Wednesday, 27 July 2022

Бугарски пасоши - почетокот на крајот

 Со овој текст уште од самиот старт сакам да потенцирам дека целта на овој текст не е ширење омраза ниту кон Бугарија ниту кон бугарскиот народ туку давање на една конструктивна и реална критика за македонскиот народ и неговиот предавнички чин кон сопствените идеали, вредности и морални принципи кои постојано ги потенцира но и почнувањето на крајот на Македонија која доколку нешто радикално не се смени во наредните 5 до 10 години ќе биде мртва држава со мртов народ за кој повеќе нема да има спас.


Македонците како нација секогаш потенцираат дека се спротивност од Бугарите, дека Бугарите од било каква компарација се подолни од Македонците, од историски, национален, културолошки па дури и до расен, сите овие стериотипи наметнети од страна на комунистичката историографија а супериорност на Македонците во однос на Бугарите.


И покрај ваквата поставеност на Македонците како супериорна нација во секој поглед во однос на бугарската, покрај цела омраза која е всадена од страна на комунистите длабоко во генот на Македонецот, сепак тој се доведе во ситуација масовно да поднесува барања и доби бугарски пасоши, со кои ја доби шансата лесно и без никакви проблеми да ја напушти Македонија.


Ако го видиме овој чин масовно македонскиот народ и секој поединец направи предаство на сите теории, тези, идеали кои постојано ги промовира, оправдувањето дека тоа се прави поради егзистенција е само смирување на совеста, предавниците во минатото кои ги првале македонскиоте револуционери, ајдуци, војводи, комити ги правеле од истите причини, поради бедноста во која живееле тие ги предавале хероите за да добијат егзистенција, па нивните предаства не се оправдени, тогаш како може предаството извршено од 1/3 од нацијата некој упорно да се труди да го оправдува.


Освен што со поднесувањето за пасоши Македонците ја оставија Македонија во апсолутно инфериорна позиција во однос на Бугарија (во спор наметнат од фалсификуваната комуниситчка историографија) тие со напуштањето на земјата го сотруваат македонскиот ген и корен, Македонци како народ ќе продолжат да живеат само доколку ги има во мнозинство во Македонија во вкупниот збир на Македонци ширум светот, но ако дојдеме до податок дека повеќе Македонци за некое време ќе се раѓаат во странство него дома доаѓаме до уште еден поразителен подаоток за нас Македонците.


Бугарија со давањето на пасоши сакаше да ги освои симпатиите на Македонците и да ја тргне стигмата за вечен непријател наметната од комунистите, но поради лошиот пристап во доделувањето на пасоши Бугарија само ги зацвсрсти своите непријатели кои сега се и нејзини државјани.


Со бугарските пасоши почна масовното иселување од Македонија и егзодусот на Македонците како народ, без издавање на бугарски пасоши со сигурност најмалце 2/3 од населението што ја напушти Македонија во последните  десет години немаше никогаш да има шанса ниту можност да ја напушти Македонија а нивните семејства ќе беа тука со што ќе се зголемеше и наталитетот на нацијата но и државата немаше да дојде да биде пропадната до тој степен како што е денес.


Бугарските пасоши одигруваат клучна улога во почетокот на крајот на македонскиот народ кој и покрај омразата која е патолошка кон Бугарите реши да си ја продаде својата чест и достоинство за малце покомфорен живот во странство, а од друга страна Бугарија наместо да ги освои симпатиите на народот таа со нив ем им помогна ем стана уште поомразена во очите на обичниот Македонец.





1 comment: