Tuesday, 11 April 2017

Размислувај

Живееме во модерен свет во кој информации од секаква природа ни се многу лесно достапни, или уште поточно кажано сме бомбардирани од информации од разни извори и медиуми.
Но колку од тие информации се точни, и корисни ?
Поголемиот дел од нив се неточни, и имаат за цел перење на мозокот на оние кои го читаат медиумот.Најголем проблем е што огромен дел од популицијата намерно ги чита овие медиуми и го прифаќа нивните информации за точни, бидејќи на тој начин ќе се поблиски до партијата и својот лидер.Дел од нив иако знаат дека тоа не е вистината, сепак се држат до неа за да бидат лојални на политичката партија, бидејќи лојалноста им е над здравиот разум.
Покрај медиумите нов вистински проблем се социјалните мрежи.Тие го заробуваат умот и го стават во зандани, затворен во еден магичен свет кои тие го контролираат.
Ги сервираат информациите што се подобни да ги читате, ве заробуваат со часови да поминувате време пред нив, а за возврат станувате се поглупи.Социјалните мрежи се одлични доколку знаеш како да ги користиш, но на жал 90 % од популацијата место да владее со нив, таа им робува и слугува.Кој читал Реванш е добро запознат со овој проблем,.
Најважно од се е твојот мозок и разум да размислуваат, распознаваат, и логички да дојдат до заклучоци што е реалноста и вистина, а што илузија и лага.
Секој од нас на свој начин мора да помогне на секој што го познаваме а чиј ум е закован во окови, кој не размислува со своја глава да му помогнеме да ги скрши оковите.во кои е заробен и да биде слободен човек како нас.Нашата борба е борба против модернизмот, лагите кои постојано се шират, и најважно од се да ги запознаме луѓето со вистината.
Бидејќи не постои моја и твоја вистина, вистината е само една, додека лагите се милиони.
Треба да се посветиме и да размислуваме секојдневно, да размислуваме како да ги промениме работите во нашето опкрожување, како да ослободиме повеќе луѓе од умствените окови, како да ја запознаеме јавноста со нас, како да привлечеме повеќе луѓе на нашата страна, како да промениме одредени негативни општествени појави и.т.н.
Колку што можеме постојано треба да размислуваме и да планираме за нашите планови и активности во иднина, за да изградиме општество во кое ќе биде вредно да се живее.
Многу важно е нашето размислување да го преточиме и во дела, во активизам по градовите ширум Македонија, бидејќи растојанието меѓу твојот сон и реалноста се нарекува акција.

No comments:

Post a Comment