби финансиските средства која ги доби со надминување на изборниот цензус за финансирање на партиите од страна на државата.Доказ дека кај националистите секогаш е се за државата а ништо од неа, за разлика од една македонска партија Левица, која тврди дека е граѓанска партија, а не криеше дека главна изборна цел е да дојдат до државна цицка и до пари од државата.
И како за крај да ја споменеме партијата Волја на Марешки, бизнисмен кој е алфа и омега во нафтената и аптекарската индустрија , чија партија влезе со 13 пратеници, пред се локална партија со силно упориште во регионот кој гравитира околу градот Варна, човек кој себеси се нарекува бугарскиот Трамп, и партија што е микс на  социјалдемократија, национален конзервативизам и популизам.


Во врска со изборите во Србија за претседател, анализата е сосема кратка.
Србија е во периодот кој Македонија го живееше во 2011 година, јакнење на култ и сила на еден лидер како семоќен и спасител на нацијата.Вучиќ оствари огромна победа со цела машинерија која ја поседува.
Србија денес ќе се обидува да се движи по некој нивен зацртан пат каде што ќе соработуваат и со БРИКС и со амции за влез во ЕУ, а тие добија силен авоторитетен лидер кој допрвата ќе гради култ кон својата личност, и ќе ја зголемува својата моќ  и супериорност на политичката сцена во Србија.
Шешељ победникот од Хаг е најголемиот лузер на овие избори.Желбата да не го напаѓа својот ученик Вучиќ допринесе од тоа да ги преполови гласовите на Српската Радикална Странка, и тие гласови да се слејат кај Вучиќ и новниот феномен на српската политика Бели.
Бели е фиктивен лик кој на еден својствен начин ја исмејува политичката елита во Србија но и регионот.Движењето Сарма Пробао Ниси е движење кое во Младеновац освои второ место на изборите веднаш за СНС на Вучиќ.Пред се ако ја отргнеме комедијата која овие комичари(политичари) ја пружат, нивната вистинска цел е вакви движење да се развијат на локални ниво шурум Србија и со остварување на резултати исти како нивниот во Младеновац, за да работат на подобрување на животот во нивните населени места.
Гласовите на луѓето кои се разочарани од системот кои отидоа кај Бели, покажуваат дека луѓето повеќе не веруваат на политичките елити, но сепак овие гласови се гласови кои се фрлени во ветар и магла бидејќи конкретно нема да променат ништо во истиот тој систем.Според мене ова се гласови кои не вредат ништо.
И за крај вреди да се поздрави потегот на Бели кој исто како бугарската националистичка партија Преродба, ги одби финансиските средства кои го следуваат за неговиот изборен резултат.


No comments:

Post a Comment